Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT ) |
Post Reply | Page 123 60> |
Author | ||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply
#1 Topic: Трамвај Скопје ( Лесна железница / LRT ) Posted: 22-Aug-2023 at 18:53 |
|
шчо му фали Визионер со Тапија!, само што делует и појќе од СФ откако заглаил в граскио архив од идеи ем скопски ситуации, на што навистина нема друго него да се дума уникатно иако и тогај се глаи озбилно доколку на сред траса веќе некој е заседнат е едвај чека градскио очув да му понуди компензација за дислокација на што ПетреШ остроумно би ги рипнал но и таквата долга магарица не оит подмачкано [1] нејсе, ја би рекол барајте рака за да добиете прст, та доколку напнете за Метро [1] ќе си добиете потенцијално Трам, а доколку напињате за ЛРТ нормал ќе ве закачи БРТ а се задоволивте ли со БРТ е тогај прво ќе се одважат заглаените до гуша градски админи за брза Жолта Лента ... Edited by beTon - 22-Aug-2023 at 18:58 |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #2 Posted: 10-Nov-2019 at 18:14 | |
@Џоле
Си правам бајрам на умот Се согласувам со напишаното. |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2663 |
Quote Reply #3 Posted: 10-Nov-2019 at 10:02 | |
На ваков „трамвај“ мислеше Шилегов:
http://www.enghunan.gov.cn/News/FMEH/201712/t20171229_4914086.html Edited by phenomenon - 10-Nov-2019 at 10:04 |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #4 Posted: 09-Nov-2019 at 20:58 | |
Неодамна трамвај на водород е тестиран и во Санкт Петербург, Русија...
Такви немаме, за жал, и – како ни тргнало – во нашиов животен век најверојатно нема ни да има. Не знам која возраст си, па имаш колку-толку некаков оптимизам, но јас веќе се претворив во тежок песимист, дури и кога станува збор за најосновни работи во градското работење, како, на пример, поставување контејнери на велосипедски патеки и сл. Едноставно, кај нас се работи со импровизирање, популизам, нема долгорочни стратегии, а и да има, не се следат, не се работи на тоа, се оди на пократкорочни решенија само за да се види исходот пред наредните избори, иако најчесто потоа трошоците се двојно/тројни или повеќекратно поголеми за поправање на тие грешки и избрзани потези. Тоа е – сиромавиот двојно плаќа, што се вели. Edited by Џоле - 09-Nov-2019 at 21:00 |
||
За сè има вторпат
|
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #5 Posted: 09-Nov-2019 at 20:45 | |
Заев најави електричен, Шилегов трамвај на водород... ваљда до 12 април ќе се усогласат и ќе претстават проект
Водороден трамвај засега има само во кинескиот град Ќингдао
Метрото нема шанси да се направи, ама способни власти и те како може да ја реализираат приградската железница. |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #6 Posted: 09-Nov-2019 at 19:57 | |
А некој знае што во реалноста би била идеата на Шилегов? Јас нигде не видов ни слика, ни споредба со нешто постоечко, ни објаснување подетално. Ја на шини ли ќе биде, ја автобус ли ќе биде со посебна лента, тролејбус горе поврзан....?
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #7 Posted: 09-Nov-2019 at 19:14 | |
Убаво, но не верувам дека ќе доживееме да се направи.
|
||
За сè има вторпат
|
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #8 Posted: 09-Nov-2019 at 14:29 | |
Ова изгледа малку посериозно од 108-те претходни ветувања за трамвај во Скопје, ама се надевам дека сепак ќе остане празно ветување. Трамвајот е застарен концепт на јавен превоз кој нема многу да му помогне на градов. Подобро би било парите да се инвестираат во развој на приградска железница и креирање план за нејзино надополнување со метро систем во далечната иднина.
Некои мои размислувања: 1. ПРИГРАДСКА ЖЕЛЕЗНИЦА И МЕТРО Воведување четири приградски линии со вкупна должина на пруга од +-78.5 километри, должина на линии од 87.3 километри и 37 станици. Линија 1 (22.4km): Зелениково (1,2)-Орешани-Моране-Студеничани-Драчево (1,2)-Горни Лисиче-11 Октомври-Транспортен центар; Линија 2 (18.8km): Меѓународен аеродром Скопје-Бунарџик-Марино-Илинден-ИЗ Илинден-Хиподром-Маџари-Триангла-Ќерамидница-Транспортен центар; Линија 3 (22.2km): Долно Свиларе-Кондово-Ѓорче Петров-Ново Село 1-Бардовци-Визбегово-Скопје Север-Железара-Автокоманда-Ќерамидница-Транспортен центар; Линија 3а (21.7km): Орман-Волково-Кисела Јабука-Ново Село (1,2)-Бардовци-траса на линија 3; Линија 4 (17.1km): Арачиново-Брњарци-Стајковци (1,2)-Смиљковци-Железара-Автокоманда-Ќерамидница-Транспортен центар: До 2040 јавниот превоз да се надополни со две метро линии со вкупна должина од 28.8 километри и 32 станици: Линија 1 (18.8km): Ново Село-Ѓорче Петров-Влае-Карпош 4-Карпош 3-Карпош 2-Универзална сала-Соборна црква-Плоштад-Ново Маало-Транспортен центар-Аеродром (1,2)-Ново Лисиче (1,2)-Маџари-Ченто (1,2,3)-Стајковци (3,2); Линија 2 (10km): Клинички центар/Долно Водно-Нова Македонија-Соборна црква-Чаршија-Бит пазар-Чаир (1,2)-Скопје Север-Бутел (1,2)-Радишани (1,2): Метрото на одредени места би било надземно заради олеснување на изведбата и намалување на финансиските трошоци (сино): 2. ПРИГРАДСКА ЖЕЛЕЗНИЦА
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
alexsend
Senior Member Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2085 |
Quote Reply #9 Posted: 02-Nov-2019 at 07:41 | |
И дури и да се гради кој ќе биде рокот? 5 години? А знаеме дека нема.
Нас ни треба краткорочно решение веднаш. Edited by alexsend - 02-Nov-2019 at 07:41 |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #10 Posted: 01-Nov-2019 at 18:41 | |
Трамвај во Скопје > пруга кон Бугарија, мртва трка што ќе биде побрзо изградено
|
||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2663 |
Quote Reply #11 Posted: 01-Nov-2019 at 16:52 | |
И Лилиум такси. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #12 Posted: 31-Oct-2019 at 22:25 | |
може и кинезите да ги модифицираат за во град, а нивно место левитирачки возои да пуштат по пруга како тргнало а нели имаме традиција з’ш да не си остварат скопјани желбата виа запрежни вагони, и така сме аклиматизирани на урбани улични животни, мајтап или не вакво впрегнето нешто ќе биде ефтин а глобален маркетинг спин, во резерва може и волои да влечат композиција ... конечно ултимејт решение ќе биде на пловен Вардар водородни патнички сплавои да врват цик цак меѓу Врби |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #13 Posted: 31-Oct-2019 at 20:43 | |
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #14 Posted: 23-Aug-2019 at 16:38 | |
Enzo
Groupie Joined: 25-Jun-2019 Online Status: Offline Posts: 57 |
Quote Reply #15 Posted: 23-Aug-2019 at 16:27 | |
Кај баш сеа го актуелизираат трамвајот,кај и да е и Луна Паркот ќе дојде на ред
Еве да речеме не е фантастична приказна ова и ќе се оствари за предвидените рокови односно за 10 години од сега,кој има толку време за чекање,од секој аспект не само од еколошки,градов не знае на кај тера,луѓево се очајни зошто живеат во очаен грд град(меѓудругото нели)на градов му треба нешто големо,драстично,нешто што ќе го подобри квалитетот на живеење,нешто што ќе привлече туристи итоа му треба во најбрз можен рок,а со овие тези,градот нема пари ќе чекаме од владата,а владата само што не паднала,ништо не прајме. |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #16 Posted: 23-Aug-2019 at 16:14 | |
ГРАД СКОПЈЕ ЧЕКА ПАРИ ОД ВЛАДАТА ЗА ПРОЕКТОТ „ТРАМВАЈ“
Долгонајавуваниот Трамвај во градост Скопје ќека на финасии од Владата, истиот момент кога премиерот во состав на економскиот совет при владата одлучи да даде пари реализацијата на трамвајот ќе започне вели градоначалникот Петре Шилегов. Тој појаснува дека со буџетските средства кој ги има Градот не може да ја изреализира идејата. - „За мене императив е да воведеме еден современ јавен транспорт за нашиот град . Градот за жал со буџетските средства кој што ги има не може сам да ја спроведе таа акција меѓутоа врз основа на она што го имам како договор постигнато со претседателот на владата очекувам дека истата ќе помогне во финансирањето на јавниот транспорт и доколку се обезбедат средства градот е спремен што се вика уште денес да ја започне постапката“. - вели Градоначалникот Шилегов. Таткото на Град Скопје, Петре Шилегов појаснува дека веќе е разговарано со Влада на тема јавен сообраќај во градот за што од Влада побарале да се подготви потребна информација за реализација на Трамвајот, истата од Градот била изготвена и денес доставена. Шилегов очекува што поитна одлука од страна на Економскиот совет при Владата да одлучи дали ќе го финансира градењето на Трамвајот. - „Во вторникот оваа недела имав работен состанок со претседателот на на владата на тема јавниот сообраќај во градот скопје. И бевме договорени да градост скопје изготви информација на основ по која што ќе биде доставена до економскиот совет на Владата како би се исфинансирал проектот. Градост Скопје денеска ја изготви информацијата и во текот на денешниот ден ќе ја доставиме до Влада. И очекувам дека наредната недела претседателот на Владата ќе го свика еконосмкиот совет како би го решиле финасирањето“. - вели Шилегов. Околу девет и пол милиони евра од буџетот на Град Скопје се трошат за јавен градски превоз за околу 43 милиони патници годишно. Трамвајот кој е долгонајавуван треба да придонесе за одржлив град како Скопје би имал целосно економичен и еколошки јавен транспорт вели Шилегов појаснувајќи дека за трамвајот нема да се оди со концесионер.Најави дека првата градежна фаза би требало да трае околу две и пол години. Трамвајот е предвиден во 4 фази, првата фаза од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, втората е од Пинтија до центарот на градот, третата од Ѓорче до Сарај и четврттата фаза е од Бутел и Автокоманда спојување со главната трамвајска линија. https://www.24.mk/details/grad-skopje-cheka-pari-od-vladata-za-proektot-tramvaj |
||
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #17 Posted: 31-May-2019 at 16:41 | |
Ај и ова чудо да го видиме
Edited by Staro Skopje - 31-May-2019 at 16:41 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #18 Posted: 18-Oct-2018 at 16:08 | |
види супа може да бидне зуппа ако ПетреШ не оди по физибилитка во јужна ами северна европа, демек горе биле поагилни проектантите, што може е така но што се должи на голема маржа но и уште поголема основица како есап за испроектираното макар било и физибилитка! многу веројатно може да го понесе збратимена нирнбершка атмосфера та да поверува на поклон нешто ќе добие, но ако се земе како есап гуп-от од чинам '64 кога е зацртана физибилитно скопската сообраќајна пајажина и како се импровизира полтронски апропо истата со фатаморгана вијадукт пристап ко во случајот со тунело под Кале, јасно е дека и најуба физибилитка да му испорачаат дојчери денес ко некогаш јапонци (пардон оон-ци) факт е дека шините на трамот ако не во индивидуален ќе влетаат на крај во колективен објект за живеење, ха, којзнае може трамот и пред гтц по Кеј13.11 да минува, иако попаметно би било кога веќе вијадуктно се наштимани скопските урбанисти под палка на ПетреШ да од СОКБанки пополека почне трасата да крева за да стигне над ГТЦ а од таму да продолжи над тримфалка покрај Алексо па да спушти кон Македонска Банка натенане кон Партизанска, мислам бар ќе заштедат на тунел мислам чим одиш по јапонски аршин а си закаснил истиот да го есапиш на време ем се нема камен за тунели како поинаку него со вијадукти, само смешката е да и кога има пари за тунели пак им текнуваат вијадукт спојки, не ми мерите на сарказмов но дефакто треба да ги видиме (макар се на одмор или привремен престој понадвор) сите професори и студенти од ТФБ и МФС на еден заеднички институционален СООБРАЌАЕН Е-ФОРУМ за да при дадена Народна ако не плутократска сообраќајна желба преку здружени сили премерат најдобри опции и комбинации ... кои до некаде се предочени и во нишкава, но за кои треба заеднички научно а не само вака ентузијастички да се заокружат, за сетне да се нафатат во континуитет неколку ротации на власт да мораатвда ја туркаат работа та и да стигнеме до Скопски Трам кој север-југ исток-запад ќе го надополни ЈСП и повеќе од доволно за да се впрегне озбилна редукција на авто-сообраќајот во метрополата [1] во спротивно ќе си губиме со европети тендерски време во недоглед а доколку азијци поканиме ќе се искомплексираме заради еа-инерција некако да не сме оставиле впечаток на вртикапи, пред деценија кога завозе муабетов бев чепнал еден инжињер да подели совет тука за да не биде рекле казала та еве да потсетам на тоа за и ПетреШ да има предвид да не си губи време со европеи доколку веќе сконтал дека железничкиот прстен кој муНго сместиле во изборна програма не е никакво решени за ефективен јавен превоз по скопските сообраќајни артерии ... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=50&PID=21236#21236 да не речете сам сум се поканил еве од каде е поканата [1] а еве по стилот на пишуење можете да фтасате дали JL е воедно и PB [1.2] камо Чоекот вака да можеше да дума на профи институционален форум наместо општи форуми кои се попрво за дружење, во што и Билд се претвори иако е тематски, бидејќи во рок од една деценија ниту студентите од Архитектонски а не пак реализирани Архитекти не се одважија за поозбилно думање, иако е надевавме дека ќе бидне тоа случај [1][1.2][1.3] освен тук таму двајца без тројца од фелата што влетале сеир да тераат, наместо ко АндрејЉ ентузијастички што истера проекции [1.4] и тие да мораа професионално бар ко студени семинарски да думаат соодветно, та кога немааат свој еФорум при АФС можеа професорите за уши да ги дотераат тука и да искористеја прилика за интерактивно јавно пеглање бар на проекции, а камо ААМ да имаа нешто слично та да видевме и самите професори каков маштаб имаат по фиоки! ех кога тоа ќе биде реалност бар едукативно за сите Универзитети може и ќе кренеме глава некогаш, макар плутократи и олигарси ви се судбина од која не сакате да скубнете! |
||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2663 |
Quote Reply #19 Posted: 09-Nov-2017 at 15:18 | |
Mислам дека од толку многу предлози за јавен транспорт, Шиле на крајот само ќе им ја згусне супата од грашок а ла Лондон на скопјани.
|
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #20 Posted: 09-Nov-2017 at 14:20 | |
чекај тоа ако т.е. кога ќе удри астероид ... но супер предожба за идни генерации, ако воопшто остане архива од билд до тогаш, иако со ова линкувани слики и баш нема да биде муабетов разбирлив и за многумина денска, доколку нели серверот го обрише аберот од алчност, немарност ил разонода ... овој pbanks скржав нешто, та кога веќе си изгубил времето квалитетно околу дебата, можеше да загине и некој денар отповеќе за хостирање фотки во своја тегла ~ него ако Коце и Грујо, а и Трифка претходно, џабе ли фрлаа камен по физибилитки, зар сега Шиле и Зајко да ретерираат!? кога сите стручни лица верглаат дека ова е маст хев како транспортна опција и апропо загадувањето и апропо урбанизацијата на градот, кој акал им е нив тој да тераат инат, сигурно и сите останати балкански метрополи имале слични ликои зад политичка гарнитура, но само кај нас волку пишман аџии а толку исфрлен камен за оваа идеја ... дрн дрн јарина, требало унгарци, шпанци и кинези да ни праеле проекции, само со средствата од физибилитките ќе пуштевме бар една екстра сообраќајна клучка, но за која нели нашите градежници ќе мораа заради ипард кофинансирање да ја работат по европски проект во најдобар случај, или пак и побетер со авропски фирми ко то грчкиот Актор заради кој ете не ни пропаѓа автопатецот .. хм, та ако порано имаше референдум за Трам од самопридонес, зошто не и сега да побараме нов, само што самопридонесот денес ет во форма на ддв, та која и гарнитура да се дочепа до фотеља у власт, да си брка работава, макар ределе шина пи шина од мандат до мандат ... инаку подалеку од фасцикла до фасцикла нема да догураме ко скопјани, евентуално билборд со добри намери, ко она стаклениот на Кале со кој требаше дпмне да се окуражат на футуризам наместо еклектизам ко постојната касапа у Центар ... што и не ет така лошо, само фали разбирање за инвентивноста на економистите да претурајќи од празно во шупливо да извадат некоја торта ... мераба, може за Трам бар ко носталгична атракција да пуштат еден со коњска запрега ... neli celo e koga ima sе' [1] |
||
Post Reply | Page 123 60> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |