![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 329> |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Добро еве вака со слуштена топка (да не е онаа од собрание
![]() Да удрам една сума сумарум. 1.Поддршка за градежната активност и иницијативата за оформување на малиот ринг. 2.Поддршка за одредени прокети (Стар театар, Музеј ВМРО, Градска куќа, Собрание, Банката, Филхармонија). Кај театарот и Музејот би додал зеленило некое подискретно. Само може дополнително топлина да има даде на објектите. 3.Не поддршка за еден грст проекти (Триумфална на чело, оние коњите горе врз зградата ДалФуфо). 4.Поддршка за проекти во кои би сменил многу во насока на современ израз исклучиво изцрпен по длабока анализа на македонско архитектоско наследство, и никое друго, ако треба и три илјади години уназад (Хотел на Плоштад, зградата до хотелот на плоштад, мостовите два, мнр, летниковецот (народно познат како љумфер ![]() 5.Проекти за кои ќе се одлучам за статус неутрален и ќе оставам на архитектите, но исклучиво архитекти да не се наклонети кон владеачката гарнитура, да не се наклонети кон опозиција (посебно не кон една од партиите тамо), да се од Македонија, да го познаваат македонското археолошко наследство, да немаат двојни стандарди контра себе, да не ја земаат во предвид ниту домашната ниту надворешната политика, (да знаат англиски, МС Офис и возачка Б категорија ![]() 6.Проекти и споменици за кој сметам дека се грубо предимензионирани (Цар самоил, Карев (кој можеби е поголем и од Александар)). Лавовите кои вака кога ќе видам може и целосно да се изостават од мостот, доволно убаво ми делува само со оградата, Ограда која би сакал да ја видам и долж кејот, а и по другите мостови наместо онаа жолтата. 7.Во однос на другите споменици некако ме зачудија овалните постаменти, ни на крај памет не ми падна таква опција. Во секој случај фино ми изгледаат постаментиве. 8.За повеќето споменици немам реална претстава пошто повеќе се прикажани од некоја птичја перспектива, димензионирани ми изгледаат сосема ок вака на клипов. За индивидуални споменици веќе имаме некоја представа пошто такви имаме поставувано до сега, но за групниве посебно немам претствата. Може би некоја пропроција 1,5 према реална големина би била најприкладна. 9.ГТЦ го нема на анимацијава надграден, нели требаше уште еден кат да има?! Го заборавиле или е одкажан проект?! 10.Остар протест доколку не се овозможи било каква техничка изведба на кракот од тунелот под плоштад кој иде накај собрание, макар и тоа било најскапото техничко изведбено решение некогаш во иднина. 11.И една работа еден другар што ми ја спомна, какова ќе биде акустиката на плоштадот после. Дали при концерити ќе создава ехо. Ако создава, што е малку вероватно поради рељефните фасади, колку од тоа ќе успее Вардар како водна површина да апсорбира. 12.Незнам која техника користеле, вероватно немаат 3Д модел пошто и такви сцени со движење низ простор нема, но доколку имаат или можат да склопат нешто, тогаш би сакал да искусам виртуално шетање како на видео игра. За веќе изградените објекти доволно би биле само сиви кубуси. Лесно би било ова пошто веќе и ги имаат 3Д моделите на сите проекти. АПЕЛ: политизација, вмро, сдс, фашизам, комунизам, грчка, и све слично да си ги остаиме во фиока. btw, signature не е прокси за отстапување од правила на форумов. п.с. Ако изоставив некој од проектите предупредете. Балгодарност однапред на таков указ, како би можел да се дообјаснам. п.п.с. Нумерацијава се надевам ќе биде од корист како би можеле полесно да реплицирате во однос на одредени ставки. |
|
![]() |
|
dejan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
![]() ![]() |
Преголема фантазија е се ова
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Max ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3686 |
![]() ![]() |
со еден збор - катастрофа! ич не им требаше платото пред мнт да го изгорат, ич не требаше трифуалната капија и до неа преоблечената пелагонија, да не мислат дека и есм ќе се преслече!? сетне мостот око е целосно промашување, а хотелот на плоштад и мнр-то се целосен дебакл! се друго и некако би сварил јасно во случај и архивот да беше на местото на стариот дел од стопанска банка, а не вака смешно и ситно залепен до бедемот! ~ ова со "ненамерно" закаснето објавување на визуелизација за планот, ама ич не го бива! ај тоа што немаше дебата јасно ми е зошто (за да не изгубат поени од евентуално постојано клеветење за мегаломански екскурзии) но мораше да се оди со далеку потемелно филтрирање на ова ПАТИНИРАЊЕВО НА ЦЕНТАРОТ! мораше да се оди на повеќе конкурси и тоа сеопфатни а не расцепкани, како за гупоите така и за проектите! штетата ќе биде ненадоместлива! и наместо архибригадата да се свртеше кон ова, тие политички инструирани кутрите се свртија она најатеистички кон Црквата иако таа е најмалиот проблем во целава проекција, но ете затоа сега се искомпромитирани до степен да неможат да покренат ни сомнеж а не па реакција, освен ако тоа не е со партиска подршка и во партиска организација... и не сакаа референдум да прават општо за патинирањето и гупоите ами само за Црквата, та сега и да се спотера нешто отпојќе нормално дека народ нема да го подржи, всушност "слободните" им отворија врата на надлежните со тоа што се исполитизираа и излетаа како прле пред магаре, а сега оди магаре не умри пред зелена трева... ~ инаку посекако народ и понатака тука ќе живее, иако и доста ќе заминат, но не заради патината во центарот туку заради потрага по златното руно по светот, па и јасно дека ќе си тера скопје и понатака, какво такво! штета само што пристапот заради титоизмот и транзицијата чии жртви сме сега на слепо и на брзина се истера и наопаку и килаво, заради нетранспарентноста и немањето јавна дебата може да се рече дека муабетот е отиден на самобендисаност... сепак се надевам дека евентуално ќе се припази на материјалите на вклопувањето околу боите и формите, иако ова кај моб не е возможно! функцијата е донекаде на место односно се јаде иако и тука има доста проспусти околу инсталирањето на објектите од јавен интерес, ајде да се надеваме дека шминката ќе биде добра, но според рендерите не ни гине imposible city етикетата, во секој случај надреален експеримент кој наместо на МАКЕДОНИЗАМ го свртеа кон НЕОКЛАСИЦИЗАМ, што прилично какафонично се истресе! |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
kitkiritki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Најпрвин поздрав до сите! Ве пратам скоро од почетоците и ме радува што група граѓани го направија форумов. Голема подршка!
Темава за Скопје и случувањата во последниве две години, мислам дека веќе го исцрпија духот на професионализмот во сверата на архитектурата и урбанизмот како професија во градов и државава. Претпоставувам дека до сега пишале многу пати, можеби и ќе повторам некој, но бидејќи прв пат изнесувам мислење и став на форумов, ќе ја искористам приликата да подобјаснам подобро и поразбирливо во некоја малку поширока димензија од вообичаеното постирање. - Првата грешка во градов е направена веднаш по земјотресот, каде поривот на модерната и желбата за современост го згази стариот град. Со тоа уништија симболи кои му беа драги на скопјанинот и кои оформуваа пријатен културен амбиент на градот под тврдината. Модерното Скопје можеше да се развива и без да се погази минатото, и без да се прекине физичкото опстојување на негови делови. Едноставно требаше да се размисли што беше симболот на стариот град, кои се тие објекти, кои амбиентални целини ќе се задржат како вредност и следствено на тоа да се реставрираат односно обноват. Меѓутоа говорам за веднаш по катастрофалниот земјотрес. Тогаш целото дејство има и архитектонска и естетска логика, бидејќи меморијата за нив е накратко избришана, да карикирам неколку месеци, што наведува на сеуште незакопан спомен за нивниот дефинитивен изглед и ,,дух,, како и реалните остатоци од објектите во тогашното време. Сето тоа има доволна подршка и професионална издржаност, да иницира реставрирање на одредени објекти, маала. односно делови од градот кои заслужуваат да опстојат и да говорат за реалниот континуитет. Едноставно да не се заборави тоа што реално и бил градот. - По таа анализа би требало да се пристапи кон чистење на оној дел од градот кој би се заклучило дека ќе го успорува развитокот на модерниот град. - Дури потоа треба да се распише меѓународен конкурс во кој ќе се бара обнова на Скопје преку современи урбани и архитектонски решенија кои ќе внимаваат да не се прегази преку она кое ,,граѓанинот,, и домашните експерти одлучиле да се зачува. Од тука новиот дел од градот ќе можеше радиално да се шири околу ,, стариот град,, почнувајќи со скупи како некоја оска со кале(како најстар дел), со неокласицистичкиот и остатоците од византиско-осмалнлискиот град и дури потоа модерниот град. Но тоа во никој случај замислено како строги зони. Самото по себе, ќе иницираше во граничните делови од ,,зоните,, да дојде до симбиоза а не нагол премин (зависно од локацијата дали го овозможува и какви вредности нуди истата). - Но, се случува новото Скопје кое направи и многу грешки и многу строги линии, кои во комунистичката свест не дозволуваа да продре свеста за минатото пред доагањето на словените ( да не ја ширам темата историја, ќе користам термини од светски пропагираната ). Тоа во никој случај не значеше антички столбови или пак мегаломански димензии на споменик или слични пристапи на актуелниов. Едноставно, политичкиот режим не дозволуваше такво нешто да се замисли, а не пак да се реализира. - По целосното осамостојување на дел од она што ние го паметиме и секако не треба да го заборавиме, Македонија доби можност да ја развива сопствената свест и да дејствува во просторот послободно од критериумите што беа наложени во минатото. Значи оттука тргнуваат сите работи во случувањето во денешницата. И како и сите македонски жалости запаметени во историјата, се случи повторна поделба на народот. Едните патриоти, другите предавници. Едноставно политиката не можеше да го заобиколи македонското пред се културно осамостојување ( тука влегува и образованието, се разбира). Едните со своите потези се покажаа самите како словени, другите пак претераа со патриотизмот со тоа што најавија конгрес во Солун. На првите не можам да им простам за затапената несвесност на словенизмот, а на другиве за нереалните перчења кои простата маса можат лесно да ја гурнат во благ национализам ( го нарекувам благ бидејќи македонецот има право да ја бара сопствената достојност, но не на начин војна, се разбира повторно тоа треба да биде последното решение за 21 век). Отука тргнаа проблемите со соседите и ред други работи, кои страшливите ги исплаши до толку, за да си ја избришат историската меморија тотално, да ги забранат домашните испитувања и сл. Значи се создаде слика кај македонците кои вистинвки ја сакаа Македонија и си ја знаеја сопствената историја, дека се робови повторно на самите себе, на раздорот, повторно слика на предавници ( оваа е моја анализа, не мој став). Таа слика на македонецот му враќа разбирливи флешеви. Едноставно требаше да се стави крај на предавничкиот ген, а тоа значи културно чистење на генот( извалкан во последните два века). И така се променија знамиња, имиња, се раздрзнаа повторно иситите ликови, само во капиталистичко одело. Се исцедија државните и градските каси, се создаде слика дека Македонија нема пари за големи проекти. - По изминувањето на годините, конечно дојдоа луѓе ( да напоменам не сум симпатизер на политичка партија ) кои не се срамеа отворено пред светските очи, да кажат кои сме, во што веруваме, да не кријат пари за истражувања. Дојде еден нов момент, кој според мене, покажа дека сепак во Македонија имало и пари за проекти од културата. Но, се случи тажниот момент на недозреаната тиква, а тоа е вистинската интелегенција да нема простор на медиумите, да нема висок економски стандард, додека политичките уши , кои пак се исплашија од експертите кои повеќето припаѓаа на другата опција, потполно ги затворија . Значи говориме за политички и суетни комплекси, кои го матат македонскиот развој. Вака почна се! - Се сложувам во потполност дека на Скопје му недостасуваат скулптури, историски паметници на целата македонска историја, плоштади, маркантни објекти, завршен плоштад, јавен превоз НО.... - Спомениците не мораат да претставуваат стил, кој во Скопје беше закопан со земјотресот, не не мораат, не смеат. Не можете да оправдате стотина споменици изработени како во времето на ренесансата( за повеќето говориме дека се обиди, а не вистински дела). Значи споменици да, но не за стилот, обемноста, квантитетот, локациите и кичот. Еден паметник на Александар Македонски да речеме на коњот Букефал ( добро, се сложувам може до некаде да издржи теоријата, култен е и ликот на Букефал, потребен е да искаже став на борбеност и готовс на војсководецот). со тоа да речеме голтнуваме половина од утнатоста на стилот, оправдувајќи го едноставно ликот и делото на споменатиот јунак. Но, зар не може Гоце Делчев и Даме Груев да бидат едноставно примерно декорирани плочи, во достојна димензија, со одреден плиток релјеф, со модерно обликувани традиционални декоратвни форми и профил на дејците???? Едноставен пристап, што доликува на модерното време! Најбитното, повторно е исполнета целта, паметникот изграден, само што овојпат му доликува на времето и дава пример како да се одбележи историска личност. Морам да напоменам дека единствениот споменик од плеадата подигнати(без карактеризирање каков одбележник е)кој мене во потполност ми ги задоволува критериумите ( локација, изглед, симболика, димензија) е жирафата поставена пред Природно- научниот Музеј и зоолошката градина ( дури и тотално непознат споменик во дискусииве). - Враќање на објетки од минатото е многу тежок потег и е една комлицирана тема која предизвикува дискусии во стручната фела. Заклучоците мора да бидат најдобро аргументирани, или стручно да се изразам одбранети ( даден одговор на сите прашања поставени од колегите, бранење на архитектонското дејствување во просторот). За жал скопскиот пример нема аргументи кои можат, народно да се изразам , да држат вода пред интелектуалниот свет. Грешката е направена во минатото, за што на почетокот и напоменав - Градење на нови објекти со маска на старите стилови е ,, најсатанскиот,, потег во архитектурата што може да се случи на едно општество и тоа повлекува многу теми на разговор, во кој влегуваат сите, но не смее да донесе заклучок никој освен архитектите. Напоменувам, никој освен професионалците ( не значи ако си излегол од Архитектонски факултет дека си професионалец) - Гледањето ,, туристички,, на архитектурата произведува Дизниленд, кој нема вредност. Тоа е најбаналниот одговор што го даваат градските власти- црква на сите европски плоштади, мора и тука - стара архитектура, мора и тука, куполи - мора и тука и за мене најжалосниот коцка во Париз, мора и тука. Додека ја имавме коцката како вреднсот од минатото не ја ценевме, па ја извадивме, за сега нашиот градоначалник да прошета до Париз и да заклучи дека коцката претставува вредност на градскиот плоштад. Ова е потполно истиот принцип на македонскиот синдром што се провлекува од земјотресот па наваму. А тоа е , првин надвор да те признаат ( додека дома те омаловажуваат квази интелектуалците), па потоа дома. Значи несвесност за вредноста на тоа што го поседуваш. Првин свесно ја закопавме коцката, сега ќе ја враќаме! - Од корен менување на фасадерско решение. Не постои по омаловажувачко непочитување на околина и постојнот. На објект стар 50тина години, од времето на модерната да го преоблечеш во неокласицизам, еклектика или имитација на старото. Тука ќе напоменам и за тоталната непочит кон МНТ како највредна силуета на модерно Скопје. Вредност која ќе се загуби неповратно. Тој простор е проектиран да дише кон реката и да се отвори кон солитерската игра на станбените објекти преку Вардар. Секое делување кое не подлежи на анализа на постојното и континуитетот на просторот претставува архитектонско дивеење и егоистичко проектирање,,каде само мојот објект треба да постои,, и во никој случај не ја зголемува и надополнува вредноста на постојното. Кон оваа точка влегуваат и површините за градба, популарно наречени маркци за објекти надвор од целиот концепт развиван во Малиот Ринг во изминатиов половина век. - итн. итн. итн Најголемата штета е тоа што, се пропушта можноста Скопје да добие 10тина нови објекти, сведоци на зрелоста на македонската архитектура, објекти кои ќе ја имаа истата функција, само ќе беа распоредни онаму каде доликува. Пропуштена е можноста македонецот да ја одбележи сосптвената независност и национална самосвест преку нови иновации во архитектурата. Немаше да постои поголем патриотизам и национално зреење од тоа, истата идеологија, споменици и нови институции, преку кои објекти нациите се потпишуваат во просторот, да бидат со современ јазик. На тој начин ќе докажевме за континуитетот на македонецот повеќе отколку со имитација на стилови. Ќе напоменам неколку такви реални примери, македонската стара народна архитектура од која беа црпени инспирациите за модерната архитектура од Корбизје, фрескоживописот (во полето на сликарството) од Курбиново и Нерези предвесници на ренесансата и многу други. Сакам да кажам дека од тука во минатото се креирала крунска култура, од која западот црпел. Тоа креирање одговарало на времето во кое суштествувало, за разлика од денешниот чин кој, не покажува дека сме свесни за минатото, или пак покажува едно клише кое го пропуштивме и се залажуваме дека мора да го надокнадиме, наместо да му покажеме на светот дека сеуште дишеме со времето, не заборавајќи на минатото, стремејќи се кон иднината. Шанса што нема да се повтори во доолг временски период. Ценам дека се произнесов повеќе од доволно, се надевам дека ќе го прочитате целосно ![]() < = < = |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Добредошол!
![]() Легитимна компактна теорија разви која заслужува внимание и должна почит без разлика дали се согласувам, макар и што не гледам каде не би се согласил. Ме доведе до впечаток дека всушност 6 страни сме дискутирале за симптоми, а не за болеста што веќе и метастазирала општествено. |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Срдечно добредојде и од мене! Морам да признам дека ме воодушеви со подробнава анализа и со множеството тези и изводи можам комплетно да се согласам, а најмногу со поразително-реалниот последен дел на текстот. Многу ми е мило што поради оваа жестока дебата која ја отворивме, всушност поттикнавме неколку навистина вредни членови да ни се придружат!
![]() ![]() |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
kitkiritki ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Во добро ве нашол! < = < =
|
|
![]() |
|
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
До кој степен можеле да стигнат злобата и љубомората |
|
![]() |
|
dacito ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Sep-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
Да се градеше негде, да кажеме во нашето блиско соседство, некои слични работи како овде нашинциве овде ќе се подмочуваа и ќе збореа па вие не знаете како е убаво таму, па вака, па така, па тоа лудница. Сега се прави обид да се гради нешто и одма ау како може така, па ова, па она. Јас тоа то сфаќам, тоа е во човечката природа, човекот по природа е отпорен на промени. Ги видов сликите за Скопје 2014 и сега да видиме што толку е спорно кај сите градби. Стариот театар, музејот на Македонска борба и Музејот на холокаустот за мене се скроз ОК, и по изглед и по локација. Хотеливе што ги ставиле на плоштад, пред МЕПСО и Магос мене ми изгледаа сосема добро. За скулптурите? Скопје како главен град до сега беше мизерија, ама м-и-з-е-р-и-ј-а со скултури тоа треба сите да го знаат и на сите да им биде јасно. Имаше неколку и тоа сите биле невпечатливи. Сега господа ако мислите дека еден Делчев, Карев, Груев не заслужуваат своја скулптура во центарот на Скопје, мене ми е жал, ама мислам дека не сте во право. Александар заслужува исто така место во центарот, единственото прашање е кое место, не и дали заслужува. Па кога може Александар да „живее“ во цел свет, зошто да не може овде, кога тој потекнува од овие простори?!?! Што, да не ги нервираме Грците, да не ни се смее демек светот?!?! Таквите тези ми се дефинитивно смешни, тогаш кога не ми се за жалење, а најчесто се. На споменикот на Александар, ако јас се прашувам, веројатно не би му го дал централното место, но одлучено е тој да стои таму и тоа не е Бог знае колку погрешно и лошо. Единствено што ме плаши во врска со него е да не биде премногу голем и гломазен. Но ако биде добро направен со фини димензии и со убава фонтана тогаш според мене ќе биде погодок. Од сликите што ги видов за Скопје 2014 Александар изгледаше добро. Лавовите на сликите ми изгледаа многу лошо. Не знам, можеби сликите беа лоши, може така ќе изгледа, меѓутоа не знам баш дали ќе се вклопат со мостот. Не сум сигурен, да не кажам повеќе мислам дека нема отколку дека ќе се вклопат. Филхармонијата ми е одличнa како проект. Зградата на МНР, Уставниот суд, АЕК, Финансиска полиција, тие објекти од левата страна на Вардар ми се повеќе out, одколку in, ама ако се изградат сите пак ќе формираат една целина која ќе пројде и за која ќе можам да кажам Ок, ќе помине. Портата и тоа обеликсот во жена борец не ми се допаѓаат и ми делуваат нефункционално и нелогично. Бев повеќе противник за црква на плоштад одколку за, бидејќи не знам дали има простор да се смести објект таму. Тоа што ќе ги менуваат, стилизираат фасадите на објектите на зградите околу плоштад, барем на тие на коишто е тоа можно, е супер идеја....
|
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
За мене реконструкцијата на собранието, обелисков во парк жена борец и тримуфалната капија се убедливо најголемиот кич и невкус во визуелизацијата. За мене тоа е како изградбата на Ајфеловата кула во Лас Вегас, или некоја ефтина копија на D&G, Gucci или iPhone изработени во Кина. Убавината е кога нешто ке направиш залади своите потреби, со свои иновации и од своето поднебје. Овие топки, емитации на куполата на Рајхстагот не се ништо од тоа, а знаејќи го предвидениот буџет за реконструкцијата, квалитетот нема ни да биде ништо повеќе од made in China копија на iPhone.
|
|
![]() |
|
dacito ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Sep-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
... Стара народна банка и офицерскиот дом се Ок, стара народна од еден посебен аспект а тоа е дека со нејзината изградба веројатно ќе се сокрие или прикрие грдата слика од задните страни на ојектите кои го формираат тој круг таму. Двава прешачки моста што планираат да ги изградат близу Камени можеби и веројатно се премногу, од причина што можат да со сокријат или прикријат симболот на Скопје, Камени мост. Но на сликите изгледаа убаво. Ако се прашувам јас, еден пешачки мост точно помеѓу Камени и мостот кај Холидеј е сосем доволно. Реално со планот да се изградат тие 5-6 објекти од левата страна на Вардар отвараат потреба од еден пешачки мост. Како што кажав два се веројатно премногу. Врбите во Вардар ми се без врска, не ги сфаќам воопшто. Водоскоците од Вардар се, според мене, погодок. Коцка на плоштад за мене не доаѓа во предвид.
Овој план опфаќа големи промени во централното јадро, различен од она што е Скопје досега. Е сега ако некој си замилува дека Скопје во моментов е некое и нешто, во смисла на естетика, убавина, стил и што ти ја знам, сигурен сум дека, ко што викаат србите, грдно се вара. Затоа, што може да изгуби Скопје со овие градби кога во моментов нема ништо??? Според мене, во моментов, централното јадро на Скопје е невпечатливо, без идеја, без концепт, без стил и убавина, со еден збор тиња и пре би сакал да се направи обид да се излезе од тињата одколку да продолжам со сигурност секој ден да гледам тиња. Ако остане централното Скопско јадро да се развива стихијно, без идеја којзнае дали во иднина ќе бидеме горди на некој негов сегмент. Вака после години и години, кога ќе дојдат новите генерации можеби ќе бидат горди на ова ново Скопје! Ако нормално се реализира целосно!!! Во секој случај планот е смел, ќе видиме колку ќе биде успешен и дали ќе се реализира целосно! Edited by dacito - 05-Feb-2010 at 09:49 |
|
![]() |
|
pavche ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 431 |
![]() ![]() |
Колку и да е лошо да давам мислење како Бугарин ... сепак прифатите моето сочувство за оваа архитектурна еклектика во акција. И нашиот цар Бојко е луд за врз, но мора да кажам дека е цвеќе во споредба со идеите на вашите политичари. Како што се вели во не еден коментар низ македонските сајтови - а каде се пирамидата и Сфинга!
![]() |
|
![]() |
|
Fireman ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Јас ја поздравувам анализата на kitkiritki. Се согласувам дека има уште многу што да напишеш, иако мислам дека голем број читатели и без тоа ја сфатија поентата. Како сакате наречете го тоа што ни се случува како општество (синдром, болест, метастази итн.), меѓутоа мислам дека скоро во секоја област ни недостасува критична маса доволно авторитетни професионалци од еснафот, кои ќе бидат во можност своите замисли и визии да ги наметнат врз оние што ја имаат моќта да одлучуваат и што управуваат со општествените ресурси. Мислам дека кај нас владее обратната ситуација, визиите и замислите на тие што одлучуваат, професионалците само го отвараат патот кон нивна реализација. Така што, обичниот граѓанин, кој реално нема доволно познавања, ниту пак желба подетално да навлегува во проблематиката, осуден е да биде судија, кога ќе го прашаат на некој референдум или редовно на секои четири години.
Цврсто верувам дека времето е најдобриот судија. Поздрав |
|
![]() |
|
pavche ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 431 |
![]() ![]() |
Јас би сакал да ви питам уште нешто. Има ли закон каj вас на обврската на Владата, општините и т.н. да организираат јавни дискусии за секој нов објект, споменик, зграда и т.н. кои сакаат да градат, пред да почне каква и да е работа по нив, конкурс за изведувач и така натаму? Ако да, имаше ли такви за сите овие нови згради, мостови, споменици и слични во тоа филмче?
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Павче закон има, но тој се практикува на начин да се одберат низа полтрони кои тие "јавни" дискусии или професионални дебати ќе ги истераат во затворен круг со предвидлив исход, така да зборуваме за законски обврски кои се тука про форма. Всушност, така функционира и државата на сите нивоа се до парламентот каде што пратениците се сведуваат на гласачки машини без трунка независност. И тоа воопшто не важи за тековната гарнитура, тоа е општествен проблем и важи за сите. Колку и да се трудиме во голема мерка тоа се рефлектира и на форумов каде дел од форумашите од позиција на далтонисти се обидуваат да ја наметнат таа црно-бела перцепција и затоа критиката, дури и конструктивната и позитивната се доживува трагично. Затоа ми се смешни муабетите кога луѓе се повикуваат на демократија, слобода vs. едноумие кога поголемо едноумие (или двоумие) од ова денеска не верувам дека некогаш имало. Сите знаеме каде треба да се стремиме, но оваа транзициска квазидемократија нема врска со животот. BTW... благодарам на сочувството |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |