![]() |
![]() |
![]() |
Градски парк Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 19> |
Author | ||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Sushna godina? Videte go zeleniloto vo Americhka mabasada ili pred zgradite pokraj vardar (Kaj zgradata na bortas). Kako tamu ne e suvo? Pa sekoe leto vo skopje bi bilo sushno ako ne se vadi trevata. Zarem e mozno da se ostavi celiot gradski park bez navodnuvanje vo leto? Se kladam vo bilo koe leto unazad 15 godini ako ne se navodnuva zelenilot slikata ke bila ista.
|
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека убаво посочив кој треба да сноси кривица.
![]() |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Ако градскиот парк не треба да биде континуирано зелен тогаш не знам што треба да биде... Без разлика на тоа колку е топло. |
||
![]() |
||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
|
Добро се напнавте. По сушна година од оваа не верувам дека сме имале. Јас имав насадено 10 птуи и од нив само 3 го преживеаа летото, а вода добиваа секојдневно. Тревникот комплетно се исуши, наводнувам секоја вечер или секоја втора вечер итн. Браните во државата се на најниско можно ниво со водостој, езерата полу празни итн.
Не е само до службите, бар кај мене си ја вршеа горе доле работата ,но пак се се исуши. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
СЕ РЕНОВИРААТ 19 МОСТОВИ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ
Град Скопје денеска почна со реконструкција на мостовите во вториот дел од Градскиот парк. Ќе се обноват 19 мостови, а реконструкцијата ќе опфати замена на дрвените подови со нови, поставување на поквалитетни дрвени материјали отпорни на климатски влијанија, премачкување на металните површини со боја што овозможува заштита од корозија. Ќе бидат поставени и рампи за велосипедисти и лица со посебни потреби Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца. „Ваква реконструкција на сите мостови одеднаш не е направена никогаш досега. Нашата цел е на граѓаните да им овозможиме да уживаат во Градскиот парк, а кога ќе преминуваат преку овие мостови да се чувствуваат безбедно. Да го дочекаме продолжувањето на животот со што подобра инфраструктура и во Градскиот парк и на нашите улици“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на градежните работи. Активностите за обнова на мостовите се очекува да завршат за два месеца, а овој проект се реализира со донација на „Халк банка“. Со овој проект не е предвидено реновирање и на пешачките патеки во вториот дел од Градскит парк, кои се целосно уништени и со дупки на секој метар. А. АНТЕВСКА https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-renoviraat-19-mostovi-vo-vtoriot-del-od-gradskiot-park-vo-skopje/ ......... ![]() ![]() ![]() ... ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ТАРТАН-ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Град Скопје минатата година ја направи првата тартан-патека на јавен простор, оформена во еден од најживописните делови на Градскиот парк, околу малото езеро во вториот дел на паркот. Патеката е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти. Тартан-патека е долга 534 метри и ќе послужи вљубениците во трчањето, оние што трчаат на Скопскиот маратон, но и рекреативците, да ја имаат вистинската подлога за својата активност. За да може граѓаните да ја користат и во текот на ноќните часови, патеката е целосно осветлена. Околу тартан-патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини како инфо-табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад. Градот Скопје и понатаму ќе продолжи да ги зголемува и уредува урбаните површини кои скопјани ги користат за спорт и рекреација и на тој начин ќе ја унапредува средината создавајќи услови за развивање здрави навики кај граѓаните. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ТРИ НОВИ ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРК
Град Скопје Ве поканува на pop up изложба на отворено што ќе се одржи денеска, 25.6.2020 (четврток), во 19 часот, на која ќе бидат изложени пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк. На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“. Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација. Ги замолуваме авторите на трудовите да не го објавуваат својот идентитет, бидејќи сакаме да го запазиме принципот на анонимност кој беше наведен и во конкурсот. Изложбените паноа ќе бидат поставени на улицата пред седиштето на Град Скопје. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Како тргнало овде ќе биде збирштина на се само парк нема да има...
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
затоа некој бил паметен уште пред годиништа, и ја измислил школка, ама просторот на школка е мал за поголеми настани единствено можеби би можело да се поддржи просторот кај Езерце, затоа што ако е некој поголем настан, обично таму го префрлаат поради поголемит простор се друго во парк е безвезе трупање, и дури и да се одржуваат поголеми фестивали на отворено, може да се монтираат привремени сцени, како што тоа се правело до сега |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Ај па за 10тина години и една зграда да крениме во парков како што е редот
![]() |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Идејата за парк на скопскиве градоначалници е рандом содржини + нешто трева.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Погледнете ги пристигнатите архитектонски трудови на конкурсот за идејни решенија на три летни отворени сцени во Градскиот парк.
На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“. Град Скопје ќе додели три први награди од 70.000 денари, на најдобрите на секоја локација. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() преголема инвестиција во празно, можеби има некои исклучоци, ама во глобала е тоа во 90% од времето овие ќе служат како стреа при врнежи за збир на пијани деца, боље само летниковци да им направеа низ цел парк може ако се паметни идејните решенија, бидејќи се прилично добри, да ги прифатат и да ги искористат во некои нови паркови низ градот, доколку се вклопуваат Edited by zabegan - 29-Jun-2020 at 02:28 |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Жалната вистина е што ова воопшто не се прави ради естетика,културни потреби,народни желби,добавување содржини во парк...се се сведува на ангажирање на фирми кои се блиски до оние кои ги носат овие одлуки.
Споменици на ваквите практики имаме уште од подамна: надземен премин Влајко,мост Газела,''паркот'' кој му одзема пола зеленило на веќе постоечкиот парк во Тафталиџе 2... |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ОВА СЕ ИЗБРАНИТЕ ТРИ НОВИ ЛЕТНИ СЦЕНИ ВО ГРАДСКИ ПАРК
Град Скопје во месец мај објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје. На конкурсот пристигнаа 13 трудови за понудените три локации: во близина на Езерце, во првиот дел на паркот; во близина на Сточарски институт и спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“. По разгледување на пристигнатите трудови, Комисијата за оценување за најсоодветни решенија ги избра трудовите со работна шифра „ОМММ“, „Коноид“ и „Конус“, и тоа за: Локација број 1: Површина во Градски Парк Скопје , која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, - труд со работна шифра “ОМММ“. Овој труд овозможува долготрајност со минимални трошоци за одржување и минимален физички импакт во езерото со околината. Предложениот дизајн претставува кружна форма на сцената поставена во средина на езерото која ги обединува сите четири страни на езерото. На исток и запад галериски гледачки простор од мостовите, на југ према паркот ниско седење по должината на целиот брег и на север гледалиште во две нивоа, првото по должината на брегот, второто по целата должина меѓу двете постојни скалила на падината од насипот за пешачката улица. Пристапот до сцената е преку минимално димензионирана рампа од јужната страна каде што има логистички најповолни услови за пристап и транспорт на опрема и на реквизити, со што се создава чувство/илузија дека северното гледалиште на две нивоа е главно гледалиште и дека сцената е ориентирана примарно кон него. Сцената е замислена како едноставна лебдечка плоча над езерото, со дијаметар од 12м и е наменета за изведба на различни културни активности и е поставена на само 20см над нивото на водената површина од езерото. Локација број 2: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа спроти Сточарски институт, - труд со работна шифра „Коноид“. Ова идејно решение за сцената, гледалиштето, па и во однос на хортикултурното уредување, илуминацијата на просторот и материјалите кои се предвидени за ова архитектонско решение овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување. Предложениот идеен архитектонски проект за отворена летна сцена во Градскиот Парк е воден од идејата за трансформабилност и приспособливост на сцената според различни сценарија на користење на овој простор со минимално влијание врз природата - тогаш кога има организирани настани на летната отворена сцена, но и тогаш кога нема организирани настани. Сцената е составена од неколку делови и тоа од армирано бетонска бина или подиум подигнат 40см над теренот, челична носечка конструкција со два зглоба анкерувани во армирано бетонската подлога со челични папучи заварени за неа во кои налегнуваат дрвените талпи поставени како изводници на коноид врз челичната носечка конструкција. Гледалиштето во овој случај се оформува со преместување на трибините кои, во оној период кога нема организиран настан на сцената, се поставени околу стеблата на поголемите дрвја кои се наоѓаат на локацијата и имаат улога на урбана опрема, клупи наменети за посетителите на паркот. Капацитетот на гледалиштето на сите трибини со седење е за околу 250 лица. Во однос на хортикултурното уредување, предвидено е целосно зачувување на високото зеленило во постојната состојба. Илуминацијата на просторот е обезбедена преку лед светилки вградени во внатрешноста на елементите за седење, (трибините и коцките за седење). Материјалите предвидени за ова архитектонско решение се дрво, челик, бетон и лексан. Локација број 3: Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа во вториот дел на Паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90, - труд со работна шифра „Конус“. Овој труд во поглед на архитектонскотото решение за гледалиштето, сцената во вид на пресечен конус и употребата на материјалите за изработка, исто така, овозможува долготрајност и минимални трошоци за одржување. Предложениот дизајн на сцената претставува една рамка во која како кулиса се појавува еден пресечен конус. Аудиториумот е вкопан со цел да се задоволат стандардите за непречено следење на сценската изведба. Гледалиштето обезбедува сместување на 403 гледачи на седење. Секој ред е со широчина од 160см и освен за седење може да се користи за понеформални собири и токму поради тоа не е предвидено поставување столчиња или друга опрема. Практично теренот е вкопан и нивелиран, а употребата на материјали е сведена на минимум, се со цел да се задржи природниот изглед на местото. Просторот е комплетно пристапен за лица со посебни потреби. Сцената е монтажна, комплетно изведена од челична конструкција. Кулисата која е во форма на пресечен конус се предвидува да биде изведена во бакар, а бочните страни на сцената од челична мрежа, обоена во бела боја. Генералната оценка на Комисијата е дека конкурсните барања се во голема мера запазени, односно дека е запазена и испочитувана проектната програма, предложен е уникатен дизајн и предложени се материјали со долговечност за изработка. Исто така, предложените идејни решенија се одликуваат со високи естетски вредности, придонесуваат врз подобрување на културните навики на жителите на град Скопје и одлично се вклопуваат со непосредното опкружување. Град Скопје најдобрите трудови ги наградува со по 70.000 денари за секоја од трите локации и ќе склучи договори со избраните автори. ... ОМММ - локација 1 ![]() КОНОИД - локација 2 ![]() КОНУС - локација 3 ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Вторава животиња е особено предимензионирана, интрузивна, неприкладна и непотрбна. ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Има доста негативни коментари во врска со сите 3 во стилот дека се сосем непотребни и дополнително го гушат просторот...
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Првото е ОК, а и третото, ама не му е местото таму. Најдобро би било да го прошират и сегментираат градскиот парк.
Летни сцени, угостителство и сквер во првиот дел на паркот, префрлање на луна паркот кај стариот полигон и континуиран парковско-рекреативен појас од Кај Жабарот до бунарите. Универзална да се пресели кај ботаничката градина, а во вториот дел од паркот да нема никаква урбана опрема освен клупи, канти и осветлување. Можеби и некој летниковец, за стреа. Светло зелено - урбан парк и игралишта; Зелено - парк; Сино - спорт; Жолто - зоолошка; Црвено - култура и угостителство; Бели линии - примарни пешачки и велосипедски патеки. ![]() |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Конкурсно решение "Рефлексија" за Летна отворена сцена на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје - Локација 2
![]() ![]() ![]() https://www.instagram.com/globalinzenering/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Тимот на Радиус архитекти е добитник на прва награда за Летна сцена на локација бр.3 на конкурсот „Летна отворена сцена“ во Градскиот парк во Скопје.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/radiusarh/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 19> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |