![]() |
![]() |
![]() |
Урбана мафија - Охрид |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | |
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Што убава криминална маркица, со години живееш таму, доаѓа некој и од зеленилото до зградата ти прави плац, си гради и така те заградува за да не можеш ни светлост да видиш, а насабајле да се бидиш со поглед во спалната на соседот. Ех.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Урбанистичкиот план е донесен од советот на општина Охрид во 2011 (со мандат од 2009-2013), а брзо после тоа жителите на околните згради поднеле жалба до Управен суд која била одбиена. Во 2014 инвеститорот платил комуналии за проектот, а во 2017 од страна на тогашниот градоначалник е донесено Одобрение за градба. Следува тужба за поништување на ова одобрение од жителите на околните згради до Управен суд која е одбиена како неоснована, па наредната 2018 одобрението станува правосилно. Жителите поднеле нова жалба овојпат до Виш Управен суд, која исто така е одбиена и одобрението за градба добило правосилност, па годинава е почната градбата на зградата.
Моменталниот градоначалник единствено изрази жалење (демек му е гајле), а околните жители се чини се откажаа од борба бидејќи во корумпирана држава борбата е можна само помош на Бетмен ![]() Исто така е битно да се напомене дека Охрид како град функционира со ГУП стар безмалку 20 години - од 2002 ![]() |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Зградата што е во градба е на парцела 8.3, но овој план не застанува тука со изненадувањата.
На парцела 8.14 беше предвидена зграда П+5+Пк на местото од постоечка куќа која имаше многу помала основа и во дел од дворот (исто земен од денационализација) се наоѓаа неколку дрва (од кои два ореви стари преку 50 години), маалска куќарка за играње шах и други занимации, а покрај неа голема чешма (околу 4 квадрати) со подземна вода за пиење. Сега тука се наоѓа зградата. На парцела 8.7 беше предвидена зграда П+7 на местото од постоечко зеленило. Жителите од околните згради се обидуваа околу 20 години тука да изградат детско игралиште бидејќи нема ниедно во населбата, но без успех. Моментално тука има несредено зеленило, а зграда не е изградена бидејќи после денационализацијата парцелата има 235346 сопственици и веројатно не можат да се договорат. На парцела 8.11 беше предвидена зграда П+4+Пк на местото од постоечка куќа П+1, но и тука поради неможност за договор сеуште нема зграда, која би била истиот случај како зградава што ја дискутираме од парцела 8.3. Видикот, провевот и светлината комплетно ќе се затвори за многумина, а со првата зграда од 8.6 и кулата на парцела 8.12 ќе си подаваат кафе и шеќер од терасите. |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Народен правобранител, ЈОРСМ, Уставен суд, Стразбур, меѓународни институции и организации, масовни протести... ни еден поголем протест немаше за злово! Нешто за СК14 во Скопје и нешто што преку/покрај Шарена... толку.
„Пологпроект-про“ ДОО Гостивар, со управител Валентина Попоска дипл.инг.арх, планери Васил Петкоски диа, истата Валентина, Сијче Трифуновска диа и инфраструктурист Благоја Анастасиески дги во иднина треба да бидат одбиени доколку сакаат да прават ДУП. Можеби и малку повеќе одбиени, да платат казна за ова чудовиште. Советниците од 2011, оние избрани во 2013 и 2017 и трите градоначалници, не вклучувајќи го покојниот, како и премиерите, министрите за животна средина и просторно планирање, за локална самоуправа, за транспорт и врски и директорите на разно-разни агенции исто така. Edited by Staro Skopje - 09-Jun-2020 at 20:01 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Неверојатен е ДУПов. Па подобро да ги оставеле дивоградби да прават, барем градежна линија ќе формирале покрај булеварот
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Обновено: Почна уривањето на шанкови и потпорни ѕидови на охридското крајбрежје
![]() ![]() Со отстранување на шанкови, монтажни објекти, конструкции и ѕидови, утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО. Акцијата, што ја спроведува Општина Охрид, почна од месноста Застава и засега се одвива со физичка сила без употреба на тешка механизација. Дел од сопственици на шанкови, угостителски ојекти и плажи изразија отворено негодување кон извршителите, обвинувајќи ги за селективност. –Доколку властите решиле да воведуваат ред и да уриваат, тоа треба да се прави неселективно, односно да се почне од едниот или другиот крај на плажите, а не од средина. Ако акцијата се спроведува неселективно сами ќе ги урнеме нашите објекти. – изјавија револтирани сопственици на шанкови и угостителски објекти од плажите Славија и Застава. Владата на седницата одржана на 10 јуни ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, a која предвидува концесионерите чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба. Непосредно потоа, во телевизиско гостување министерот без ресор задолжен за комуникација во УНЕСКО Едмонд Адеми, појасни дека државата ќе дејствува на сите плажите на Охридското Езеро каде се констатирани неправилности и каде има незаконски градби, додавајќи дека активностите се во согласност со преземените обврски на државата за зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО. Тој ги повика општините да постапат согласно нивните ингеренции и да ги отстранат сите неправилности од крајбрежјето. Општина Охрид, информира дека во оваа фаза од акцијата се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, велат од Општина Охрид. Во меѓувреме, дел од концесионерите на плажите на Охридското крајбрежје изградени согласно плановите за уредување на плажите издадени од државата, поведоа иницјатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на владината уредба со сила на закон во време на вонредна состојба. https://www.ohridnews.com/obnoveno-pochna-uriva-eto-na-shankovi-i-potporni-idovi-na-ohridskoto-kra-brezh-e/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
#ПрвДенИзборнаКампања
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Плажата „Немо“ срамнета со земја
![]() Познатата плажа „Немо“ во месноста Горица 3, е урната целосно. Градежна механизација во придружба на овластен инспектор и полициска асистенција, денеска ги отстрани потпорните ѕидови, бетонските конструкции, шанкови и друга партерна и урбана опрема од плажата. Во меѓувреме дел од сопствениците на шанкови и урбана опрема во Св. Стефан почнаа сами да ја отстрануваат опремата која е листата за извршување, во рамки на акцијата што ја спроведува локалната самоуправа. Таа предвидува отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. Како што информираше општината, се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ова предизборно или?
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Ќе дознаеме за брзо
![]() Засега делува дека го гледаме првото, но да почекаме 2-3 недели. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Која опција и да е, одличен тајминг. Баш пред почеток на сезона.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() Се заебаваш, така? Која сезона се очекува годинава во време на 200 дневно новозаболени. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Не се заебавам уопште. Од понеделник се отвараат хотели, угостителски објекти веќе работат. А ако останеме црна точка со полузатворени граници ќе има и поголем притисок од домашни туристи, странски секако нула. Дека ќе биде катастрофална сезоната е јасно, но со кој памет ова сега се прави? И тоа не го решаваат прашањето со концесиите прво, не прават конкурси за изглед на плажи, туку само ги рушат постоечките. И тоа во јуни. Ако е тоа за тебе нормално, нема што да дообјаснувам.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Читав вакви коментари деновиве и на други места откако почнаа со рушењево, мислам дека најмногу се должат на недоволно информации, а тоа е редовна пракса во МК па затоа и ретко некогаш правиме нешто исправно.
Ако се решаваат концесиите само ќе се продолжи со истата пракса - проблемот лежи на друго место, а тоа е во кршење на законот. Концесијата што ја имаат добиено сите тие "инвеститори", ја имаат прекршено по милион основи и не требало да ја имаат подолго од две недели, ама ја имале неколку години.
Најголемиот проблем е тоа дека според концесијата закупецот има право само на монтажни објекти. На сликата е само еден пример, погоре има и други примери дека почнувајќи од Горица, па Славија, Лагадин, Градиште итн. нема ниту една плажа без потпорен ѕид што дефинитивно не е монтажна градба. Истото важи за подлогата на скоро сите шанкови која е бетонска. Има случаи каде терасата на еден ресторан е крената на бетонска платформа и за да ја заштитат неа од бранови изградиле дополнителен ѕид директно во вода (таканаречено парапетче според минатиот премиер), има бетонски базен на 2 метри од водата и ред други примери. Што мислите како се држат платформите во вода? Со бетонски буриња. Да не зборуваме за прекршување на концесијата од типот на број на лежалки и такви глупости (за кои исто така скоро сите требаше да ја изгубат концесијата), бидејќи не се споредливи со влијанието врз езерото и Галичица од бетонскиве градби. Сите овие градби се дивоградби! Со коментари од типот "барем сезонава да поминеше", а имаше и партии кои излегоа со такви соопштенија само го оправдуваме криминалот. Градење без дозвола е криминал. На тие закупци не само што не треба да им се дозволи да одработат каква било сезона туку треба и тужби да добијат. Оправдување на дивоградби на државен имот и дозвола за работа за криминалци само ќе доведе до тоа еден ден некој да изгради бетонски ѕид на вашиот приватен имот и ќе ви рече од денес ова мое е. Верувајте се движиме брзо по тој пат кон таа дестинација. Случајот со хотелот во Лагадин покажа дека не само што не се почитуваат законите туку и умешно се користат дупките во истите. Инвеститорот упорно поднесува жалби до разни судови за да ја одолговлекува постапката, се разбира во соработка со нашите политичари. Замислете, некој што изградил без дозвола има право да се жали во оваа држава. Како што реков во претходниот пост, мислам дека целава работа е само шминка и ништо сериозно нема да се промени, но апологетскиот однос на народот ќе предизвика засекогаш и да остане шминка. Кој сака да прави нешто во оваа држава без да знае дека ќе собере гласови од тоа? Наместо седење на две столчиња (рушење, ама не сега) треба да бараме почитување на законите. Ако на туристите им се оди на плажа, таа уште ќе е тука. Кафето не е предуслов за плажа, а ако некогаш сте биле на плажа во нормална држава (не зборувам за Балкан), тогаш веројатно сте забележале дека на ниедна нема шанк на 1 метар од водата, а уште помалку потпорни бетонски ѕидови. Плажите во Охрид се премали за такво силување, мнозинството концесии никогаш не требаше да се дадат. |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Restecpa! Хронолошки прво го читав Fresno и си викам „да бе, во право е пријатело“ ама после ко стигнав до ова шо го пишиш се фатив на грешно резонирање. Единствен начин да се победи ова е Блицкриг безогледен, ама ваљда на крајо пак ќе излези само шминка... Во секој случај, барем од то шо ќе го рушат се надевам нема шутот да го остават на лице место, шо за жал не би било изненадувачки. Edited by hcitrS - 17-Jun-2020 at 23:25 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
![]() Се е тоа така, и не ми паѓа на памет да ги бранам закупците кои во најголем дел ги имаат упропастено плажите. Само ме нервира немањето визија за тоа како ќе изгледаат плажите и како и под кои услови (и кога!) ќе се даваат концесиите. Секоја плажа треба да има некоја приказна, да биде во склад со природата и сето тоа добро да се промовира за туристи. И сето ова треба да се мисли и прави во текот на целата година, како турист најмалку ме интересира дали има избори или не. А рушењето треба да е континуирана работа. Па еден инспектор е доволно да шета секој ден до Свети Наум и во старт да превенира било какви прекршувања. Edited by <Fresno> - 18-Jun-2020 at 11:59 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
По срушените дивоградби кај Славија и Застава, општина Охрид најавува рушење и на други плажи
Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата недела се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема, информираат од охридската локална самоуправа. Оваа седмица ќе се врши расчистување на теренот, подигнување на градежниот шут и несоодветниот материјал (тампон), со кој било вршено насипување на крајбрежјето. До сега се подигнати преку 1.000 кубни метри градежен шут. Во текот на наредните денови ќе се врши насипување и уредување на плажата со речен песок, што е дозволен и е во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Општинските власти најавија дека ќе продолжат со рушење на дивоградбите на плажите што се наоѓаат на други локации долж езерото. „Упатуваме апел до сите сопственици на објекти на крајбрежниот појас од населбата „Свети Стефан“ до потегот на крајбрежјето кај „Градиште“, како и потегот на крајбрежјето во делот на населбите „Канео“ и „Далјан“, кои нелегално поставиле урбана опрема и платформи, а на кои им беше даден рок самите да ги отстранат градбите, оваа седмица да пристапат кон отстранување на истите“, соопштуваат од општина Охрид. Процесот на отстранување на урбаната опрема и бесправните градби од крајбрежниот појас на Охридското Езеро, според планираното, ќе продолжи по завршување на активностите на уредување, во понеделник на 29 јуни годинава, и ќе трае сè до конечно расчистување на крајбрежјето. https://meta.mk/po-srushenite-divogradbi-kaj-slavija-i-zastava-opshtina-ohrid-najavuva-rushenje-i-na-drugi-plazhi/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ ОТСТРАНУВААТ ШАНКОВИ И ОБЈЕКТИ КАЈ НАСЕЛБАТА КАНЕО НА ОХРИДСКИОТ БРЕГ
Утринава продолжи остранувањето на шанкови и објекти на делот од брегот кај Канео на Охридското Езеро. Акцијата се спроведува со асистенција на полицијата и нема селективност во уривањето на дивите градби. Ова е втoра фаза во отстранувањето на нелегално поставени шанкови и објекти на охридското крајбрежје, бидејќи предходно се уриваше на источниот дел од брегот. „Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, соопштија од Општина Охрид на почетокот од акцијата. Д. ЧУБРИЌ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-otstranuvaat-shankovi-i-objekti-kaj-naselbata-kaneo-na-ohridskiot-breg/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |