build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1041 Posted: 20-Jun-2021 at 20:47
Originally posted by Cloverstack


Зарем би било добро да бидат исти секаде?

Не навлегувам во конкретниот избор на плочки за одредени локации, ниту како тие целини се меѓусебно вклопени, тоа сигурно може многу подобро. Ама да биде ист тип секаде би било невидена монотонија, а и не се вклопува естетски секоја плочка во секакво опкружување.

Да, и ова има логика, но искрено, барем јас, не гледам дека баш внимаваат на тоа да има некоја логика во поставување плочки/бетон на различни места. Според мене, кејот (иако е многу долг) треба да се разгледува како целина.

Edited by skopskodete - 20-Jun-2021 at 20:48
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1042 Posted: 21-Jun-2021 at 09:51
Originally posted by stef4o

ДЕМОЛИРАНОТО ШЕТАЛИШТЕ НА КЕЈОТ КАЈ „ЖАБАР” КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПЛОЧНИК

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/demoliranoto-shetalishte-na-kejot-kaj-zhabar-konechno-ke-dobie-nov-plochnik/


Ајде, уште кејот и плочникот од Холидеј Ин до раскрсницата кај Веро Центар да се средат, да заличи центарот на градов на нешто.
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1925
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1043 Posted: 21-Jun-2021 at 10:49
mislam deka toj ke se sredi zaedno so visokokatnicite kolku sto vidov
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 270
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1044 Posted: 21-Jun-2021 at 12:45
Ako ne se lazam i ponataka prema magir maalo nekade vidov renderi za stamben kompleks pokraj kejot pa mozno e i toj del da se sredi. Ako se realizira se ova od zabar do kriviot most ke bide podsredeno
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 61
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #1045 Posted: 23-Jun-2021 at 14:53

Наскоро почнува реконструкцијата на Градскиот парк во Кочани


Наскоро ќе почнат градежните активности за реконструкцијата на Градскиот парк. Избраниот изведувач по спроведената тендерска постапка, компанијата „Исток мермер“ од Кочани ќе работи на првиот дел којшто ги опфаќа архитектурата, водоводот и канализацијата.


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1046 Posted: 10-Jul-2021 at 13:01

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1047 Posted: 22-Jul-2021 at 14:09
Град Скопје ја заврши целосната реконструкција на шеталиштето пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.

Покрај реконструкција на шеталиштето, на овој потег е поставена и нова урбана опрема, клупи и канти за џебен отпад со што овој дел од кејот доби целосно нов изглед.












https://www.facebook.com/CityofSkopje/
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1048 Posted: 22-Jul-2021 at 17:41
Мора да му се забележи на Шилегов дека има двојни стандарди за едно прашање, односно фрлање на пари за опфати кои по ГУП/ДУП не се со намена за која се користат сега. Имено, Шилегов му се закани со кривична пријава на поранешниот градоначалник на Аеродром зашто ставил љуљашки на трасата на булевар АСНОМ и пред мостот Михајло Апостолски. А сега го прави токму истото, односно дел од овој кеј е предвиден да има булевар и мост према Кале, а градската власт троши пари за реконструкција. И двата случаева се формално-правно идентични и може некоја идна администрација него да му се закачи за истото.

И јас се слагам дека е добро да биде реновиран и како граѓанин сакам да биде нов, ама законот не се слага.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1270
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1049 Posted: 22-Jul-2021 at 19:56
Булевар ќе има кај Жабарот и тој дел не е воопшто чепнат, без гајле, не дека ќе се изгради некогаш таму нешто.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12087
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1050 Posted: 13-Aug-2021 at 16:31
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПЛОЧНИКОТ ВО ПОРТА ВЛАЕ







Во полн ек се активностите за реконструкција на плочникот – партерниот дел во Порта Влае. Старите и оштетени плочки се отстрануваат и на нивно место ќе бидат поставени нови гранитни плочки, како и нов систем за хидроизолација, за да се спречи протекување вода во гаражните делови.
Службите на општина Карпош, во овие моменти работат на потегот од „Баду бар“ кон задниот дел, во должина на улицата „Есперанто“.
Во оваа, прва фаза ќе биде обновена јужната страна на плочникот за која зафатите чинат 25.500.000 денари (со вклучен ДДВ), а реконструкцијата ја финансира „ТАВ МАКЕДОНИЈА“. Овие активности се очекува да завршат до крајот на оваа година (доколку дозволат временските услови).
Денеска, во теренска посета на Порта Влае беше и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, кој истакна дека после 30 години конечно овој јавен простор добива нов лик:
- Општина Карпош преку Советот донесе и развојна програма за финансирање и реконструкција и на останатиот дел од плочникот. На тој начин, вкупната површина која ќе биде реконструирана изнесува 14.380 м2. Порта Влае е еден од пофреквентните делови на Карпош. Тука живеат повеќе граѓани, но овој дел е симбол и на маалскиот соживот. Исто така, тука опстојуваат и работат и повеќе деловни субјекти, а со овие инфраструктурни активности ќе се зголеми и нивната атрактивност, рече градоначалникот.
Богоев направи обиколка и на околните деловни субјекти. Претставниците на малите бизниси истакнаа дека овие активности се добредојдени, подолго време очекувани и се надеваат дека и они ќе имаат економска исплатливост од овој проект.
Општина Карпош ги повикува сите граѓани кои живеат и се движат во овој дел, да имаат разбирање и трпение за теренските градежни активности.

https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12087
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1051 Posted: 16-Aug-2021 at 06:45
Во полн ек се градежните активности на плоштадот зад ТЦ Бисер









https://www.facebook.com/marinzlatko
Back to Top
zorant View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 26-Aug-2019
Online Status: Offline
Posts: 61
  Quote zorant Quote  Post ReplyReply #1052 Posted: 27-Aug-2021 at 14:47

Кочани: Градскиот парк го менува изгледот – реконструкцијата продолжува


Реконструкцијата на Градскиот парк добива на динамика. Деновиве активностите се насочени кон средување на целокупната инсталација која ќе биде подземна. Се врши вкопување на телефонската и електричната мрежа, а за наводнување на зеленилото ќе се  вгради водоводен систем „капка по капка“. Претставници од надлежните служби го решаваат и напојувањето со струја за сите нови елементи предвидени со проектот за парковско уредување.

Паркот наликува на градилиште и почнува да го менува изгледот, особено со дислокацијата на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, за кои е изграден нов постамент што ќе го замени постојниот, кој стручните служби го оценија како дотрајан и со уништена мермерна облога. Бистите на кочанските првоборци ќе бидат исчистени и поставени на источната страна од влезот на Центарот за култура „Бели мугри“, со што ќе се отвори нов сценски простор пред културната институција.

Во тек се работите за подземниот дел на фонтаната што ќе се најде во централниот дел од паркот. Со гранитни нелизгави плочки ќе биде поплочена површина од 5420 квадратни метри, на потегот од мостот кај Шопинг-центарот кон „Пролет“, сѐ до Двојниот мост.

Паркот ќе добие современо обликувана урбана опрема и информативно пано со мултимедијален екран. Бетонското гледалиште од северната страна на Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се отстрани, а ќе се уреди и постојниот паркинг во непосредната близина.

Со реконструкцијата на Градскиот парк ќе се оформи осмислен простор како шеталиште, кое во себе ќе има привлечни содржини и ќе нуди различни можности за посетителите.

Изведувач на градежните работи е „Исток мермер“, а рокот за градба е шест месеци.

undefined


undefined


undefined

https://kocani.gov.mk/%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba-%d0%b3%d0%be-%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%be%d1%82-%d1%80/



Edited by zorant - 27-Aug-2021 at 14:49
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1053 Posted: 29-Aug-2021 at 14:37



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12087
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1054 Posted: 03-Sep-2021 at 17:10
Реконструираниот плоштад во Крива Паланка







https://www.facebook.com/borjancho.micevski
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12087
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1055 Posted: 10-Sep-2021 at 16:52
Од улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе ги избркаат автомобилите





Улицата „Мирослав Крлежа“ поранешна („Ѓуро Ѓаковиќ“) во населбата Дебар Маало која минува покрај Министерството за култура, десно од улицата „Орце Николов“ која се реконструира во моментов, ќе биде пренаменета во пешачка и во резиденцијална зона.

Општината веќе распиша тендер за избор на фирма која ќе го реализира проектот. Како што е наведено во тендерот, ќе се реконструира коловозот на улицата во должина од 500 метри и широчина од 17 метри, односно зафаќа вкупна површина од 8.500 квадратни метри, ќе се постави ново улично осветлување, нова урбана опрема, но и ќе се изведат мали атмосферски канали.

Улицата ќе биде пешачка и резидентна, односно само за жителите што живеат таму. Таа ќе се затвори за сообраќај за останатите, освен за возилата кои вршат дотур на стока, во периодот од 6:30 до 8 часот – објасни Кире Секуловски, раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животната средина и додаде дека ќе се прави редистрибуција на сообраќајот, за улицата да биде доминантно пешачка.

Секуловски информираше дека при реконструкцијата ќе бидат употребувани природни материјали од травертин и гранитна коцка. Паркирањето, исто така ќе биде резидентно, односно само за околните жители.

– Целта е да покажеме колку е битно местото за човекот, односно да има место за секој човек, а не за возила – потенцира Секуловски.

Идеите ги даваа студенти од Архитектонскиот факултет, под менторство на професорот Михајло Зиноски. Идејните решенија пред една година беа презентирани на Архитектонскиот факултет, а најдоброто решение беше избрано од професори од овој факултет, како и компетентни лица од Општина Центар.

Изведбените работи ќе започнат на крајот на октомври, најдоцна на почетокот на ноември годинава, а улицата ќе биде готова во април, или мај 2022 година. Реконструкцијата ќе ја чини општина Центар 62 милиони денари.

https://www.vecer.press/улицата-мирослав-крлежа-во-дебар-м/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 788
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1056 Posted: 15-Sep-2021 at 13:46
Годината е 2014 та

Плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка е во завршна фаза



Многу богата општина ќе да е чим реновира од темел плоштад секои 7 години...
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Online
Posts: 317
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1057 Posted: 15-Sep-2021 at 14:39
Знаеме добро зошто мораше да се реновира плоштадов.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1058 Posted: 15-Sep-2021 at 16:41
Зошто? Јас не знам.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5268
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1059 Posted: 15-Sep-2021 at 17:46
Оти демек сонцето наше непрежалено им пречело на соседите душмани, па сега на сила ни наложија да го отстраниме. Која мајка ја барало во Крива Паланка никому не му е јасно, ама ете важно го имало и на шахти и на плоштади.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1060 Posted: 15-Sep-2021 at 18:26
Originally posted by гитардемон

Оти демек сонцето наше непрежалено им пречело на соседите душмани, па сега на сила ни наложија да го отстраниме. Која мајка ја барало во Крива Паланка никому не му е јасно, ама ете важно го имало и на шахти и на плоштади.
   


Симболот од 86та-87ма кој го уфрлија грчките тајни служби, а пред тоа никој не памти дека го видел, и тоа преку наци-здруженија ала Тодор Петров и ОМО Илинден. Се со цел да можат неколку години после тоа да не прикажат како најголемите иредентисти во светот. Мисијата им успеја, ама македончето глупаво загриза на јадицата и уште мисли дека тоа му е национален симбол. Немаме ние ништо со тоа, добро што ќе замине во историјата.

Edited by user8642 - 15-Sep-2021 at 18:26
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5152535455>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.277 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.