![]() |
![]() |
![]() |
Луна Парк - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 78910> |
Author | |
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Не дека нешто од ова ќе се изгради ама добро е кога човек си ги знае приоритетите...
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Влезот...
![]() ...и нужниците: ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов на мускули го бутка проектот за забавен парк
![]() Од Градот засега не сакаат да дадат повеќе детали околу почетокот на изградбата и набавката на новите реквизити, со образложение дека материјалите сè уште не се подготвени и дека не е во ред да се каже претходно, кога за тоа ќе има расправа на седницата што ќе се одржи в среда Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е решен да го истера забавниот парк. За таа цел, на седницата на Советот на Град Скопје, што ќе се одржи в среда, ќе побара да ја одобрат Програмата и одлуките со роковите за изградба на забавниот парк, како и набавка на новите реквизити. Но, од Градот засега не сакаат да дадат повеќе детали околу почетокот на изградбата и набавката на новите реквизити, со образложение дека материјалите сè уште не се подготвени и дека не е во ред да се каже претходно, кога за тоа ќе има расправа на седницата. Со овие одлуки, всушност се презема досега изградената инфраструктура и претходно набавените седум реквизити во 2015 година (небесен пад, сајбер скок, воз „ел пасо“, конвој „скокај наоколу6“, хепи свинг, кофи кап), кои во моментов не се монтирани, и истите се вклопуваат во концептот на новиот забавен парк, а се носат и одлуки за преостанатите позиции и реквизити. Средства за изградбата на новиот забавен парк ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, во текот на 2019, 2020 и 2021 година, бидејќи и динамиката за реализација на проектот ќе биде фазна – објаснија градските власти. Инаку, на 28 мај годинава, италијанската архитектонска фирма „Бауса“ го презентираше проектот наречен „Светот“ за тематскиот забавен парк во Градски парк во Скопје, што треба да биде завршен до средината на наредната година. Тој беше најавен како најголем во регионот. Тогаш скопскиот градоначалник Петре Шилегов информираше дека проектот е соодветен за Македонија и се предвидува да има околу 300.000 посети годишно и тоа само од домашни луѓе, односно 3.000 на ден и 1.300 во еден момент, а ќе овозможи 100 директни и 500 индиректни вработувања. Паркот ќе биде со површина од 26.000 квадратни метри“, објасни Франко Бараѕони, кој во името на „Бауса“ го презентираше проектот насловен „Светот“. Забавниот парк во Скопје ќе има различни содржини и реквизити, а е замислен да има три области: детска, семејна и адреналинска, со тоа што првите две заедно зафаќаат 80 проценти од просторот. Третата е за оние кои бараат поголема возбуда. Паркот ќе има 24 реквизити, кои тематски ќе бидат поделени по држави, па оттука и името „Светот“. Забавниот парк кој треба да стане туристичка атракција ќе има и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, фонтани и театар со 200 седишта. Воедно беше нагласено дека при изградбата на паркот нема да се урива ниту еден објект од некогашниот луна парк, а ќе се зачуваат и сите дрвја и зелени површини. (А.П.) Фото: (П.С.) https://www.vecer.press/шилегов-на-мускули-го-бутка-проектот-з/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Град Скопје ќе гради панорамско тркало во новиот Луна парк
По жестока дебата меѓу советниците од власта и опозицијата, за оваа одлука раководителот на Секторот за планирање и уредување на просторот при Градот Скопје Никола Гаџовски рече ова тркало не било исто како тоа на Вардар. – Станува збор за тематски забавен парк кој ќе привлече многу туристи. Панорамското тркало ќе биде многу поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар. Во забавниот парк ќе има 20 нови реквизити, а ќе бидат вградени и тие што беа претходно набавени, рече Гаџовски, раководител за сектор за урбанизам. Тој додаде дека за потребите на паркот, ќе бидат комплетно дислоцирани сите летни дискотеки. Расправата беше по точките од дневниот ред Предлог – одлуката за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање и Предлог – одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање. Советниците на Град Скопје денеска меѓудругото расправаа и за Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година. Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека Извештајот, за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година содржи и податоци по поединечни сметки, програми и потпрограми кои ги покриваат областите за кои Градот е надлежен, посочувајќи дека податоците од минатото покажуваат дека извршувањето на Буџетот во овој период од годината го задржува релативно истото ниво на остварување во споредба со последните четири до пет години во приходниот дел, додека во расходниот дел бележи зголемување. – Во периодот јануари – септември 2019 година вкупните приходи се остварени во износ од 3,37 милијарди денари, што претставува остварување од 51,7 отсто во однос на планот за 2019 година. Приходите и понатаму ја одржуваат благо растечката динамика на остварување и споредено со истиот период од минатата година, бележат зголемување од 2,1 отсто. Во структура на вкупно остварените приходи најголем процент на учество имаат: – даночните приходи 47 отсто, приходите од трансфери и донации 39 отсто, капиталните приходи 5,1 отсто и неданочни приходи со 8,7 отсто, рече Шилегов. Шилегов најави дека во претстојниот период, ќе продолжат да вложуваат максимален труд, желба и напор да ги реализираат проектите за кои се заложиле и кои се од интерес на граѓаните, а во насока на развој на квалитетни и сеопфатни услуги за сите нас. /MИА https://www.kanal5.com.mk/articles/399074/grad-skopje-kje-gradi-panoramsko-trkalo-vo-noviot-luna-park |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Летечки велосипеди, тајфун, сафари турнеја… ќе го креваат адреналинот
Изградбата на нов тематски Забавен парк, кој ќе понуди повеќе реквизити за забава и возбуда, нови објекти, а во исто време и ќе овозможи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика, според градските власти е една од нивните долгорочни цели, со цел дополнително да се поттикне визијата за Скопје како развиен културно-историски и спортско-рекреативен туристички центар Летечки велосипеди, тајфун, сафари турнеја, антички авантуристички автомобили, семеен ролеркостер, панорамско тркало се дел од авантуристичките, но и адреналински реквизити што ќе се најдат во новиот скопски Луна парк. Освен овие ќе има и други реквизити и содржини на кои ќе можат да се забавуваат помалите, но и повозрасните кои сакаат да почувствуваат возбуда. Станува збор и за мини тркало, воздушен балон, туркање со тркалезни автомобилчиња (Round Bumper cars), мини-пирати, семеен ролеркостер, ролеркостер, пиратски брод, возење на тобоган, акваманија, твистер ролеркостер, туркање со автомобилчиња, рингишпил, скај флаер. Ќе има и различни игри и комплекс игралиште. Освен овие реквизити во новиот Луна парк ќе бидат поставени и плус седум претходно набавени реквизити: небесен пад, сајбер скок, воз „Ел Пасо“, конвој, скокај наоколу 6, happy swing и coffee cup. Реализацијата на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање која беше на дневен ред на вчерашната седница на Советот на Град Скопје предвидено е да се одвива фазно во периодот од 2019-2021 година. Проектирањето ќе биде 2019 – 2020 година, изградбата на инфраструктурата, супраструктура и објектите е 2020 – 2021 година, а набавката на опрема – реквизити и нивно монтирање, 2019 – 2021 година. Изградбата на нов тематски Забавен парк, кој ќе понуди повеќе реквизити за забава и возбуда, нови објекти, а во исто време и ќе овозможи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика, според градските власти е една од нивните долгорочни цели, со цел дополнително да се поттикне визијата за Скопје како развиен културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар. -Врз основа на новата Студијата за новиот тематски Забавен парк во Скопје изработена од „Бауса“ од Италија, направен е нов концепт, кој економски е поисплатлив – сметаат од Градот. Проектирањето, изградбата, набавката на опрема – реквизити и нивно монтирање ќе се изврши на градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, доделено на трајно користење на Град Скопје со одлука на Владата од 25.12.2015 година, за урбанистичка парцела 3.1, со површина од 84.040 квадратни метри, со намена парковско зеленило, како и спорт и рекреација. Носител на инвестицијата за проектирање, изградба, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање е Град Скопје. Проектот е соодветен за Македонија и се предвидува да има околу 300.000 посети годишно и тоа само од домашни луѓе, односно 3.000 на ден и 1.300 во еден момент, а ќе овозможи 100 директни и 500 индиректни вработувања. Паркот ќе биде со површина од 26.000 квадратни метри“. Паркот ќе има 24 реквизити, кои тематски ќе бидат поделени по држави, па оттука и името „Светот“. Забавниот парк кој треба да стане туристичка атракција ќе има и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, фонтани и театар со 200 седишта. При изградбата на паркот нема да се урива ниту еден објект од некогашниот луна парк, а ќе се зачуваат и сите дрвја и зелени површини. Вкупната проценета вредност за проектирање, изградба на Забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање, изнесува 720.000.000,00 денари без ДДВ. (А.П.) Фото: (П.С.) https://www.vecer.press/летечки-велосипеди-тајфун-сафари-тур/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
http://samoprasaj.mk/naacik/1532-2020-2?fbclid=IwAR3m4-BnnYgqROAE5GM50M8mqsN2Av_Dy0sJgXS0SZ54qlNtG8wQ2JYbL_4 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Помали фирмарини, поволни комуналии и кирии, Луна паркот за догодина: Кризни мерки на Град Скопје
Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница под ведро небо усвои неколку одлуки како сет на мерки за олеснување на економската состојба на граѓаните во време на епидемијата на корона-вирусот. Без дискусија и во рекордно време, Советот усвои повеќе одлуки меѓу кои и одлуката со која комуналната такса за закуп на јавен простор се намалува од 15 на 5 денари по квадратен метар, колкава што е минималната цена дозволена со закон за цела 2020 година. „Ја намалуваме и фирмарината за стопанските субјекти од 7.000 на 4.000 денари за 2020“, појасни пред Советот Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје. Шилегов, исто така соопшти и дека комуналиите ќе можат да се плаќаат на 18 наместо на 12 месечни рати и дека ова се однесува за градби со комуналии чиј износ надминува 1 милион евра. Градот им препорача на училишните одбори закупувачите на простор во средните училишта да бидат ослободени од месечните кирии за целокупното времетраење на вонредната состојба. „Во овие тешки моменти за сите, одржавме седница на Советот на која преземавме конкретни чекори со кои во голема мера ја помагаме домашната економија, а со тоа создаваме услови за сите граѓани да можат полесно да ги пребродат последиците од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот“, рече Шилегов по седницата, додавајќи дека ова беше неопходно бидејќи Град Скопје е најголем чинител во македонската економија, каде се остварува најголемиот дел од домашниот БДП и каде што се најголемиот број на работни места. Советот ја усвои и одлуката со која ќе се откаже кредитот за изградбата на новиот Луна парк, за чиешто завршување денес Шилегов рече дека нема да се случи годинава, како и одлуката Град Скопје да се задолжи за нов кредит на иста вредност за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура. Фокусирани сме, рече Шилегов, на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции како Луна паркот. Скопскиот градоначалник со порака до Скопјани дека ова лето улиците во Скопје ќе продолжат да се градат, а ќе продолжат да се прават големите паркови кои беа започнати, мостовите, како и реновирањето на јавниот превоз. https://meta.mk/pomali-firmarini-povolni-komunalii-i-kirii-luna-parkot-za-dogodina-krizni-merki-na-grad-skopјe/ |
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Тууу абе таман сакавме да средиме се и оп криза
![]() Улици ќе правел со кредит за Луна Парк(че),па ти мајсторе улиците секоја година ќе ги правиш со оваа возачка култура кај нас,и со таа неизживеаност на копита од Чаир и Студеничани што не им земате возачки и ги оставате да дивеат по улици,и со шлепери од не знам колку тони низ главен град.....цел буџет на градот секоја година за асвалтирање улици иде,врв. Мада,кога ќе видиш дека требаше паркче да излезе место парк,може и подобро,Коце бар го планираше 84.000м2,овој 47.000м2........ако се лажи да се лажи. Редно е да се затори темава,"џабе веземе". Edited by David - 03-Apr-2020 at 13:17 |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Не гледам што има лошо во тоа да се одложи паркот за подобри времиња и каде е лажењето. Инвестиции на јавните средства во инфраструктура се единствен начин да се крени економијата во економска криза, во спортивно ќе се продолжи во стилот на претходната гарнитура каде "немавме за леб, а трошевме на чоколадо".
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
Вуна Инка или Магла Парк бидна работава, што сторија бе, да го оставеја онака олдскул и ден денес Деца ќе си играа Голфче возеа Вовче вртеа на Тркалце Рингишпил и Карусел уживанција ќе тераа, ко Дете не се сеќавам ама за убo неделата да тргне секој прв понеделник во месецот Дедо ми сигурно ме носел на сеградското забавишче ... ако види Чоек поубо како ет во Дизни-Ворлд особено колку зеленилото налето им е едвај живо и несредено пр. во споредба зимското ескот Ф&в-шоу [1] нек се чуди споредувајќи колку кај нас во склоп на Градскио Парк шетњата која ја имаа нашите Деца била каде каде попејсажна, недостасуеше само редовно ротирање на свежи Кардбоард Павиљони Скулптури и Знаци евентуално тро отпојќе што бевме мањак Маскоти, но едно време почнаа да шетаат Кловнои бар оние кои испозаспале во летните дискотеки до самио Луна Парк, а сигурно за натака ги беа спремиле груевци то античките аниматори, но еве сеуште стои муабето на почетна срушена фазла локација ... навистина е греота , та да земат само Факултетите да ги запнат чудесии ќе сторат за Децата од парковски атракции и тоа не само во Скопје туку за во сите Градои, нормал една CNC-Машина за принтање Пластика да пушти Микросам и тоа е тоа ... што толку се фураа на јавно-приватно партнерство порано градскиве очуви навистина незнам, а и Кредит да земеа поубо ќе беше тие пари да ги инвестираа во ноу-хау по факултетските лабоси а за сметка на тоа тие редовно да ги одржуваа старите и да склепуваа нови реквизити! конечно сите странски инвеститори можат да донираат по нешто, а зошто не и сите оние компании кои добиваат мрсни државни тендери па макар биле кинези амери грци турци руси итн. ех Мицко во тој случај би сторил сигурно Тобоган од скрап-јард скулптури на кој децатата би скејтале по магнети ... Зајко пак би им пуштил сигурно Баунти придвижувано на батерии од чушки и лубеинци ... мајтапо на страна, но нек си чукнат глаите сега плус и заради тоа паранојата од ковид-от нека распалат со нешто помасивно пр. на Езеро Треска каде на поголемо растојание би можеле да уживаат девата, ем сето тоа нека го врзат и со СРЦ Сарај рекреативно та и Матка природно-научно ... но и на старата локација можат да направат некаков спој со Зоолошка налик забавно катче со Арпаџик Лулашки во форма на Животни ... https://en.wikipedia.org/wiki/Incidents_at_European_amusement_parks https://en.wikipedia.org/wiki/Amusement_park_accidents [1] https://edition.cnn.com/2018/03/29/health/amusement-park-incidents/index.html https://boundlessadventures.net/adventure-parks-vs-amusement-parks/ http://www.raapa.ru/en/calendar https://www.azom.com/article.aspx?ArticleID=11958 Edited by Zelenikovo - 22-May-2020 at 04:12 |
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Дизни ворлд,ама глеј колку простор има,и улици широки и тротоари,и ресторани и "тезги" само да отидеш на јадење таму изборот е толку голем што ќе не знаеш од кај да почнеш,има такви оброци што кај нас не можеш да ги замислиш а не па да ги вкусиш.Плус имаат авторски права на сите суперхерои,принцези,имаат продавници преполни со играчки,маички,сувенири цела машинерија за правење пари,а за некој големо задоволство. Доживљај е тоа,комплетно искуство.
Кога ќе видиш дека Индијана Џонс делот и Пирати од Карибите делот се колку пола од нашево паркче се ти е јасно за која мизерија станува збор. Подобро што не го почнал граСкиот лопов да го гради,нема поента да нафрлиш само реквизити и да донесеш неколку пуканкари на 47.000м2 и да очекуваш профитабилност на подолг рок,или прај го по светски стандарди со вистински квалитет или не чепкај ич. Вака многу пофер испадна,за сите нас,бар да не се мачиме и да очекуваме којзнае што. |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
види безбедноста пред се’, така и нашите битно им било а сигурно и’ им е да нема зијанела некако, колку ме држи памет в Луна Парко немало никаков сличен гајрет, којзнае, порано и немало нешто особено цх-тревожење па да поминало под радар!? што е до лоповлук поголем гајрет од овој аспект се џепароши, бидејќи колку и да краде некој на детските реквизити, сигурно порано се обидел, та и раце му се исушиле! поучени веројатно па и си дуваат на ладно, нормал се додека не се најдат вишок средства за да не замине работа во натиго дајмиго подмаса, но ризици ли се ризици, наместо да се фатиш Пријателе за безбедносните незнам од каде порив да дрмаш на прва за евентуални корупциски, ето ти линк од азијски експоа за адвенџур парк опрема, земи потруди се направи компаративна анализа бар за цени на разни реквизити та ето да бараме бар ние тука подобно нзс наместо да чекаме утре на тендерско! ако јас се прашував, навистина заради безбедност ваков проект би го остаил во раце на МФС и ЕТФ и тоа да врви нанего постојана хомологација! а доколку се паметни тие што се фатиле на вакво оро ќе размислуваат за Сите Деца по сите Градои, хм, само Необични Инерциски Реквизити да испоредат па ето фестивал за Деца и тоа да ги ротираат на државно ниво, една сезона во еден друга во друг Градски Луна Парк ... она Аеротрим сферата пример кај нас може да се завари за 500 евра +- зависно од лагерите итн. инт. кога велам Микросам моит да стори ЦНЦ за принтање големи блокои пластика или гума, доволно и калапи да штанца, ем таквата машина на сите градои да/ќе им биде од корист, а посекако доколку ова ет На државно ниво вака завозено Микросам и ЕТФ за Сите да почнат да донираат и Автоматитичко Ноу-Хау пример како со кугла дронои да им шеткаа низ Перформанс гумени трансформери ...во основа треба ко што велам покрај/со Зоолошка некаква спојка а со олдскул но поинтересни реквизити него вообичаените по детските игралишта, само треба да има токму ако не екстра Маскот Анимација можеби и во форма на Бабари Мечкари Сурати но со маски на Шиљо Дако Алигаторо и останати животински цртани ликои, глувци и баш немора да не почнат ко мене дома да си ги чуваат ко домашни тавански миленици ... веројатно паметно е да им донесат Понија ако не Магариња (овие нек ги остават за рурален туризам) и бесплатно а по заслуга да скиткаат уникатно децата пр. штом завршиле полугодие или годината Одлични да можат да свртат околу Парк три круга, многудобрите два, а добрите ученици еден круг и ето га на мала врата мотивација и за учење , за јашање Кенгур би требало можеби диплома од некој натпревар, карикирам, ама поентата ми е дека Луна Парк во сред Град треба да е штопоолдскул а не некаква фантазмагорија, треба на Сите Деца да им е достапен, евентуално да се прави ред во однос делење Келељи за да се распознаваат групи, ем така нема да се секираат кое Дете е поубаво облечено или дали воопшто му е испрано облеклото, навистина би било Греота едни Деца да можат да уживаат макар и за пари, а други не, просто ова што го стори Шилегов е добра луфта за да се Отвори Конечно бар за оваа работа Широка Јавна Дебата!!! само кога би напраиле Бесплатна Жонглерска Школа та секое Дете да поднаучи заради поуба рамнотежа и моторика да жонглира бар Топчиња па ето беспари целогодишна веселба ... Аирлија, поинтересно им било на Деца пред еден век него денеска Edited by Zelenikovo - 22-May-2020 at 14:05 |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
![]() размисливе се како дури и во рецесија да се бара Чаре како брзо а безбено да се интервенира, но ко што потенцирам без Весело Анимирање за Децата, дури и најдобра опрема да има паркчето бадијала, ето од дизниевото видео може да се види дека единствена атракција им е тобоганот, додека се’ останато се Зеленило Штандови и Маскоти, што во нашиов случај лесно е изводливо а недостасува само Градски Невладин Клуб можеби кај Мјузик Гарден каде би Волонтирале Жонглери Акробати и Кловнои кои доколку имаат профи Опрема и Сала за тренинг ем Реквизити така би сториле луфта и за подучување Тинејџери кои пак би ги опслужувале Весело маскотно Зоолошката Луна Парко но и Градскиот Парк, конелно секоја една Народна Манифестација, а евентуално да се помогнати за настапите преку дневници од Спонзори, мислам ако сакаме професионално безбедно а креативно анимирање на младите ова е единствен начин а да може Сите Деца да се Радуваат ... да незаборавам имет простор вака и Пантомимичари и Музичари да се активираат а кои се токму идеални за Кловнои, но ако мислите дека ним не им требаат реквизити сте се излажале јасно зависно колку се амбициозни [1] комотно и Едно Костимографско Студио во прилог ... веројатно би одело и за ова доста камен, арно ама Останува Трајно За Народ ем се приучуваат постојано нови генерации на Весело Волонтерство, нормално и за нив треба бар Сок и Грицки што дополнително би сторило буџетски товар врз Градо, иако топтан се’ далеку поефтин од воа рингишпилите! во секој случај доколку се оди и само на проста рингишпил тенеќелогија, добро е Некој и Народ да праша што мисли, та паметно ќе беше Градот не на фејкбук туку на својта страна за слични Проекти да има свој еФорум каде сето ова би се пеглало од убо поубо долгорочно, синкир нему не му е мило, напротив во најмала рака би предупредувал на пропустите или претерувањата, а сигурно ќе вади абери и до далечниот исток освен западните милијардерски екскурзии, за кои дури и да имаме капацитет само ќе си ги ушкопиме идните поколенија за Слободоумност, та попрво Марко Цепенков треба да е главна фора на вакви Градски Забавни Паркови него микимаус и компанија, ајт ок ќе разберам да има некаков акцент и на тоа, но тоа да е главна глобалстичка фора мислам каде, та бар Пипи Фифи или Були да се светка финта стутулена тука, ама корпоративни шеми да се главен штоф тоа е жално!нек се фукусираат градските татковци ширум државата како да ги очистат реките, а сетне Народ сам ќе засука ракаи и ќе почне да импровизира Шоу-а за Најмладите, посекако најпаметно доколку е тоа здружено Невладино па макар и за/со Кајак-Муабет , просто од каде му на Градо камен за Спасувачи кои би внимавале пр. посреди вакви работи, не е само донеси тенеќе, уклучи го на струја и наплаќај карти, неопходно е Цела Заедница да е Анимирана за така Веселбата и Дружењето да Расте и Сплотува ... веројатно некој ќе се досети дека не е некоја филозофија невладино да склепуваме Дрвени Рингишпили и Карусели [1] и тоа цветни пеперутни овошно-зеленчукови, кинетички или со педалинки, така пак посекако некоја фирма заради оптественосвесна себепромоција и’ ќе земе да донира одвреме навреме некаква машина, пополнувајќи го фенси вакумот пред се атрактивен за Тинејџери, но ако немет Градски еФорум како да знаеме дека е избрана најбезбедната освен најефтината, кој тоа да го договори правилно, кој да го сервисира со лесно, ем кој да врши редовен Надзор ... https://www.letianplaygroundequipment.com/products https://www.sansei-technologies.com/eng/product/play/works.php може попаметно е да се врзе ваквиот low-carb и за Инфалнтибл Муабет на Кале и Зип-Линијата таму но најнапред за ова ни треба и соодветна стандардизација http://eventsafetyservices.com/inflatable-amusement-device-safety/ повторно сето ова е паметно да ет врзано некако Училишно! доби ли некој петка ето бесплатна зип-балон вожња ... но и абер дека некои Деца неодат на Школо ... Edited by Zelenikovo - 22-May-2020 at 21:07 |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
веројатно на сите им е јасно дека некогашните класични забавни паркои [1] денес се вишок за тинејџери и возрасни [1] но дефинитивно и ним би можело да им се привлече внимание ако паркот има адекватно Акробатско [1] и Забавно анимирање [1] затоа помалку помпа треба во јавност дали паркот е некаков елитен или не, туку каква Програма имаат оние кои се одговорни за него ... ... Убо би било истиот да е вплотен и со Золошката и со Длабокои Парк и најнакрај Бонсаи Градината, пр. да има висечки мовчиња кои би го спојувале со Животинското Царство, но и теснолинејка за обиколка на цел Длабок Парк, а сето тоа да се спакува во една блок-карта ... така од минијатурен Скопје ќе добие Голем Забавен Парк, а ќе недостасува само со Лифт конекција со Кале за Цело Да Е Кога Има Се’, ако не за друго лиготот да е резервиран за Сограѓни со Инвалидитет, во најмала рака сега тоа арпаџик пешачкиот мост преку Варадар да може со Скали да се тера угоре до некој Парк на Скулптурите [2][2] најидеално веднаш пред МСУ, што заедно со Кале и Чаршија ќе стори изобилна целодневна вкрстена понуда од разни содржини ... ... и ајде разбирам сега немало камен за нешто модерно, но дури и стара опрема да се земе да се репарира и донакити [3][2] та истата ќе биде и функционална и привлечна, а утре со вишокот средства (штом се може) нека купуваат Циркуски Реквизити, можеби прават Замоци од Зелени Лавиринти, а зошто не и склепуваат уникатни модуларни а цврсти (безбедни) павилоњи [4] ова особено ќе биде битно токму сред каква и’ да е идна рецесија, та бар децата да не ја сетат истата, ете од спунт радувајќи ги ако не со бесплатна лунапарковска раазонода тогај со Улични Циркуски Пантомимчарски и Куклени Театри во склоп Градскиот Парк ... а доволно е и’ само со Шатори т.е. Тензилни Павиљони да се оди, за на Секое Дете денот му се стори Невообичаено Радосен , ем вака и полесно би шалтале истите од Град во Град ... кога би си пуштале нозете колку што ни е чергата, верувам ќе имаме капацитет и во секој Градски Парк да инсталираме по еден Детски, веројатно дури и ипард-фондови можат да се искористат за половна опрема, претпоставувам најбрзо низ ЗЕЛС т.е. меѓуоптинска или регионална соработка, а како би се земале различни реквизити кои би ротирале одвреме навреме меѓу поголемите Градои, сигурно некому ова ќе му делувa смешно, но ~ прво во однос оваа класична опрема не станува збор за некоја висока технологија, ~ второ купувањето нова-петпарачка или пак истата довлечкана од страна на некој приватник не значи ниту загарантирана безбедност, а ~ трето пак и пак ќе напоменам ако здрма светска рецесија сакале или не ќе си се радуваме и на олдтајмери, ако воопшто се исплати тогаш да ги довлечкуваме, а бидејќи треба голема претпазливост кога се купува половна опрема која во склет околности прашање е дали нашите надлежни (Машински и Електро Инжињери) ќе можат да скитнат понадвор да ја прочешлуваат ... бреј во новиве ни Балончиња Сапуница немоиш да праиш! Конечно треба да се бара соработка и со оние Збратимени Градови каде се произведува лунапарковска опрема та да посредуваат некако... а натака (рипит) останува да се надеваме дека некоја Општествено Свесна Компанија ќе се нафати да донира нешто ново ем современо , но да се оди по секоја цена на класични-а-нови реквизити, тоа не е луксуз туку аздис имајќи предвид дека и порано и сега државата треба да смогне сили вакво нешто да финансира, што впрочем и имаа намера да го сторат груевци бидејќи не им поминуваше тендерот за јавно-приватно партнерство, но зајковци саде во у друг филм се влезени стркалувајќи му ја топката на ПетреШ ... навистина попрво нека им дадат на МФС и ЕТФ задача да заваруваат хидраулични вртелешки него да се полнат џебои на прекупци или преценети светски производители! Edited by Zelenikovo - 24-May-2020 at 10:57 |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
во принцип вакво нешто е супер скапо како проџекшен мапинг опрема, бар постојната, но којзнае можеби некој Студент ако не Асистент )можеби тимски( од ЕТФ ќе извадат локално ноу-хау за комбинација на mems-проектори затегнати со MicroLEP-сијалици, сепак некој треба и да инвестира во нивните истражувања лабоси универзитетски соработки ... ние не мора да имаме IMAX целулоидна продукција и ласерска проекција, доволно е да се склепа 360 Сцена со дигитални камери која потем Ротоскопски би се шминкала налик Пинк Пантер да трчат по Македонски Сртои и ето Спектакл За Деца ... http://www.inparkmagazine.com/wp-content/uploads/2016/08/issue63small.pdf ![]() ![]() ![]()
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ова тотално го баталија,којзнае дали ќе се сетат некогаш да го прават
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во 2023 година скопјани конечно ќе добијат Забавен парк
Оваа година ќе започне изградбата на долго најавуваниот забавен парк во Скопје, кој би требало да биде ново сврталиште на скопјани, но и на сите посетители на главниот град. Според најавите, во новиот забавен парк ќе има реквизити, но и останати забавни содржини кои ќе бидат примамливи и интересни, не само за децата, туку и за останатите возрасни групи, затоа што е замислен како место за одмор и релаксација на сите членови од семејството. Изградбата на новиот забавен парк, како што информираат од Град Скопје, треба да започне да се реализира оваа година, а проектот ќе биде финансиран од градската каса, односно од Буџетот на Град Скопје за 2021,2022 и 2023 година. -Реализацијата на програмата е предвидено да се одвива фазно во периодот од 2021-2023 година и тоа: проектирање во 2021 година, изградба на инфрастртуктура, супраструктура и објекти во 2021 – 2022 година и набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање: 2021 – 2023 година – стои во Предлог програмата за изменување и дополнување на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање. Како што информираат од Град Скопје, правен основ за донесување на изменување и дополнување на програмата е член 36 од законот за локалната самоуправа (“Службен весник на рм” број 5/02), согласно кој советот е надлежен за донесување на одлуки и Одлуката за проектирање, изградба на Забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање. -Советот на Град Скопје на четириесет и осмата седница, одржана на 29 јануари 2020 година, донесе одлука за задолжување на Град Скопје со заем кај финансиска институција во износ до 766.000.000,00 денари, наменет за проектирање, изградба, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање за забавен парк. Одлуката беше основ Град Скопје да започне постапка за задолжување пред финансиските институции. Со оглед на настаната состојба поврзана со корона вирус, прогласената пандемија од страна на Светската здравствена оргинизација, донесените уредби и мерки од страна на Владата на Република Северена Македонија со цел подршка на економијата и редуцирање на финанските средства Одлуката се укина и средствата за задолжување се пренаменија за изградба и