build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 10-Nov-2021 at 18:01
АЕРОДРОМ И СКОПЈЕ ДОБИВААТ НОВ МЕГАПАРК ОД 100 ИЛЈАДИ КВАДРАТНИ МЕТРИ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска ја посетија локацијата на која ќе се гради нов мегапарк, предвиден во програмите на двајцата кандидати.
Паркот ќе опфаќа површина од околу 100 илјади квадратни метри и ќе се протега на потегот од паркот кај последна петка сè до паркот „Авион“. Предвидено е мегапаркот да стане еден од најголемите паркови на територијата на Град Скопје, претворајќи го ова заборавено место во вистинска локација за релаксирање на жителите.
📢„На оваа локација до пред десетина дена имаше дива депонија на која секојдневно противзаконски се истураше ѓубре без никаква санкција и без никаков надзор. Сега веќе тоа е минато. Оваа локација почнува да се чисти. Санкционирани се неколку трговски друштва и веќе и тие знаат дека во Аеродром не се толерираат нови диви депонии. Уште во кампањата заедно со градоначалничката Арсовска зборувавме за нов мегапарк од околу 100 илјади квадратни метри со зелена површина и разни рекреативни содржини,“ изјави градоначалникот Муцунски, потенцирајќи дека мегапаркот е од интерес на сите жители на Аеродром и Скопје.

https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 10-Nov-2021 at 22:19
Ако саглм направат барем 3 од 5те паркови ќе биде одлично. Петре не можеше ни овој во Карпош да го направи.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 26-Jan-2022 at 14:24
Општина Кисела Вода гради самоодржлив парк кај кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода



За осветлување ќе се користат фотоволтаици, а за зелените површини ќе биде поставен систем за самонаводнување

Паркот „Иднина“ во Општина Кисела Вода кој во моментов се гради кај кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода ќе биде самоодржлив, најавуваат од оваа скопска општина.

– Следејќи ги најновите светски трендови, паркот, кој носи симболично име, „Иднина“, ќе биде самоодржлив. За осветлување ќе се користат фотоволтаици, а за зелените површини ќе биде поставен систем за самонаводнување – информираат од Општина Кисела Вода од каде што објаснуваат и дека работите на терен се одвиваат непречено а изградбата на паркот е во напредна фаза.

Имено, на терен се работи на оплеменувањето на просторот кој се протега на површина од 4.000 м2, а на кој, според најавите, по финализацијата на проектот, ќе се нудат најразлични содржини за сите генерации.

Покрај зеленило, дрвца, хортикултурно уредување, во паркот ќе има урбана опрема, клупи, летниковец, патеки за шетање, воден ѕид, a за најмладите ќе се изгради детско игралиште. На влезот, на јарбол ќе биде поставено македонското знаме.

– Ветувањата од предизборната кампања за мене се обврска. Непосредно до кружниот тек кај Припор, од неуреден и неосветлен простор, од депонија поради која сите ја вртеа главата настрана, оваа пролет граѓаните ќе добијат прекрасно урбано катче за одмор, рекреација и дружење. Внимававме да предвидиме содржини за сите генерации, а притоа за одржување на новиот парк да користиме обновливи извори на енергија, со што и заштедуваме и ја заштитуваме животната средина. Паркот „Иднина” е одговор на потребите и барањата на нашите жители. Како еден од првите реализирани проекти и остварени ветувања, тој ќе биде симбол на иднината што им ја ветивме на нашите сограѓани – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

https://www.slobodenpecat.mk/opshtina-kisela-voda-gradi-samoodrzhliv-park-kaj-kruzhniot-tek-megju-pripor-i-kisela-voda/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 26-Jan-2022 at 18:34
Градиме самоодржлив парк кај кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода







https://www.facebook.com/1OrceGj
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14320
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 26-Jan-2022 at 21:01
Да бидеме реални, ова не е парк туку паркЧЕ.
За сè има вторпат
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 26-Jan-2022 at 23:15
Овој простор има само околу 1000 квадрати, не 4000 како што е најавено. Освен ако проектот не вклучува уредување и на просторот отспротива, на другата страна од кружниот тек.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 913
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 27-Jan-2022 at 03:00
Кој ќе го користи парков сред булевар и улица, кај што има бучава, опасна фрекфенција, загаденос, а и колку што гледам стазите ќе зафаќаат 1/4 од пространството...важно знамето се вее.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 27-Jan-2022 at 08:35
Ne gledam nisto loso da ima vo Skopje uste 100 vakvi mini parkovi. Po 10 drvca da ima i po 10 klupi super ke bide. Ne e gradski park, ednostavno mora da se iskoristi sekoe mesto za mini zelena oaza vo betonskava dzungla. Plus sigurno ima luge koj namesto po trotoari da teraat malska druzba ke si sedat vo parkcevo, dodatno moze da ima i mini park za milenici ubavo zagraden kade so ke moze da gi pustaat kucinjata da trcaat bezbedni od avtomobili. Isto i detsko katce moze da ima pa namesto 1 nedelno da gi nostat vo park decata od okolnite ulici ke moze pocesto tuka da si igraat. Ne deka e nesto wow ama podobro 100 vakvi parkovi odkolku da ucrtaat zgrada tuka i nekoj so debel vrat nafatiran na sumliv nacin da dojde da se bogati.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 475
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 27-Jan-2022 at 11:46
Се согласувам, подобро нешто отколу ништо како што е пракса во Скопје. Исто така да се стави „ограда“ на тротоарот па колку и грдо да личи, за да не се паркираат и да се зголеми безбедноста на граѓаните штом ќе се зголеми фрекфенцијата на луѓето во овој дел.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 764
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 27-Jan-2022 at 11:51
Super se vakvi proeti samo pomalku pompa i povekje rabota. Ova ne treba da e ispolnuvanje na programa, ova treba da e osnovna, tekovna rabota na sekoja opshtina.

Patem, spored dronskite sliki i dolzhina na kola prosek 4 metri, prostorot lichi ko da ima okolu 2000-2500 kvadrati
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 05-Feb-2022 at 10:14
Арсовска: Наскоро нов зелен мега парк во општина Ѓорче Петров

Првиот зелен мега парк предвиден со програмата на Град Скопје ќе се отпочне како проект во општина Ѓорче Петров.

Мега паркот ќе се протега на просторот каде постоеше долгодишната дива депонија, која во изминатиот период е целосно расчистен во соработка со општината Ѓорче Петров.

„Почнуваме со проекти како што е мега паркот во Ѓорче Петров со кој ќе се зголеми зеленилото во градот Скопје. Тој е на потег каде постоеше огромна дива депонија од над 10 илјади м2 која што беше истакнувана како проблем на жителите од градот долги години. Заедно во соработка со градоначалникот на општина Ѓорче Петров успеавме да ја исчистиме, а сега сме во процес, за на тој потег да има еден навистина прекрасен голем мега парк со дополнителни содржини нешто по урнекот сега што го гледаме во градскиот парк. Ќе биде место кое ќе биде, центарот на движење со содржини за релаксација на граѓаните од тој дел на градот”, истакна Арсовска во емисијата „Заспиј ако можеш”.

Мега паркот во Ѓорче Петров е дел од проектот од предизборната програма на градоначалничката Арсовска за уредување „5 нови мега паркови во Скопје”. Овие паркови ќе придонесат за значително зголемување на градското зеленило, а скопјани добиваат нови зелени површини за релаксација.

https://www.slobodenpecat.mk/arsovska-naskoro-nov-zelen-mega-park-vo-opshtina-gjorche-petrov/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 05-Feb-2022 at 16:28
Originally posted by stef4o

...
Мега паркот ќе се протега на просторот каде постоеше долгодишната дива депонија...


Каде поточно се наоѓа таа депонија?
Патем, 10.000 м2 е колку еден помал урбан блок, тоа тешко може да се нарече „голем мега парк“, но ако се надоврзува на некој зелен појас, да речеме покрај р. Лепенец, може да биде добар како за почеток.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 05-Feb-2022 at 17:43
Originally posted by Théoden


Originally posted by stef4o

...
Мега паркот ќе се протега на просторот каде постоеше долгодишната дива депонија...
Каде поточно се наоѓа таа депонија?
Патем, 10.000 м2 е колку еден помал
урбан блок, тоа тешко може да се нарече „голем мега парк“, но ако се
надоврзува на некој зелен појас, да речеме покрај р. Лепенец, може да
биде добар како за почеток.


Ова го посочуваат дека е локацијата



https://www.facebook.com/gjorcePatriotsko
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2053
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 05-Feb-2022 at 22:45
Низ овој "мега гига" парк ќе поминува Бул.Илинден во иднина?

Претпоставувам водат сметка на тоа да поминува покрај него, не низ.

Браво што им текнало, штета што на тие пред не им текна.


***Градски парк што е? Јота парк? Описот за греота им е...ама бар нека го направат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 06-Feb-2022 at 00:15
Previous

Илинденска треба да минува веднаш до прочистителната станица, може да се забележи и сега трасата, така да паркот би бил источно од неа. Не знам што предвидува овој четврт СЗ 07, се надевам дека ќе се зачува цел за зеленило и рекреација, па еден ден и навистина да стане „голем мега парк“.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 18-Feb-2022 at 13:28
Активно работиме на реализација на уште едно предизборно ветување - мега парк во Општина Аеродром!
Инспекциските служби денеска ја отстранија дивопоставената ограда која со години се наоѓаше во непосредна близина на автобуската станица на последна 5-ка во населбата Ново Лисиче.
Нашата општина ќе добие целосно нов лик - на местото на дивата депонија ќе има мега парк и фудбалски стадион.







https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14320
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 22-Feb-2022 at 11:29
Извадок од видео, обновен парк Ќиро Крстев во Кавадарци



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 20-Apr-2022 at 14:06
Аеродромци ќе добијат нов парк на улица „23 Октомври“ спроти градинката „Изворче“ во населбата Стар Аеродром.

Продолжуваме да ја разубавуваме нашата општина, започнуваме со уште еден проект, изградба на нов парк на ул. 23 Октомври во Стар Аеродром!
Во соработка со општествено одговорна компанија ќе се уреди нов парк со површина од 2.300 м2. Изградбата опфаќа детски парк и содржина за возрасни со новопроектирани пешачки патеки, простор за одмор, простор за одржување на настани, павилјон за одмарање, ново хортикултурно уредување и поставување на нова наменска урбана опрема. Воедно, тука ќе никнат и нови садници со кои ќе придонесеме за нашата општина да добие уште повеќе зеленило
Инвестицијата е вредна повеќе од 5,000,000 денари, а ќе се реализира во соработка со компанија која помага овој дел од Општина Аеродром да добие нов лик како вистинска урбана општина.











https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 845
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 20-Apr-2022 at 14:54
Урбана општина со испопаркирани автомобили на секој чекор, не личи баш на урбана општина. Прво нека изградат монтажни паркинзи, нека имплементираат паралелно паркирање, косо паркирање и слично, и конечно нека го решат проблемот со паркирањето во општината, а после има време и за други работи. Очигледно има пари, ама не сакаат во тоа да вложат и скоро сите забораваат дека тој сообраќаен хаос во однос на паркирањето директно негативно влијае на животната средина (барање слободно паркинг место подолго време од вообичаеното = повеќе издувни гасови, узурипирани тротоари/велопатеки = демотивација за одење пеш или користење велосипед, паркирање по диви паркинзи кои не се асфалтирани = дигање прашина итн.).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15962
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 26-Apr-2022 at 17:02
Битола ќе добие нов парк





Наскоро Битола ќе добие нов парк. Паркот ќе се простира на површина од 25.000 квадратни метри.
Изградбата на новиот парк беше промовирана денеска кога почнаа работните активности со кои ќе биде уреден новиот парк во Нова Битола.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, информираа за динамиката со која ќе се уредува паркот, кој покрај хортикултурно и партерно уредување, ќе содржи и спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување.

Општина Битола, проектот ќе го реализира во две фази, во соработка со јавните претпријатија од градот.
Со уредувањето на оваа површина, која во досегашниот период воопшто не беше уредена и одржувана, Битола ќе добие нова зелена површина, која е многу значајна за подобрување на квалитетот на животната средина, а граѓаните ќе добијат и ново место за одмор и рекреација, како и за игра и забава на најмладите.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/bitola-kje-dobie-nov-park/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.189 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.