build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Предлози за дислокација на дел од спомениците

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 02-Jul-2017 at 00:11
boo-hoo cry me a river, нешто конструктивно да кажеше, здосади ептен со навредиве кон неистомислениците.

Самото тоа што мора да се потенцира дека некои СЕУШТЕ стојат на првичните локации (небаре некаква катаклизма доживеал градов па ете некои опстојале), додека други беа преместувани, а на трети и крајот дал им се знае, доволно зборува за осмисленоста, потребата и целта на потфатот, како и за почитта кон самите дела и нивните автори. „Ајмо скулптури на кило, још мало па нестало“.

Да почекаме да видиме само кој се бил дел од стручното жири кое го правело изборот на скулптурите, пошто реално повеќето беа/се со сомнителен уметнички квалитет.

Златната шоља како герилска уметност беше прилично јасна и добра критика.

Edited by fichot - 02-Jul-2017 at 00:14
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 02-Jul-2017 at 00:32


Скулптурите беа МОДЕРНИ и немаа никаква историска или идеолошка тематика и ПАК НЕ ЧИНЕА и беше истурена тон пропаганда, исмејување и омраза oд истите оние кои и сега ги слушаме како лаат против спомениците во Скопје!

пс. Тоа со Шољата била герилска уметност и добра критика? Значи се што ќе направи некој ропак е "уметност" а се што е направено од вистински уметник е за потценување? Критика на што? Критика на модерната? Од крајност во крајност.

Edited by HugoGoulding - 02-Jul-2017 at 00:54
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 02-Jul-2017 at 10:09
па што ако биле модерни, очигледно критиката е тро подлабока од чисто стилско недопаѓање.
Низ темава од 200 страни може ќе се потсетиш на сите недоследности и неправилности во работењето.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 02-Jul-2017 at 14:21

Абе што да ти кажам, за 10тина скулптури низ градов имаше такви недоследности, криминал и што уште не што треба меѓународен суд за правда да им суди, и на жирито и на министерствата и на уметниците!

Во превод, не ме замарај со вашите "недоследности".

Edited by HugoGoulding - 02-Jul-2017 at 14:22
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 02-Jul-2017 at 19:11
Е не, само треба да ќутиме и да викаме браво леле шубо.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 07-Jul-2017 at 18:26
Наместо да се чека централната власт да даде решенија за надминување на проблемот со „Скопје 2014“, овој пат иницијативата за состојбата со центарот на градот сум убеден дека треба да дојде од долу. Тоа значи граѓански иницијативи, здруженија на граѓани, невладини организации, професионални асоцијации.

За жал, освен „Плоштад Слобода“, во моментов не гледам некој друг позаинтересиран за оваа проблематика. Очигледно дека историчарите на уметност и архитектите чекаат Заев да ги покани и да им ја сервира на маса целокупната документација.

За жал, не се научивме како функционира општеството и како самиот невладин сектор треба да ја притиска власта и да преговара со неа. Ако со претходниот диктатор тоа не беше можно, не гледам причина сега ова да не се случи.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 08-Jul-2017 at 13:44
Проектот Скопје 2014, односно идејата за Барокен/Неокласичен плоштад и архитектура не само што не треба да запре, туку треба да продолжи односно покрај модерната архитектура во Скопје треба паралелно во ист или помал интензитет да се градат објекти и во овој стил.

Во Скопје односно централното подрачје на СК(па и во останатите градови) да се направат уште минимум еден, а би било добро да се уште 2-3 плоштади кои ќе бидат оформени со објекти во неокласицизам. Па дури некои од спомениците на Плоштад Македонија ќе може да бидат поставени на тие плоштади.

Edited by HugoGoulding - 08-Jul-2017 at 13:47
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 08-Jul-2017 at 16:22
Треба да се гради во духот на времето, а шансата за квалитетен и изворен неокласицизам ја прокоцкавме. Турбо-фолк архитектурата на Скопје 2014 треба да се забрани со закон. И центарот на градот навистина треба да се растовари од стихијно поставените споменици, има доволно кружни текови во градов и паркови каде би можеле достоинствено да се прераспределат.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 08-Jul-2017 at 17:06
Originally posted by HugoGoulding

Проектот Скопје 2014, односно идејата за Барокен/Неокласичен плоштад и архитектура не само што не треба да запре, туку треба да продолжи односно покрај модерната архитектура во Скопје треба паралелно во ист или помал интензитет да се градат објекти и во овој стил.

Во Скопје односно централното подрачје на СК(па и во останатите градови) да се направат уште минимум еден, а би било добро да се уште 2-3 плоштади кои ќе бидат оформени со објекти во неокласицизам. Па дури некои од спомениците на Плоштад Македонија ќе може да бидат поставени на тие плоштади.



Види HugoGoulding, ако се гради нешто ново во градот во иднина треба да ги следи актуелностите, т.е. модерноста. И воопшто не се сомневам дека новата власт ќе има слух за ова. За архитектите и да не зборувам, бидејќи се покажа дека се во огромен процент против „Скопје 2014“. За инвеститорите и да не говорам. Секоја нова скулптура на нивниот објект би чинела пари (заедно со кичот), така што не гледам причина да биде нешто поинаку и кај нив.

Во однос на обновата на објектите коишто биле разурнати од земјотресот и слично. И тука дебело ја утна претходната влада. Објектот на Народната банка, заедно со надградбата на кровот, ќе се самоцензурирам за коментар. Истото ќе го направам и за Офицерскиот дом, но и за ентериерот на Стариот театар.

И кога ќе споредам тоа што овде се направи со Кралскиот замок во Варшава на пример. Имав можност да говорам на оваа тема со оние што го обновиле овој објект во текот на 80-те години од минатиот век. Во најтешките години за Полска. И ве молам погледнете фотографии на Интернет како изгледа денеска овој објект. Royal Castle Warsaw. И потоа ќе се вратиме на дискусијата за Скопје!
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 08-Jul-2017 at 17:23
А зошто за тебе постојат само АРХИТЕКТИТЕ кои се против и имаш некаква замисла и илузија дека доколку тие работеле на овие објекти и проекти па макар и биле ултра модерни би направиле нешто врвно или подобро? Внатрешниот ентериер на МНТ е дело на архитект исто како и целиот проект, и сите објекти или фасади во проектот се дела на архитекти! Исто како што спомениците се дела на уметници и скулптори.

И во мојот пост стои, ПАРАЛЕЛНО со градењето на МОДЕРНА архитектура во Скопје треба да се гради и во НЕОКЛАСИЦИЗАМ бидејќи на градот му недостасува таков стил на архитектура.

За мене претставува вистински преседан моментот во кој можеш себеси да се наречеш АРХИТЕКТ а притоа да имаш предрасуди или омраза и потсмев кон одреден стил во архитектурата?! Тоа е како да се наречеш себеси денес музичар, а да речеш дека мразиш класична музика бидејќи таа е одлика на 18век, единствено добро е електронската бидејќи таа го отсликува времето и техонлогијата во која живееме. Апсурд.

п.с. Тука ќе потенцирам дека не го оправдувам префасадирањето на модерни објекти, бар одреден дел.

Edited by HugoGoulding - 08-Jul-2017 at 17:49
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 08-Jul-2017 at 17:36
И под неколасизицам не мислам на префасадирање на постојани објекти, ниту пак изградба на модерни објекти и маскирање на нивните фасади со колонада на јонски столбови, туку мислам неокласицистичка архитектура во која ќе бидат почитувани основното нејзино правило а тоа се пропорциите и меѓусебниот однос на елементите кој во модерната го нема и затоа голем дел од обичниот народ не ги сака.

Со формирање на уште 2 помали плоштади во централното подрачје на Скопје во неокласичен изглед ќе даде и добра можност дел од спомениците да бидат поставени на овие плоштади. Плус градот ќе добие повеќе плоштади, плус интензитетот на архитектурата на Скопје2014 ќе се втопи и дисперзира.

Дури тие нови плоштади може да бидат спој помеѓу неколку неокласични и неколку модерни објекти, нешто како што е и моменталната состојба на плоштадот.

Edited by HugoGoulding - 08-Jul-2017 at 17:47
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2664
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 08-Jul-2017 at 19:41
Originally posted by HugoGoulding

И под неколасизицам не мислам на префасадирање на постојани објекти, ниту пак изградба на модерни објекти и маскирање на нивните фасади со колонада на јонски столбови, туку мислам неокласицистичка архитектура во која ќе бидат почитувани основното нејзино правило а тоа се пропорциите и меѓусебниот однос на елементите кој во модерната го нема и затоа голем дел од обичниот народ не ги сака.

Со формирање на уште 2 помали плоштади во централното подрачје на Скопје во неокласичен изглед ќе даде и добра можност дел од спомениците да бидат поставени на овие плоштади. Плус градот ќе добие повеќе плоштади, плус интензитетот на архитектурата на Скопје2014 ќе се втопи и дисперзира.

Дури тие нови плоштади може да бидат спој помеѓу неколку неокласични и неколку модерни објекти, нешто како што е и моменталната состојба на плоштадот.


Се согласувам со тебе, со таа разлика што наместо два помали, јас би одбрал да се направи еден поголем плоштад помеѓу Веро и Олимписки Базен, додека постоечкиот кај Воинот на коњ, кој сега е заграден од сите страни, може да се користи за панаѓури, уметнички изложби, продавање лимонади, семки и сл. Уличката поред кеј, која ја направија за еден ден, а на која искривените плочките подаваат и при одење, а не пак при возење, која дури не ја користат и возилата на Телеком, туку ја користат другата, поред реката, би ја направил еднонасочна. Еден правец на тие фушерајски плочки, а спротивен правец на другата „уличка“ помеѓу масите и столовите на кафулињата и Вардар.

Со изградбата на тој нов плоштад кај Веро, драстично би се намалила потребата за одење слалом помеѓу ГТЦ, Вардар и каруселите за да влезеш на плоштадче затворено од сите страни со згради, и по кое во блиска иднина најверојатно ќе шпартаат и паркираат коли, во недостиг на паркинг простор и возачки коридори.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 08-Jul-2017 at 19:46

хуго брат, како очекуваш да те сфатиме сериозно кога мислиш дека плоштади се „формираат“ преку ноќ, со едноставно поплочување на произволна површина и ставање на споменик на неа? не го разбираш сообраќајното значење на плоштадот и неговите природни одлики

второ, никогаш не ти ја разбрав потребата за тоа елементите на класицизмот да мора да се вклопени во некоја урбана средина, го нагласуваш тоа како правило број 1 во архитектурата/урбанизмот, кога не е така


Edited by zabegan - 08-Jul-2017 at 19:47
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 08-Jul-2017 at 20:23
Мислам дека тој тргнува од естетската страна на неокласицизмот како „архитектура на убавото“. Никој не оспорува дека на Скопје му се потребни претставителни зданија, посебно на државни установи, но - како што веќе споменав - си ја прокоцкавме шансата со будалаштините на Скопје 2014. Сега ни останува само да ја поправаме штетата.
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 08-Jul-2017 at 23:52
Originally posted by phenomenon

Originally posted by HugoGoulding

И под неколасизицам не мислам на префасадирање на постојани објекти, ниту пак изградба на модерни објекти и маскирање на нивните фасади со колонада на јонски столбови, туку мислам неокласицистичка архитектура во која ќе бидат почитувани основното нејзино правило а тоа се пропорциите и меѓусебниот однос на елементите кој во модерната го нема и затоа голем дел од обичниот народ не ги сака.

Со формирање на уште 2 помали плоштади во централното подрачје на Скопје во неокласичен изглед ќе даде и добра можност дел од спомениците да бидат поставени на овие плоштади. Плус градот ќе добие повеќе плоштади, плус интензитетот на архитектурата на Скопје2014 ќе се втопи и дисперзира.

Дури тие нови плоштади може да бидат спој помеѓу неколку неокласични и неколку модерни објекти, нешто како што е и моменталната состојба на плоштадот.


Се согласувам со тебе, со таа разлика што наместо два помали, јас би одбрал да се направи еден поголем плоштад помеѓу Веро и Олимписки Базен, додека постоечкиот кај Воинот на коњ, кој сега е заграден од сите страни, може да се користи за панаѓури, уметнички изложби, продавање лимонади, семки и сл. Уличката поред кеј, која ја направија за еден ден, а на која искривените плочките подаваат и при одење, а не пак при возење, која дури не ја користат и возилата на Телеком, туку ја користат другата, поред реката, би ја направил еднонасочна. Еден правец на тие фушерајски плочки, а спротивен правец на другата „уличка“ помеѓу масите и столовите на кафулињата и Вардар.

Со изградбата на тој нов плоштад кај Веро, драстично би се намалила потребата за одење слалом помеѓу ГТЦ, Вардар и каруселите за да влезеш на плоштадче затворено од сите страни со згради, и по кое во блиска иднина најверојатно ќе шпартаат и паркираат коли, во недостиг на паркинг простор и возачки коридори.

Недостиг на паркинг простор?! Мора да се шегуваш.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 08-Jul-2017 at 23:59
Настрана тоа што зборува за пропорции, меѓусебен однос на елементи и правила во неокласицизам... Ниеден од изградените објекти во Скопје не задоволува било што од ова...

Така да очигледно ни самиот тој не знае што зборува...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 09-Jul-2017 at 09:00
Originally posted by HugoGoulding

А зошто за тебе постојат само АРХИТЕКТИТЕ кои се против и имаш некаква замисла и илузија дека доколку тие работеле на овие објекти и проекти па макар и биле ултра модерни би направиле нешто врвно или подобро? Внатрешниот ентериер на МНТ е дело на архитект исто како и целиот проект, и сите објекти или фасади во проектот се дела на архитекти! Исто како што спомениците се дела на уметници и скулптори.

И во мојот пост стои, ПАРАЛЕЛНО со градењето на МОДЕРНА архитектура во Скопје треба да се гради и во НЕОКЛАСИЦИЗАМ бидејќи на градот му недостасува таков стил на архитектура.

За мене претставува вистински преседан моментот во кој можеш себеси да се наречеш АРХИТЕКТ а притоа да имаш предрасуди или омраза и потсмев кон одреден стил во архитектурата?! Тоа е како да се наречеш себеси денес музичар, а да речеш дека мразиш класична музика бидејќи таа е одлика на 18век, единствено добро е електронската бидејќи таа го отсликува времето и техонлогијата во која живееме. Апсурд.

п.с. Тука ќе потенцирам дека не го оправдувам префасадирањето на модерни објекти, бар одреден дел.



Наброј 5 денешни музичари кои творат во стилот на Бах.


Зборуваш за градот небаре е манџа... на гравов му недостига сол. Колкав процент треба да има традиционална архитектура за да ти биде „по вкус“?

Презир и потсмев нема кон класицизмот (дотолку повеќе, еден од најжестоките противници на груевизмот има проектирано барем 2 објекта кои влечат корени од традиционалната староградска куќа) туку само кон оние кои го погазија целото свое знаење (ако воопшто и го имале) за да се стават во служба на велииот архитект кој работи по системот „миле ми текна“.

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 16-Jul-2017 at 21:39

а и не гледам каде било кој архитект во светот некогаш говорел со омраза према класицизмот како движење... многу луѓе треба да сфатат дека омразата према Ск2014 не е омраза према класицизмот туку према несериозноста на самото Ск2014 како идеја а после и како спроведен „проект“
не знам зошто по 1000-ти пат се отвара темата современа архитектура вс. класицизам кога тоа никогаш не бил проблемот

а класичен пример за тоа зошто архитектурата со текот на времето го има сменето ликот, ти е баш Ск2014... едноставно објектот треба да е приспособен за потребите,проблемите и стандардите на денешницата
премногу е комплицирано да креираш објект кој истовремено ќе ги задоволува естетските стандарди на класицизмот во буквална изведба и практичните стандарди на современото доба... токму затоа Ск2014 е полно со еден куп одвратни крпеници
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.477 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.