Луна Парк - Скопје |
Post Reply | Page <1 56789 10> |
Author | |
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #121 Posted: 17-Sep-2015 at 09:54 |
Колку и да ви изгледа тоа чудно, јас сепак сметам дека првонаградениот труд претставува едно коректно архитектонско дело кое Скопје ретко го среќава во текот на изминативе денови. Мислам, не мора само да говориме за „Скопје 2014“, туку и за сето она што се изложува на архитектонските изложби на наши автори годиниве.
Како прво, постои целосна отвореност од авторите. Расположени се за разговор во однос на своето дело, а уште поотворени се за да ги изложат своите визуелизации и образложение на трудот. Од ова произлегува дека се оригинални во својата работа и не стои никој позади нив да им кажува како да творат. Како второ, победничкиот архитектонски труд го има сето она што треба да содржи еден квалитетно решение според професионални критериуми. Имате идеја, која е поврзана со околината и просторот, решение кое не го нарушува просторот, не штрчи во зелениот појас, и од идејата се развива целокупната идејна документација. Заокружен процес. Единствено што би можел да имам замерка е што се отвора простор во решението за Луна паркот да се прошири кон зелениот појас во паркот. Знам дека е тоа добронамерно, но треба да се земе во предвид дека политичарите ова можат да го искористат за нивните сулуди и криминални дејанија во паркот. Да речат, еве архитектите ни дадоа зелено светло, сега ние можеме да ја надоградиме таквата идеја. |
|
maximus
Newbiе Joined: 16-Sep-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #122 Posted: 17-Sep-2015 at 15:30 |
Поправете ме ако грешам, не сум ги видел другите трудови, уште помалку конкурсните услови и не знам. Колку што разбрав биле 4 труда. Значи еден ненаграден. Значи извенете ако грешам, но не знам, па сакам да прашам:
1. Дали е ова конкурс за архитектонско решение? 2. Дали таа огромна административна зграда е задача од конкурсот или предлог на овој труд? Праиме луна парк или министерство? 3. Дали авторите некогаш виделе во живо roller coaster? 4. Дали постои некаква анализа за трошоци за изведба на проектот и дали е тоа дел од конкурсните услови? 5. Дали просторите наменети за реквизити се според реални димензии на реквизитите? 6. Која е намената на кулата? 7. Возот излегува надвор???!! |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #123 Posted: 17-Sep-2015 at 22:41 |
Eve nesto i vo dnevnik:
http://dnevnik.mk/?ItemID=E33B7ACEAD34464E8C312AFE19E5B8D9 Mi se dopaga toa sto arhitetite pozadi svojata idea imaat tematika vrz osnova na koja se pozicionirani zamislenite objekti i atrakcii. Ne razgleduvav vo detali no osobeno mi se dopaga ideata sto granicite na parkot sakat da gi prosirat so vovoce koe ke vozi po celiot park (vakvo nesto ima dosta cesto vo Germanija na primer) isto taka mnogu mi se dopaga toa sto sakat sistemot na kanali i ezera da go vklopat vo parkot so toa sto verojatno po niv bi plovele camci. Kako i de e sednale decata i izrabotile nesto. Dali ni se dopaga ili ne e rabota na vkus no deka vlozile trud i deka imale jasna idea sto i zosto sakaat da dobijat kako rezultat toa nemoze da se porekne. |
|
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #124 Posted: 18-Sep-2015 at 00:37 |
Kоја е потребата да влезам во некаков си воз зa да го прошетам паркот коj и онака не е нешто преголем по димензии па да ти е потребен некаков си транспорт за да го прошеташ целиот, ниту пак е некоја тешко проодна и тешко пристапна планина па да ти треба било какво превзно средство во воздух или на земја за да можеш да го прошеташ и видиш. Имаш нозе, шетај, тоа ти е доволно за во парк. Идејата за возот е тотална глупост.
Чамците се исто така тотално непотреба идеја без никаква поента. Не мора се' што постои да се стави во некаква си функција на човекот за да има смисла, ако има канали и езерце во паркот не значи дека сега треба да ги направиме пловни и по нив да одат чамци и кајаци, каква глупост. Тие две работи во проектот се еднствена утка и тотално непотребни. На вака фин проект не знам кај им текнале тие две непотреби идеји. Паркот треба да остане парк, а Луна паркот, Луна парк. Edited by HugoGoulding - 18-Sep-2015 at 00:39 |
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #125 Posted: 18-Sep-2015 at 00:42 |
Одлична современа презентација. Не сум архитект ама вајда има разлика помеѓу идејно решение, идеен/основен проект и изведбен проект? По таа линија како идеја предлогот многу ме бендисува.
|
|
maximus
Newbiе Joined: 16-Sep-2015 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #126 Posted: 18-Sep-2015 at 16:26 |
фино, но, Ти си кажуваш коректно „јас не сум архитект и предлогот ме бендисува“. Проблемот е во тоа што треба архитекти да оценуваат архитектонски трудови за конкурс, пожелно странски, барем еден бугарин или србин можеме да викнеме. Во тој случај овој труд би бил дисквалификуван. Отприлика исто како конкурс за стан во кој бањата е 40м² а дневната 10м² и нема прозор, ама, важно добро изгледа. Цела среќа што се опаметиле па ќе прават компилација (далеку дека поддржувам крпени работи), всушност се надевам дека второ и трето наградениот личат на нешто. Дајте бе да ги видиме ако има некој.
|
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #127 Posted: 30-Sep-2015 at 22:05 |
Скопје ќе добие ултра модерен Лунапарк
30/09/2015 | 22:54 Share По завршениот тендер за избор на фирма која ќе го изработува основниот проект за Лунапарк-Скопје и информациите излезени во неколку интернет-портали, победничкиот тим „Лунар“, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд, пишува „Азбука на градот.мк“. llunaparkk Според веста, основниот проект го доби фирмата која го изработи второнаградениот труд „Билд урбан“, која во последната информација беше спомната дека ќе работи основен проект – компилација од трите наградени решенија. Конкурсот претставуваше повик за идејно решение, што значи фаза пред идеен проект, со релативно краток временски рок за негова изработка. Тоа овозможи послободен пристап во презентацијата на идејата, за која тимот изработи и насока за брендирање на паркот (постер, лого, карти, летоци), земајќи предвид дека на сето тоа во иднина ќе му следува доработка и прецизирање, објави Република. Административниот објект е поставен аголно во југозападниот дел како најнеатрактивна позиција, изолирајќи ја надворешноста, со цел формирање на фронт, потребен за обликување на пристапно-собирен плоштад на влезот. Оттука движењето се насочува странично кон останатите содржини на паркот, слободно расфрлани низ посторот асоцирајќи на месечевото обликување. Покрај содржините и реквизитите кои се во практика во поголемите забавни паркови, во скопскиот „Луна парк“ предвидуваме едукативен и мултимедијален центар. Во него може да дознаеме повеќе за Месечината, за небесните тела и за астрономијата, да ги следиме активностите во мултифункционалниот простор, интерактивниот простор наменет за холограмски и 3Д-проекции, планетариумот, амфитеатарот за предавања и кино-салата. Во обликувањето на паркот, влијаеја и анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање на иднината, претставувајќи го животот поблиску до небесните тела. Оттука потекнува идејата за набљудувачка кула, која покрај ресторанот, употребена е и за контролен простор во служба на поефикасно функционирање на паркот. Првата активност е воденото поврзување со каналната мрежа во Градскиот Парк. Целта е да се употреби истата за педалински сообраќај и рекреација, која е возможна преку поврзување со крак и подигнување на два моста. Таа траса е битна за да се стигне до големото езеро, поставено во центарот на паркот. Втората активност е поврзана со возот, за кој предлагаме линијата на движење да продолжи низ целата површина на градскиот парк, овозможувајќи разглед и престој во „урбаната шума”. Значајно за овие две активности е тоа што тие еколошки не го загрозуваат паркот ниту уништуваат од постоечкиот флорален фонт, а учествуваат во негова анимација. Педалинките не користат горива, додека трасата на возот се оформува низ слободните површини, не наложувајќи сеча на вертикално зеленило. Ваквиот парк и неговата реализација е возможна во етапи, а притоа останува атрактивен и привлечен за посетители во континуитет во процесот на реализација. Со сигурност може да придонесе за градската забава и за туристичката понуда. http://fox.mk/aktuelno/makedonija/skopje-ke-dobie-ultra-moderen-lunapark/ |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #128 Posted: 01-Oct-2015 at 10:33 |
Политичарите: пишете „ултра модерен“.
Медиумите: Скопје ќе добие „ултра модерен“ Лунапарк. Јавноста: нема поим како ќе изгледа паркот. |
|
За сè има вторпат
|
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #129 Posted: 02-Oct-2015 at 18:48 |
плус гледаш дека медиумите све убаво и сликовито ти имаат објаснето? па ти замисли си како изгледа... и онака сите викаат дека било подобро да прочиташ книга отколку да гледаш филм |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #130 Posted: 20-Feb-2016 at 09:01 |
Ултра-мега-гига-ектра модерен парк со 1,8 милиони евра? Тешко.
ЗА РЕКВИЗИТИ ЗА ЛУНА-ПАРК 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА Градот планира да потроши речиси два милиони евра за нови реквизити во Луна- паркот. Деновиве Град Скопје распиша оглас за набавка, транспорт и монтажа на реквизити за забавен парк – Скопје. Според огласот, проценетата вредност на договорот без ДДВ е 109.217.850 денари, односно околу 1,8 милиони евра. Главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена. http://www.utrinski.mk/?ItemID=7B929A4829587B479F9E808217EE141F |
|
За сè има вторпат
|
|
Staki
Senior Member Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
Quote Reply #131 Posted: 20-Feb-2016 at 09:13 |
Најверојатно во неколку фази ќе ги набавуваат реквизитетите, па затоа сега е толкава сумата. Кога ќе се собере вкупната цена на сите фази ќе видиме колку ќе чини
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #132 Posted: 12-Aug-2016 at 09:17 |
СТРУМИЧАНИ ЌЕ ГО ГРАДАТ ЛУНА ПАРКОТ ЗА 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА
Во меѓувреме е распишан оглас за набавка на реквизити. Проценето е дека тие ќе чинат околу 1,7 милиони евра Деспина Трајковска-Димова По неколкугодишни најави, одлагања, промени во плановите, Град Скопје конечно одлучи кој ќе го гради новиот Луна парк. Минатата недела градските власти потпишаа договор со струмичката фирма „Жикол“. Според објавениот договор, изградбата ќе чини околу 1,6 милиони евра, а во документот е наведено дека изведувачот има обврска да ги заврши градежните зафати во рок од 22 месеци. Во меѓувреме, надлежните распишаа нов тендер за купување на потребните реквизити. Иако пред неколку месеци имаше идентичен оглас, тој не заврши успешно. Во случајов е проценето дека за реквизитите ќе се потрошат околу 1,7 милиони евра. Градот бара да купи два адреналински реквизита, шест парчиња семејни и 18 детски реквизити. По последните случувања, извесно е дека паркот ќе почне да се гради до крајот на годинава, евентуално на почетокот од идната градежна сезона. Готовиот проект предвидува новиот Луна парк да се простира на површина од околу 40.000 квадратни метри. Освен на постојниот простор, за новото забавно катче е предвиден и просторот во насока на каналите и езерцето во Градски парк. Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг... Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Засега е сигурно дека за новиот парк ќе се трошат пари само од градскиот буџет. Сепак, не е исклучена можноста изведбата на проектот да го помогне и Владата. „Средствата за изградба на забавниот парк ќе се обезбедат од буџетот. Од причини што проценетата вкупна вредност не може да биде обезбедена во текот на една година, изведбата ќе се одвива во фази, при што и финансиските средства за изградбата на паркот се планира да бидат обезбедени од буџетите на Град Скопје во текот на 2016, 2017 и 2018 година“, стоеше во одлуката за изградба на Луна паркот, што неодамна ја донесе Советот на Град Скопје. Инаку, во изминативе речиси пет години, колку што се најавува проектот, беше планирано Градот да најде фирма која ќе го финансира, дизајнира и изгради паркот, а за возврат требаше да добие можност да стопанисува со него 35 години. Но, надлежните се откажаа од тоа, бидејќи немаше заинтересирани и по неколкуте повици. Се потроши време и на измена на првичниот проект, како и на неколку неуспешни тендери, како за изработка на проектот, така и за избор на изведувач. http://utrinski.mk/?ItemID=6718C32700F41A449E470824A0D67200 |
|
За сè има вторпат
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #133 Posted: 21-Apr-2017 at 12:19 |
Ова нема врска со победничкото решение од конкурсот. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15235 |
Quote Reply #134 Posted: 21-Apr-2017 at 12:22 |
Ова...
...наспроти ова: фото: миа.мк |
|
За сè има вторпат
|
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #135 Posted: 21-Apr-2017 at 12:30 |
Секако дека е ОК изградба на нов луна парк. Стариот е навистина раскантан. Сепак мислам дека вовчето требаше да се задржи како некоја нишка од стариот парк (зборувам пред се за трасата и форматот, вовчето секако можеше да се модернизира, пред се локомотивата). |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #136 Posted: 21-Apr-2017 at 13:34 |
Незнам како функционирало тоа вовче и каде му била трасата но може да има вовче кое ќе вози од луна паркот па во паркот се до ботаничката градина и назад. |
|
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #137 Posted: 21-Apr-2017 at 13:59 |
Не се работи за задржување на вовчето и трасата бидејќи тие беа спектакуларни, туку поради некој континуитет/култура на живеење, задржување на елементи од она што било и нивно вклопување во новото. На тоа вовче имам пораснато и јас, на него се возеше и мојот син до вчера. Не е некоја спектакуларна загуба што го нема (за разлика од многу други маркери на современо Скопје кои се збришаа), но мислам дека беше ОК да се задржи. Се работеше за една убава семејна содржина која со мала обнова беше сосема во ред баш таква каква што беше. Што се однесува до другото вовче кое го спомнуваш тоа е сосема ОК идеја, нема зијан. Во моментов мислам дека работи само вовчето низ зоолошката градина. Edited by pbanks - 21-Apr-2017 at 13:59 |
|
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #138 Posted: 21-Apr-2017 at 14:10 |
Градот Скопје нуди „данајски дар“ на граѓаните на Скопје. Откако го решија центарот со „Скопје 2014“, нафрлаа објекти околу општина Центар, како што е новиот објект на ФЛУ, Архитектот се одлучи да интервенира и во Градскиот парк. Јас навистина мислев дека младата група на архитекти, предводена од Филип Коневски, ќе се избори да им се реализира идејното решение, кое ЕДИНСТВЕНО БЕШЕ ОБРАЗЛОЖЕНО со статија пред македонската јавност.
Но, по се изгледа, Градот Скопје уште игра по директивите на владата. Ова што денес е најавено дека ќе се гради е уште еден сталинистички подарок за главниот град од Архитектот. Па сепак, локални избори ќе мора да има во многу брзо време. Очекувам од новите власти овој „подарок“ за Скопје да го лансираат во историјата во книгите што ја изучуваат архитектурата на тоталитарните режими! |
|
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #139 Posted: 22-Apr-2017 at 10:48 |
"Бевте викендов во парк? Се чудевте колку е најразлистан, цветен и убав...епа нема уште долго. Планираат да ни го земат паркот, а да ни дадат голем, бучен и грд фејк Дизниленд!" Ова е цитат од еден биолог-еколог кој се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија.
Редовно го читам форумот, по подолго време решив да дадам мое мислење за темава. Скопје од ден на ден станува се поасфалтиран и поодвратен, каде и да се свртиш целиот урбан пејсаж на Скопје почна да наликува на еден голем плац на паркирани автомобили! Во мои претходни постови бев против изградба на нов и голем Луна Парк во сред Градскиот Парк на Скопје. Поддржував Луна Паркот да се дислоцира и да биде изграден во склоп на СЦ Борис Трајковски или било каде на друго место каде што би бил посоодветен. Другата идеја која ја мислев и ја поддржував е Луна Паркот да си остане на истата локација но со ист или идентитчен изглед како што е сегашниот и само да се интервенира околу замена и обнова на старите реквизити со нови, да се додадат некои нови и хортикултурно да се среди. Тоа ќе беше идеално. Луна Паркот во Градскиот парк е замислен да биде дел од него, да биде едно симболично катче кое е дел од него, не засебен простор и засебен идентитет, туку негова екстензија/продолжување! Затоа ако погледнете и во самиот Луна Парк внатре има многу дрвја и зелени површини! Луна Паркот во Градскиот парк никогаш не бил замислен да биде голем адреналински парк со огромни механички машини во него кои ќе бидат и од визуелен и од звучен аспект гласни и доминантни во просторот, односно ќе ја нарушува атмосферата и идентитетот на паркот! Основната функција на паркот е простор за мир, релаксација и рекреација! Според Меѓународната федерација за паркови и рекреација, урбан парк се дефинира како отворен јавен простор на кој доминира вегетација и/или вода и е наменет за општо користење. Сега, во врска со избраниот проект. Прво не ми е јасно од каде испадна овој проект, бидејќи долги години беше во најава друг. Овој проект иако е похуман во споредба со претходниот во однос на тоа што не предвидува воз на мост кои ќе излегува и поминува низ целиот парк, педалински сообраќај?? што ќе беше комплетно уништување на паркот а и огромен ролеркостер по цел периметар на локацијата, огромни кули итн. Такви мегаломански зафати и реквизити ќе го пратеа паркот во историја!, сепак мислам дека и овој нов проект не е добар, но не можат да дадам вистинска оценка, мислење и критика бидејќи не е доволно транспарентен а веќе е почната изградбата! Прво, не ги знаеме ниту авторите на проектот, но ајде. Друго, нема никакво објаснување за влезот и излезот на Луна Паркот, дали влезот ќе претставува и излез или ќе бидат одвоени што мислам дека е важно да биде објаснето. Потоа, нема никаква легенда, што е што, особено во делот со објекти. Ќе има театар(??), ресторани и други објекти. Кои се тие други објекти, музеј ќе има? Искрено, мислам дека Луна Паркот ќе го претворат во ново градилиште чиј дел ќе има привремена функција, и подоцна ќе се претвори во нешто сосема трето, нешто слично како со плажите на кејот, кои сега се оградени објекти кои станаа приватни Кафулиња! Друга работа, Коце и град Скопје тврдат дека Луна Паркот нема да излегувал ниту метар и сантим во моменталното зеленило во Паркот (за мене зеленило во паркот спаѓаат и оние 10тина дрва кои веќе се исечени во оваа фаза на подготовка за новиот Луна Парк!), но мислам дека повторно транспаретноста е на ниско ниво и се манупулира со јавноста бидејќи никаде во проектот не видовме како и дали Луна Паркот ќе има сопствен паркинг или пак ќе се служи со веќе постоечките кои се во непостредна близина на Градскиот стадион и оние на влезот од паркот непосредно до Зоолошката?! Бидејќи ако има паркинг, каде би бил тој, и дали тој би навлегол во вториот дел од Градскиот парк, без разлика дали тоа би било на мала или голема површина, и дали тоа ќе значи сечење на нови дрва и асфалтирање на нови зелени површини, без разлика дали се тие мали, средни, големи, важни или не, на почеток на Паркот или не! Значи едно од важните прашањето е, ќе има паркинг или не? Ако има каде ќе биде и дали тоа значи ново сечење на дрва и аслфатирање на зелени површини и правење на нов плац за коли во било кој дел од Градскиот парк? Ако добро го погледнете видеото и рендерите ќе забележите дека на делот каде што е објектот што наликува на средовековен замок, во неговата позадина целата површина е претставена како сива улица односно асфалтирана површина, а моментално тоа е дел од паркот со зеленило и со дрва, па ме интересира дали се работи чисто грешка на рендериот или таму е планирано асфлатирање бидејќи и тоа е дел од паркот,а тоа би значело сечење на убави и високи дрва и навлегување во вториот дел на паркот, без разлика дали се работи за мала или голема површина и навлегување на коли уште подлабоко во паркот??! И уште една работа, овој парк ќе работи цело време. Со неговата изградба, паркот ги губи мирот и тишината поради кои е посетуван. Не само што ќе ги изгуби посетителите, туку бучавата, метежот и новите инсталации ќе влијаат и врз животот на биодиверзитетот во паркот. Тоа веќе нема да биде урбан зелен парк, туку забавен парк на отворено. Освен тоа, колку и планот за негова изградба се промовира како еколошки или безбеден за природата и самата изградба на новиот парк, присуството на тешка машинерија негативно ќе влијае врз паркот! Ќе повторам, најдобрата варијанта ќе беше Луна паркот да се третира како "екстензија" односно продолжување на Градскиот парк, со многу дрва и зелени површини и во самата негова парцела и со пропратни нови забавни реквизити а не засебен ентитет! Еве многу добар текст од еден биолог-еколог што е за темата, http://respublica.edu.mk/blog/2017-04-12-08-48-00 Edited by HugoGoulding - 22-Apr-2017 at 11:13 |
|
maximus_001
Newbiе Joined: 22-Apr-2017 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #140 Posted: 23-Apr-2017 at 00:02 |
Се изначекав да видам што ќе се прави, пасвордот го забораив у меѓувреме, но како и да е еве ме пак со коментар. Рендериве се очај, така да не знаеме што ќе се прави, некој морал за 2 саата да ги направи, но се надевам(е) дека овие 2 години исто така „некој“ правел проекти, па лошиов рендер е само лоша организација на термини.
Зборот ми е: 1. Чувствувам разочараност во другите коментари, демек ова не е првонаграденото. Како што искоментирав пред 2 години првонаградениот труд требало да биде дисквалификуван, а не награден. Така да разочарувањето треба да е од тоа што е избрано и фактот дека тоа не може и не треба да се изгради. Зашто им требало 2 години исто не знаеме: политички одбран тајминг, проблеми со првонаградениот т.н. архитектонски труд или нешто трето, или 4-то и 5-то. 2. Фамата околу проширувањето. Проширување нема, тоа е видливо и од првонаградениот т.н. труд, а и од овие несреќни рендери. Мислам дека фамата се шири намерно од политичари и нивни гласноговорници, а претпоставувам и дека знам од каде го црпат тоа. Претпоставувам дека урбанистичката парцела на луна паркот е заедно со воените игралишта или пак со тениските и одеднаш тоа ставува 9 или колку беше хектари. Отворете гугл и измерете 2.5 ха е стариот а и новиот луна парк. 3.Hugo Goulding ... колку што јас ги гледам несреќниве рендери сивата поврпина околу тоа замокот е внатре, (таму е веројатно сега киното и некои други руини) и како и се останато, нема ништо надвор од постоечката ограда 4. Држи дека самата изградба е еколошки проблем од повеќе аспекти, но исто е еколошки проблем било која изградба и во дебар маало и во аеродром, се изнаг'тавме прашина од шут и нафта од не second туку third hand градежната механизација .. за бука па да не праиме моабет 5. Ако Град Скопје мисли дека со ова смејуријава нешто презентирал или го смета народот за глуп или се самите тие глупи. Еве политичково добро ви е супер ви е, праите проекти, алал да ви е, крај. Напрајте една презентација како што треба, сите сме израснале со луна паркот и не интересира како ќе биде. |
|
Post Reply | Page <1 56789 10> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |