build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објекти од културата (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објекти од културата (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 276
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 23-May-2020 at 19:23
КЛАВИРОТ ОД ПЛАСТИКА КОЈ ГО ПОСТАВИ ТАЛЕСКИ Е ТРГНАТ ОД КРУЖНИОТ ТЕК ВО БИТОЛА, НА НЕГОВО МЕСТО ЦВЕТНА ЛЕА

AddThis Sharing Buttons
Share to Facebook
Share to TwitterShare to PinterestShare to ViberShare to Печати
151
23 мај 2020
Битола, (САКАМДАКАЖАМ.МК)





КЛАВИРОТ ОД ПЛАСТИКА КОЈ ГО ПОСТАВИ ТАЛЕСКИ Е ТРГНАТ ОД КРУЖНИОТ ТЕК ВО БИТОЛА, НА НЕГОВО МЕСТО ЦВЕТНА ЛЕАКлавирот беше поставен во 2014 како декорација на кружниот тек додека на власт беше градоначалникот Владимир Талески. (Фото: СДК.МК )

Клавирот од плексиглас, поставен пред шест години на кружниот тек на улицата Васко Карангелевски во Битола, е отстранет, а на негово место градските комунални служби садат цветна леа. Директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Панде Богоевски вели дека клавирот беше во дотраена состојба, со отвори низ пластиката, оштетен од атмосферските влијанија, па го тргнале. На кружниот тек се работи и цветниот аранжман конечниот лик ќе го добие во вторник.

Во иднина, ако градските власти се одлучат на тоа место да има пијано, тоа ќе биде изработено од траен материјал.

На кружниот тек се работи и цветниот аранжман конечниот лик ќе го добие во вторник. (Фото: СДК.МК)

Инаку, клавирот беше поставен во 2014 како декорација на кружниот тек додека на власт беше градоначалник Владимир Талески. Експонатот ја симболизираше историјата на Битола како град на клавири, но дел од битолчани го критикуваа неговиот изглед зашто во периодот кога во Скопје се градеа споменици, наместо скулптура од клавир, во Битола беше поставен инструмент од плексиглас. Воедно, критиките беа и во наскока на тоа дека тогашната власт го објави Офицерски дом на продажба сосе концертна сала каде низ историјата свиреле врвни пијанисти, а од друга страна Општината го украси кружниот тек кај „Веро“ со клавир за да асоцира на музичката традиција.

Сега клавирот е повлечен, а се реставрира Офицерскиот дом кој во иднина ќе биде Центар за култура.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/klavirot-od-plastika-koj-go-postavi-taleski-e-trgnat-od-kruzhniot-tek-vo-bitola-na-negovo-mesto-tsvetna-lea/?fbclid=IwAR3SDLG7eVIQJEOqcpbiOJ4Lnx4xQ2UEkMliz1KeWyZtt6JJ4HANzIbnQb4#.Xsln4UgzJ6w.facebook
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 276
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 23-May-2020 at 19:25
Што тоа има ново во Македонија на тема урбан простор и комунални активности... жално... клавир од плексиглас го тргнале од кружен тек
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 25-May-2020 at 00:28
Ами политичарите се бедни битија по природа, а ако некој се смета себеси за новинар тогаш не треба да подлегнува на нивната мизерија и да троши време на вакви глупости.
СДК се доста наапани на претходната гарнитура и одат во друга крајност понекојпат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 12-Jun-2020 at 15:36
ПРИВРШУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БИТОЛСКИОТ ОФИЦЕРСКИ ДОМ





Офицерскиот дом во Битола, по својата архитектонска убавина наречен уште и битолски Версај, почнува да го добива новиот лик со реставрацијата која интензивно се изведува. Се реставрира фасадата, внатрешноста, концертната сала, се заменува дограмата со нова, но налик на претходната која изобилуваше со различни форми, објектот се поврзува за уличната канализациона мрежа, ќе биде спроведен и посебен сообраќаен режим и на крај хортикултурно ќе се уреди.

„Нема да се изгуби она што како традиција сме го имале во градот и многу им значи на битолчани. Ова ќе биде дом на уметноста, во него ќе има низа културни настани, отворен за настани на невладини организации, на бизнис заедницата, но и за музејски поставки кои ќе бидат флексибилни зашто градот изобилува со археолошки наоди кои ни се наоѓаат во подрумските простории на нашиот Музеј, артефакти кои ни битолчани ги немаат видено“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Таа денес заедно со вицепремиерката Мила Царовска извршија увид во реставрацијата на објектот во што се вложени 58 милиони денари (околу 950 илјади евра) обезбедени од Светска банка, во соработка со ЛРЦП и поддршка на Владата, а Општината обезбеди 2 милиони денари (околу 33 илјади евра) дополнително за канализациона мрежа. Планирано беше инфраструктурните зафати да завршат во ноември, но врз рокот влијание има и специфичноста на објектот и пандемијата со КОВИД-19. Сепак од Општината најавија дека наскоро објектот ќе биде готов и ставен во функција.

„Ова е објект кој има своја историја и душа и може да привлече многу туристи. Интенција како Влада ни е да инвестираме во локален и регионален развој со што се придвижува локалната и регионалната економија. Овие објекти, нивното одржување, пласирање, создавање на историја за нивното минато, може да привлече и домашно и меѓународни туристи кои понатаму ќе ја придвижат економијата локално“, рече Царовска.

Офицерскиот дом е граден во времето на Абдул Керим паша, на почетокот на 20 век. Последните десетина години ги помина запуштен и руиниран. Во повеќе наврати беше префрлувана надлежноста врз него на повеќе министерства и институции, а објектот сè повеќе пропаѓаше. Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави иоглас за негова продажба по почетна цена од 900.000 евра. Но, битолчани излегоа на протест и тогашниот премиер Никола Груевски ја стопираше продажбата, а објектот го пренесе во надлежност на Општина Битола.

Реставрацијата на објектот ја започна градоначалничката на Битола од редовите на СДСМ Наташа Петровска, што беше и нејзино предизборно ветување.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/privrshuva-rekonstruktsijata-na-bitolskiot-ofitserski-dom/

Edited by stef4o - 12-Jun-2020 at 15:37
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 14-Jun-2020 at 15:01
НАСКОРО БИТОЛА ЌЕ СЕ ГОРДЕЕ СО РЕКОНСТРУИРАН И ФУНКЦИОНАЛЕН ОФИЦЕРСКИ ДОМ
Постепено и надворешно стануваат видливи, големите реконструктивни зафати кои се во тек во Офицерскиот дом во Битола. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, заедно со Мила Царовска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, извршија увид во објектот, кој за неколку месеци, повторно ќе стане место со кое битолчани ќе се гордеат, а за чие културно – историско значење, ќе раскажуваат посетителите ширум светот.

„Сакам да нагласам дека, покрај оние 58.000.000, 00 денари, кои што беа обезбедени преку Светска банка и во соработка со ЛРЦП и поддршка на Владата на Република Северна Македонија за реставрација на Офицерскиот дом, општината со 2.000.000,00 денари, обезбеди дополнително современ систем на канализација, со кој домот ќе го приклучи до уличната канализациона мрежа. Воедно, сакам да кажам дека и за улицата „Македонска фаланга“, која што се наоѓа во близина на овој објект, проектот за реконструкција е целосно завршен, се наоѓа на ревизија, што значи дека ќе следуваат зафати на контролирано регулирање на сообраќајното решение кое што ќе го имаме за овој дел од градот. Самиот овој комплекс, покрај овие инфраструктурни зафати кои досега ги кажав, предвидуваат зафати на хортикултурно партерно уредување, кои што треба да дадат навистина едно сосема поинакво по изглед место во нашиот град, во делот на можноста да имаме место каде што навистина ќе уживаме и во погледите, меѓутоа и во одморот кој што ќе го имаме тука и во можноста да ги следиме настаните кои ќе бидат. Се ова претставува нешто што на градот ќе му даде поинаква слика и сосема поинаква душа, без да се изгуби она што како традиција сме го имале во минатото, а што исклучително им значи на битолчани“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Петровска информираше дека е определена и функционалноста на објектот кој ќе биде Дом на уметноста, исполнет со културни настани, отворен за невладини организации и нивните настани, за бизнис заедницата, културните настани, но и за музејски поставки. Вицепремиерката Царовска, очекува, дека токму ваквата приказна, исполнета со историја и култура, ќе отвори нови можности за привлекување на туристи:

„Наша интенција како Влада е да инвестираме во локален и регионален развој, а со тоа инвестирање, ја придвижуваме локалната и регионалната економија. Овие објекти и нивното одржување, создавањето на приказни за нивната историја, навистина може да привлече и домашни и меѓународни туристи, кои што понатаму ќе ја придвижат економијата локално. Владата во партнерство со ЕУ и Светска банка, инвестираше 960.000 евра, што е завидна сума и во очекување сме од наредната година, тој да стартува и со своја програма и да им понуди на битолчани и граѓаните од нашата држава, културни содржини, уметнички содржини и понатаму да биде распростртанет и во регионот, како културен споменик на нашата држава“, изјави Царовска.



http://www.bitola.gov.mk/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12892
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 17-Jun-2020 at 08:48
Над 5.000 посетители за две години во Спомен-собата на Киро Глигоров

На 3 мај се одбележаа 103 години од раѓањето на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Во Штип, родното место на Глигоров, веќе четири години функционира општинскиот Мултимедијален центар. Со одлука на Советот на Општина Штип, во декември 2017 година, истиот беше именуван во чест на Киро Глигоров. Половина година подоцна, беше отворена и Спомен-соба на Глигоров, како еден вид на музејска поставка.



Она што може да се види, е резултат на дарежливоста на неговото потесно семејство, кое отстапи поголем дел од неговите лични предмети и подароци, со што беше овозможено да се оформи Спомен-собата.



Лоцирана е на приземјето на Мултимедијалниот центар, а предметите може да се поделат на три категории: лични документи, ордени и признанија и лични предмети.

Личните документи и фотографии на Глигоров, сè она што тој го имал за себе и го чувал сиот свој живот, вклучително и легитимациите од времето на бугарската окупација, партизанските евиденции како и поствоените идентификациски документи. Тука влегуваат и неговите говори и осврти на повеќе теми, вклучително и неговата мелодија „Ленка“, за која малкумина знаат, а самиот Глигоров ја напишал.



Во вториот дел, се содржани речиси сите ордени, признанија, пофалници и подароци кои Глигоров ги добил и примил во текот на неговиот политички ангажман. Овде може да се видат ордени од португалскиот крал, австриската влада и одликувања од држави како што се Того и Малезија. Голем дел од поставката е посветена токму на неговите одликувања како државник, а меѓу другото може да се видат и различни подароци, кои ги добивал на приемите за време на посета на странски држави или како домаќин во Македонија.

Во последниот дел од поставката, може да се види неговото работно биро, и клавирот на неговата сопруга Нада, кои се отстапени на Мултимедијалниот центар. При посетата на Спомен-собата, може да се погледне и изложба на фотографии, од неговите детски денови, преку средби со светските државници, сè до фотографии со најблиските членови на семејството и внуците, како и филм посветен на животот и делото на Киро Глигоров.



На самиот крај, може да се види највисокото државно одличие, кое Глигоров го добил, „Орден на Република Македонија“, како и неговата книга „Македонија е сè што имаме“. Секој посетител може да се потпише во Спомен-книгата и да добие флаер, со основните информации за Спомен-собата и за претседателот Глигоров.

Откако е отворена Спомен-собата, досега ја посетиле над 5 000 посетители. Голем дел од нив се и ученици, дури и од соседните општини, како Кочани и Пробиштип, кои ја посетиле во рамките на отворената настава.



Меѓу посетителите се и голем број на домашни и странски политичари, министри од Владата, бивши премиери и странски амбасадори. Највисок претставник кој ја посетил Спомен-собата е поранешниот шеф за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а делегации од Грузија, Израел, Чешка и други земји, како дел од работните посети во Мултимедијалниот центар, исто така ја посетиле и Спомен-собата на Глигоров.

Мултимедијалниот центар и Спомен-собата официјално беа отворени на 19 јули 2018 година. Спомен-собата е осмислена и реализирана од страна на Кирил Панајотов, советник за јавни дејности во Општина Штип, и долгогодишен пријател на Глигоров.

Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ е изграден на локација на некогашното летно кино во Штип, преку проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“ кој беше финансиран преку ИПА- програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Почна да се гради во 2014 година во месноста Суитлак. Носител на проектот беше Центарот за развој на Источниот плански регион со седиште во Штип и народното читалиште „П. Р. Славејков – 1938“ од село Брезница, Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија.



Вредноста на проектот е 448.840 евра, од кои Општина Штип доби 300.000 евра (половина се инвестиција на локалната самоуправа), а бугарската страна 148.000 евра. Градежните активности преку тендерска постапка ги реализираше штипската фирма „Актива“. Освен Спомен-собата на Глигоров, Центарот содржи и нова сала за проекции (мала киносала), сала за состаноци и едукација и друго. Во овој Мултимедијален центар е сместена дирекцијата и одговорните за културните настани во градот како што се „Штипско културно лето“, „Макфест“ и други.

https://www.porta3.mk/nad-5-000-posetiteli-za-dve-godini-vo-spomen-sobata-na-kiro-gligorov/
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 19-Jun-2020 at 14:05
Originally posted by stef4o

НАСКОРО БИТОЛА ЌЕ СЕ ГОРДЕЕ СО РЕКОНСТРУИРАН И ФУНКЦИОНАЛЕН ОФИЦЕРСКИ ДОМ
Постепено и надворешно стануваат видливи, големите реконструктивни зафати кои се во тек во Офицерскиот дом во Битола. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, заедно со Мила Царовска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, извршија увид во објектот, кој за неколку месеци, повторно ќе стане место со кое битолчани ќе се гордеат...

http://www.bitola.gov.mk/


Шубав е светот пред избори. Ова е ситуацијата во моментот на тој нивен „увид“:








Освен што е изваден паркетот, јас не гледам никаква промена, само скелиња наредени. Не верувам ни за година дена од сега да биде нешто готово, ама ај. А дури постои и ризик да го „чуваат“ и за следните зибори, т.е. локални, па така ќе се влечка уште бааги.

Ај да не кобам ептен, нека, од нејзина уста - во божји уши, можеби стварно ќе го завршат пред да измине годинава.

Edited by hcitrS - 19-Jun-2020 at 14:06
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1990
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 27-Jun-2020 at 12:33
Владата го прифати барањето да се изгради нов дом за „Танец“

Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе добие нов дом. На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни 2020 година, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата, проект врз кој раководството на „Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да ѝ предложи соодветно решение за проблемот со кој се соочува Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“.

-По седум децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност.

Ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развојот на овој наш најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто, велат од „Танец“.

novatv.mk

Edited by Staro Skopje - 27-Jun-2020 at 12:33
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5012
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 02-Jul-2020 at 11:38
Palace of Culture-Bogovinje -Tetovo







https://www.facebook.com/projektimMbikqyrje
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.139 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.