build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Градски парк Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Градски парк Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 22-Jul-2020 at 12:04
ГРАД СКОПЈЕ ГИ ОБНОВИ СИТЕ 19 МОСТОВИ ВО ГРАДСКИ ПАРК 2 СО ДОНАЦИЈА ОД ХАЛКБАНК

Град Скопје со донација од Халкбанк целосно ги реконструира сите 19 пешачки мостови во вториот дел од Градскиот парк.
- Со нашиот партнер Халкбанк, која важи за општествено одговорна компанија, пред неколку месеци ја почнавме, а сега веќе целосно ја завршивме реконструкцијата на сите 19 дрвени мостови во вториот дел од Градскиот парк. Самата реконструкција опфаќаше целосна обнова на дрвената подлога, со материјали коишто се поотпорни на климатските промени, поиздржливи, како и целосна обнова на металната конструкција и премачкување на металните површини со боја која овозможува нивна заштита од корозија. Ги направивме дел од мостовите достапни и за велосипедистите и за лицата со отежнато движење со поставување рампи, така што го направивме паркот достапен за сите наши граѓани – изјави Шилегов.
Тој додаде дека ова не е прва соработка на Градот Скопје со Халкбанк, и дека ќе продолжат и во иднина да работат на други проекти.
-Очекувам општествено одговорните компании, како што е Халкбанк, и во иднина да го помагаат Градот, бидејќи и вработените и самите фирми се токму овде во Скопје и се негови жители, со цел заедно да успееме ние како институција, општествено одговорните фирми како такви и граѓаните, овој дел од градот, односно паркот каде што ни е најдостапна природата во рамките на урбаната средина да го направиме едно попристојно, поубаво место. Имајќи во предвид дека е сериозно зголемена фреквенцијата на граѓаните во него во време на пандемијава ги повикувам и граѓаните заедно да го чуваме ова богатство коешто го имаме во срцето на нашиот град – кажа Шилегов.
Според Билал Суџубаши, првиот човек на Халкбанк, во агендата на општествено одговорни активности на банката еден од приоритетите е поддршката на проекти што придонесуваат за здрави животни навики и заштита на животната средина.
- Градскиот парк е сигурно најубавото место во Скопје, зелена оаза, место за прошетки, за спортување, рекреирање и уживање на граѓаните. Бидејќи како банка настојуваме со нашите општествено одговорни активности да поттикнеме здрави животни навики и да придонесеме за заштита на природата, со задоволство прифативме да помогнеме на Град Скопје во реализација на проектот за реновирање на 19 мостови во вториот дел од паркот. Ова е втора активност која со наша поддршка ја спроведува Град Скопје, минатата година ја поддржавме кампањата за бесплатно подигање на остатоците од бербата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување – кажа Суџубаши,
Реконструкцијата на сите 19 мостови е целосно завршена, а вредноста на донацијата изнесува околу 2 милиони денари.











https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7374
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 22-Jul-2020 at 20:04

жардиниериве од последната слика се олицетворение на ставот „not mu f*cking job“ []
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 23-Jul-2020 at 16:03
НОВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРК
Вториот дел од Градскиот парк деновиве добива ново енергетски ефикасно осветлување. Старите и дотраени светилки, се заменуваат со нови штедливи лед светилки. Досега се поставени околу 70 лед светилки, а вкупно ќе бидат поставени околу 100 лед светилки. Новото осветлување дополнително ќе го разубави амбиентот во овој дел од Градскиот парк.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 14-Sep-2020 at 15:24
СЕ ОБНОВУВА СТАРО НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
Во Градскиот парк кај тениските терени Југ се обновува старо новата пешачка патека во должина од околу 200 метри. На патеката ќе биде поставено ново осветлување и нова урбана опрема.







https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 496
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 14-Sep-2020 at 18:18
Добро ќе биде паркот да добие ново осветлување на повеќе места.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 18-Oct-2020 at 16:08
Новиот памптрак во Градски Парк





https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.