build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 732
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 16-Mar-2015 at 18:43
Битно е да се кажи дека е направено, а како и не е толку битно.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 17-Mar-2015 at 00:34
Originally posted by kultuzin

Во Германија има нешто што се вика проверка пред пуштање во употреба или кај нас познато како АТест или технички прием. Како што гледам во овој и во уште милион други случаи ова процедура не постои. Ваквите работи мора да се регулурат. Зошто во случај некој да се повреди на пример кој би бил виновен? Ова е еден мал пример за еден голем проблем кој час побрзо треба да биде решен.


Култузин, кај нас ретко што добива добар и доброиздржан технички прием. Нека не ми замерува Ѓоко ама поголем дел на станбените а и комерцијалните објекти до некаде не верувам дека би поминале во Германија на технички прием за противпожарна безбедност. Да не забораваме дека ради таков проблеми со години се одложува и преработува новиот аеродром во Берлин.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 17-Mar-2015 at 00:50
Кај нас со регулаторната гиљотина ПП заштитата е сведена на минимум.Тоа е добро за намалување на бројот на чекори до градежна дозвола,а лошо за самата сигурност на самите објекти.

на времето им баравме атест за издрживост на примерок од бетонот од најмалку 2 часа озложеност на пожар,а сега не се бара ни обичен ППЗ проект.

верувам дека кога ќе се случат катастрофални несреќи(за жал ќе бидат неминовни),ќе се преразгледува законската регулатива
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 19-Mar-2015 at 22:08
За прв пат во Скопје

Министерството за труд и социјална политика ги гради двете дактилни патеки за слепи лица од кои едната ќе биде на потегот од Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ до плоштадот Македонија, а другата од Зоолошката градина, преку тениските терени, до фонтаната „Лотосов цвет“.



Од надлежното министерство не откриваат која е фирмата што ги изведува работите. Единствено што одговорија дека се работи за македонска компанија избрана на јавна набавка. Двете патеки, според Министерството, ќе бидат готови до крајот на неделава, зависно од временските услови.

Како што пишува Дневник дактилните патеки се изработени од рапава гумена површина и служат за олеснето движење на слепите лица, но и за подигнување на свесноста на целото општество за нивните потреби. Со овој проект, според надлежните, на слепите ќе им се овозможи полесно да ги завршат своите обврски, посоодветен пристап до јавните институции и поголема интеграција во општествениот живот.

Освен во Скопје, Министерството за труд и социјална политика годинава има план да гради вакви дактилни патеки за слепи лица во Битола и во Охрид.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/2144788728/za-prv-pat-vo-skopje-foto

Edited by jyvation - 19-Mar-2015 at 22:08
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 19-Mar-2015 at 22:42
Ги поздравувам напорите и за луѓето со инвалидитет да се обезбедат подобри услови за нивно нормално функционирање. Сепак никогаш не сум подржувал и нема да подржам вакви ИНСТАНТ акции. Нешто слично како што се прави со велосипедските патеки, без никаков концепт , стратегија, визија. Да се надеваме дека ова е некој симболичен почеток и дака во иднина сите нови тротоари уште од старт ќе се градат со плочки кои имат риги а не вакво лепење од одозгора. 
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 19-Mar-2015 at 22:47
Првин треба на секоја раскрсница да се спуштат тротоарите со рампи за да можат лицата со инвалидски колички, родителите со детски колички, како и велосипедистите нормално да се симнат од тротоарот на улицата, а не мака да мачат при симнување. Не ми се верува што во 2015 година ние уште тоа не сме го решиле.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 19-Mar-2015 at 22:58
Originally posted by Џоле

Првин треба на секоја раскрсница да се спуштат тротоарите со рампи за да можат лицата со инвалидски колички, родителите со детски колички, како и велосипедистите нормално да се симнат од тротоарот на улицата, а не мака да мачат при симнување. Не ми се верува што во 2015 година ние уште тоа не сме го решиле.


Не само што го немаме туку и најновите тротоари што се прават се со рабници од минимум 15 милиметри. За жал нашите градежни компании и покрај тоа што имат огромно искуство , пари и договори за работа сеуште градат како пред 40 години. Нема никаков развој, рабници исти, бележење на патиштата рачно, сеуште лопатата е главен алат, незнаат една шахта да нивелират а бекатон точката сеуште се смета како ВРВНО и незаменливо достигнување. А сето тоа е резултат на нашиот образовен систем кој не учи да копираме и да учиме на памет. Затоа нема развој.
Да се вратам на темата. За се што се прави во било која струка прво и основно е да се изгради една стратегија и крајна цел и сето тоа преку пидржување до некој начела и норми да се оствари. Скопје сеуште нема стратегија за велосипеди. Иако веќе десетина години се прават некој си патеки сетоа тоа е стоење во место. Без стратегиска заложба нема ништо. Ете како што тргнале и со патеките за слепи на добар пат се тоа да се повтори.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 20-Mar-2015 at 13:07
Денеска поминав карши собрание, веќе видов две од овие портокалови ленти откачени и фрлени на страна. Не е ни чудно бидејќи се толку провизорно наместени, со мало штрафче во подлогата. Брука, ова е исмевање на слепите лица.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 20-Mar-2015 at 13:11
Originally posted by Petar Skopje

Денеска поминав карши собрание, веќе видов две од овие портокалови ленти откачени и фрлени на страна. Не е ни чудно бидејќи се толку провизорно наместени, со мало штрафче во подлогата. Брука, ова е исмевање на слепите лица.

Ако некој поминува одтаму нека фотографира. Ќе пратиме фотографии до надлежните.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 21-Mar-2015 at 22:40
единствено не ми е јасно зошто мора патекиве да бидат во таква дреч боја
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 823
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 21-Mar-2015 at 23:25
Бидејќи се за слепи но и лица со оштетен вид кои гледаат само форми со јаки контрасти.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 25-Mar-2015 at 12:21
ПЛОЧКИТЕ НА НИКОЛА ВАПЦАРОВ МОЗАИК

Секојдневно на улицата влегуваат и излегуваат градежни возила за реконструкција на фасадите. Новите плочки, со кои беше поплочена улицата при нејзиното реконструирање пред четири години, се распукани и искршени.

Плочникот на улицата Никола Вапцаров е уништен. Сите плочки се распукани и искршени, иако од реконструкција се поминати одвај четири години. Секојдневно на улицата влегуваат и излегуваат градежни возила за реконструкција на фасадите па плочникот на европската улица, како што ја нарекоа надлежните од Општина Центар при нејзината реконструкција, е претворен во мозаик.
Освен искршениот плочник, среде улицата поставена е импровизирана куќарка за потребите на градежните работници. И оној малку простор кој е оставен од градилиштата за фасадите на зградите е узурпиран од паркирани возила.
Од Општина Центар велат дека ќе бараат од инвеститорот да ги санира штетите на улицата.
"Инспекција на Општина Центар ќе излезе на терен да ја утврди фактичката состојба на улицата Никола Вапцаров.



Откако ќе се констатира оштетување на плочникот, ќе се задолжи инвеститорот локацијата да ја врати во првобитна положба, согласно правилникот за ископи кој го донесовме", велат од кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски.
Од Град Скопје, кој ги врши градежните работи за обнова на фасадите, велат дека реконструкцијата на фасадите на улицата Никола Вапцаров се реализира согласно сообраќајни решенија за пристап до градилиштето во сите фази од реализацијата на проектот. На крајот од реконструкцијата на фасадите ќе се изврши и корекција на оштетените делови од плочникот.
Улицата Никола Вапцаров беше реконструирана пред четири. Кога Општина Центар ја реновираше улицата, најави дека таа ќе стане најубава пешачка зона во центарот на градот, со европски лик. Поплочена е со природни гранитни коцки, а пешачките патеки со природен гранит. Покрај пешачките патеки засадени се јапонски цреши, има ново осветление, клупи и корпи за отпадоци. Тогаш надлежните најавија дека ќе биде дозволен пристап само за возила кои носат стока и за колите на станарите на околните згради за пристап до паркингот.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=9805121C0E2D4547938CDC53E4D41299
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 25-Mar-2015 at 14:02
Не знам како ќе се покажат плочките на Жерновски на Боемска улица, за кои се крена толку многу прашина поради тоа што беа поскапи во споредба со овие на Тодоровиќ (споредбата ја правеа валстодршците), чиј век на траење беа мизерни 6 месеци. Но важно се поевтини...

Не верувам дека инвеститорот избран од претходната гарнитура воопшто ќе сноси некаква одговорност поради тоа што ја упропастува средината.

Инаку оваа улица е целосно уништена. После нецели 4 години од реконструкцијата, повторно има потреба за нова речиси целосна реконструкција. Целата урбана опрема е дотраена. Оние жардиниери кои се со вградено наводнување се исто така уништени, дел од возила, дел од кретени. Пред две недели, вандали ги имаа откорнато и дрвата од истите и сите беа расфрлани по улицата.

Edited by Teglarot - 25-Mar-2015 at 20:58
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 25-Mar-2015 at 17:53
Колку и да ја средуваат улицава тука живеат луѓе во овие згради.Има рампа само не се гледа баш на сликава и во средината има голем паркинг.Не гледам каде на друго место би ги паркирале коливе луѓево.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 25-Mar-2015 at 18:04
Мислам дека Урбан инвест е фирмата која ги правеше поголемиот дел од пешачките улици и површини во потесното централно подрачје. Денес речиси и да нема здрава плочка. Или квалитетот на плочките е слаб, или народот е стока и не чува ништо, а можеби и обете работи заедно. Едно е сигурно - дадени се пари, добиено е срање.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 12-Apr-2015 at 18:44
Во чаир, улица 192 кај бит пазар и албанскиот театар
Штета што инсталациите не ги средиле како и да е, симпатично изгледа. Ќе биде осветлен и ќе биде забрането преку ден за коли а навечер би било можно да е сервисна улица.
Се најави дека деталниот план на чаир е скоро готва и ПАЗАРОТ конечно би почнал да се гради!



Edited by my Macedonia - 12-Apr-2015 at 18:50
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 12-Apr-2015 at 18:48
кога го правеле ова ? Штета за инсталациите...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12981
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 12-Apr-2015 at 19:25
Ова е еден вид продолжение на малото плоштадче што пред неколку години се изгради тука. Гледам, и улицата е поплочена на ист начин како и плоштадчето. Претходно беше целосно закрчена улица, полна со ѓубре и со сешто. Ме радува ако се среди овој простор, иако сум скептичен околу одржувањето на чистотата, зашто пазарот е тука, а има и многу диви продавачи наоколу.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 12-Apr-2015 at 19:37
Ako dobro razbrav denes Gradonacalnikot na Cair kaza deka ovaa ulica ke bila zabraneta za vozila i zastitena so hidraulicni stolbovi.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 12-Apr-2015 at 19:59
Da samo preku den
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.