![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 42> |
Author | |||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
||
Стефчо не би се согласил дека меркава нема воопшто да има ефект врз намалување на загадувањето. Сигурно дека нема да го реши целосно загадувањето, но сигурно и дека ќе го намали бидејќи сообраќајот е втор загадувач после греењето. Ми се допаѓа како мерка и ја поддржувам најмногу затоа што е непопуларна мерка, а сепак имаат храброст (што е реткост за која и да е наша влада) да ја донесат. Се надевам нема да се откажат на пола пат. Додека се убедуваме требаше од ова да почнат, а не од она, подобро е да се почне од некаде. Потребни се непопуларни и храбри мерки за да се реши загадувањето, во спротивно сите ќе се разболат од него.
|
|||
![]() |
|||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
||
Во град загаден како Скопје немаме луксуз за да речеме "Ова ќе допринесе повеќе или покалку за почист воздух" СЕ мора да се земе во предвид и на СИТЕ полиња потребна е повеќегодишна работа доколку сакаме резултати. А особено мерки кои допринесуваат за развој на свеста на луѓето знаејки дека живееме со луѓе чии родители не им помогнале во градење свест за ништо.
Комплетно ја поддржувам оваа мерка како и сите други мерки кои макар малку ќе ја променат состојбата. Кога загадувањето е 200-300 мг тогаш и 10% се многу. Edited by alexsend - 15-Nov-2018 at 07:18 |
|||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
![]() Според мене оваа мерка со налепнициве нема воопшто да има ефект врз намалување на загадувањето.Пред се со нејзе ќе бидат опфатени првично само автомобилите а не камионите и автобусите кои се едни од поголемите загадувачи но како и да е сепак сообраќајот придонесува само со 20-тина проценти во загадувањето.Значи проблемот треба да се бара на друго место однсоно во 100-тици диви депонии кои секојдневно се повеќе се зголемуваат и спалуваат,потоа греењето кое во вечерните часови го зголемува нивото на загаденост бидејќи низ ромските населби па и на други места се греат на гуми,најлони и што ќе им дојде при рака.Исто така удел има и прашината од градилиштата(во Центар по улиците околу градилиштето на Лимак има разнесено големи колични песок и прашина од камионите и миксерите кои уште 6 години ќе гравитираат во тој дел па не би било лошо да ги мијат тркалата при излез од градилиште).Но не гледам некој дека превзема некакви мерки во врска со ова погоре за претстојнава зима е најавен само бесплатен јавен превоз во деновите со најголема загаденост. |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Дали еколошки налепници ќе се лепат и на автобусите?
Град Скопје во повеќе наврати информираше дека се превземаат нови 27 мерки за намалување на аерозагадувањето, како субвенции за печки на пелети, и за електрични тротинети и велосипеди, гасификација, субвенции за изградба на фасади... И покрај тоа, скопјани едвај чекаат да дувне ветер, и за да го расчисти воздухот во Скопје. Една од новините со која Македонија, и македонската метропола ќе се борат против ПМ 10 честичките е забраната за возење на автомобили кои ја загадуваат животната средина. Со цел полесно препознавање на ваквите автомобили, истите ќе треба да поминат задолжителен технички преглед, по што ќе добијат еколошка налепница во боја, во зависност од карактеристиките на автомобилот. Ова е мерка која ја подели јавноста. Дел од граѓаните ја поздравуваат, други пак велат дека најзасегнати од неа ќе бидат ниската и средна класа во Македонија. Сепак, не само автомобилите, и автобусите се загадувачи. Дали и на нив ќе им се лепат вакви налепници го прашавме првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, кој вели дека според неговите очекува возниот парк на ЈСП Скопје многу наскоро ќе биде обновен со автобуси кои ги задоволуваат еколошките стандарди. Пред само неколку дена на социјалните мрежи можевме да видиме стар автобус на ЈСП Скопје чии издувни гасови значително го загадуваат воздухот во градот. На нашето прашање зошто овие автобуси се сеуште во функција, добивме одговор дека се користат како алтернатива кога ќе се расипат новите автобуси. Од мерките кои Градот ги превзема против загадувањето на воздухот, наскоро според најавите од Шилегов можеме да очекуваме и парк на кровот на Градскиот трговски центар. https://skopjeinfo.mk/dali-ekoloshki-nalepnici-kje-se-lepat-i-na-avtobusite-video?fbclid=IwAR0LxZ4UXquu-_EmdHkeX5nBdzkMg40bGKfEKmWrjo6WwXdLpvhb_KVEhf8 |
|||
![]() |
|||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() Само субвенциите за електрични возила можеле и да ги зголемат за неколку илјади евра и да додадат поволност плус (0% царина и акциза, бесплатен паркинг, патарини...) И заборавиле да направат измена за регистрирање на возила по ист формат на пресметка како и кај лепенките (пр. зелена налепница -30%, жолта -10%) Edited by alexsend - 12-Nov-2018 at 07:52 |