реконструкција на сообраќајници во Град Скопје – стои во образложението на Предлог програмата за изменување и дополнување на Програмата за проектирање, изградба на Забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање. Во истата меѓу другото се вели и дека, со реализацијата на сообраќајниците се добија нови и современи сообраќајници и се даде дополнителна економска помош кај дел од градежните фирми. – Во текот на декември 2020 година, усвоен е Буџетот на Град Скопје за 2021 година, заедно со неговите развојни програми за 2022 и 2023 година, потпрограмата GAA, ставки 480 и 481 предвидено е изработка на проект и изградба на Забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање – велат од Град Скопје. Како што посочуваат градските власти, со изградбата на новиот забавен парк, Скопје ќе добие место за забава какво што нема во радиус од 300 километри и се надеваат дека тој ќе стане нова туристичка атракција. https://www.slobodenpecat.mk/vo-2023-godina-skopjani-konechno-ke-dobijat-zabaven-park/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денеска ќе се распише тендерот за проектирање на Забавниот парк во Скопје, изградбата започнува во септември
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во утринската емисија на ТВ Сител информираше дека денеска Град Скопје распишува тендерот за проектирање на Забавниот парк, додека очекува неговата изградба да започне во септември. Веќе подолго време метрополата нема забавен парк, каде што родители и деца, стари и млади ќе можат да се забавуваат и да ги поминат семејни денови. Во насока на изградба на нов забавен парк, Град Скопје на почетокот на 2020 година донесе одлука за земање заем наменет за изградба на овој забавен парк, но поради новонастанатата состојба поврзана со коронавирусот (ковид-19), оваа одлука се укина и средствата за задолжување се пренаменија за изградба и реконструкција на сообраќајници во градот Скопје. Со новите две измени на одлуките на Советот годинава се предвидува фазно продолжување на реализацијата на овој капитален проект, каде што финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје за 2021, 2022 и 2023 година. Според податоците, забавниот парк ќе има два адреналински, шест семејни и осумнаесет детски реквизити, разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и други забавно-рекреативни содржини. Граѓаните по повеќе од 40 години треба да добијат нов забавен парк. https://faktor.mk/deneska-kje-se-raspishe-tenderot-za-proektiranje-na-zabavniot-park-vo-skopje-izgradbata-zapochnuva-vo-septemvri |
|
![]() |
|
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
![]() Точно темпирано за фалење пред изборите дека изградбата е започната и ќе му треба уште еден мандат на шиле за да го доврши овој историски потфат, играње на иста карта како и претходните градоначалници и така до недоглед - луна паркот буквално треба да се запише во книгите по историја како проект кој никогаш не може да биде завршен ![]() ![]() Edited by mr bombastic - 20-May-2021 at 23:22 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во Скопје ни Луна Парк, ни бутур – допрва ќе се распишува тендер, виновна била короната
Скопје пет години нема Луна Парк. Градот дури сега распиша тендер за основен проект за забавниот парк. Тој ќе биде готов во јули, а за август се најавува дека ќе се распише и тендер за избор на фирма која ќе го гради. За него се планираат околу 12 милиони евра. Доцнењето на изградбата на Луна паркот скопскиот градоначалник Шилегов го гледа во пандемијата, но дури и пред тоа паркот беше под катанец. Ние требаше лани да почнеме со изградбата на забавниот парк, знаете и сами дека тоа се одложи заради пандемијата, сега не можеме така лесно да ги забораваме светските здравствени шокови… Она што треба да го знаат скопјани – и вие медиумите да го знаете, дека ваков тип на инсталации во форма на забавни паркови сè уште не функционираат заради светската пандемија.“ Поранешната локална самоуправа на градоначалникот Коце Трајановски во 2017 почна да го гради новиот луна парк кој требаше да чини 6,5 милини денари. Трајановски тогаш најави 25.000 квадратни метри парк, без да се чепка од зеленилото од Градскиот парк. Но, откако Петре Шилегов ја презеде функцијата ги запре постапките под изговор дека ќе се гради поголем парк. https://alsat.mk/mk/vo-skopje-ni-luna-park-ni-butur-doprva-ke-se-raspishuva-tender-vinovna-bila-koronata/ Edited by stef4o - 04-Jun-2021 at 16:48 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 78910> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |