build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 22-May-2014 at 18:30
Се оформува шеталиштето покрај Брегалница во Штип
Деновиве привршуваат работите на патеката покрај река Брегалница на потегот од мостот кај „Македонија пат", па се до задниот дел на тврдината Исар во Штип. Идната недела ќе стартува поврзувањето на оваа патека, со патеката во населба Осми Ноември.
Досега завршени се 400 метри квадратни од овој дел на шеталиштето, кое до Ново Село има површина 1700 метри квадратни. Овој дел од патеката веднаш ќе биде опремен со урбана опрема, односно канделабри и клупи.

Откако ќе се постави целата пешачка патека, паралелно со неа ќе има велосипедска патека. Проектот предвидува и спортски игралишта, амфитеатар и угостителски објекти. Ова најново шеталиште во Штип хортикултурно ќе биде уредено со дрвја и садници, кои одговараат на просторот и ќе ја спречат ерозијата на земјиштето покрај патеката.
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/10049-2014-05-22-14-05-24
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 30-May-2014 at 09:18
Спроти Папагал зградата..






Извор:Општина Центар

Edited by jyvation - 30-May-2014 at 09:24
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 12-Jun-2014 at 08:55
Пешачката (боемска) улица „Ѓорѓи Пешков“ во Дебар Маало





фото: фејсбук страницата на Општина Центар
За сè има вторпат
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 12-Jun-2014 at 11:18
Убаво што се средуваат ваквите улици, има и уште неколку во ДМ што треба да станат пешачки зони, но не можам да сватам како се вложува толку пари и енергија во партерно уредување, а на околу има кабли и бандери. Врочем, ова е еден поголем проблем за цела МК. Чија надлежност се бандерите? Дали се повеќето за струја, телефон? Чија надлежност е уредувањето на каблите по фасадите?
Барем вака да се средат, (се извинувам за големината на сликата)
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/c3/Pla%C3%A7a_Major,_T%C3%A0rrega-1.JPG

Edited by stratus - 12-Jun-2014 at 11:19
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 12-Jun-2014 at 13:05
Поголемиот дел од каблите се на кабелската телевизија и електричното напојување. Посебно кабелските оператори го унаказија градов со кабли што висат насекаде. Последниве 5 години тоа е многу изразено.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 07-Jul-2014 at 04:51
Нови садници на улица "Ѓорѓи Пешков" Дебар Маало







Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 07-Jul-2014 at 04:52





извор:Општина Центар

Edited by jyvation - 07-Jul-2014 at 04:53
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 16-Jul-2014 at 09:46
„УРБАН ИНВЕСТ“ ЌЕ ЈА ГРАДИ ЕКО-ПАТЕКАТА НА ВАРДАРСКИ РИД

Фирмата „Урбан инвест“ ќе ја уредува еко-патеката на археолошкиот локалитет Вардарски рид кај Гевгелија, како дел од проектот „Промоција на одржлив туризам и заштита на животна средина преку партнерство“,
финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Ова го одлучи комисијата формирана за еваулација на понудите на распишаниот меѓународен тендер.

Во рамките на проектот предвидена е изградба на еко патека на Вардарскиот рид, потоа, изработка на каталог за локалната флора и фауна, брошура за заштита на животната средина и еко туризмот, прекуграничен веб сајт за еко туризам и заштита на животната средина, како и информативни интерактивни табли крај патеката на Вардарскиот рид.
Инаку, еко патека, долга 615 м., ќе се наоѓа на локалитетот Вардарски Рид, и тоа на потегот од јужната страна на локалитетот, продолжува по нагорна линија на исток, како што дозволува конфигурацијата на теренот, потоа се дели на два правци, едниот правец води кон местото на поранешниот споменик, каде што е предвидена кула за набљудување, а другиот правец води кон запад каде се поврзува со постоечката патека. Исто така предвидена е и патека околу археолошките ископини-јужна тераса, до која се стигнува преку постоечкиот скалишен простор.

Општина Гевгелија овој проект го реализира во партнерство со бугарската општина Разлог, а од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Бугарија за реализација на овој проект и се доделени 173.838 евра. По завршувањето на другите тендерки постапки, предвидени со апликацијата, се очекува да започне и изведбата на еко-патеката и поставувањето на информативните табли.

извор: фејсбук страницата на Општина Гевгелија

Edited by Џоле - 16-Jul-2014 at 09:46
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 16-Jul-2014 at 14:02
Се интензивира изградбата на пешачката патека околу Беровското Езеро



После изработката на проектната документација од страна на Општина Берово, со која се аплицираше во Министерството за транспорт и врски на РМ и одобрувањето за финансирање на проектот во висина од 15.865.000 денари, деновиве интензивно се работи на изградбата на велосипедско-пешачка патека околу Беровското Езеро.



Преку ова, Општина Берово заедно со Министерството за транспорт и врски продолжуваат со успешно спроведување на националната стратегијата на Владата на РМ за развој на туризмот во Македонија и местото кое го зазема Берово како една значајна туристичка дестинација во сферата на алтернативниот туризам.



Пешачката патека е поделена на три целини со вкупна должина од 1620 метри и истата е надополнување на туристичките содржини на Берово, преку која ќе се изгради туристичката инфраструктура наменета за пешаците и велосипедистите кои ќе можат да уживаат во убавините на природните предели од флора и фауна околу Беровското Езеро.



Крајбрежна патека, пешачка и велосипедска е во должина од 1335 метри, и истата се протега од зградата на кајакарското друштво до мостот или ѕидот на браната. Таа е во широчина од 3,5 метри и 2,5 метри на места каде е непосредно до езерото.

Предвидено е и изградба на скали во должина од 140 метри на мошне стрмен терен, кои водат од обиколната патека кај ѕидот на браната до резервоарот за вода на хотелскиот комплекс Аурора, непосредно до претседателскиот апартман. Скалите се во ширина од 1,5 метар со ограда од едната страна.



Третата патека која е во должина од 205 метри и ширина од 3,5 метра, води од резервоарот на Аурора до одмаралиштето Младост.

Пешачката патека ќе биде осветлена по целата должина со канделабри, урбана опрема (клупи за одмор, корпи за отпадоци), проширени одмаралишта со пропратни содржини, клупи и маси, 8 подѕидани и обезбедени места за скара, настрешници и павилјони за сенка.



Проектот е планиран да се заврши во наредните 6 месеци.







http://berovodenes.mk/se-intenzivira-izgradbata-na-pesackata-pateka-okolu-berovskoto-ezero/
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 25-Jul-2014 at 20:01

Интензивно ќе се уредува коритото на река Отиња во Штип

» петок, 25 јули 2014 17:00 » Зоран Зарински
Е-поштаПечатиPDF
m-otinaПроектот за уредување на коритото на река Отиња за Општина Штип е главен приоритет. Работите околу уредувањето на потегот пред општинската зграда до црквата „Свети Никола“ се одвиваат по планот.

- „Се работи интензивно и овој дел ќе биде интересно уреден, а ќе има и сличен мост како кај уредениот дел. До догодина на лето, ако се оди по планот, штипјани ќе го видат коритото на Отиња комплетно уредено со нов лик“, вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Во меѓувреме ќе се работи и на формирањето на останатите планирани платформи за паркирање на автомобили, кои се дел од проектот за Уредување на коритото на река Отиња.

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/10568-2014-07-25-13-05-07

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 25-Jul-2014 at 20:04

Паланка гради нов плоштад, место за нови споменици

јули 25, 2014 17:20
Паланка%20гради%20нов%20плоштад,%20место%20за%20нови%20споменици
Категорија:
Македонија
1%20Star2%20Stars3%20Stars4%20Stars5%20Stars (Нема гласови)
Објавено: јули 25, 2014 во 17:20
Вкупно: 43 прегледи



Во тек се завршните градежни активности околу реализацијата на проектот „Изградба на плоштад со партерно уредување“ со кој се опфаќа оформување на јавниот простор пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка, со вкупна површина од 750 метри квадратни. Плоштадот „Карпошово востание“ се уредува со 90% од светол гранит и 10% од темен гранит, а на кој блесна симболот Сонце од Вергина изработен од црвен и светло кафеав гранит.
Вредноста на проектот за партерното уредување е 17.869.920,00 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралениот развој и Буџетот на општината. Изведувач на градежните работи од проектот е фирмата Цвет Компани, ДООЕЛ, Скопје.

http://www.bezpardon.mk/palanka-gradi-nov-ploshtad-mesto-za-novi-spomenitsi/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 01-Aug-2014 at 10:18
Новиот плоштад во Пехчево

За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 02-Aug-2014 at 08:26
При крај се со поплочувањето на ул."Ѓорѓи Пешков" или т.н боемска улица.




извор:Општина Центар
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12978
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 10-Aug-2014 at 14:14
Се отвора нов пат и шеталиште на кејот на река Пена зад Тетовската болница
Пс: сликано од стариот камен мост



фото (од 6 август): Дарко Гавро
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 12-Sep-2014 at 15:48
Боемската улица "Ѓорѓи Пешков" во Дебар Маало










извор:Општина Центар
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 13-Sep-2014 at 15:30
Ова со садење на веќе развиени дрва ми личи како добра идеа, со оглед дека младите дрвца најчесто веднаш се уништуваат. Веројатно е доста поскапо но барем за централни делови од градовите мислам дека е добро решение.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 13-Sep-2014 at 17:05
Урбаната опрема е феијл, дрвата се најдоброто нешто што го имам видено од градоначалник во МК и зафатот трае многу долго за толку мала уличка...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 13-Sep-2014 at 17:29
За опремата се согласувам. Личи на децка градинка а темата е Боемска улица. Незнам што има боемски во исфарбани даски во милион бои. Но да заврши реконструкцијата па да видиме како ќе личи.
Back to Top
WhyNot View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Jan-2014
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote WhyNot Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 13-Sep-2014 at 18:55
улицата викаа дека ќе се потрудат да биде готова пред почетокот на Светското (фудбал, не кошарка) за да не им се намали профитот на гостилниците... ама сепак не би требало да се бунат ако гледаат долгорочно
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 14-Sep-2014 at 00:03
Пешачка патека околу езерото Младост



Edited by jyvation - 14-Sep-2014 at 00:04
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.