build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 58>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 24-Aug-2010 at 03:06

Вардариште ќе стане голем парк

По безбројните поплаки да се најде решение за пожарите што горат на старата депонија Вардариште и ги трујат жителите на Аеродром и на Ново Лисиче, Градот најавува раззеленување на овој простор и негово претворање во парк. Рекултивацијата на просторот се најавува во две фази во наредните две години, се вели во Програмата што неделава ќе се најде на дневен ред на Советот на Скопје. Цената е заокружена на 130.000 евра, а програмата ќе ја спроведува секторот за животна средина при Градот.

Пожарите се секојдневие во летниот период, една деценија наназад. И самата најава за зазеленување на оваа локација не е нова вест, туку датира од самото затворање на Вардариште за депонирање комунален отпад во 1996 година. Најавата си остана, пожарите исто така, а сето тоа поради незаинтересираноста на градската власт за каква било конкретна активност околу наоѓање решение за високите количини на гас. Сега се најавува истата прикаска, особено актуелна во двата мандата на градоначалникот Ристо Пенов.

Со проектот е предвидено да се елиминира опасноста од евентуални пожари и експлозии, предизвикани од присуството на депонскиот гас во телото на депонијата, но и отстранување на други загадувачи на животната средина.

Во Програмата за ревитализација на Вардариште се вели дека ќе се врши пречистување на подземните води и намалување на загаденоста на бунарските води во Маџари, отстранување на непријатниот мирис од депонираниот отпад и создавање уредена градска парковска површина која ќе им обезбеди пријатен престој и можност за рекреација на посетителите.

Она што е вистински проблем, како за Градот, така и за напојувањето со струја на овие големи населби, е фактот дека во средишниот дел на депонијата се наоѓа и високонапонски далновод. Според стручни лица, доколку гасот предизвика експлозија и со неа биде зафатен далноводот, тогаш не само што ќе останат неколку населби без струја туку и материјалната штета ќе биде огромна.

Мал дел од Вардариште, околу 5 хектари, од вкупно 41,7 хектар, ќе се огради и се предвидува да остане во сопственост на „Комунална хигиена“, односно во функција на Стационарот за бездомни животни, како и за претоварната станица за комунален отпад. Воедно, се вели во Програмата, во план е и уредување на рециклажен двор за пластичен отпад, хартија и амбалажа.

Двете фази од двегодишната Програма опфаќаат изработка на елаборат за заштита на животната средина за оценка на влијанието на депонијата врз животната средина, изградба на систем за зафаќањето и пречистувањето на подземните води и гасот од телото на депонијата, покривање, израмнување и рекултивација на завршниот покривен слој и на крајот - изградба на пристапни и внатрешни патишта. Исто така, ќе се изведат електрични, водоводни и канализациски инсталации, како и хидрантска мрежа и за полевање на зеленилото, а ќе се преземат потребните мерки за заштита од високонапонскиот електроснабдителен вод.

Депонијата Вардариште се наоѓа на левиот брег на реката Вардар, источно од центарот на Скопје, поточно покрај заштитниот насип на реката, оградата на поранешен МЗТ и одводниот канал на поранешна Железарница. Локалитетот Вардариште до 1965 година интензивно бил користен како зајмиште за чакал и за песок на градежната оператива кога Скопје се обновувало од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Депонирањето на неселектиран комунален и сличен отпад на Вардариште се вршело до крајот на 1995 и почетокот на 1996 година.

По ова, целокупниот комунален отпад од Скопје се депонира во депонијата Дрисла. Карактеристично за депонијата Вардариште е фактот што пред да се почне со депонирање на комунален и сличен отпад, не е извршена никаква подготовка на подлогата. Со текот на експлоатацијата на ваквата депонија, како последица на неколку пожари, биле поставени цевки за одделување депониски гас.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2506F2163386DC46A7513A91CB77B613
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 25-Aug-2010 at 14:06

Фонтаната во паркот „Жена-борец“ со нов изглед

Украсена е со повеќе разиграни водоскоци на различни нивоа, што наизменично се вклучуваат и исклучуваат, со висина на централниот млаз од 1,5 метар, како и со 26 светилки, што во иднина ќе бидат во боја





Осветлена со 26 светилки и целосно реконструирана, фонтаната во паркот „Жена-борец“ претставува вистинско освежување за очите на скопјани.

Украсена е со повеќе разиграни водоскоци на различни нивоа, кои наизменично се вклучуваат и исклучуваат, со висина на централниот млаз од 1,5 метар. Помалите млазеви се високи од 40 до 60 сантиметри.

По пет месеци работа, објектот доби нови инсталации, електромоторни погони, како и нов команден електричен ормар со посебен фреквентен инвертор со програми за игра на водата, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

- Инсталирани се електромоторни пумпи, кои наизменично се вклучуваат и исклучуваат според претходно дефинираната програма. Светлосните ефекти се добиваат со помош на автоматизираниот временски систем на светилките, поставени во внатрешниот дел на фонтаната - појаснуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Исто така, поставен е и посебен систем за филтрирање и омекнување на водата, за да се спречи создавањето бигор и затнување на инсталациите од нечистотиите. Плочките на дното на фонтаната прават мозаик со логото на ЈП „Водовод и канализација“.

- Овој период ќе биде искористен за тестирање на системите вградени во фонтаната, како и за хортикултурно уредување на просторот околу неа - информираат од претпријатието.

Во иднина за поубав визуелен ефект постои можност да се менуваат светлата во различни бои.

Посетителите на паркот се задоволни, меѓутоа сметаат дека е жално што се реконструираше дури при крајот на летото, па годинава, доколу времето се расипе, мислат дека ќе имаат помалку време за седење тука.

- Многу ми се допаѓа новиот изглед на фонтаната. Пријатно е седењето околу неа и не се чуствуваат толку високите температури. Посебно ми се допаѓа што навечер на паркот му дава посебна естетска убавина, но сé би било поубаво кога би била разиграна во повеќе бои. Сепак, жал ми е што дури сега им текна да ја реконструираат. Есента е на прагот, па нема да можеме доволно да уживаме во освежувањето што го дава - рече Соња Станковска, редовен посетител на паркот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=825101037335&id=14&prilog=0&setIzdanie=22068
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 26-Aug-2010 at 17:24
Од паркот во Кисела Вода. Има се склопува некоја чудна форма бекатон плочник. Нешто од двете страни на косо, па нешто како крст личи.

01.


02.


03.


04.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 19-Sep-2010 at 09:32

Започна реализација на проектот “Еко-патека за поврзување на с.Лесново со с.Пантелеј“


17 Септември 2010

На почетокот на Август 2010 година започна изградбата на објекти од проектот Еко-патека с.Лесново – с.Пантелеј, финансиран со средства од Центарот за развој на Источниот плански регион. Проектот опфаќа дел од објектите и урбаната опрема која се предвидува на еко-патеката која се протега од селото Лесново, Општина Пробиштип до селото Пантелеј, Општина Кочани . Проектот содржи повеќе елементи: видиковец опремен со дрвени маси и клупи во близина на Лесново, целосно уредување на локалитетот Подпешки над Злетово со пристапни скали, поплочено плато, платформа над реката Злетовица, потпорни и оградни ѕидови како и урбана опрема од три видиковци, клупи и маси.

 

Понатаму, проектот опфаќа изградба на уште еден видиковец со целосна урбана опрема во близина на с.Турско Рудари како и клупи, маси, информативни табли и други видиковци долж патеката. Исто така, предвидено е уредување на една чешма. Материјалите од кои се изведуваат елементите на проектот се природни а премазите на дрвените елементи се еколошки нештетни и пријателски кон животната средина. При целокупнатаработа особено внимание се посветува на влијанието врз животната средина и нарушувањето на автентичноста да бидат што помали. За изведба се користат природни, пред се, локални материјали што обезбедува одржливост на проектот во текот на градбата.
За Изведувач на работите, по пат на јавни набавки, беше избрано Друштвото за производство, градежништво, трговија и услуги РОЈАЛ Васе ДООЕЛ увоз-извоз од Пробиштип. Надворешен надзор над изведбата на работите врши Дејан Зечевиќ, дипл.град.инг, вработен во Градежен Институт Македонија АД.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 2.100.000,00 ден, Во овие средства влегуваат и околу 200.000,00 денари кои се сопствено учество од 10% од општина Пробиштип.

http://www.probistip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 20-Sep-2010 at 22:37
Договорена изградбата на шеталиште Кушадаси во Ѓорче


Идеите на градоначалниците на општините Кушадаси (Р.Турција) и Ѓорче Петров секој во збратимената општина да изгради по еден симбол на сопствената држава во знак на пријателство, ќе се реализираат. Ова било договорено викендов кога градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, беше домаќин на делегација од збратимениот град Кушадаси, предводена од градоначалникот Есад Алтунѓун.
- Градоначалниците Митровски и Алтунѓун се договорија проектите за изградба на шеталиштето "Кушадаси" во Ѓорче Петров и "Македонска куќа" во збратименото Кушадаси да бидат реализирани до крајот на мандатите на двајцата градоначалници, информираа одговорните од Општина Ѓорче Петров.

Двајцата градоначалници особено ја потенцирале потребата за интензивирање на предвидените заеднички планови од сферата на економијата, школството, спортот и културата.
Бидејќи дел од делегацијата биле и претставници од градската стопанска комора и членови на советот на градот Кушадаси, била договорена и скорашна средба на стопанственици од двете општини на која ќе се разгледаат можностите за соработка.
- Градоначалникот Митровски ја нагласи подготвеноста на општината да помогне во реализирање на можни инвестиции од турски инвеститори кои би биле заитересирани за вложување во општинското стопанство и изградба на нови капацитети. На средбата беше договорено кон средината на идниот месец делегација од општината Ѓорче Петров која ќе ја предводи градионачалникот Сокол Митровски.да оствари возвратна посета, информираат општинарите.
Гостите ги посетиле паркот во Ѓорче Петров, Мустафа паша џамијата на скопското кале, старата скопска чаршија и други знаменитости на градот Скопје. Воедно, делегацијата присуствувала и на заедничкиот појадок на Камениот мост, каде што остварила неформална средба со скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 21-Sep-2010 at 01:15
- Градоначалниците Митровски и Алтунѓун се договорија проектите за изградба на шеталиштето "Кушадаси" во Ѓорче Петров и "Македонска куќа" во збратименото Кушадаси да бидат реализирани до крајот на мандатите на двајцата градоначалници, информираа одговорните од Општина Ѓорче Петров.
Ептен нема смисла Ѓорче Петров во среде Турција! LOL



Edited by Cloverstack - 21-Sep-2010 at 10:47
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 28-Sep-2010 at 13:59
Покана до печатените и електронски медиуми за свечено пуштање во употреба на “Паркот на Фредерик Шопен”

28.09.2010


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-нот Марјан Ѓорчев и амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Карол Бахура на 29.09.2010 година (Среда) во 11:00 часот, имаат чест да Ве поканат на свеченото пуштање во употреба на “Паркот на Фредерик Шопен”, кој се наоѓа зад основното училиште “Невена Георгиева – Дуња” во Општина Кисела Вода.

Изградбата на паркот е дел од проектот “Одбележување на 200 години од раѓањето на полскиот композитор, великанот на музиката Фредерик Шопен”, за унапредување на соработката во областа на културата, музиката и уметноста помеѓу полската и македонската култура и почитување на начелата на хуманизмот, општо цивилизациските и европските вредности. Проектот е продолжение на одличната соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Амбасадата на Република Полска во Р.М., која започна на почетокот на оваа година со поставувањето на плакета на Фредерик Шопен, на истоимената улица во Општина Кисела Вода.

Паркот на Шопен е хортикултурно уреден, поставена е нова урбана опрема, детски реквизити, изградена е фонтана и мултифункционална бина. Во состав на паркот е поставена, прва во Република Македонија, биста на великанот на Полската и светската музика, Фредерик Шопен. Со естетското и хортикултурно уредување на паркот, со создавање на функционално место каде ќе се одржуваат културно-уметнички манифестации во иднина, на граѓаните ќе им се пружи уште едно урбано катче, каде ќе можат да се релаксираат и да го поминуваат слободното време, 24 часа во денот.

Со почит,
Општина Кисела Вода

http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=905
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 28-Sep-2010 at 14:05

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 29-Sep-2010 at 13:54

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-нот Марјан Ѓорчев и амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Карол Бахура и министерот за култура на Република Македонија, г-ѓата Елизабета Канческа Милевска, на 29.09.2010 година (Среда) во 11:00 часот, свечено го пуштија во употреба “Паркот на Фредерик Шопен”, кој се наоѓа зад основното училиште “Невена Георгиева – Дуња” во Општина Кисела Вода.


Изградбата на паркот е дел од проектот “Одбележување на 200 години од раѓањето на полскиот композитор, великанот на музиката Фредерик Шопен”, за унапредување на соработката во областа на културата, музиката и уметноста помеѓу полската и македонската култура и почитување на начелата на хуманизмот, општо цивилизациските и европските вредности. Проектот е продолжение на одличната соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Амбасадата на Република Полска во Р.М., која започна на почетокот на оваа година со поставувањето на плакета на Фредерик Шопен, на истоимената улица во Општина Кисела Вода.


            “Изградбата на паркот има мултифункционална димензија, бидејќи покрај афирмативната улога на музичката уметност, уште еднаш ќе го потврди духот на одличната соработка помеѓу македонската и полската нација, помеѓу македонската и полската уметност.” – порача градоначалникот Ѓорчев во свеченото обраќање.


“Фредерик Шопен - Варшавјанин по род, по срце Полјак                     и граѓанин на светот по талент, претставува одличен пример на европската култура, за светската култура. Поставувајќи ја бистата на овој композитор, во паркот кој го носи неговото име, истакнуваме не само 200 годишнината од раѓањето на композиторот, туку пред се европеизмот на ова место, европеизмот на Општина Кисела Вода, европеизмот на Скопје, европеизмот на цела Република Македонија” – изјави амбасадорот Бахура.


Министерот за култура, г-ѓата Елизабета Канческа Милеска, ја поздрави одличната соработка помеѓу двете држави, Република Македонија и Република Полска, како на централно, така и на локално ниво. - “Потврда за тоа е и овој проект за изградба на овој прекрасен парк во Општина Кисела Вода, чиј жител сум и јас” – меѓудругото, изјави Канческа Милеска.


Бистата на Фредерик Шопен беше осветена од страна на скопскиот бискуп, д-р Киро Стојанов, а се отсвиреа и неколку партитури од музиката на Фредерик Шопен, во изведба на музичкото дуо “Талија”.


Паркот на Шопен е хортикултурно уреден, поставена е нова урбана опрема, детски реквизити, изградена е импознантна фонтана која во вечерните часови е осветлена во повеќе бои, а се изгради и мултифункционална бина. Во состав на паркот е поставена, прва во Република Македонија, биста на великанот на Полската и светската музика, Фредерик Шопен. Со естетското и хортикултурно уредување на паркот, со создавање на функционално место каде ќе се одржуваат културно-уметнички манифестации во иднина, на граѓаните ќе им се пружи уште едно урбано катче, каде ќе можат да се релаксираат и да го поминуваат слободното време, 24 часа во денот.


 


 


 


 


 


 


 


 



 


 









http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=906
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 30-Sep-2010 at 00:44
Уште нешто од паркот во Кисела Вода...

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 30-Sep-2010 at 12:37
И мене не ми е јасно што па сега им текна на насловна страна да го ставаат. После 2-3 месеци, веројатно ќе им текне на што може личат лавовите


Од истиот Вест



ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН ЃОРЧЕВ НАПРАВИ ЛАПСУС НА ОТВОРАЊЕТО НА ПАРКОТ НА ПОЛСКИОТ КОМПОЗИТОР

Шопен стана Пушкин

"Чест ми е да го отворам паркот на Пушкин, во кој ќе стои бистата на великанот на полската и светската музика Фредерик Шопен. Во време кога чувствата не се во мода, музиката на полскиот композитор ќе биде јазик на општење меѓу граѓаните", рече градоначалникот, без да се извини за направената ненамерна грешка

Ликот на полскиот композитор Фредерик Шопен вчера свечено беше откриен во Општина Кисела Вода. Бистата се наоѓа во паркчето спроти општинските бараки, кое за оваа цел хортикултурно е уредено и опремено со бина, фонтана и со детски реквизити.
Паркот на Шопен е пуштен во чест на одбележување на 200 години од раѓањето на полскиот композитор и ќе има цел да ја зближи полската и македонската музика.
Пред насобраните граѓани, паркот свечено го отворија полскиот амбасадор во Македонија Карол Бахура, министерката за култура во Македонија Елизабета Канческа - Милевска, градоначалникот на Кисела Вода Марјан Ѓорчев и општинските советници.
На присутните гости, градоначалникот Ѓорчев, место во паркот на Шопен, им посака добредојде во паркот на Пушкин, кој лани беше отворен близу салата "Расадник".
"Чест ми е да го отворам паркот на Пушкин, во кој ќе стои бистата на великанот на полската и светската музика Фредерик Шопен. Во време кога чувствата не се во мода, музиката на полскиот композитор ќе биде јазик на општење меѓу граѓаните. Освен тоа, паркот ќе им даде на граѓаните уште едно урбано катче каде што ќе можат да се релаксираат и да го поминуваат слободното време", рече градоначалникот Ѓорчев, без да им се извини на граѓаните за ненамерната грешка.
Пред неколку месеци, на улицата Фредерик Шопен во Кисела Вода беше поставена и плакета на полскиот композитор.
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 30-Sep-2010 at 12:44
Previous
 
Од истиот Вест, ама не за во иста нишка, сепак е парк
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 30-Sep-2010 at 14:06
Originally posted by NorthWind

Previous

 
Од истиот Вест, ама не за во иста нишка, сепак е парк


Ок, може ....ама има и споменик, заради тоа го постирав овде...може да се пресели...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 05-Oct-2010 at 15:32
Во парк-шумата Гази Баба
СЕ ГРАДИ ПАТЕКА НА ПРИЈАТЕЛСТВО СО ПРИРОДАТА    



Пешачка патека долга 720 метри и широка 1,90 метри се гради по должината на границата на парк-шумата Гази Баба, од паркингот кај Здравствениот дом „Железара“ до детското игралиште. Градот Скопје ја гради оваа патека по барање на Здружението на граѓани на населбата Железара и на урбаната заедница „Железара“ и таа ќе го носи името „Патека на пријателство со природата“.



За изградба на пешачката патека е направен машински ископ на земја, порамнување на теренот, делницата е тампонирана и се асфалтира со асфалтна маса БНС-16.

Во изградбата на патеката и во расчистувањето на теренот се вклучени екипите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“. Градот Скопје за нејзината изградба ќе потроши околу еден милион денари. Патеката е осветлена со канделабри.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3689&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 12-Oct-2010 at 16:31
Nova pesacka pateka vo kicevo:







Edited by my Macedonia - 12-Oct-2010 at 16:33
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 26-Oct-2010 at 19:48
Писмо на читател на Утрински весник. Темелно се осврнал на редица проблеми на пешачките зони во центарот на Скопје.

Applause

Се води ли сметка за гранитните плочи на плоштад?

Сима Петровиќ

Се обраќам со ова мое писмо со надеж дека ќе го прочитаат и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, па нешто најпосле ќе преземат, бидејќи сите мои досегашни писма испратени до нив не дадоа плод. Еве ги проблемите што треба да ги знаат и да ги решат што поскоро посочените градоначалници.

Во неделава што измина на плоштадот „Македонија“ се одржа „Виноскоп“, кој, патем, личеше на селски панаѓур. По завршувањето на „Виноскоп“ на плоштадот во близината на споменикот, веднаш до тревата кај бившиот Офицерски дом, гранитните плочи останаа прекриени со масло од скарите и сега тешко дека ќе можат да се исчистат. Штетата што ја направија на раскопаните коцки и плочи е ненадоместлива. Во иднина би требало да се организираат вакви манифестации, на пример, на паркинг-плацот кај хотелот „Холидеј ин“.

И натаму останува проблемот со искршените и извадени гранитни плочи на плоштадот „Македонија“, кој и кога некогаш случајно ќе биде нешто поправено се прави многу лошо и бидејќи не се нивелираат остануваат големи влабднатини. Најизразен пример за тоа е околу споменикот на Гоце Делчев и кај новата винарница на „Сковин“ спроти ресторанот „Дал-мет-фу“. За извадените и оштетени канделабри на плоштадот веќе не вреди да се пишува, бидејќи никој не презема нешто да ги замени отстранетите канделабри.

Коцките на кејот „13 Ноември“ веќе се во очајна состојба и не може нормално да се помине кога ќе заврне дожд. Во продолжение на кејот „13 Ноември“ спроти „Дрводекор“, а и на самиот кеј клупите се 90 отсто уништени и никој не ги поправа.Толку нови клупи набави градот, ама таму изгледа не поминал никој да ги види постојните во каква состојба се. Исто така, поминаа неколку акции „Ден на дрвото“, а на плоштадот „Македонија“ не се засадија нови дрва на местото на исушените каде што моментално има некој ниски зимзелени грмушки и дрвца. Патем, сите нови дрвца што се садат на фреквентни места треба да се обезбедат со метални огради што можат да се земат и од други места каде што дрвцата се веќе доволно големи и не можат да се оштетат.

Сакам да знам што ќе биде и со летните тераси на плоштадот „Македонија“. Место веќе да почнат да се отстрануваат, бидејќи според законот, можат да стојат до 30 октомври, најнова злоупотреба е тоа што на кафулето „Астро“ спроти „Тренд“ е поставена и дрвена платформа што е законски најстрого забрането. Сакам да видам дали оваа година ќе биде отстранета терасата на „Тренд“, а и на „Астро“, која навистина го нагрдува цел плоштад , заземајќи стотина квадрати од плоштадот, па со тоа ја нагрдува целата околина на плоштадот и на Ристиќева палата.

И на крај сакам да прашам кога ќе бидат отстранети бетонските столбови на влезот во ГТЦ , веднаш до новата продавница на „Најк“ во Лумикс, кои служат за лепење плакати и кои ја нагрдуваат целата околина. И зошто веќе еднаш не се покрие влезот на ГТЦ. Тука би сакал да ги прашам градоначалниците, што стана со најавуваното поплочување на просторот околу „Лумикс“ со кој плоштадот ќе се нивелираше до влезот на ГТЦ и што беше обврска на инвеститорот на "Лумикс". Вака сега се оди по една неприродна косина од плоштадот до влезот во ГТЦ. Сосема за крај , би ги потсетил градоначалниците дека е крајно време да се поправат тротоарите на „Партизанска“ и да се стават метални столпчиња за паркирање коли зашто буквално не може да се помине, а исто така и тротоарот пред „Акрон“ спроти слаткарницата „Апче“ во правец на кафулето „Броз“ би требало да се поправи, бидејќи изгледа неубаво.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=89DE50ECA5835C4E8346B7D4D7EBADA0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 26-Oct-2010 at 20:06
 Нема што па мрсни биле плочките.Puke

Освен шетање од "проблем" на "проблем" како коњ по шаховска табла, "критикава" и не нуди некој аргументи посебни што заслужуваат да пополнуваат страници на весник.

Да не идеме повеќе, само еден аргумент. Тој Виноскоп (што патем е окфаливфикуван како селски панаѓур) го полни буџетот (и државниот и општинскиот) многу повеќе од десетина замрсени плочки што патем за неколку дождови ќе се исчистат.

За ова надоле горе доле, ај за дрвцата да се сложам, но плоштад е динамична површина. Сигурно не треба да го затвориме и да седи спакуван како ново даљинско во најлонче. Се користи за разни намени и секако дека тие намени значат амортизација и "абење".


Edited by lslcrew - 26-Oct-2010 at 20:06
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 27-Oct-2010 at 00:46
Previous
виноскоп навистина не го биваше оваа година и сепак би требало да ја сменат локацијата, особено сега, кога цел плоштад е заграден
и што ако пунел буџет? каде одат тие пари? ретко да се потрошат на нешто паметно

патем најголем проблем во овој град е што ништо не се одржува, реновира или освежува, како ќе се уништи, така останува со години и години...
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1976
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 27-Oct-2010 at 11:40
lsl, неможам да се сложам со тебе. Во Холандија на пример, имаат и буквално пазар на среде плоштад, меѓутоа ако завршува пазарот во 16:00, во 16:01 нема ниту еден цвет на земја.

Не е проблем одржувањето на виноскоп на плоштад, впрочем за голем дел од селскиот впечаток придонесе и дождот како и севкупната градежна активност околу плоштадот. Проблемот е превземањето одговорност да се заштити постојната околина. Можеле да постават најлони каде што се готвело, па после собери, и нема никаква штета. Ако се сакало, сигурно се можело. Зошто воопшто да се ставаме во ситуација по секоја манифестација да се менуваат плочки. Што ако еден ден едноставно нема повеќе залиха на исти такви плочки?

Се' на се', човекот има опишано еден куп реални проблеми, кои иако можеби делуваат како ситници, сепак се детали од еден поширок впечаток кој лесно се расипува.

За буџетот, ти се молам, за што го користат?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 27-Oct-2010 at 12:15
Без разлика за што се користи буџетот, тоа не е прашање сега. Неможе по сопствени мераци на трети проекти да заземаме позиции за про и контра полнење буџет. Плоштад секако дека не треба да е кочина, но мора да се има разбирање дека е динамична површина што треба да се користи за манифестации. Еден ден после настан да се брза со револт за замрсена плочка е апсурдно. Неможеме хасап да воведеме со години, секој ден деца се трујат по сендвичари, а ние да се фаќаме за мрсната плочка е смешно. Другиот дел од текстот и не ме дирна, колку што ова ме испровоцира.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 58>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.