![]() |
![]() |
![]() |
Пешачки зони и помали плоштади (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 58> |
Author | |
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Беровското езеро со нова содржина – пешачка патека
Посетителите на Беровското езеро во иднина ќе можат да уживаат во своите прошетки на новоизградената пешачко – велосипедска патека. Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Берово инвестираа во изградба на патеката, која со својата должина од 1.680 метри го обиколува езерото на потегот од трупот на хидроакумулацијата до објектот на кајакарскиот клуб. Таа е со ширина од 2,5 до 3,5 метри, со осум проширени простори со настрешници, канделабри, павилјони за скара, корпи за отпадоци и клупи за одмор. Долж целата патека е поставено осветлување. Министерството од својот буџет за оваа намена издвои 16 милиони денари. ![]() Градежните работи за изведба на пешачко – велосипедската патека ги реализираше фирмата „Стоименов“ од Кочани. Идејата за проектот беше обелоденета во првата половина од минатата година, а неговата реализација е во функција на натамошен развој на туризмот во беровскиот регион. http://www.build.mk/?p=44751 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() kurir.mk |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Кејот во струга (од фб)
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Општина Охрид сама ќе изработи идејно решение за Кејот „Македонија“
Локалната самоуправа од Охрид самата ќе го определи идниот изглед на Кејот „Македонија“, кој се протега во центарот на градот долж езерото. Неодамнешниот архитектонски Конкурс за избор на идејни решенија заврши неуспешно, a од општина Охрид образложуваат дека доставените авторски трудови од жири – комисијата се отфрлени како мегаломански. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека при изработката на идејното решение за Кејот „Македонија“ ќе се внимава за да не се наруши природниот еко – систем на Охридското езеро. ![]() Од охридската локална самоуправа напоменуваат дека тие во моментов го изработуваат идејниот и основниот проект и по неговото завршување ќе се знае крајната цена на зафатот и кога ќе почне неговата реализација. Општина Охрид го објави Конкурсот за партерно и хортикултурно уредување на Кејот „Македонија“ кон крајот на октомври минатата година. http://www.build.mk/?p=44785 Edited by jyvation - 10-Jun-2015 at 08:33 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Втора фаза од реконструкцијата на градскиот плоштад во Прилеп
Прилепската локална самоуправа склучи договор со фирмата „Кринг – КГ“ од Прилеп за изведба на втората фаза од архитектонското и партерното уредување на плоштадот Методија Андонов – Ченто во центарот на градот. Со целосното комплетирање на проектот се предвидува градскиот плоштад да заземе површина од 8.000 метри квадратни, во чии рамки ќе влезе нова и поголема зелена површина. Партерното уредување подразбира поставување на нови плочки, урбана опрема и осветлување на јавниот простор. Рокот за реализација е една година. ![]() Од локалниот буџет за спроведување на втората фаза од реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов – Ченто се алоцирани 3.396.317 денари. Градежниот зафат за уредување на градскиот плоштад е инициран од општина Прилеп и истиот се одвива веќе речиси четири години. http://www.build.mk/?p=44850 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Четирите плоштади ќе бидат готови до есен
Во текот на изминатиот месец градот почна со финалното партерно уредување на плоштадот пред црквата „Пресвета Богородица“ ![]() ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ За околу два месеца пред храмот „Пресвета Богородица“ скопјани ќе добијат уште еден уникатен урбан плоштад, каде што ќе можат да се рекреираат и да одмораат. Некогашното место, кое само асоцираше на руина, ќе стане плоштадна површина од околу 5.500 квадратни метри. Последниве месеци интензивно се работи на улицата пред црквата, која досега беше синоним за хаос и страв во ноќните часови. СЀ ШТО Е ПОЧНАТО МОРА ДА СЕ ЗАВРШИ Во текот на изминатиот месец градот почна со финално партерно уредување на плоштадот пред црквата „Пресвета Богородица“. Уште пред да почнат со работите беа отстранети некои од дотраените коцки на патот, кои ќе бидат заменети со нови. - Со овој проект е предвидено да се уреди партерот пред црквата. Ќе се докомплетира урбаната опрема, како што се клупи за седење, канти за отпадоци, чешмички за вода, зеленилото и ќе се постават нова инсталација и осветлување - информираат од градот. Проектот, во согласност со спроведената постапка за избор на изведувач, ќе го реализира фирмата „Урбанинвест“ и треба да заврши во рок од 60 календарски дена од денот на воведување на изведувачот во работите. - Вкупната вредност на изведените работи изнесува 29 милиони денари плус данок на додадена вредност. Со реализацијата на овој проект ќе се добие нов плоштад, со површина од околу 5.500 квадратни метри - велат градските власти. Додека едни со возбуда го очекуваат отворањето на новата урбана површина, други револтирано велат дека градежните работи што се одвиваат низ метрополата претставуваат само пречка за граѓаните што секојдневно брзаат да ги извршуваат своите активности. Затворената улица кај црквата „Богородица“, според минувачите, го отежнува движењето на пешаците, но сепак велат дека добро е што конечно тој дел од градот ќе се уреди. - И покрај тоа што целиот тој потег е раскопан, ние не се откажуваме, па минуваме низ правливата улица. Сепак кога веќе нешто е почнато, мора и да се заврши, па ќе бидеме трпеливи. Единствено позитивно е тоа што местото навистина ќе биде убаво уредено и ќе личи на едно посебно катче во центарот на градот - вели Данче Т., редовна посетителка на црквата. СЕ РАБОТИ УШТЕ НА ТРИ ПЛОШТАДИ Градежните работи што неколку месеци се одвиваат на плоштадот „Македонија“ сѐ уште се во тек. Изградбата на таканаречената „сува фонтана“, позната како „џампинг џет“, се реализира, а во моментов се работи на формирањето на партерната површина. - Се работи и на фонтаната, која ќе биде со правоаголна форма, со димензии 20 на десет метри и ќе претставува вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито ќе биде изработена од светлосиви гранитни плочи, со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри - информираат од градот. Што се однесува до партерот, неговата реконструкција ќе се одвива етапно за да се овозможи непречено движење на пешаците во текот на градежните работи. - Фиксно оградено градилиште ќе се формира околу просторот за новата површинска фонтана, а другите делови ќе се обновуваат во фази. Покрај овие работи, ќе се работи и на инсталациите и осветлувањето на фонтаната и уредувањето на машинската хала за фонтаната - велат градските власти. Овој проект чини околу 150 милиони денари, а градежните работи ќе завршат до крајот на летото. Работите на плоштадот „ВМРО“ се реализираат во согласност со предвидената динамика. Во моментов паралелно се работи на уредувањето на партерот, изградбата на коритото за фонтаната, а ќе се почне и со уредувањето на сервисната сообраќајница, која ќе го поврзува плоштадот со главната улица. - Улицата ќе има двоен карактер, како пешачки пристап, но ќе може да се пристапува и со моторни возила. Улицата ќе има површина од 1.300 квадратни метри и ќе оди од влезот кај „Палома Бјанка“ до плоштадот - велат од градот. Градежните активности на плоштадот „Филип Втори“ исто така се во тек. Со проектот ќе се доуредува просторот околу црквата и Музејот на холокаустот на оваа локација. - Со партерното уредување, целта е да се создаде осмислен отворен простор, оформен како локален плоштад, кој во себе ќе прими различни содржини и ќе стане дел од животите на луѓето што гравитираат во тој дел на градот - информираат градските власти. Овој простор ќе има три дела. На околу 5.000 квадратни метри ќе се оформат партерни површини со пешачки патеки, ќе се направи зелена површина со ниски и високи садници и ќе има површина со клупи и канти за отпадоци. Целиот простор ќе биде осветлен со јавно осветлување, кое ќе се совпаѓа со осветлувањето на плоштадот „Филип Втори“. - За овој градежен зафат, цената за изведба на дооформувањето на јавниот простор кај црквата „Св. Димитрија“ изнесува околу 16 милиони денари без данок на додадена вредност - додаваат оттаму. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61215100163&id=14&prilog=0&setIzdanie=23490 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Ќе се гради плоштад во Бардовци
Плоштад, детско игралиште, поставување урбана опрема и хортикултурно уредување на просторот меѓу улицата 12 и 18 во Бардовци ќе биде приоритетен проект на Општината Kарпош. Со овој проект, како и со уште два, еден за реконструкција на пет, а друг за уште седум улици во Бардовци, Општината ќе конкурира за добивање пари пред Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. - Огласот трае до 15 јуни и ако ни бидат одобрени средства, проектот ќе се реализира. Плоштадот ќе биде кај игралиштето во Бардовци и ќе биде наменет за собирање на жителите. Ќе биде поставена урбана опрема, клупи и чешма - објаснуваат од Општината Kарпош, потенцирајќи дека повеќе информации ќе кажат ако им бидат одобрени средствата. - Се уште не можеме да дадеме детаљни информации за реконструкција на улиците и плоштадот во Бардовци. Ние аплицираме, а агенцијата потоа одлучува за висината на финансиите - велат од Kарпош. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1225826810/ke-se-gradi-plostad-vo-bardovci |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ОД ВРУТОК ДО ГОСТИВАР
![]() Во близина на болницата во Гостивар започна изградба на модерна пешачка патека која ќе ги направи изворите на Вардар подостапни за туристите. Според предвиденото, новата патека ќе минува по течението на Вардар, од изворот па сe до градскиот парк со должина од близу десет километри. Гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, денеска на свеченоста нагласи дека овој проект покрај туристичката компонента ќе им користи и на граѓаните кои се грижат за сопственото здравје. - Овој проект во значителна мера ќе им помогне на граѓаните да поминуваат повеќе време во природа и да го подбруваат здравјето. Та се работи според високи европски стандарди и ќе биде многу значаен инфрструктурен проект, рече Невзат Бејта градоначалник на општина Гостивар. Новиот инфраструктурен зафат е дел од првиот проект од ИПА фондовите за прекугранична соработка Македонија - Косово кој започна лани. Неговата вредност изнесува 276 илјади евра. Како партнер на општина Гостивар е косовската општина Драгаш. Патеката ќе биде комплетно поплочена, со осветлување, одморалишта, видиковец, информативни табли кои ќе им бидат од корист на рекреативците и туристите. http://www.utrinski.mk/?ItemID=2756A868FC8CC24F8E6DFCD691470584 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Нигде не пишува дали патеката ке биде погодна и за велосипеди, што секако би било многу логично. Инаку секоја чест за идеата и почетокот на реализација на истата.
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Кејот во струга при крај
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Почна санирањето на оштетените гранитни плочки
![]() Почна санирањето на оштетените гранитни плочки. Денеска нови плочки на местото на искршените се поставуваа на улицата „Јосиф Јосифовски“. Со санацијата ќе бидат опфатени и делови со оштетени плочки на плоштадот „Гоце Делчев“. ![]() ![]() strumicadenes.mk |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
И во Охрид се следи стилот на „Скопје 2014“?
Декорирани канделабри во златна боја никнаа на новото шеталиште на брегот на Охридското езеро. Идентичното осветлување што се поставува на скопските плоштади изградени преку владиниот проект „Скопје 2014“ започна да се поставува и низ Охрид. Локалната самоуправа деновиве ја привршува изведбата на новата пешачка и велосипедска патека, на потегот од каналот Студенчишта до месноста „Свети Стефан“. Должината на новото шеталиште во моментов изнесува 210 метри, но општина Охрид во наредниот период планира истото да го продолжи кон некогашниот хотел „Парк“. ![]() Новата охридска променада започна да се гради пред четири месеци. Градежните работи ги изведуваат фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевското село Длапкин дол. Општината за овој проект одвои 6.781.307 денари, односно околу 110 илјади евра. Покрај пешаците, идното шеталиште ќе можат да го користат велосипедисти и ролерџии. Деновиве ЈП „Нискоградба“ завршува со бојадисување на асфалтот што е предвиден за велосипедската патека, додека ЈП „Проаква“ ги монтира предвидените фонтани. Со изведбата на шеталиштето се навлегува во територијата на Студенчишкото блато, кое со патеката физички се одвојува од самото езеро. Екологистите и невладините организации од земјава веќе неколку пати предупредија за опасноста од уништување на блатото со градежните проекти, што е предвидено допрва да се реализираат на овој терен. Имено, на просторот на Студенчишкото блато е зацртано да се гради марина, но и луксузна населба. За да се спречи ваквата изградба, еколошките организации во моментов собираат потписи на петицијата за спас на Охридското езеро. http://www.build.mk/?p=45192 |
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
Многу ме интересира како тоа поплочување на веќе постоечка патека (див паркинг) со бекатон, физички го одвојува блатото од езерото ?
Edited by mackomk - 03-Jul-2015 at 09:22 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
I posle drzavata e kriva. Na vakov neciviliziran narod nisto ne e za pravenje. Ni eden den e e patekata a vednas motorcinja se vozat, pesacite kako zinaet da odat po velosipedskite pateki a velosipedistite po pesackite. CORA, KASHA, SLIKA i PRILIKA za nasiot mentalitet. |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Ќе се менуваат плочките на патеките во Општина Аеродром
Општина Аеродром деновиве врши менување на плочките на патеките меѓу зградите на целата територија на општината, кои што им задаваа проблеми на граѓаните поради вдлабнатини и насобрана вода од дождовите. -Исто така, на сите критични места како што се влезови во пешачка зона, пристап кон пешачки патеки, тротоари или јавно зеленило, ќе се постават заштитни столпчиња. На тој начин ќе се заштитат овие драгоцени зони за пешаците од непрописно паркирање на возила, а воедно и апелираме на поголема совесност од граѓаните во однос на ова прашање, се вели во соопштението на Општина Аеродром. http://www.skopjeinfo.mk/opstini/52627289/ke-se-menuvaat-plockite-na-patekite-vo-opstina-aerodrom |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Ќе се градат уште 420 метри од пешачката патека кон Горица
![]() Градежните зафати на пешачката патека која води до Горица во Охрид ќе продолжат по завршувањето на летната туристичка сезона. Досега се изградени 210 метри, а од наесен е предвидено да се доизградат уште 420 метри, информира градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пишува OhridNews. Две третини од средствата се обезбедени од општинскиот буџет, а останатиот дел преку гранд од ИПА програмата, односно проектот за прекугранична соработка . Наредната година ќе се доизгради и останатиот дел од патеката чија вкупна должина ќе изнесува 1200 метри. http://www.porta3.mk/kje-se-gradat-ushte-420-metri-od-peshachkata-pateka-kon-gorica/ |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Да направиме некој протест или петиција да не стават сиво-розев(о-жолт) бекатон и тука? |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Opstina Cair
![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 58> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |