build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 56>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 19-Nov-2010 at 21:35

Сериозен си?
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 212
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 19-Nov-2010 at 22:56
Нова парковска површина во Прилеп на Булеварот Гоце Делчев кај Хотел Липа.

01.

02.

03.

04.

05.

Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 20-Nov-2010 at 16:35
nylon боље да се продаваат пиратки и пиратски cd-а отколку да не можам да се движам од автомобили и автобуси
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 20-Nov-2010 at 19:13
Originally posted by nylon

Јас мислам дека третиот дел од ул. Македонија е супер ваков како што е. Нема потреба да се прави подземна сообраќајница за да се добие плато. Во Скопје има премногу пешачки улици во центарот на градот што мене лично не ми се допаѓа. Јас мислам дека плоштадот беше осакатен со тоа што се забрани сообраќајот на него и се пресекоа сообраќајниците кои се спојуваа на него. Не е скопскиот плоштад толку мал па за да биде угушен од автомобилите, а без автомобилите е премногу мртов и во него владее сивило. Кај нас главниот плоштад се претвори во место каде се продаваат претадри и пиратски цд-а, а тоа е поради неговата нефреквентност (недоволна фреквентност).
Звучи контроверзно, ама мене ставовите во твојов пост ми се прилично прифатливи.
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 20-Nov-2010 at 19:22
Супер си е што нема сообраќај низ плоштад. Богатство на Скопје е тоа што во мал ринг сообраќајот е сведен на минимум, освен нели рекорд кој ќе се компензира со тунелот. Какви се не измишљотини и импровизации може да се видат низ поголеми градови да се направи некое полуфункционално решение за низ центар ние сега да се враќаме назад? Не доаѓа во обзир.
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 20-Nov-2010 at 19:29
Уличката кај Тренд треба да биде приоритет на ништо не личи. Таксисти милион од кои не може да се помине (неколку пати сум се заглавил таму обидувајќи се да влезам на паркингот помеѓу зградите каде што имам роднини и се влегува само со налепница, башка целата е со дупки, едноставно грда е. Треба да се намали површината на улицата(таман толку колку да има за влез и излез до паркингот од зградите а да се зголемат и обноват тротоарите. Под итно е потребна катна гаража со голем капацитет и со добар пристап пред телекомот. За време на шпицот паркингот е преполн и пристапот е катастрофа (иако за тоа вина имаат и несовесните возачи кои го блокираат пристапот со неправилно паркирање).
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5361
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 21-Nov-2010 at 14:20
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by гитардемон

Ама дека третиот дел од ул. Македонија треба да се затвори, треба!
Треба, ама не може. Од сообраќаен аспект е прилично важна таа конекција.Зборувано е и порано, идеално долгорочно решене е да биде под земја, заедно со дел од М.Х.Јасмин и Даме Груев. Со тоа ќе се добие и бонус плато пред Стара Железничка, што е пожелно и само по себа, а ќе се поврзе и целиот тој иден комплекс градби околу јужен булевар. Со тоа ќе имаме континуирана пешачка зона од старата чаршија до улица железничка.


Добро, ова дека треба да се затвори го кажав од сентимент, а не врз основа на некое истражување. Како и да е, убава пешачка зона во центарот на еден град е must за еден пријатен град за престојување, барем за мене. А ако се прашувам јас, и делот Рекорд треба да се затвори/направи подземја Базирано врз сентименти ова погорното, секако.
_______________________________________________


Originally posted by nylon

Во Скопје има премногу пешачки улици во центарот на градот што мене лично не ми се допаѓа. Јас мислам дека плоштадот беше осакатен со тоа што се забрани сообраќајот на него и се пресекоа сообраќајниците кои се спојуваа на него.


Интересно од една гледна точка, ама мене на пример отсекогаш ми било желба центарот на Битола, Охрид и Скопје да биде затворен за секаков сообраќај освен јавен превоз. Сум еден од оние еколошки анти-возилососамоеденпатник типови Мислам дека ако некогаш имаме добар јавен превоз, ќе можеме и тоа како да си дозволиме да ги затвориме улиците за сообраќај не само околу и на самиот плоштад, туку и во многу поширок радиус.

И со затворањето на Широк Сокак во Битола сите улици кои се сечеа со таа главна улица останаа слепи чикмачиња, но сепак мислам дека придобивката е неизмерна.

Да не зборуваме за Црвениот Плоштад во Москва
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 22-Nov-2010 at 21:51
Originally posted by StreetStruck

nylon боље да се продаваат пиратки и пиратски cd-а отколку да не можам да се движам од автомобили и автобуси

Плоштадите во светските метрополи се се само не места каде можеш да се движиш слободно и да се опуштиш . На плоштадот треба да се живее 200 на саат а не да биде мирно место како што е во Скопје. Едноставно тоа не е нормално.
Место за слободно движење и релаксација се парковите.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 23-Nov-2010 at 18:55
плоштад е проширување на раскрсница меѓу повеќе од две улици колку што знам, за што ќе се користи како пешачка зона, останува на граѓаните...
а центрите на градовите (барем во поголемиот дел) се отсечени од останатата инфраструктура која заобиколува или оди во тунели

nylon ѕирни по јавниве камери и број колку луѓе ќе поминат на плоштадот во еден ден Big%20smile
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 23-Nov-2010 at 20:07
nylon ко прво никој не спомна релаксација, а слободното движење го спомнав од аспект на бутање меѓу коли,чекање да се помине улица итн. а не слободно движење како јас сам на плоштад и никој околу мене...ми буташ зборови во уста али нема везе. А за тоа дали на нашиов плоштад се живее или не 200 на саат, сведочат настани како виноскоп, баскер фест, па и секој обичен ден кога има врвулица од луѓе, а да не спомнувам што на плоштадот, на улица македонија и околината има милион кафичи и ресторани. Заклучокот е дека твоите два поста, едниот да се овозможи сообраќај на плоштад и вториот дека плоштадот треба да е место кај што се живее турбо, се контрадикторни и спротивни еден на друг, бидејќи со самото овозможување на сообраќај на плоштадот може да се збогуваме со раздвиженоста и животот на самиот плоштад...А за твојот заклучок дека на плоштад не се живее турбо, брат што да ти кажам, шетни малце.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 23-Nov-2010 at 20:17
Плоштад е плоштад затоа што луѓето го живееле просторот го раздвижиле па постепено си дошла потреба од укинување на сообраќај, сите кафичи следејќи си ги потенцијалните муштерии дошле кај што се луѓето и така се создаваат плоштадите како јазли на граѓанската активност. Плоштад не е камена површина што некој урбанист ја замислил и рекол е ова ќе биде сега плоштад и луѓето сакале нејќеле ќе мораат од тука да проаѓаат. Тоа се урбанистички грешки, не се плоштади. Ниту се за релаксација, ниту па се забранети ако некој сака да се релаксира со гужви.  Пак ќе повторам, едноставно тоа се јазли на градската динамика, на граќанската активност и како такви си носат со себе содржини. Плоштадот не се проектира туку се предвидува. Добар урбанист не смислува плоштад туку предвидеува каде бис е форумирал. плоштадот е пред се гужвата која го ствара, а после тоа е поплочена површина забранета за сообраќај. Колку плоштади во Скопје се проектирани, а не се предвидело дека нема да оформат како и заживеат како плоштади, како на пример еве Скендербег кој е политички вцртан и не му предвидувам некоја сјајна судбина со којзнае колку гужви освен ако не се субвенционира со по некој митинг, исто како и плоштадот во Автокоманда, како и платото на МОБ, како и плоштад Слобода кој функционирал како плоштад и сега е насукан на суво зашто веќе е е дел од новата поставеност на градското живеење. Колку па плоштади не се предвидени, а се создаваат редовно како што оној мој предлог за плоштад кај Соборна!

Edited by lslcrew - 23-Nov-2010 at 21:10
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 25-Nov-2010 at 08:26
Originally posted by lslcrew

Започна уредувањето на најатрактивниот дел од крајбрежјето на Дојранско Езеро „Градска Плажа“ во Стар Дојран







На 08.11.2010 година започна реализацијата на регионалниот проект во Југоисточниот регион „ Уредување на крајбрежието на Дојранско Езеро - локација „Градска Плажа“ во Стар Дојран –Општина Дојран.

Со реализацијата на овој проект кејот кај Градската плажа во должина од околу 800 метри, ќе добие нови содржини: нов потпорен камен ѕид, велосипедска патека, ролер патека, фонтани, жардинери и нови хортикултурни паркови содржини, со кои ќе им се овозможи на посетителите на Дојран да уживаат во убавините на Дојрaltанското Езеро и неговата околина.
Проектот ќе се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Средствата за реализација се обезбедени од Бирото за регионален развој, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Дојран.

http://www.rdc.mk/southeastregion/mk/2009-04-16-14-46-32/104-2010-11-12-14-22-57.html












http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs1189.snc4/154174_461079896621_85016916621_5668537_7094227_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs1156.snc4/149808_461079591621_85016916621_5668527_4061135_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs1227.snc4/155910_461079631621_85016916621_5668528_5141442_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs993.snc4/76646_461079671621_85016916621_5668529_6553321_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs1146.snc4/148889_461079721621_85016916621_5668530_4924817_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash2/hs494.ash2/76775_461079746621_85016916621_5668531_1665853_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs992.snc4/76558_461079771621_85016916621_5668532_4079941_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs1181.snc4/150375_461079796621_85016916621_5668533_2643778_n.jpg
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs992.snc4/76544_461079851621_85016916621_5668535_2260943_n.jpg

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 25-Nov-2010 at 15:26
Да не планираат овој вишокот кал да  изринат. Зашто еве гледам ѕидот оди подлабоко, а и обложувањето со камен го прават подлабоко. Ако го изринат ќе се собере тињата што ја таложеле брановите додека езерово беше во криза, а и кога ќе се подигне до котата кај што треба да биде ше биде покрај кејот подлабоко.




Edited by lslcrew - 25-Nov-2010 at 15:29
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 03-Dec-2010 at 02:49
21°26'38.50"E 41°58'55.50"N

Зелен простор на „Михаил Чаков“

Хортикултурно се уредува просторот на улицата Михаил Чаков, зад маркетот „Цибус“, до железничката пруга, кај Аеродром, која се наоѓа на територијата на Општина Кисела Вода. Од Општината информираат дека станува збор за површина од 3.000 квадратни метри, која била детектирана како дива депонија, која сега ќе биде претворена во зелена површина.

- Уредувањето на оваа површина се врши според претходно подготвено идејно решение. Во наредните 10 до 15 дена теренот ќе се исчисти, а потоа ќе биде засадена трева - вели Марјан Спасески, портпарол во Општина Кисела Вода.

Тој најави дека со Програмата на Општина Кисела Вода за 2011 година е предвидено на овој простор да се изгради и кошаркарско игралиште, со пари од буџетот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E1229F13E14A8645B683CDB9349305B7

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 03-Dec-2010 at 02:49

ГРАД СКОПЈЕ


Се гради патека по насипот во Ѓорче Петров


Пешачка патека долга 800 метри деновиве се гради зад фудбалското игралиште на Југококта" по насипот на Вардар во Општината Ѓорче Петров. Патеката е широка 2,75 метри и се покрива со бекатон-плочки.

Поплочената површина ќе го олесни движењето на пешаците и рекреативците по насипот на Вардар. Градежните работи се очекува да завршат до почетокот на наредната недела.

Во наредниве денови се очекува да почне изградбата и на пешачка патека во населбата Јурија, кај болницата, којашто ќе води кон насипот на реката Вардар. Патеката ќе биде долга 150 метри, широка 2,7 метри и ќе се покрие со павер-елементи. На терен ќе се направи ископ, подлогата ќе се тампонира и ќе се наредат плочките.

За изградба на двете пешачки патеки во Ѓорче Петров, Градот Скопје ќе одвои 2,5 милиони денари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6E6E8A6EC4B39F4CAE35A8F5F0B90C7D
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 10-Dec-2010 at 16:34
Kejot pokraj vardar vo gostivar e zaversena!Eve nekolku sliki od webstranicata













Edited by Cloverstack - 10-Dec-2010 at 16:43
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 10-Dec-2010 at 16:39
Вака на прв поглед топ изгледа.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 10-Dec-2010 at 16:44
Почнувам сериозно да мислам дека на грбот на Македонија треба да се додаде и една бекатонска плочка.

Edited by Мартин - 10-Dec-2010 at 16:47
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 10-Dec-2010 at 17:00
Јас сум за! Ем рамномерно е застапен во сите региони на змејата, нема да има навредени и лути при додавањето!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 10-Dec-2010 at 17:11
Mene mi se dopagja, a ima i sredno zelenilo kako i po stranite!Se e osvetluvano so kanti i klupi!
Toa so bekatonskata plocka, mislam deka nie ne preteravme so betonot, gledajkji vo regionov

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 56>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.688 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.