|||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Со новиот закон се воведуваат еколошки налепници, еве како ќе се категоризираат возилата
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска, одржа прес конференција на која ги појасни новите измени во Законот за возила со кој се воведуваат еколошки налепници, субвенции за електрични и хибридни возила и нивното позитивно влијание врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух и здравјето на граѓаните. Макрадули истакна дека со предложените измени на Законот за возила, Владата на Р. Македонија започнува со координирана и интегрирана акција во борбата за здрава животна средина и справувањето со аерозагадувањето, каде урбаниот транспорт претставува важен сегмент. Согласно европските еколошки стандарди и добри практики, со предложените измени на Законот за возила, се воведуваат еколошки налепници за возилата, кои ќе бидат поделени во три еколошки категории во зависност од европските емисиони стандарди (ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6) и од погонот на моторот на возилото, (на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, на електричен погон или хибридно возило). Согласно одлуките донесени од општините, односно од Град Скопје, во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста во градските средини, се воведува ограничено движење во заштитени еколошки зони. Возилата од првата еколошка категорија (возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила) се означени со еколошка налепница во зелена боја, и ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони, се вели во соопштението од Министерството. Возилата од втората еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, ќе се означуваат со еколошка налепница во жолта боја за кои ќе има ограничено движење во сообраќајот. Возилата од третата еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови, ќе се означуваат со еколошка налепница во црвена боја и за овие возила ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот. Еколошката категоризација на возилото ја прави овластена техничка служба. Со донесување на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, согласно заклучоците на Владата на Република Македонија ќе се утврдат и одредби со кои Министерството за економија се задолжува за воведување на Програми за доделување на субвенции при купување на возило на електричен погон или поврат на дел од средствата на физичките или правните лица кои ќе купат возило на електричен погон или хибридно возило. Со Програмата за субвенционирање на купување на нови хибридни и електрични возила, се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила. Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила. Со Програмата се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1200 возила на годишно ниво. Истовремено со овој Предлог на закон се предвидува Програма за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух. Исто така, на барање на здруженијата на такси превозниците, за нив се воведуваат жолти таблици со кои ќе се воведе ред во такси услугите и со кои, од една страна, ќе се намали нелојалната конкуренција, а од друга, ќе се зголеми квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните. Освен тоа, законот ги утврдува и стандардите за регулирање на системот за вградување на плински уреди на возилата. Сите овие измени имаат за цел имплементација на европските еколошки стандарди и поттикнување на купувањето на електрични и хибридни возила, со што долгорочно ќе се влијае врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој го предизвикува сообракајот. https://skopje24.mk/so-noviot-zakon-se-voveduvaat-ekoloski-nalepnici-eve-kako-ke-se-kategoriziraat-vozilata/?fbclid=IwAR1jqiUUDYqHWTK_mCoD9GkRuwoNjnXbA7HEpNZRgo9XYJg_lIXkZM5x-lA |
|||
![]() |
|||
Graditelot ![]() Groupie ![]() Joined: 17-May-2016 Online Status: Offline Posts: 77 |
![]() ![]() |
||
Тука стан кошта 1600 евра/квадрат.
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Од Твитер...
![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
||
? |
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Се слагам за ова до негде, ама не генерализирај. Честа грешка е тоа. |
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
.
Edited by <Fresno> - 05-Sep-2018 at 09:18 |
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Чест случај е тоа, да се реагира кога нешто ќе стане видливо. Не викам дека така треба, едноставно луѓето не пратат се можно што се случува во државава уште од фаза на идеја. Да те потсетам само дека поради протестите “квази екологистиве“ успеа да издејствуваат намалување на појасот што треба да се сече и промена на трасата. Треба фала да им кажеме.
Не ставам равенство, повеќе во контекст на тоа дека ми личи дека бизнис интереси на политичкиот дуопол се задолжени за вака храброто туркање на трасава. Како и тоа дека Бојан претставува 2-3 години за студија како којзнае каков период, а за новиот Клинички.. јасно е.
Кажав дека бев ок со трасата (или индеферентен). Но сега сакам да видам детална cost-benefit компаративна анализа со другите траси (како што бараа и екологистиве, а не им доставија). Инаку тоа што ме испровоцира не е самата траса, туку односот на властите и Бојан, кој веројатно има добри намери, но не сфаќа дека односот кон тие што се против „неговите“ политики е тажен и во ништо различен од претходните. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Наспроти Груевизмот пуштен на најако, се некои јаки типчиња ко тебе што мислат дека се над државата. Учествувале на протести и сега се обидуваат да покажат дека оние се појаки од државниот апарат, ете они можат да сопираат проекти ако им се може. Тоа е пракса во демократија без искуство, предводена од бивши навидум освестен лумпен-пролетаријат. Кредитот за изградба на Клинички центар јас не велам дека требаше да се врати. Тој требаше да се издејствува за да се пренамени во новиот објект кај Злокуќани. Тоа што го врати оваа влада, јас сметам дека е одраз на несериозност што скапо ќе не чини при барањето средства за идни проекти пред европските банкарски институции. И не е само овој кредит, во Битола беше сопрен кредитот за топлификационен систем од РЕК „Битола“ до градот, кредит земен од германската КфВ банка. Сега бараат некои квази-екологисти да се сопрел и овој кредит за гасоводот на Водно. Извинете молам, самиот кредит е одобрен врз основа на оваа траса на Водно и затоа кредиторот ќе бара да се вратат парите ако не се работи по изработениот проект. Ако има некој пари за дополнително да работи проектна документација и да ги подготвува студиите за животна средина, слободно нека ги плати. И повторно потоа нека ја плати изградбата на гасоводот по нова траса. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Можам да коментирам конкретно за мене, не знам дали Бојан го дели моето мислење. Оние што сега протестираат јас не ги прозивам за тоа кеде биле кога се градел патот до сончев град, или кога се сечела шума за изградба на згради на Водно, или кога се уништувало зеленило во центарот на градот, итн... Нивно право е да си изберат кауза. Но најлегитимно е да се праша каде беа пред х години конкретно за овој проект! Значи за истиов овој проект, за истава оваа траса, никој не мрдна со мал прст толку долго време, никој ни глас не пушти, ама сега кога буквално помина и замина времето за реагирање, кога буквално почна изградбата на гасоводот, одеднаш протести и одеднаш се испорачуваат нереални и нерационални барања. И дополнително, се поствува прашањето дали во протестите се вклучени само некакви групи и соло активисти, или и невладини организации кои располагаат со буџети и ваљда би требало нешто да работат, освен пост-фестум да глумат некакво дејствување, експлоатирајќи некаква ситуација.
Edited by Cloverstack - 05-Sep-2018 at 02:05 |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Се согласувам дека јавна дебата недостасуваше во време кога беше потребна и во вистинска суштинска форма (мада за недостатокот на јавна дебата голем дел од вината сноси и другата страна која предоцна се разбуди, иако трасата се знаеше минимум 7 години наназад). Во секој случај овие тековниве дебати не се тоа во вистинска смисла на зборот. Јас со тоа не спорам. Но ветените мерки (доколку се спроведат, а според мене во даденава ситуација притисокот треба да биде насочен токму кон нивно доследно спроведување до секој детал) воопшто не се за потценување: - скратена и корегирана траса - стеснет коридор - пошумување на Водно на површина 5 пати поголема од шумата што ќе се исече (оваа информација ја прочитав денес) Патем, мислам дека треба да се инсистира на уште поголемо пошумување, и тоа да се спроведе при првата поволна прилика, претпоставувам дека тоа би било есенва. Од аспект на тоа што е реално во даденава ситуација, веројатно на ова поле можат да се обезбедат дополнителни концесии.
Трасата воопшто не беше тајна, како што кажав дури и по медиумите се објавуваа мапи. Ако тие што сега се бунат не можеле да се замараат со гасоводот во изминатите 7+ или повеќе години, со кое право сега се нарекуваат екологисти и ме „бранат“ мене од гасоводот?
|
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
![]() Груевизам пуштен на најјако. Квази екологисти, исмевање на медиуми, “каде бевте вие пред X години“, парите да ги врателе. Интересно како за Клинички не беше проблем да се стопира готов проект, а за гасоводов онака јако интерпартиски се турка. 2-3 години за студија ќе се чекало, мислиш мрежата во Тетово и Гостивар е веќе направена, па во секој момент чекаат гасот да им стигне. „Аргументиве“ некако слаби ви се. Од индиферентен, почнав накај против да влечам. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Еве да ја земам во предвид како веродостојна нивната изјава дека требало да се гради гасоводот преку Скопска Црна Гора и Жеден. Молам? Па кај Жеден се наоѓа изворот Рашче, а кој гарантира дека питката вода за Скопје нема да биде загрозена од еден ваков проект. А за да се гарантира, ќе треба да се изработат дополнителни студии и документација... едно 2-3 години ново чекање до изградбата.
Од друга страна, северната траса на овој гасовод би минувала исклучително блиску до косовската граница. Ние имавме случај во 2001 година кога возовите кон Кичево не можеа да сообраќаат преку Радуша поради фактот што селото се наоѓа на 1 километар од самата граница. Кој од екологистите ќе гарантира дека во иднина не може да се случи некој инцидент и да се спречи снабдувањето со гас на цел Полошки регион, плус на термоелектраната „Осломеј“ (овој гасовод треба да заврши токму до РЕК „Осломеј). Трето, гасоводот на север ќе минувал низ ниви што привремено ќе се откупеле за изградба на гасоводот. А кој нормален може да гарантира дека тука нема да излезат проблеми околу купувањето на земјиштето? Како пример ја давам пругата Куманово-Бељаковце, која петта година се гради поради проблемите со експропријацијата на земјиштето, а да не говориме за булевар Трета Македонска бригада во Аеродром. И финално, знаат ли овие квази екологисти дека главната цевка на гасоводот треба да минува надвор од градска средина, дури и надвор од тие ниви што ги замислиле. Подножјето на Скопска Црна Гора е густо населено со села, а на север од Скопје треба да се градат новите населби на градот. Не може да минува на исто место и магистрален гасовод и да се урбанизира таа локација. |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
влегуваш во нивната клопка. Да ги коментираме нив, наместо да го коментираме проблемот.
со овој дел не се согласувам. Ако има подобар начин, подбро е да чини повеќе пари. Ако нема подобар начин, одоносно ако аргументацијата на ПРО страната е надмоќна, тогаш нека тера како што е. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
До „Алфа“ и „Офф.нет“ стигнавме да ни бидат релевантни референци за кампањата да се стопира изградбата на гасоводот. Убаво е тоа што се кажува дека ќе се исечат големи пространства шума, но овие навидум екологисти НЕ кажуваат дека ќе се засадат дрвја на Водно со кои ќе се надомести штетата од исеченото зеленило.
НИТУ патот за Сопиште, НИТУ зградите над Водњанска, НИТУ жичарата на Водно, НИТУ дивоградбите над Козле, не одвоија некакви средства за засадување на зеленило на оваа планина, а направија непоправлива штета. Она што е најинтересно овие квази екологисти тогаш никаде ги немаше да се бунтуваат против изградбата на Водно, а ги немаше ниту кога се започна со овој проект пред 2-3 години, а токму тогаш требаше да се реагира против проектот - пред да се потпише договорот за изведба. И на крајот, вчера стигна информацијата дека досега се издвоени 10 милиони евра за овој гасоводот. Молим лепо, нека ги вратат во буџетот овие пари „екологистите“ од свој џеб, па после тоа ќе цртаме траса онаму каде што им одговара да биде гасоводот. |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Водно не е национален парк, но независно, многу е битно за градот. Инаку потполно си во право, различен е муабетот заз штета која веќе е направена, и штета која допрва треба да се направи. Занимавање со вој пат сега би било дефокусирање.
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |