build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 49>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 18-Jul-2012 at 22:53
Originally posted by mirakuliks

Кој бил во Турција знае што е висок рабник


По 30-40 cm
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 28-Jul-2012 at 12:50
ФОТО+Видео: Обновен плоштадот во населба Лисиче
Сабота, 28 Јули 2012 11:18

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Граѓаните на населба Лисиче добија комплетно реконструирано катче за одмор и рекреација.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, денеска официјално го пуштија во употреба обновениот плоштад во трговскиот центар во населбата Лисиче.

Реконструирана е постојната декоративна фонтана, шеталиштето е разубавено, а заменети се и досегашните плочки со павер елементи. Старото осветлување е заменето со нови штедливи канделабри, поставена е нова урбана опрема и хортикултурно се уредени зелените површини.

За овој проект општина Аеродром одвои околу 3,5 милиони денари, а градежните работи ги изведуваше фирмата „Изгрев“.

Градоначалникот Коневски истакна дека општината ќе продолжи и во иднина да реализира проекти за подобрување на условите за живот на граѓаните.


http://kurir.mk/republika/skopje/79448-FOTO%20Video-Obnoven-plostadot-vo-naselba-Lisice
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 28-Jul-2012 at 14:13
ФОТО: „Бојмија“- новата модерна фонтана во Аеродром
Сабота, 28 Јули 2012 11:59

Споделете ја веста со Вашите пријатели
По барање на жителите, во општина Аеродром се пушти во употреба уште една нова модерна фонтана.



Новата модерна фонтана која се наоѓа во зеленилото меѓу кулите на улицата „Бојмија“ е кружна, на нивоа и комплетно осветлена.

-Општина Аеродром пред да почне со изградба на фонтаната, спроведе испитување на јавното мислење на жителите во околните згради, на чие барање, всушност, и се почна овој проект. Резултатите покажаа дека околу 80% од граѓаните сакаат да се гради фонтана во овој дел, велат од општината.

За изградба на новата модерна фонтана чии што градежни активности ги изведуваше фирмата „Еуропроект“, се издвоени над 4 милиони денари од буџетот на општина Аеродром.

Изградбата на фонтаната им овозможи на жителите уште едно модерно урбано катче што ја дополнува сликата за Аеродром како најзелена општина.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/79454-FOTO-Bojmija--novata-moderna-fontana-vo-Aerodrom
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 28-Jul-2012 at 14:25

Од оние што ми се познати, јас изброив 26 фонтани во Аеродром... Од кои, повеќето се ваков сличен вид...

Aj вака...

- Мичурин - 1

- Влез на Аеродром - 6

- Кулите позади Оне - 1

- Кај црквата Свети Илија - мислам дека беше 1

- Аеродром позади МекДонлдс - 1

- Аеродром позади Бисер - 1

- Аеродром позади Тобако - 1

- Кај ‘‘зелените‘‘ - 1

- Кај ‘‘Прв Центар‘‘ - 1

- Парк Јане Сандански - 5 вкупно (1 водопад, 2 езерца, и 2 обични фонтани)

- Парк Аеродром - 2 или 3 беа

- Ново Лисиче - 1

- Лисиче - 1

- Паркот на езерата - 4

Значи испаѓа дека ќе да се... 27-28 фонтани... зашто во паркот Аеродром не сум сигурен дали беа 2 или 3...

Не дека ова е нешто многу важно... ама онака како податок да се има...



Edited by FoSsiL - 28-Jul-2012 at 14:41
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 31-Jul-2012 at 13:13
deneska prekrasno se iznenadiv koga vidov kako go reduvaat platoto pomegu san marko, taa bankata i telekom. se dobiva mnogu interesna pesacka zona opkruzena so moderni objekti. nea slikne nekoj ako ne go mrzi

Edited by xnx - 31-Jul-2012 at 13:15
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 31-Jul-2012 at 13:29
Originally posted by xnx

deneska prekrasno se iznenadiv koga vidov kako go reduvaat platoto pomegu san marko, taa bankata i telekom. se dobiva mnogu interesna pesacka zona opkruzena so moderni objekti. nea slikne nekoj ako ne go mrzi


Улицата афалт е или е поплочена???
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 31-Jul-2012 at 13:30
poploceno e celoto plato kako pesacka zona, iznivelirano e celoto, porano tuka imase zelenilo i skalicki nekoi od strana i bese krsh. ulicata si e baska
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 31-Jul-2012 at 13:31
Улицата е дефинитивно асфалт, а тоа за кое xnx зборува е, претпоставувам, она што беше несреден тревник измеѓу Еуростандард Банка и Телеком.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 31-Jul-2012 at 13:36
ete taka
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 01-Aug-2012 at 18:59
Се реконстрираат пешачки патеки во Центар


Општина Центар реконструирала пешачки патеки на улицата „Васил Ѓоргов”, на потегот од ТЦ Капиштец до улицата Рузвелтова. За побезбедно движење на пешаците, информираат од општина Центар, се изврши обновување на патеките на површина од 600 метри квадратни пред Заводот за вработување, спроти специјализираното училиште „Св.Наум Охридски” и кај бараките на Бетон.
Патеките се проширија за 70 сантиметри и на местото на стариот и дотраен асфалт се поплочија со бекатон плочи. За да се спречи непрописното паркирање на возилата, старите рабници се заменија со нови и повисоки.
Од општина Центар соопштуваат дека во оној дел каде се сече улицата Васил Ѓоргов со Рузвелтова се изврши прередување со бекатон, заради потребното проширување на просторот за паркинг. Општина Центар ќе изврши и хортикултурно уредување на улиците Васил Ѓоргов и Козара.
Покрај пешачките патеки, на улицата Васил Ѓоргов ќе се обнови и постоечкиот дрворед од липи, а спроти Заводот за вработување, веќе се посадени десет леланди. Во наредната фаза на реконструкцијата следи префарбување на канделабрите и на постоечките огради, како и поставување на заштитни столбчиња.

http://www.plusinfo.mk/vest/51761/Se-rekonstriraat-peshachki-pateki-vo-Centar
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 23-Aug-2012 at 16:05

Парк наместо непријатната миризба во Аеродром 

Среда, 22 Август 2012 16:38

Кејот на Вардар во Аеродром од каде се шири непријатна миризба поради палење смет, ќе биде уреден и ќе се изгради нов парк.



Општината ќе го реши проблемот со непријатната миризба што се шири од кејот на реката Вардар поради палење смет, најави градоначалникот Ивица Коневски.

-Комуналните инспектори од општината превземаат соодветни мерки за утврдување на одговорноста и казнување на лицата кои палат смет, кој го загрозува здравјето на населението, истакна Коневски.

Се планира спроведување проект со кој просторот покрај кејот на Вардар на територијата на општина Аеродром каде има нелегално палење смет ќе се изгради парк.

Според Коневски, до крајот на наредната година тој простор по примерот на останатите во општината ќе биде уреден и ќе нема можност за фрлање и палење смет.

Курир

Како за секој проблем, решение е изградба на парк... Но многу подобро така отколку секоја вечер да се гушиме од непријатна и тешка смрдеа на изгорено ѓубре... 



Edited by FoSsiL - 23-Aug-2012 at 16:08
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 26-Aug-2012 at 22:15

Паркот на новинарите со освежен ликѓ
Викендов заврши реконструкцијата на Паркот на новинаритее, што се наоѓа кај старата зграда на "Нова Македонија". Во паркот комплетно се обновени и бојадисани сите 30 клупи, 27 корпи за отпад, бојадисани се 23 канделабри и електрични ормари, како и заштитната метална ограда во должина од 30 метри.

Реконструирана е старата чешма, а фасадно е бојадисана и исчистена спомен-плочата на чешмата, на чие место се наоѓала Железничката станица Горно Скопје, позната како Мала станица. Патеките во близина на чешмата на површина од 5 метри квадратни, се во целост прередени со бекатон-плочки.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DCF1E7E1418F3047B328E96B84A6B876
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 26-Aug-2012 at 22:18
неколку слики и од Скопје инфо



Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 27-Aug-2012 at 01:57

1


2

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 13-Sep-2012 at 10:19
Фото: Градежни зафати во населбата Капиштец
Се обновуваат тротоарите по должина на улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец, од Цветен пазар до улица „Рузвелтова“.

На тротоарите, како што информира општина Центар, поставeни се нови високи рабници за спречување на непрописното паркирање на возилата. Старите и дотраени плочи се отстранети, а на нивно место, при крај е поставувањето на специјални плочки од вештачки гранит, на површина од 3.500 метри квадратни.
Предвидено е подигнување на коловозот на крстосниците на двете сервисни улици, пред и по ТЦ „Беверли Хилс“, што улицата „Народен фронт“ ја спојуваат со улицата „Васил Ѓоргов“. На местото на подигнатите премини ќе се обнови хоризонтална сигнализација и ќе се постават рефлектирачки белеги или катадиоптери, кои ќе ги потенцираат овие пешачките премини. Крстосниците ќе бидат поплочени со вештачки гранит и ќе се изедначат со нивото на тротоарот. Овој градежен зафат ќе има функција да ги замени лежечките полицајци.
Изминатиот период извршена е реконструкција на пешачки патеки на улицата „Васил Ѓоргов“, на потегот од ТЦ „Капиштец“ до ул. „Рузвелтова“.

- За побезбедно движење на пешаците се изврши неопходното обновување на патеките на површина од 600 метри квадратни, на три локации - пред Заводот за вработување, спроти специјализираното училиште „Св. Наум Охридски“ и кај бараките на „Бетон“, информира општина Центар.
Патеките се проширени за 70 сантиметри и на местото на стариот и дотраен асфалт има бекатон плочи.
- Со новите градежни зафати во населба Капиштец трајно се решаваат некои недостатоци и се подобрува квалитетот на живот на граѓаните кои живеат во општината и на оние кои во текот на денот доаѓаат тука. Ќе се подобри безбедноста на пешаците, ќе се растовари движењето на автомобилите, трајно се решаваат „тесните грла“, ќе се сопре несоодветното паркирање и ќе им се остави поголем пешачки простор на граѓаните. Со хортикултурното уредување кое наскоро ќе биде завршено, населба Капиштец ќе добие уште посовремен и модерен изглед. Вредноста на целокупната инвестиција изнесува 10 милиони денари, се вели во писмената изјава на градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.
Општина Центар ќе изврши и хортикултурно уредување на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Козара“. На тие локации предвидено е уредување на тревници и другите зелени површини. Покрај пешачките патеки на улицата „Васил Ѓоргов“ ќе се обнови постоечкиот дрворед од липи.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1213675667/foto-gradezni-zafati-vo-naselbata-kapistec
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 13-Sep-2012 at 10:30


Ако го изоставиме полтронството на Општина Центар во однос на СК2014 и неверојатниот кикс со паралелното зонско паркирање, мислам дека овој мандат на Тодоровиќ е можеби најуспешен во историјата на оваа општина (1990-навака).

Јас во претходните 3 мандати (2хАларова и 1хГрчев) на паметам нешто друго освен уредување на ул. Македонија и Максим Горки.

Генерално во градов овие 2 децени се работеше со принцип на потемкиново село, каде се уредуваа некои главни артерии во градот како фасада, но улиците во внатрешноста на населбите беа во катастрофална состојба, особено во населби како Буњаковец или Дебар Маало каде што имаше интензивна градба.

Состојбата е значајно поправена во минативе неколку години особено во Буњаковец. Еве гледам дека се најавува комплетна реконструкција и на Иван Милутиновиќ (позади универзална сала).

ЗАПОЧНУВА КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА ИВАН МИЛУТИНОВИЌ

 Акции и проекти


Општина Центар наскоро започнува со комплетна реконструкција на улицата Иван Милутиновиќ (улицата се протега од ул.Рузвелтова до ул.Ленинова, позади ТЦ Буњаковец), во должина од 880 метри ќе биде поставен нов асфалт, нови тротоари и комплетно улично осветлување.
За време на градежните работи  на улицата ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а ќе биде поставена и соодветна патна сигнализација. 
Се молат учесниците во сообраќајот да се придржуваат на воведениот  режим на сообраќај.
Исто така Општина Центар ги замолува сите граѓани кои живеат, работат и минуваат во овој дел од градот, да бидат трпеливи, и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Општината ќе работи интензивно за навремено завршување на  градежните работи .

http://www.opstinacentar.gov.mk/rekIvanMilutinovik.aspx


На ова може да се додадат сите околни улички кај плоштадот, Народен Фронт итн.


Edited by pbanks - 13-Sep-2012 at 10:31
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 13-Sep-2012 at 11:23
На иста линија сум со Pbanks.
Ако се знае дека де факто Центар беше приморан да даде пари за Скопје 2014, се останато што го направија е многу повеќе од она што се изгради во сите останати општини на територија на Град Скопје. Тоа што имаат најголем буџет не значи дека другите треба да спијат.
Чист спротивен пример се Аеродром и Ѓорче. Во Аеродром освен популистичките паркови не се асфалтира ниту една улица, не се обнови или пак изгради нов тротоар, во населба Лисиче 6 месеци се прави канализација, 6 месеци луѓето имаат кал пред куќите и сл. Во Ѓорче да не беа градските проекти, нз што би рекол градоначалникот дека е сработено во неговата општина.
Полн погодок дефинитивно им се скоро сите асфалтирани улици во Буњаковец, како и онаа во Пролет. Иако пешачките патеки треба да се рутина, со оглед на тоа дека кај нас ретко кој градоначалник се посветува на нив, затоа и овој проект комотно може да влезе во капитални инвестиции на општина Центар, иако во нормални земји тоа се проекти кои поминуваат без било какво значење.
Чак и еден Карпош, според она што можам таму да го видам, почна да заостанува во поглед на остварени проекти, споредувајќи ги со Центар.
23ka.wordpress.com
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 13-Sep-2012 at 11:29


Да, заборавив на ул. Пролет (или како се вика), таа улица делуваше страшно рурално, сега е ситуацијата е далеку подобра.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 906
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 13-Sep-2012 at 15:51
Во Ѓорче по направениот парк и реновирањето на 4 Јули во првиот мандат на сегашниов градоначалник, мислам дека нема ништо направено со општински пари. Двата кружни тека, булеварот Македонска Војска и реновирањето на улицата во Волково беа на Градот. Притоа, ко божем се спремаа за нова општинска зграда, урнаа објекти, но за џабе, колку време помина, а нема ништо од планираното. А, за улиците да не зборувам во каква состојба се. Дали има фрлено асфалт на некоја помала улица се прашувам.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 14-Sep-2012 at 01:53
Originally posted by xnx

Карпош со два нови плоштади


 

Општината Карпош ќе гради два плоштади, во Влае и кај Млечниот ресторан

 
 
%20  

Новиот лик на плоштадот кај Млечен ресторан

Плоштадот кај Млечен се планира да почне да се гради пред почетокот на ова лето, а целата изградба да трае околу два месеци. На постојното бетонско плато од 5.000 квадрати ќе се постават хидроизолација, нови гранитни плочки и осветлување, а старите игралишта ќе бидат заменети со нови.

По завршувањето на градежните работи кај Млечен, ќе почне реализацијата на плоштадот во Влае.

Плоштадот ќе се наоѓа меѓу трите краци на Влае 1 и 2 и Порта Влае. Архитектонското решение предвидува две партерни кружници со површина од 6.500 квадратни метри, хортикултурно уредување и нова урбана опрема.

Од општината информираат дека деновиве ќе биде распишан тендер за изведувач на проектите.




Испадна ли нешто со овие плоштади или останаа само на најава?






Edited by Cloverstack - 14-Sep-2012 at 02:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1112131415 49>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.