build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4546474849 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #921 Posted: 02-May-2020 at 00:27
Originally posted by <Fresno>

Дефинитивно. Инаку баш убаво се гледа на последната слика каква катастрофа ќе беше тој објект, а и каков непотребен чир е Лумикс.
никогаш не ја разбрав омразата спрема Лумикс, освен тоа што нема никаква функција, нема други маани
за свое време е доста добро просторно вклопен и не ја следи традицијата на транзициони торти
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote David Quote  Post ReplyReply #922 Posted: 02-May-2020 at 07:25
Па по таа логика и за шпанските скали немаше да го сфатиш хејтот ? И тие ќе немаа никаква функција,и немаше да им биде место таму,исто ко што на Лумикс не му е место на плоштад. Се надевам ќе го отстранат тој буквален чир,што поскоро,нека се трампаат,обештетат,наместат тендери во надомест,не ми е гајле тоа нешто е страшно непотребно.

Инаку за скаливе некако не би се радувал пред време,не верувам да тера ПР Петре со оглед на неговите секојдневни глупости нема ПР што ќе го оправи а и тоа што сите знаат дека ск2014 е завршен и како таков недограден ќе остане да чмае дури и да се смени власта,не дека ќе се градат шпански скали ама ако е во приватна сопственост и го оставиле само тој дел непополочен....
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4698
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #923 Posted: 02-May-2020 at 09:54
Originally posted by David

Па по таа логика и за шпанските скали немаше да го сфатиш хејтот ? И тие ќе немаа никаква функција,и немаше да им биде место таму,исто ко што на Лумикс не му е место на плоштад. Се надевам ќе го отстранат тој буквален чир,што поскоро,нека се трампаат,обештетат,наместат тендери во надомест,не ми е гајле тоа нешто е страшно непотребно.

Инаку за скаливе некако не би се радувал пред време,не верувам да тера ПР Петре со оглед на неговите секојдневни глупости нема ПР што ќе го оправи а и тоа што сите знаат дека ск2014 е завршен и како таков недограден ќе остане да чмае дури и да се смени власта,не дека ќе се градат шпански скали ама ако е во приватна сопственост и го оставиле само тој дел непополочен....


Straight from the VMRO handbook.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote David Quote  Post ReplyReply #924 Posted: 02-May-2020 at 10:44
Originally posted by гитардемон

   

Straight from the VMRO handbook.

Тешки психички проблеми имаш ти бате.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4698
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #925 Posted: 02-May-2020 at 11:03
Сакаш да ти ги покажам сите твои постови уназад или свесен си што точно постираш? Партиски мегафони како тебе сме имале безброј во овие 12 години на форумот. Тука сме за дискусија, не за лепење плакати.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #926 Posted: 03-May-2020 at 01:52
Originally posted by David

Па по таа логика и за шпанските скали немаше да го сфатиш хејтот ? И тие ќе немаа никаква функција,и немаше да им биде место таму,исто ко што на Лумикс не му е место на плоштад. Се надевам ќе го отстранат тој буквален чир,што поскоро,нека се трампаат,обештетат,наместат тендери во надомест,не ми е гајле тоа нешто е страшно непотребно.

Инаку за скаливе некако не би се радувал пред време,не верувам да тера ПР Петре со оглед на неговите секојдневни глупости нема ПР што ќе го оправи а и тоа што сите знаат дека ск2014 е завршен и како таков недограден ќе остане да чмае дури и да се смени власта,не дека ќе се градат шпански скали ама ако е во приватна сопственост и го оставиле само тој дел непополочен....
сакам да кажам дека со оглед на тоа што ете некој решил да го стави таму, архитектите максимално се потрудиле да го вклопат во просторот волуменски и да му дадат карактер со дизајнот на спајалица
шпанските скали не само што не беа скали, туку беа огромен објект кој не ги почитуваше ни линиите на улиците кои се слеваат во плоштадот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12962
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #927 Posted: 06-May-2020 at 11:39
Originally posted by Џоле

А можат барем трева да посадат, тоа не чини многу, а визуелно ќе смени доста,


Насадена е трева на делот што остана недовршен пред Лумикс.
За сè има вторпат
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #928 Posted: 06-May-2020 at 11:43
I drvce da bocnat ne e strasno ali ke smeni mn trevata, ke moze da gi trgnat i zastitnite tarabi. Kako i da e so trevniceto ke mn poubavo od ulicite iskrseni sto stoea.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #929 Posted: 06-May-2020 at 13:42
Зазелене просторот пред ГТЦ и Лумикс







Просторот пред влезот во Градскиот трговски центар и пред трговскиот центар „Лумикс“ денеска осамна со трева.

Овој простор кој претставува приватна парцела беше раскопан, го нагрдуваше плошадот „Македонија“ и е заграден со ограда, но веќе од денеска личи на убав зелен тепих.
Ова државно земјиште за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше продадено на албанската фирма „Амадеус груп“, која тука требаше да ги гради т.н. „Шпански скали“
Инаку, слободен е просторот за движење пред ГТЦ и Портата откако пред осум месеци започна реконструкцијата и менувањето на изгледот на овој цел на центарот на градот. Засадени се дрвја, поставени клупи и корпи за отпадоци, а кај Портата поставени се хидраулични столпчиња, за да се спречи влез на автомобили на Плоштадот Македонија.

https://www.vecer.press/зазелене-просторот-пред-гтц-и-лумикс/

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #930 Posted: 06-May-2020 at 15:19
Ова не е посадена трева, туку се донесени парчиња трева со се земјата (grass turfs) како што прават во богати домови или при репарација на фудбалски стадиони. Ах бе што ти се вика богата држава еј, немаме време да чекаме трева да порасни кога парите не се проблем.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4698
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #931 Posted: 06-May-2020 at 16:26
Originally posted by ironm

Ова не е посадена трева, туку се донесени парчиња трева со се земјата (grass turfs) како што прават во богати домови или при репарација на фудбалски стадиони. Ах бе што ти се вика богата држава еј, немаме време да чекаме трева да порасни кога парите не се проблем.


Не е до толку скапо де Можеле некоја грмушка или цвеќе да посадат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 652
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #932 Posted: 06-May-2020 at 17:16
Originally posted by zabegan

никогаш не ја разбрав омразата спрема Лумикс, освен тоа што нема никаква функција, нема други маани
за свое време е доста добро просторно вклопен и не ја следи традицијата на транзициони торти

Не се сложувам дека е вклопен. Тоа се гледа на последната слика, како и во ДУП-от. Коридиорот пред ГТЦ е стеснет, во спротивно ќе требало тој објект да е триаголник. Но воопшто не треба никаков објект на тој простор, прво затоа што подобро би било да има некаков парк (со заокружување на плоштадот со Мериот и Официрски, плоштадот нема пристап до зелена површина), а второ го сокрива ЕВН непотребно.

Функционалниот аспект може и ќе се реши, но мене ни естетски ми нема вредност, можеби поради материјалите кои денес веќе изгледаат некако транзициски.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #933 Posted: 07-May-2020 at 02:09
Originally posted by <Fresno>

Originally posted by zabegan

никогаш не ја разбрав омразата спрема Лумикс, освен тоа што нема никаква функција, нема други маани
за свое време е доста добро просторно вклопен и не ја следи традицијата на транзициони торти

Не се сложувам дека е вклопен. Тоа се гледа на последната слика, како и во ДУП-от. Коридиорот пред ГТЦ е стеснет, во спротивно ќе требало тој објект да е триаголник. Но воопшто не треба никаков објект на тој простор, прво затоа што подобро би било да има некаков парк (со заокружување на плоштадот со Мериот и Официрски, плоштадот нема пристап до зелена површина), а второ го сокрива ЕВН непотребно.

Функционалниот аспект може и ќе се реши, но мене ни естетски ми нема вредност, можеби поради материјалите кои денес веќе изгледаат некако транзициски.
се согласувам дека имало далеку подобри опции од тоа што го имаме денес, ама дека е вклопен, вклопен е, ја следи и линијата на ЕВН, која за жал поради тоа што ЕВН не е паралелно со ГТЦ, формира нефункционален триаголник меѓу скалите и ГТЦ и вака и така
реалната линија на коридорот се скалите од ГТЦ, аголот на фоткава е тако да личи така

туку назад на тема, не ми е јасно зошто „приватниов“ простор мора да е заграден или не смее да биеде поплочен а може да биде покриен со turf (не ми текнува зборот)? не е од сега приватен, приватен е сигурно со години веќе, па си се шеткавме номрално по тој дел... као демек треба да не потсеќа на криминалите на претходната власт? ...бог да чува
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #934 Posted: 07-May-2020 at 08:46
mozele krivata kandelabra da ja iskornat, taa sigurno ne e privatna... Podobro e so trevava ama bar vo pravilna forma da naredele... Mora da si sredat so privatnjakot, trevava e privremna valda i zatoa e donesena i sigurno koa ke se resi ke ja odnesat.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #935 Posted: 07-May-2020 at 10:37
Originally posted by <Fresno>


Не се сложувам дека е вклопен. Тоа се гледа на последната слика, како и во ДУП-от. Коридиорот пред ГТЦ е стеснет, во спротивно ќе требало тој објект да е триаголник. Но воопшто не треба никаков објект на тој простор, прво затоа што подобро би било да има некаков парк (со заокружување на плоштадот со Мериот и Официрски, плоштадот нема пристап до зелена површина), а второ го сокрива ЕВН непотребно.

Функционалниот аспект може и ќе се реши, но мене ни естетски ми нема вредност, можеби поради материјалите кои денес веќе изгледаат некако транзициски.


мислам дека се материјалите и веројатно некои други компромиси кои се направени со оригиналната замисла. Истото ова изградено (како што треба) во некој град во Австрија или Германија би изгледало сосема поинаку.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 652
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #936 Posted: 07-May-2020 at 17:51

Баш така. Што е тука е, ако ништо друго барем го разигрува просторот кој сега доминира со барокни фасади. Се надевам ќе влезе таму некој познат бренд, па ќе го добие тој „западен“ шмек до некое ниво.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5538
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #937 Posted: 09-May-2020 at 09:38
ТЕТОВО Е ЕДИНСТВЕН ГРАД БЕЗ ПЕШАЧКА ЗОНА







Тетово некогаш важеше за еден од најзелените градови во државата, а денеска е единствен без пешачка зона. Речиси на секоја поголема или помала улица имаше големи дрва, неколку помали паркови, а на повеќе места низ градот тревнати зелени површини. Но, во изминативе две- три децении, од зелена оаза Тетово прерасна во бетоски бункер. Се градеше на секој можен агол од градот, а градбите, како по правило, ја бетонираа зелената површина на градот.

За грешките кои беа направени во урбанизмот на Тетово долго време никој не сакаше да зборува, сè додека не дојдоа помладите генерации архитекти кои почнаа јасно и гласно да кажуваат каде се грешело во урбанистичкото, односно неурбанистичкото градење на Тетово. Еден од тие млади архитекти е и Бошко Видоески, кој вели дека урбанистичкото планирање во Тетово е е блиску до точката од која нема назад.

На Тетово веќе неколку децении му недостасува сериозен, школски пристап во планирањето, ништо повеќе. Градот е жив организам и како таков треба да го третираме. Затоа, првин го анализираме во историска смисла, па го снимаме постоечкото, ги дијагностицираме состојбите, вршиме оценка на потребите и можностите за просторен развој, па дури потоа програмираме содржини и мерки за иден развој. Проблемот е што во Тетово не се планира на таков начин, не се планира школски, туку се глуми дека воопшто се планира но, веројатно немањето политичка волја за правилно планирање си го прави своето. Позадината на тоа е секогаш финансиска. Тетово нема донесено Генерален урбанистички план уште од 2002 година, па се добива впечаток дека градот е оставен сам на себе, оставен е да се развива како што се развивал сè до Втората светска војна. Токму затоа, не можеме да зборуваме за градско живеење ако на Тетово му недостасуваат градски рекреативни зони, спортски терени, игралишта, градски патеки за рекреативно трчање, паркови со реквизити за деца, паркови за миленици. Освен тоа, Тетово е можеби и единствен град во светот во кој не постои пешачка зона или барем една пешачка улица, корзо“, вели Видоески.

Според Видоески, донесувањето на Законот за денационализација и Законот за легализација на дивоградбите, односно нивната злоупотреба, дополнително придонела за деградација на поедини градски опфати кои во времето на социјализмот биле пристојно планирани.

Со првиот Закон се овозможи одредени градски парцели или делови од истите да бидат вратени на потомците или на поранешните сопственици. Па така во Тетово имаме случај кога е вратено сопственичко право врз парче од сегашна сервисна сообраќајница внатре во некој блок или сегашен дел од паркинг или спортски терен. Ова е навистина недопустливо. На сето ова се надоврзува Законот за легализација на дивоградбите, па се градат згради со повеќе катови, најчесто со недоволно исполнети проектантски услови и принципи, истите се легализират и добиваме зграда која зафаќа дел од поранешниот паркинг, од поранешниот парк или пристапна улица. Сето тоа создава дополнително оптоварување на инфраструктурата. Така се нарушени и многу градски сегменти во Тетово, со кои одредени индивидуи законски стекнале профит од оваа спрега на закони за сметка на деградација на Планот“, посочува Видоески.

Според него, ваквото „планирање“ на урабанизмот во градот како последица создава сообраќаен метеж, недоволно места за паркирање на возилата, улици закочени од сообраќај, а што исто така е многу важно е што Тетово станува град со многу загаден воздух, што е директна последица на начинот на урбанизирање.

„Немањето парковско зеленило за сметка на поголем градежен фонд значи поголема просечна температура на воздухот. Високото зеленило, односно старите дрвја, освен познатата улога на производител на кислород, се и задржувачи и апсорбери на прашина, и без нив дишеме повеќе прав. Бекатонизирањето и поплочувањето на дворовите по своја волја, подразбира намалување на природните почвени апсорпциони површини и дополнително оптоварување на и онака слабиот капацитет на атмосферската канализација. Лошата сообраќајна мрежа овозможува повеќе возила да стојат во место поради метежот, а со тоа да испуштаат повеќе издувни гасови. Тука е и неводењето сметка на правецот на карактеристичните ветрови во Тетово поради многу градби го блокираа нивниот проток, и се нарушува ареацијата на околината и сето тоа влијае Тетово да има многу, многу загаден воздух“, вели Видоески.

Видоевски и конкретно наведува повеќе примери на архитектонски промашувања кои ги има во Тетово.

Во поново време, дефинитивно најголемо промашување е локацијата за објектот на новиот театар и библиотека. Со него се узурпираше скапоцена отворена јавна површина која првично и била замислена да остане таква – неизградена. Потоа, тука е Градскиот трговски центар, чија изградба со ништо не придонела кон унапредување на строгиот центар на градот. Локацијата на Градскиот пазар низ годините се покажа како несреќна во најмала рака, иако првично не се чинела за таква. Во станбената архитектура, видливо е деградиран опфатот кој гравитира околу улицата Димо Гавроски-Кара на потегот од булеварот Маршал Тито кон улицата Борис Кидрич. Забележувам и одредени плански деградации на потезите долж булеварот Благоја Тоска, улиците 29 Ноември, Борис Кидрич, од булеварот Илинденска, ЈНА… Би го споменал и објектот пред Музичкото училиште, кој откина огромен дел од парк и со тоа го деградираше, а истиот се наоѓа во алармантно густо изградена зона. Сето ова, од урбанистичка гледна точка го дефинира Тетово како хаотичен конгломерат на недоречености“, вели Видоески.

Според него, решенијата за излез од урбанистичкиот хаос во Тетово се можни но можат да бидат и не така популарни.

„Потребна е најпрво политичка волја. Од неа се тргнува. Добредојдена би била и извесна корекција во законската регулатива преку која би се вратил угледот, но и ингеренциите на професијата планер. А се плашам дека за нечија жал, на Тетово ќе му биде потребно и рушење на неколку објекти. Без ослободување на простори и нивно отстапување во служба на граѓаните во форма на отворени јавни површини наменети за општа употреба, не може многу да се направи за градот“, вели архитектот Видоески.


https://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/tetovo-e-edinstven-grad-bez-peshachka-zona/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2061
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #938 Posted: 10-May-2020 at 21:19
Може и подобро тоа делче да остане зеленило, и онака плоштадот е бетонска џунгла





facebook.com/p.shilegov
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 440
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #939 Posted: 10-May-2020 at 22:14
А тоа старото делче што е помало од новово? Има некои индиции што ќе се прави со него?
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 224
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #940 Posted: 11-May-2020 at 16:12
Од твитер.

And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4546474849 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.