Предлози за дислокација на дел од спомениците |
Post Reply | Page <1 91011 |
Author | ||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #201 Posted: 02-Jul-2017 at 00:11 | |
boo-hoo cry me a river, нешто конструктивно да кажеше, здосади ептен со навредиве кон неистомислениците.
Самото тоа што мора да се потенцира дека некои СЕУШТЕ стојат на првичните локации (небаре некаква катаклизма доживеал градов па ете некои опстојале), додека други беа преместувани, а на трети и крајот дал им се знае, доволно зборува за осмисленоста, потребата и целта на потфатот, како и за почитта кон самите дела и нивните автори. „Ајмо скулптури на кило, још мало па нестало“. Да почекаме да видиме само кој се бил дел од стручното жири кое го правело изборот на скулптурите, пошто реално повеќето беа/се со сомнителен уметнички квалитет. Златната шоља како герилска уметност беше прилично јасна и добра критика. Edited by fichot - 02-Jul-2017 at 00:14 |
||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #202 Posted: 02-Jul-2017 at 00:32 | |
Скулптурите беа МОДЕРНИ и немаа никаква историска или идеолошка тематика и ПАК НЕ ЧИНЕА и беше истурена тон пропаганда, исмејување и омраза oд истите оние кои и сега ги слушаме како лаат против спомениците во Скопје! пс. Тоа со Шољата била герилска уметност и добра критика? Значи се што ќе направи некој ропак е "уметност" а се што е направено од вистински уметник е за потценување? Критика на што? Критика на модерната? Од крајност во крајност. Edited by HugoGoulding - 02-Jul-2017 at 00:54 |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #203 Posted: 02-Jul-2017 at 10:09 | |
па што ако биле модерни, очигледно критиката е тро подлабока од чисто стилско недопаѓање.
Низ темава од 200 страни може ќе се потсетиш на сите недоследности и неправилности во работењето. |
||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #204 Posted: 02-Jul-2017 at 14:21 | |
Абе што да ти кажам, за 10тина скулптури низ градов имаше такви недоследности, криминал и што уште не што треба меѓународен суд за правда да им суди, и на жирито и на министерствата и на уметниците! Во превод, не ме замарај со вашите "недоследности". Edited by HugoGoulding - 02-Jul-2017 at 14:22 |
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #205 Posted: 02-Jul-2017 at 19:11 | |
Е не, само треба да ќутиме и да викаме браво леле шубо.
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #206 Posted: 07-Jul-2017 at 18:26 | |
Наместо да се чека централната власт да даде решенија за надминување на проблемот со „Скопје 2014“, овој пат иницијативата за состојбата со центарот на градот сум убеден дека треба да дојде од долу. Тоа значи граѓански иницијативи, здруженија на граѓани, невладини организации, професионални асоцијации.
За жал, освен „Плоштад Слобода“, во моментов не гледам некој друг позаинтересиран за оваа проблематика. Очигледно дека историчарите на уметност и архитектите чекаат Заев да ги покани и да им ја сервира на маса целокупната документација. За жал, не се научивме како функционира општеството и како самиот невладин сектор треба да ја притиска власта и да преговара со неа. Ако со претходниот диктатор тоа не беше можно, не гледам причина сега ова да не се случи. |
||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #207 Posted: 08-Jul-2017 at 13:44 | |
Проектот Скопје 2014, односно идејата за Барокен/Неокласичен плоштад и архитектура не само што не треба да запре, туку треба да продолжи односно покрај модерната архитектура во Скопје треба паралелно во ист или помал интензитет да се градат објекти и во овој стил.
Во Скопје односно централното подрачје на СК(па и во останатите градови) да се направат уште минимум еден, а би било добро да се уште 2-3 плоштади кои ќе бидат оформени со објекти во неокласицизам. Па дури некои од спомениците на Плоштад Македонија ќе може да бидат поставени на тие плоштади. Edited by HugoGoulding - 08-Jul-2017 at 13:47 |
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #208 Posted: 08-Jul-2017 at 16:22 | |
Треба да се гради во духот на времето, а шансата за квалитетен и изворен неокласицизам ја прокоцкавме. Турбо-фолк архитектурата на Скопје 2014 треба да се забрани со закон. И центарот на градот навистина треба да се растовари од стихијно поставените споменици, има доволно кружни текови во градов и паркови каде би можеле достоинствено да се прераспределат.
|
||
За сè има вторпат
|
||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #209 Posted: 08-Jul-2017 at 17:06 | |
Види HugoGoulding, ако се гради нешто ново во градот во иднина треба да ги следи актуелностите, т.е. модерноста. И воопшто не се сомневам дека новата власт ќе има слух за ова. За архитектите и да не зборувам, бидејќи се покажа дека се во огромен процент против „Скопје 2014“. За инвеститорите и да не говорам. Секоја нова скулптура на нивниот објект би чинела пари (заедно со кичот), така што не гледам причина да биде нешто поинаку и кај нив. Во однос на обновата на објектите коишто биле разурнати од земјотресот и слично. И тука дебело ја утна претходната влада. Објектот на Народната банка, заедно со надградбата на кровот, ќе се самоцензурирам за коментар. Истото ќе го направам и за Офицерскиот дом, но и за ентериерот на Стариот театар. И кога ќе споредам тоа што овде се направи со Кралскиот замок во Варшава на пример. Имав можност да говорам на оваа тема со оние што го обновиле овој објект во текот на 80-те години од минатиот век. Во најтешките години за Полска. И ве молам погледнете фотографии на Интернет како изгледа денеска овој објект. Royal Castle Warsaw. И потоа ќе се вратиме на дискусијата за Скопје! |
||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #210 Posted: 08-Jul-2017 at 17:23 | |
А зошто за тебе постојат само АРХИТЕКТИТЕ кои се против и имаш некаква замисла и илузија дека доколку тие работеле на овие објекти и проекти па макар и биле ултра модерни би направиле нешто врвно или подобро? Внатрешниот ентериер на МНТ е дело на архитект исто како и целиот проект, и сите објекти или фасади во проектот се дела на архитекти! Исто како што спомениците се дела на уметници и скулптори.
И во мојот пост стои, ПАРАЛЕЛНО со градењето на МОДЕРНА архитектура во Скопје треба да се гради и во НЕОКЛАСИЦИЗАМ бидејќи на градот му недостасува таков стил на архитектура. За мене претставува вистински преседан моментот во кој можеш себеси да се наречеш АРХИТЕКТ а притоа да имаш предрасуди или омраза и потсмев кон одреден стил во архитектурата?! Тоа е како да се наречеш себеси денес музичар, а да речеш дека мразиш класична музика бидејќи таа е одлика на 18век, единствено добро е електронската бидејќи таа го отсликува времето и техонлогијата во која живееме. Апсурд. п.с. Тука ќе потенцирам дека не го оправдувам префасадирањето на модерни објекти, бар одреден дел. Edited by HugoGoulding - 08-Jul-2017 at 17:49 |
||
HugoGoulding
Senior Member Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
Quote Reply #211 Posted: 08-Jul-2017 at 17:36 | |
И под неколасизицам не мислам на префасадирање на постојани објекти, ниту пак изградба на модерни објекти и маскирање на нивните фасади со колонада на јонски столбови, туку мислам неокласицистичка архитектура во која ќе бидат почитувани основното нејзино правило а тоа се пропорциите и меѓусебниот однос на елементите кој во модерната го нема и затоа голем дел од обичниот народ не ги сака.
Со формирање на уште 2 помали плоштади во централното подрачје на Скопје во неокласичен изглед ќе даде и добра можност дел од спомениците да бидат поставени на овие плоштади. Плус градот ќе добие повеќе плоштади, плус интензитетот на архитектурата на Скопје2014 ќе се втопи и дисперзира. Дури тие нови плоштади може да бидат спој помеѓу неколку неокласични и неколку модерни објекти, нешто како што е и моменталната состојба на плоштадот. Edited by HugoGoulding - 08-Jul-2017 at 17:47 |
||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2663 |
Quote Reply #212 Posted: 08-Jul-2017 at 19:41 | |
Се согласувам со тебе, со таа разлика што наместо два помали, јас би одбрал да се направи еден поголем плоштад помеѓу Веро и Олимписки Базен, додека постоечкиот кај Воинот на коњ, кој сега е заграден од сите страни, може да се користи за панаѓури, уметнички изложби, продавање лимонади, семки и сл. Уличката поред кеј, која ја направија за еден ден, а на која искривените плочките подаваат и при одење, а не пак при возење, која дури не ја користат и возилата на Телеком, туку ја користат другата, поред реката, би ја направил еднонасочна. Еден правец на тие фушерајски плочки, а спротивен правец на другата „уличка“ помеѓу масите и столовите на кафулињата и Вардар. Со изградбата на тој нов плоштад кај Веро, драстично би се намалила потребата за одење слалом помеѓу ГТЦ, Вардар и каруселите за да влезеш на плоштадче затворено од сите страни со згради, и по кое во блиска иднина најверојатно ќе шпартаат и паркираат коли, во недостиг на паркинг простор и возачки коридори. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #213 Posted: 08-Jul-2017 at 19:46 | |
хуго брат, како очекуваш да те сфатиме сериозно кога мислиш дека плоштади се „формираат“ преку ноќ, со едноставно поплочување на произволна површина и ставање на споменик на неа? не го разбираш сообраќајното значење на плоштадот и неговите природни одлики второ, никогаш не ти ја разбрав потребата за тоа елементите на класицизмот да мора да се вклопени во некоја урбана средина, го нагласуваш тоа како правило број 1 во архитектурата/урбанизмот, кога не е така Edited by zabegan - 08-Jul-2017 at 19:47 |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #214 Posted: 08-Jul-2017 at 20:23 | |
Мислам дека тој тргнува од естетската страна на неокласицизмот како „архитектура на убавото“. Никој не оспорува дека на Скопје му се потребни претставителни зданија, посебно на државни установи, но - како што веќе споменав - си ја прокоцкавме шансата со будалаштините на Скопје 2014. Сега ни останува само да ја поправаме штетата.
|
||
За сè има вторпат
|
||
skopskodete
Senior Member Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
Quote Reply #215 Posted: 08-Jul-2017 at 23:52 | |
Недостиг на паркинг простор?! Мора да се шегуваш. |
||
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #216 Posted: 08-Jul-2017 at 23:59 | |
Настрана тоа што зборува за пропорции, меѓусебен однос на елементи и правила во неокласицизам... Ниеден од изградените објекти во Скопје не задоволува било што од ова...
Така да очигледно ни самиот тој не знае што зборува... |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #217 Posted: 09-Jul-2017 at 09:00 | |
Наброј 5 денешни музичари кои творат во стилот на Бах. Зборуваш за градот небаре е манџа... на гравов му недостига сол. Колкав процент треба да има традиционална архитектура за да ти биде „по вкус“? Презир и потсмев нема кон класицизмот (дотолку повеќе, еден од најжестоките противници на груевизмот има проектирано барем 2 објекта кои влечат корени од традиционалната староградска куќа) туку само кон оние кои го погазија целото свое знаење (ако воопшто и го имале) за да се стават во служба на велииот архитект кој работи по системот „миле ми текна“. |
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #218 Posted: 16-Jul-2017 at 21:39 | |
а и не гледам каде било кој архитект во светот некогаш говорел со омраза према класицизмот како движење... многу луѓе треба да сфатат дека омразата према Ск2014 не е омраза према класицизмот туку према несериозноста на самото Ск2014 како идеја а после и како спроведен „проект“ не знам зошто по 1000-ти пат се отвара темата современа архитектура вс. класицизам кога тоа никогаш не бил проблемот а класичен пример за тоа зошто архитектурата со текот на времето го има сменето ликот, ти е баш Ск2014... едноставно објектот треба да е приспособен за потребите,проблемите и стандардите на денешницата премногу е комплицирано да креираш објект кој истовремено ќе ги задоволува естетските стандарди на класицизмот во буквална изведба и практичните стандарди на современото доба... токму затоа Ск2014 е полно со еден куп одвратни крпеници |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
Post Reply | Page <1 91011 |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |