build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објекти од културата (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 23-May-2020 at 19:23
КЛАВИРОТ ОД ПЛАСТИКА КОЈ ГО ПОСТАВИ ТАЛЕСКИ Е ТРГНАТ ОД КРУЖНИОТ ТЕК ВО БИТОЛА, НА НЕГОВО МЕСТО ЦВЕТНА ЛЕА

AddThis Sharing Buttons
Share to Facebook
Share to TwitterShare to PinterestShare to ViberShare to Печати
151
23 мај 2020
Битола, (САКАМДАКАЖАМ.МК)





КЛАВИРОТ ОД ПЛАСТИКА КОЈ ГО ПОСТАВИ ТАЛЕСКИ Е ТРГНАТ ОД КРУЖНИОТ ТЕК ВО БИТОЛА, НА НЕГОВО МЕСТО ЦВЕТНА ЛЕАКлавирот беше поставен во 2014 како декорација на кружниот тек додека на власт беше градоначалникот Владимир Талески. (Фото: СДК.МК )

Клавирот од плексиглас, поставен пред шест години на кружниот тек на улицата Васко Карангелевски во Битола, е отстранет, а на негово место градските комунални служби садат цветна леа. Директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски вели дека клавирот беше во дотраена состојба, со отвори низ пластиката, оштетен од атмосферските влијанија, па го тргнале. На кружниот тек се работи и цветниот аранжман конечниот лик ќе го добие во вторник.

Во иднина, ако градските власти се одлучат на тоа место да има пијано, тоа ќе биде изработено од траен материјал.

На кружниот тек се работи и цветниот аранжман конечниот лик ќе го добие во вторник. (Фото: СДК.МК)

Инаку, клавирот беше поставен во 2014 како декорација на кружниот тек додека на власт беше градоначалник Владимир Талески. Експонатот ја симболизираше историјата на Битола како град на клавири, но дел од битолчани го критикуваа неговиот изглед зашто во периодот кога во Скопје се градеа споменици, наместо скулптура од клавир, во Битола беше поставен инструмент од плексиглас. Воедно, критиките беа и во наскока на тоа дека тогашната власт го објави Офицерски дом на продажба сосе концертна сала каде низ историјата свиреле врвни пијанисти, а од друга страна Општината го украси кружниот тек кај „Веро“ со клавир за да асоцира на музичката традиција.

Сега клавирот е повлечен, а се реставрира Офицерскиот дом кој во иднина ќе биде Центар за култура.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/klavirot-od-plastika-koj-go-postavi-taleski-e-trgnat-od-kruzhniot-tek-vo-bitola-na-negovo-mesto-tsvetna-lea/?fbclid=IwAR3SDLG7eVIQJEOqcpbiOJ4Lnx4xQ2UEkMliz1KeWyZtt6JJ4HANzIbnQb4#.Xsln4UgzJ6w.facebook
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 23-May-2020 at 19:25
Што тоа има ново во Македонија на тема урбан простор и комунални активности... жално... клавир од плексиглас го тргнале од кружен тек
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 605
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 25-May-2020 at 00:28
Ами политичарите се бедни битија по природа, а ако некој се смета себеси за новинар тогаш не треба да подлегнува на нивната мизерија и да троши време на вакви глупости.
СДК се доста наапани на претходната гарнитура и одат во друга крајност понекојпат.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 26-May-2020 at 02:16
Најголемата сендвичара, ќебапчилница, скара на кило во Македонија, ретко толку грд објект. Спомен дом на разловечко востание во Разловци.









Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 853
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 26-May-2020 at 16:29

Во 1981 година кога бил подигнат ја добил наградата за архитектура на ниво на Југославија и е дело на Георги Константиновски, еден од најдобрите архитекти кај нас чисто информативно

Инаку, каков и да е објектот, жално е што денес пропаѓа.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 26-May-2020 at 17:06
"Јас тебе војводо, ти мене сердаре", генерален принцип по кои се фавозиризало во еден одреден период некои стилови, кои колку и да некоја архитеконска школа или заедница сака да ги прикажа на еден авангарден начин, сепак факт е дека народот не ги соживеа никогаш како дел од него. Остнаа едноставно непрепознаени, ама тоа се други долги и тешки муабети повеќе на вкус. А од стиловите неможе да се вади егзактна наука, нема тука исправно и погрешно, едноставно само различно/инакво. Скопје и земјотресот се случуа баш точно во времето кога тие стилови доживуваа своји 5-минути во светот, особено во источниот блок и беше искористена ситуацијата да се реконстуира така. А ова е само инерција, одек, екот по рурална Македонија од тој бран. Може и само едноставна анатолиска (македонска) архитектура повеќе ќе ја личело за спомен дом на таков нас, како востание од некој револуционерен период. Ова може да биде едвај за спомен дом од втора светска, понатаму не.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 26-May-2020 at 17:32
Отворен ли е сега музјеов? Кога бев пред две години ми кажаа дека единствениот вработен го вреѓал градоначалникот, па овој го избркал од работа.

Зградата е интересна, штета што никој не ја обновува. Кога ВРСМ им ги плаќаше долговите од недомаќинско работење (нз дали и Делчево беше меѓу нив), требаше да ги услови со продуктивни зафати, пр. реконструкција на музеи.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.