build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Проблем со диви депонии
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Проблем со диви депонии

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 683
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 14-Sep-2021 at 21:04
За какво превоспитување зборуваш? За да ПРЕвоспиташ прво треба некакво воспитание. А истото овие луѓе го немаат, бидејќи нивните родители го немаа а и нивните деца го немаат. Проблем не се тие, проблем е системски расистичката држава и општество кои прават се за овие луѓе да останат каде што се. И сега ќе се јави некој научник да ми објасни дека Ромите имаат еден куп можности да си го подобрат животот ама самите не сакаат. А истиот тој научник не му текнува дека е писмен и способен за работа оти имал среќа да има семејство и родители, па и држава, кои се погрижиле да стане тоа што е. А се ќе си мисли дека се што има сам си го сработил оти е генијалец, а Ромите се единствено мрзливи и крадци. Оти нели тој научникот - е самороден генијалец.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 14-Sep-2021 at 21:23
Како што богатсвото е наследно, така и сиромаштијата е наследна. Мораме да им помогнеме, или да ги "натераме" со сила, како сакаш кажи го, да го прекинат овој циклус кој што добро го опиша кадешто генерациски се наследува таквиот минд-сет и повторно и повторно општеството не успева да ги интегрира. Јас понудив модел како тој ланец да се прекине во една генерација, отсечно и одлучно. Со ставање на делови од население под присилен патронат, и тоа не мислам по етничка линија него баш по оваква егзистенцијална линија. И ќе повторам, ЗА НИВНО ДОБРО, И НАШЕ ДОБРО.

А тоа што најбогатиот ром во Македонија и до неодамна нивни национален лидер, си го остави синот со основно образование сосема доволно кажува во каков менаталитет се заглавени. А другиот син го направи газда на перална за автомобили, зашто нели циганите природно местото им е во перална за коли, ама кога си јак е тогаш си газдата на пералната. Епа такви потези повеќе зборуваат за нив самите отколку што можам јас да сум заблуден. Да не правиме муабет дека еден не се најде да стипендира негови сонародници, и место молење гинеколог да дојде во Шутка 20 години, до сега ќе изшколуваа генерации доктори и сами ќе ги произведеа.

Не сум јас тој што така седејќи од чиста мира ми паднале фашистички идеи на памет, самите ги предизвикуваат и ствараат слики кои доведуваат до тоа кај луѓе да се развијаат вакви ставови. И повторно ќе кажам, ниакде не реков да ги правиме сапун, туку ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ и одлучно ВО ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА да се прекине овој постојат циклус од кој сега никој не им помага да најдат излез!

Edited by user8642 - 14-Sep-2021 at 21:24
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13894
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 15-Sep-2021 at 00:33
Originally posted by user8642

Абре ова е за ставање во камп за преваспитавање у кинески стил! Губи право на глас и одлучување за себе, работи работа што државата ќе му ја додели, му ја зима цела плата и му ја распределува како да ја троши со задолжителна заштеда. На сила го школува, го описменува, го застанува на нозе финансиски и после неколку години го пушта на улица у самостоен живот повторно. Ахх бре, касарни така седат за џабе празни. Колку сака нека звучи фашистички или диктаторски, ама јас друго ефикасно и темелно решение не гледам за овакви слоеви од население. Мора да се стават под некаков патронат, и заради наше добро и заради нивно добро.


За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5314
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 15-Sep-2021 at 11:56
1. Арно беше забранет откуп на старо железо и бакар едно време.

2. На Шилегов дронот од 100.000 евра за ловење загадувачи испадна дека е само за сликање на нов асфалт по улиците и постирање на Facebook.

3. Државата има толку погрешни приоритети, а воедно и нејзиното население, што единствениот начин да се се реши било каков проблем е некој друг во ЕУ да ни го реши. Чарето за овие луѓе е да влеземе во ЕУ (оти бугарски пасош нема да добијат) и да одат да живеат таму (како бугарските и романските Роми) за некој друг со повеќе мозок од нас да им даде шанса да се еманципираат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13894
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 15-Sep-2021 at 16:36
Работата е во тоа што не постои брзо решение за проблем што го имаме најмалку стотина години. Квалитетот на живот на Ромите е значително подобрен, но голем број Роми уште живеат во најмизерни услови и преживуваат со крадење железо и палење кабли за бакарот во нив. Тука треба сеопфатна долгорочна акција, но таква волја нема ни меѓу ромските политичари, така што овој проблем ќе го имаме уште најмалку стотина години.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13048
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 16-Sep-2021 at 17:05
Маџир Маало зад Народна Банка,со месеци е вака...(од твитер)

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13048
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 16-Sep-2021 at 17:11
Ајвар сезона“ и црн чад на депонијата во Долно Лисиче: Кој пали оган секој ден и ги носи пожарникарите на ѓубриштето? (ФОТО+ВИДЕО)











Правите ајвар и ви се собрале остатоци од лупени пиперки, реновирате купатило, па дома ви пречат ве-це шолјата, кадата и други санитарии, ви здодеала старата јамболија и јорган, мебелот, ви пречат купиштата шишиња кои празни стојат во подрумот, пиевте лименки пиво со друштво, па ви се собраа празни лименки, го менувавте кровот, па ви се натрупаа стари азбестни плочи, колевте животно, па ви останала кожата и нема каде да ја фрлите...

Не грижете се, Општина Аеродром има „решение" за вашите проблематични отпадоци. На депонијата во Долно Лисиче слободно фрлајте си, ниту има кој да ве казни, ниту да ве опомене, ниту пак да ве спречи. Сѐ што ви е потребно е недостаток на свест за чиста животна средина и немање срам дека ја предизвикувате нечистотијата која потоа ќе ја живеете.

Црн густ чад денес нешто пред 12 часот се креваше високо на депонијата во Долно Лисиче, на мостот над Вардар кој ги спојува Долно Лисиче и Јурумлери. Имаше мал оган, но сепак беше пожар

Екипата на МКД.мк повторно отиде на местото за кое пишуваме повеќе пати, а надлежните буквално се глуви на нашите објави, прашања и укажувања. Смрдеа која ја чувствувате дури и со маска, ѓубре, стакло, лушпи од пиперки, кабаст отпад, стари јоргани, по некоја ве-це шолја, стар мебел, паднати дрва, на некои места црни остатоци од запалени гуми и мало чадење од тукушто изгаснат оган...

Очигледно дека долгогодишниот проблем со оваа депонија им досади на сите, и на оние кои живеат тука, и на оние кои поминуваат покрај ова место, и на нас кои постојано известуваме, но очигледно не им досади на надлежните во Општина Аеродром на кои постојано им се јавуваме, им праќаме фотографии, па ги објавуваме, но решение нема.

Нова галерија од фотографии направивме и денес, иако за истиот проблем пишувавме и на почетокот на август, но градоначалникот Златко Марин не нѝ одговори на нашите мејлови. Сега тој веќе не е во трка за градоначалник на општина Аеродром, па изгледа решение за проблемите ќе мора да чекаме од новиот градоначалник кој ќе го наследи на претстојните локални избори.
До тогаш, можеби граѓаните кои ја полнат оваа депонија, ќе се свестат дека не треба да се фрла отпадот на ова место, па ѓубрето нема да се зголеми и ќе остане исто како што го затекнавме денес.

Депониите ни штетат и на здравјето, односно преку нив го загадуваме воздухот и претставуваат извор на зараза. Во Долно Лисиче во близина на депонијата има убав парк, но ако малку погледнете погоре од паркот глетката е грозна, а ако се доближите тоа ќе ви го докаже и смрдеата. Ако овој проблем не го реши Општината, а потоа не се свестат и граѓаните, ништо од чистата животна средина.

А нашиот медиум ќе известува онолку пати колку што е потребно за да се реши овој проблем, па ако треба и постојано со докази, фотографии, видеа..

https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/ajvar-sezona-i-crn-chad-na-deponijata-vo-dolno-lisiche-koj-pali-ogan-sekoj-den-i
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13048
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 12-Oct-2021 at 08:02
Хорор глетка на Вардариште: Живеат десетина семејства со деца, чуваат крави, собираат и палат отпад



Кабли се палат под отворено небо за да се дојде до бакарна жица, што е еден од највносните бизниси во дивото селектирање отпад. Од горењето се создава темносив чад, исклучително токсичен и животозагрозувачки ако директно се вдишува. Каблите најчесто се украдени, но полицијата речиси никогаш не реагира на Вардариште.

За четириесеттемина што живеат на улица „Зенден Џемаил“ број 76, тоа беше само уште еден од вообичаените денови во некогашната градска депонија Вардариште.

Импровизираното живеалиште, изградено од штици, тули и најлони, ни оддалеку не може да биде дом за толку луѓе, но за државата сите овие нејзини жители се водат на оваа адреса. Поштарот неуморно доставува сметки, писма, судски покани, опомени, тужби…

– Луѓето се коректни кон мене, никогаш со нив не сум имал проблеми, уредно им ја доставувам поштата – вели поштарот во чиј реон спаѓа и дивата населба сместена на работ на Вардариште.

Куќите среде ѓубрето се дом на повеќе семејства со деца, а најголем дел од нив се издржуваат токму од собирање отпад. Еден од влезовите во Вардариште поминува точно покрај оваа населба и секогаш има по неколку пара очи, кои будно следат кој влегува на депонијата и што носи со себе.

Сведоштвата од Дифтар маало
Некогашната скопска депонија Вардариште се наоѓа од левата страна на Вардар, во близина на населбата Маџари и се протега на 42 хектари. Била во функција од 1976 до 1996 година, кога под притисок на жителите на Аеродром, кои тогаш се жалеле на ужасна и неподнослива смрдеа што им доаѓаше од преку реката, била конечно затворена.

За жал, со нејзиното затворање не завршија еколошките проблеми на жителите на Скопската Котлина, предизвикани од Вардариште. Напротив, од таа локација и натаму континуирано се загадува со нелегално горење отпад, а неколку научни студии сведочат и за загадувањето на подземните води предизвикано од натрупаниот отпад.

Жителите на околните населби, на пример од Дифтар маало, раскажуваат дека на Вардариште постојано се истура секаков отпад. Локалните босови им наплаќаат тарифа на камионите со градежен шут, расипана храна, отпадна пластика, земја од ископ за да „си завршат работа“. Исто како што си има своја цена и бакарот од изгорените кабли, кои се „преработуваат“ под ведро небо, односно се горат некаде на широкиот простор на депонијата, а потоа се продаваат по отпади. Неканетите гости се недобредојдени. Чадот од запалените кабли, носен од ветерот, преку Вардар, ги труе жителите на Аеродром, Ново Лисиче, Лисиче, Маџари…

– Од каде ви се кабливе? – прашуваме двајца помлади мажи, кои со неколку дечиња нѐ одминуваат качени на запрежна кола, претоварена со изгорени кабли.

Нивните лица се исцрнети, како да седеле над отворен оган. Иако беа видливо нерасположени да одговорат, како и да бидат сликани и снимани, ни рекоа дека „ги нашле“ случајно на депонијата.

Не вреди да се ставаат чувари, ќе ги поткупат
„Баравме од Град Скопје да ја огради депонијата, да постави бариери на приодните патишта, да стави чуварска служба, некаков мониторинг, но бевме одбиени со образложение дека нема пари. Дури ни беше кажано дека не вреди да ставаат чувари, бидејќи тие лесно можат да бидат поткупени за да не си ја работат својата работа “, велат локалните жители.

Се продава ли млекото од кравите што пасат на депонијата?



Неколку десетици метри подалеку, среде ѓубрето, затекнавме стадо со педесетина крави и стотина овци.

Информацијата што ја имавме дека на отпадот се напасува стока, се покажа точна. Но кога го погледнавме сопственикот на стоката што пасе на депонијата, тој прекина со молзењето на животните и тргна накај нас. Бидејќи претходно бевме предупредени дека е агресивен и непријателски расположен кон неканетите гости, не му се приближивме да разговараме. Така остана неодговорено прашањето – дали го продава млекото од своите крави и овци?

https://www.slobodenpecat.mk/video-chadot-od-zapaleni-kabli-na-vardarishte-go-true-polovina-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13048
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 12-Oct-2021 at 09:47
од твитер,Визбегово







Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 12-Oct-2021 at 17:06
Ме потсети на најпознатата депонија во Африка. Се наоѓа во Гана, електронски отпад од цел свет пристигнува тука на "рециклирање" и вработените имаат животен век ~40-тина години. Многу интересна документарка, ако не сте ја гледале да ја погледнете.

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1559
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 30-Oct-2021 at 11:00
Конечно нешто паметно! Следен чекор да биде финансиска субвенција за одлагање отпад во легална депонија! Никој нема да помисли да фрли на диво, а парите што ќе се потрошат се далеку помалку од што кошта да се исчистат дивите депонии. Башка граѓани би биле мотивирани дури да однесат плус отпад до по дома, или нешто што некој го оставил фрлено.

Шилегов: Граѓаните ќе можат бесплатно да исфрлаат шут во Дрисла
October 27, 2021 Власт, Избори, Локални избори 2021, Политика


– Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов денеска најави дека граѓаните ќе можат бесплатно да го исфрлаат шутот во депонијата Дрисла, која потоа ќе го преработува и ќе произведува градежни материјали.

– Дрисла во следниот период доби голема инвестиција со што го решаваме еден од најголемите проблеми, дивите депонии од градежен шут којшто за жал ги создаваат несовесните граѓани. Дрисла веќе започна со третирање на преработка на шутот, инсталирање на опрема за третирање на преработка на шутот од инертен отпад, односно она што го гледаме во околината на нашиот град. Така, наместо да се плаќа за депонирањето на шутот којшто сега ги мотивира некои од граѓаните тоа да го исфрлаат на диво, и да ја загадуваат природата, тоа ќе можат да го прават бесплатно во депонијата која потоа ќе го преработува овој шут и ќе произведува градежни материјали, рече Шилегов на денешната прес-конференција. Во Дрисла, нагласи тој, се работи законски, не се согорува опасен увезен отпад и со тоа здравјето на граѓаните повеќе не е во ризик.

– Ова е вистинска грижа за здравјето на граѓаните и добро управување со јавните претрпијатија. Дрисла беше симбол на корупција и криминал на претходната власт, извор на загадување и опасност за скопјани. За само четири години ја претворивме во ефикасно претпријатие каде безбедно и одговорно се третира отпадот без да се загрозува животната средина, претпријатие кое се развива и кое во следниот мандат ќе прерасне во модерен центар за третирање на отпад по светски стандарди, со што ќе го решиме проблемот на дивите депонии во нашиот град, истакна Шилегов. За една и пол година, како што посочи, успеале да набават нов стерилизатор за третман на медицински отпад од позната италијанска марка ЦИСА, иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот, според него, се стави крај на несоодветната обработка на медицинскиот отпад кој потоа на Дрисла завршуваше како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и здравјето на граѓаните.

– Системот за третман на медицинскиот отпад е опремен со шредер кој го намалува до 80 проценти неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што придонесува за заштеда на потрошувачката на вода и до 98 проценти, како и со систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и недозволува воздухот да го испушта стерилизиторот и да ја загадува околината. Градежните машини со коишто располага Дрисла и кои се во нејзина сопственост, се комплетно сервисирани во сервисот на претпријатието и повторно се вратени во употреба. Веќе не трошиме пари за изнајмување на градежни машини. Старите и дотраени теренски возила се заменети со три нови теренски возила, неопходни за непречено движење по пристапните патишта до депонијата кои се тешко проодни за лесни моторни возила, додаде Шилегов. По 10 години, вели тој, комплетно се отворени и дренажните канали околу целата депонија. За редовно мерење на амбиенталниот воздух набавена е нова мерна станица за амбиентален воздух со автоматско ажурирање на податоците на секоја една минута. Воведен е и нов софтвер за дигитализација на деловните процеси и на процесите за третман на отпадот на депонијата согласно европските стандарди. Поставен е нов систем на видеонадзор со што целата површина на депонијата е комплетно покриена со камери.

– Денес, граѓаните на Скопје можат да бидат спокојни, Дрисла повеќе не го труе нашиот град. На изборите во недела бираме дали сакаме овој развој и заштита на здравјето на граѓантие да продолжи или сакаме Дрисла да ја вратиме назад на управување на истите оние кои ја продадоа за криминални цели и свесно го труеја градот и го загрозуваа нашето здравје, рече Шилегов. Прашан што ќе се прави со времено вработените во скопските јавни претпријатија, Шилегов рече дека мора да го решат статусот на овие лица да им се издадат решенија за траен работен однос, како и дека после изборите треба да им се покачи платата.

– Се слушаат разноразни гласини низ градот, доаѓаат и до мене дека веќе ќе се делел колачот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, па ќе биле овие на јавните претпријатија директори, оние ќе биле директори, тоа е само пристап на луѓе коишто де факто ја немаат грижата за градот, туку на градот Скопје гледаат како на политички плен, а не како град на граѓаните. Ние мораме да продолжиме понатаму за да го решиме статусот на овие лица кои беа времено ангажирани со цел да издадеме решенија за нив за траен рабоптен однос и да им го вратиме статусот на достоинствени граѓани, рече Шилегов
Опсервер: Шилегов: Граѓаните ќе можат бесплатно да исфрлаат шут во Дрисла | opserver.mk

https://opserver.mk/politika/vlast/shilegov-gragjanite-kje-mozhat-besplatno-da-isfrlaat-shut-vo-drisla/


Edited by user8642 - 30-Oct-2021 at 11:02
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13048
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 02-Nov-2021 at 18:25
Ѓорѓиевски: На местото од депонијата во Дупки правиме парк од 4.000 м2

Општина Кисела Вода денес започна со чистење на дивата депонија во месноста викана Дупки во населбата Драчево. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедно со службите.



https://www.facebook.com/1OrceGj
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2034
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 02-Nov-2021 at 19:09
Ама зошто ги чистат депониите кога прво треба да изградат систем за исфрлање на смет!
Нека основаат посебен дел во комунална која ќе биде мобилна единица за собирање кабаст отпат задолжена да реагира 24 часа од пријава за 0 денари.
После нека чистат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13048
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 06-Nov-2021 at 17:56
Ги мапираа и им објавија војна на дивите депонии, граѓаните скептични

Новите градоначалници на скопските општини им објавија војна на дивите депонии. Прво ги мапираа, па отидоа со механизација да го подигнат отпадот и шутот, и веднаш се пофалија на„Фејсбук за завршената работа.

Токму тоа го направи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој спроведе еколошка акција во населбата Ченто во која комплетно е исчистена дивата депонија кај гробиштата Камник.

Граѓаните на Гази Баба ја поздравија акцијата бидејќи е исчистена една од 15 поголеми депонии на територијата на општината. Но, сметаат дека „една ластовичка не прави пролет“ ако овој проблем не почне да се решава системски затоа што депонијата за брзо време ќе биде вратена или ќе се создаде нова.

Не ракоплескајте за исчистена депонија. Секоја состојба која превенира лечење, а не спречување е осудена на брз пропаст. Ние активистите со години се бориме да се смени законот за инспекциски надзор што секоја влада поради популизам и губење на гласачи, го става под тепих. Впрочем на тоа укажа и Прибе на едно интервју со министерот за животна средина. Ако не сте знаеле секој граѓанин кој фрла отпад доколку биде фатен од инспектор како прво не може да биде легитимиран (а со тоа да добие казна). Полицијата нема изречено казна за комунален прекршок со години, и како трето, пред некое време се повлекоа мандатните казни. Тоа знаци дека секој прекршител по закон за животна средина, инспекторот ја пишува казната, па таа потоа оди на суд, па потоа ако во меѓувреме сторителот не фати врски, ќе му стигне некоја симболична казна. За разлика од претходно кога директно се извршуваше. Друго што треба да се знае е фактот дека камион што исфрла шут ќе биде казнет со 50 евра противвредност, а од целиот камион што ќе го исфрли шутот има заработка од најмалку 200 евра – објаснува Дејан Димитровски, екоактивист и поранешен советник во општина Гази Баба.

Хајди Стерјова-Симоновиќ смета дека наместо прекршок за одлагање отпад на недозволено место, тоа да биде кривично дело и тогаш ќе може и одземање на возило, а ќе може и затвор.

– Затоа што низ годиниве видовме снимки од граѓани од неколку исти комбиња/камиончиња како фрлаат отпад и создаваат диви депонии. Има многу „приватњаци“ кои се рекламираат по огласи дека чистат подруми, шут и кабаст отпад, им наплаќаат на граѓаните и потоа го фрлаат каде ќе стигнат! Мора ред да се воведе во комуналните дејности. Ако врши таква дејност да има лиценца од градот/општината, да има склучено договор со легална депонија или да има капацитети за преработка на отпад (зависи каков отпад ќе собира) и сите возила да му бидат обележани! Ако се фати необележано возило да собира или фрла отпад, кривично да одговара тој што го врши директно дејствието, ама ако има органи, и за тоа да одговара и тој. Има начини како се да се реши, потребна е само политичка волја. И се разбира камери за да се фатат сите кои ќе фрлаат на диви депонии – смета таа.

Никола Велевски, пак, предлага на секој 40. ден општината да организира Акциски ден за изнесување на кабаст отпад пред зграда или куќа.

– Граѓаните се сами должни на тој ден да го изнесат пред куќа. Секое изнесување на друг ден да е строго забрането и казниво. Општината треба јавно да ги истакнува кои се тие акциски денови во текот на годината, треба да има дежурен телефон на кој ќе може да се договори изнесувањето на отпадот и во рок од 3 дена тој отпад да биде подигнат. Градежниот шут е друга работа, секој претприемач е должен на крајот од работата да го отстрани на место каде што ќе го одреди општината, а понатаму каде ќе го носи тоа е нејзина работа. Не може ако живеам во Црешево, едно тамче градежен шут да го однесе во Дрисла и да ми наплати 100 евра – смета Велевски.

Тале Трпкоски предлага пак, во Гази Баба да се постават станици за рециклирање на отпад.

– Потребни се нај малку 20-30 станици за рециклирање на отпад и една поголема каде ќе можеме да исфрламе се и сешто, па дури и опасен отпад. Ова не е голема инвестиција, а ќе ни помага на сите нас, по секако најмногу на животната средина – вели Трпкоски.

Во општина Кисела Вода, се чисти дивата депонија во месноста викана Дупки во населбата Драчево. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедно со службите.

– По целосното расчистување на ова место, на површина од околу 4.000 квадратни метри ќе се направи зелен парк кој ќе нуди и многу дополнителни содржини. Ќе се изгради детско игралиште, катче за пензионери, ќе се постават клупи и корпи за отпадоци. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во оваа општина. Кисела Вода мора да биде чиста општина, затоа што тоа го ветивме и на тоа се обврзавме – подвлече градоначалникот Ѓорѓиевски.

https://www.vecer.press/ги-мапираа-и-им-објавија-војна-на-дивит/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7675
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 06-Nov-2021 at 18:09
се додека не се смени начинот на справување со отпад, се е џабе
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13048
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 06-Nov-2021 at 22:10
Општините и градот годишно издвојуваат доста средства за механизација и чистење на овие депонии но џабе ефектот е нула бидејќи за кратко време повторно е исто. Се додека не се сузбие изворот преку надзор и казнување на тие неколку критични точки во секоја општина,формирање комунална полиција ништо не правиме. Само привремено се подобрува состојбата. За жал сме предалеку од современи начини за третман на отпадот,има 50-тина огромни депонии за кои во догледно време нема решение. Изведбата регионални депонии ќе чини стотици милиони евра и тешко е изводлива од финансиски аспект.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 07-Nov-2021 at 11:20
Па може да се почне од најпростото, со мал чекор. Собирање пластични шишиња во најурбаните општини во Македонија, и нивно рециклирање. Гледам, во Центар веќе тоа се прави.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13894
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 07-Nov-2021 at 15:36
Денес Вардар полн со пластични шишиња, стиропор и други отпадоци, беше гадно да се шета на кеј, фуј! Освен тоа, градов никогаш не ми изгледал понечист одошто денес, буквално секаде каде што поминав со велосипед кантите беа преполни, расфрлано ѓубре околу нив, неизметени лисја од патеките, нечисти тротоари, отпад и ѓубре на сите страни покрај булеварите и поглавните улици. За Градски парк ич да не зборам.

Edited by Џоле - 07-Nov-2021 at 15:36
За сè има вторпат
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 304
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 07-Nov-2021 at 16:41
Originally posted by Џоле

Денес Вардар полн со пластични шишиња, стиропор и други отпадоци, беше гадно да се шета на кеј, фуј! Освен тоа, градов никогаш не ми изгледал понечист одошто денес, буквално секаде каде што поминав со велосипед кантите беа преполни, расфрлано ѓубре околу нив, неизметени лисја од патеките, нечисти тротоари, отпад и ѓубре на сите страни покрај булеварите и поглавните улици. За Градски парк ич да не зборам.


Gole utre treba da dobieme nova gradonacalnicka, pa arogantniov u zaminuvanje izgleda od kafana ne izlaga. Nego scenarioto e sledno utre ke dojde Danela u grad skopje a od zadutre eden tesko zabolen del od tweeter zaednicata ke tweeta kako gradot bil prljav bozem ona 2 godini vladee. I se toa posto pobitna mu e partiskta bitka da dokaze deka nema da se iscisti gubreto vo vetenite i tesko ostvarlivi 82 dena od strana na protivkandidatkata.

E sea mu posakuvam brzo treznenje za da svati deka narod ne pie nafta i pa ke zaglavime vo 10 ako ne 15 godini vlast na edna garnitura samo zatoa so ke go izmestat gubreto vo 10 dena so ovie go naplastija vo 4 godini.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 749
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 07-Nov-2021 at 18:57
Originally posted by Џоле

Денес Вардар полн со пластични шишиња, стиропор и други отпадоци, беше гадно да се шета на кеј, фуј! Освен тоа, градов никогаш не ми изгледал понечист одошто денес, буквално секаде каде што поминав со велосипед кантите беа преполни, расфрлано ѓубре околу нив, неизметени лисја од патеките, нечисти тротоари, отпад и ѓубре на сите страни покрај булеварите и поглавните улици. За Градски парк ич да не зборам.

Баш и јас прееска видов на кеј, кај ПИОМ, еден куп пластични шишиња.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4567>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.