build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 327>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 05-Feb-2010 at 02:01
Добро еве вака со слуштена топка (да не е онаа од собрание ?!).
Да удрам една сума сумарум.

1.Поддршка за градежната активност и иницијативата за оформување на малиот ринг.

2.Поддршка за одредени прокети (Стар театар, Музеј ВМРО, Градска куќа, Собрание, Банката, Филхармонија). Кај театарот и Музејот би додал зеленило некое подискретно. Само може дополнително топлина да има даде на објектите.

3.Не поддршка за еден грст проекти (Триумфална на чело, оние коњите горе врз зградата ДалФуфо).

4.Поддршка за проекти во кои би сменил многу во насока на современ израз исклучиво изцрпен по длабока анализа на македонско архитектоско наследство, и никое друго, ако треба и три илјади години уназад (Хотел на Плоштад, зградата до хотелот на плоштад, мостовите два, мнр, летниковецот (народно познат како љумфер ) на плоштад, реконструкција на фасади посебно да нагласам, споменикот со обелиск во парк "Жена борец", фонтаната на плоштад заедно со споменикот на Александар III Македонски).

5.Проекти за кои ќе се одлучам за статус неутрален и ќе оставам на архитектите, но исклучиво архитекти да не се наклонети кон владеачката гарнитура, да не се наклонети кон опозиција (посебно не кон една од партиите тамо), да се од Македонија, да го познаваат македонското археолошко наследство, да немаат двојни стандарди контра себе, да не ја земаат во предвид ниту домашната ниту надворешната политика, (да знаат англиски, МС Офис и возачка Б категорија ). Притоа би сакал во прилог да видам доколку може и алтернативна замисла на просторот за актуелниот објект за кој зборуваме, пошто очигледно дека се работи за доволно празни простори кога веќе се спикани  објекти, недодефинирани простори кои бараат содржини, a цел објект е дискутабилно. Такви се (Археолошки (кај кого дефинитвно полукругот не е затворен), Црквата (за која вака на скицава не ми изгледа до толку неприкладно колку што предходно го замислував, а и нема дадено поглед од позади да го видиме конфликтот на коридорите, зградата до археолошки, Кружната на кеј, колонадата)

6.Проекти и споменици за кој сметам дека се грубо предимензионирани (Цар самоил, Карев (кој можеби е поголем и од Александар)). Лавовите кои вака кога ќе видам може и целосно да се изостават од мостот, доволно убаво ми делува само со оградата, Ограда која би сакал да ја видам и долж кејот, а и по другите мостови наместо онаа жолтата.

7.Во однос на другите споменици некако ме зачудија овалните постаменти, ни на крај памет не ми падна таква опција. Во секој случај фино ми изгледаат постаментиве.

8.За повеќето споменици немам реална претстава пошто повеќе се прикажани од некоја птичја перспектива, димензионирани ми изгледаат сосема ок вака на клипов. За индивидуални споменици веќе имаме некоја представа пошто такви имаме поставувано до сега, но за групниве посебно немам претствата. Може би некоја пропроција 1,5 према реална големина би била најприкладна.

9.ГТЦ го нема на анимацијава надграден, нели требаше уште еден кат да има?! Го заборавиле или е одкажан проект?!

10.Остар протест доколку не се овозможи било каква техничка изведба на кракот од тунелот под плоштад кој иде накај собрание, макар и тоа било најскапото техничко изведбено решение некогаш во иднина.

11.И една работа еден другар што ми ја спомна, какова ќе биде акустиката на плоштадот после. Дали при концерити ќе создава ехо. Ако создава, што е малку вероватно поради рељефните фасади, колку од тоа ќе успее Вардар како водна површина да апсорбира.

12.Незнам која техника користеле, вероватно немаат 3Д модел пошто и такви сцени со движење низ простор нема, но доколку имаат или можат да склопат нешто, тогаш би сакал да искусам виртуално шетање како на видео игра. За веќе изградените објекти доволно би биле само сиви кубуси. Лесно би било ова пошто веќе и ги имаат 3Д моделите на сите проекти.

АПЕЛ: политизација, вмро, сдс, фашизам, комунизам, грчка, и све слично да си ги остаиме во фиока. btw, signature не е прокси за отстапување од правила на форумов.

п.с. Ако изоставив некој од проектите предупредете. Балгодарност однапред на таков указ, како би можел да се дообјаснам.
п.п.с. Нумерацијава се надевам ќе биде од корист како би можеле полесно да реплицирате во однос на одредени ставки.

Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 05-Feb-2010 at 02:19
Преголема фантазија е се оваOhno ич не би му личело на градот, како да си во еден од јапонските 'anime' филмови..ама морам да признавам дека анимацијата е квалитетна направенаShifty
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 05-Feb-2010 at 02:21

со еден збор - катастрофа! ич не им требаше платото пред мнт да го изгорат, ич не требаше трифуалната капија и до неа преоблечената пелагонија, да не мислат дека и есм ќе се преслече!? сетне мостот око е целосно промашување, а хотелот на плоштад и мнр-то се целосен дебакл!

се друго и некако би сварил јасно во случај и архивот да беше на местото на стариот дел од стопанска банка, а не вака смешно и ситно залепен до бедемот!

~

ова со "ненамерно" закаснето објавување на визуелизација за планот, ама ич не го бива! ај тоа што немаше дебата јасно ми е зошто (за да не изгубат поени од евентуално постојано клеветење за мегаломански екскурзии) но мораше да се оди со далеку потемелно филтрирање на ова ПАТИНИРАЊЕВО НА ЦЕНТАРОТ! мораше да се оди на повеќе конкурси и тоа сеопфатни а не расцепкани, како за гупоите така и за проектите!  штетата ќе биде ненадоместлива!

и наместо архибригадата да се свртеше кон ова, тие политички инструирани кутрите се свртија она најатеистички кон Црквата иако таа е најмалиот проблем во целава проекција, но ете затоа сега се искомпромитирани до степен да неможат да покренат ни сомнеж а не па реакција, освен ако тоа не е со партиска подршка и во партиска организација... и не сакаа референдум да прават општо за патинирањето и гупоите ами само за Црквата, та сега и да се спотера нешто отпојќе нормално дека народ нема да го подржи, всушност "слободните" им отворија врата на надлежните со тоа што се исполитизираа и излетаа како прле пред магаре, а сега оди магаре не умри пред зелена трева... 

~

инаку посекако народ и понатака тука ќе живее, иако и доста ќе заминат, но не заради патината во центарот туку заради потрага по златното руно по светот, па и јасно дека ќе си тера скопје и понатака, какво такво! штета само што пристапот заради титоизмот и транзицијата чии жртви сме сега на слепо и на брзина се истера и наопаку и килаво, заради нетранспарентноста и немањето јавна дебата може да се рече дека муабетот е отиден на самобендисаност...

сепак се надевам дека евентуално ќе се припази на материјалите на вклопувањето околу боите и формите, иако ова кај моб не е возможно! функцијата е донекаде на место односно се јаде иако и тука има доста проспусти околу инсталирањето на објектите од јавен интерес, ајде да се надеваме дека шминката ќе биде добра, но според рендерите не ни гине imposible city етикетата, во секој случај надреален експеримент кој наместо на МАКЕДОНИЗАМ го свртеа кон НЕОКЛАСИЦИЗАМ, што прилично какафонично се истресе! 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 05-Feb-2010 at 02:22

Со кринолина во градски автобус

Дали мислите дека измешаните стилови на новите објекти во центарот ќе го разубават или ќе го нагрдат Скопје?
- Архитектурата е најконцептуална од сите уметности и треба да има силна идеја и резон за да се одлучи да се спроведе нешто во архитектурата. По земјотресот во 1963, Скопје во светот стана познат и е единствен пример како град на солидарноста. Оттогаш па наваму тој се гради во духот на современата архитектура. Архитектурата и уметноста секогаш биле авангардни и влијаеле врз науките како социологијата и филозофијата и не треба само да го одразува духот на денешното живеење, туку и да ја антиципира и иднината. Операта во Париз изградена во 19 век и нејзиниот стил и декорација се во духот на иконографијата карактеристична за тоа време. На објектот „Сецесија“ во Виена стои јасно напишано, парафразирам, дека секоја уметност и архитектура треба да се одраз на своето време. Така што во Скопје правиме барок и неокласицизам е неиздражно. Сите сакаме да имаме нов модел на мобилен или на автомобил или куќа со висока технологија, а градиме објекти со естетика и иконографија несвојствена за нашето време. Тоа е како јас сега да носам кринолини, а да се возам во градски автобус или во порше.

Триумфалната капија во Париз поставена во времето на Наполеон го слави триумфот на победата во услови на војна. Новата триумфална капија во пешачката зона на Дефанс е административна зграда со современа минималистичка форма. Митеран ја направи во 80-тите во бизнис-зоната на Париз и ја слави моќта на економијата на современа Франција. Кај нас не е јасно која е целта и симболиката на таа триумфална капија и зошто има барокна форма.

Дали одлуката за тоа како треба да изгледа центарот не треба да биде донесена со јавна експертска дебата на јавен конкурс?

- Би требало. Архитектонскиот факултет не беше информиран за презентацијата, ниту како факултет сме биле информирани или консултирани за вакви потфати во централното градско подрачје. Нашиот факултет е најмеродавен и единствен во државава и мора да биде консултиран за толку крупни зафати во македонската метропола. Не би требало само политиката да ја диктира естетиката.

Дали вложувањето од државата во изградба на објекти во центарот е оправдано ако се знае дека во Скопје не се решени други важни инфраструктурни проблеми?

- Предност треба да има решавањето на инфраструктурните проблеми кои можеби се невидливи, но се многу битни за функционирањето на еден град. Треба да постои борд на архитекти како независно тело од институциите за да решава без притисоци и влијанија. Треба да бидат вклучени и странски архитекти и урбанисти, бидејќи критериумите за архитектурата треба да имаат универзални вредности, а не локални. Познат е т.н. Билбао-ефект. Во шпанскиот Билбао, по неуспешните обиди на архитектите и уметниците да направат нешто, го повикаа и добро го платија светскиот познатиот архитект Френк Гери, кој го проектира новиот Гугенхајм и од запуштено пристаниште со криминал направи светска туристичка дестинација, на која сега и' недостигаат хотели.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E1ED77DC8415FB41AF7889912F3D7067
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 05-Feb-2010 at 02:23

Храбар и потребен потег за метрополата

Дали мислите дека измешаните стилови на новите објекти во центарот ќе го разубават или ќе го нагрдат Скопје?

- Објектите што ќе се градат се избрани на конкурси, ги поминале филтрите на стручните комисии. На конкурсите е водена сметка за вклопување на новите објекти во околината. Значи, конечниот изглед на центарот не е направен само како што некој сака. Не можам да кажам дека некои стилови што ќе бидат присутни се резултат на нешто што ние сме го имале во историјата. Овие објекти се резултат на личните видувања на авторите, кои ги користеле знаењето што го имале и изразните средства што ги стекнале. Впрочем и повелбата Хоризонт 2000 на Светската академија на архитектурата препорача архитектурата повеќе да не се подредува во стилови, туку да се гледа како индивидуален израз на авторот.

Овие објекти имаат свое достоинство и сметам дека ќе го разубават центарот.

Дали одлуката за тоа како треба да изгледа центарот не треба да биде донесена со јавна експертска дебата на јавен конкурс?

- Комплетниот изглед на центарот е направен врз основа на урбанистичка подлога. Генерално, не мислам дека оваа работа би била подложна на некаква посебна критика. Јас имам свое индивидуално мислење, можеби не се согласувам со изгледот на некој споменик, објект или мост, но ќе го кажам јавно откако ќе ми легне она што го видов на презентацијата. Секако, сите треба да се радуваме на овој храбар потег. Ние имаме плоштад, кој е замислен уште во 1924 година и по 90 години се' уште не е оформен. Досега имавме два меѓународни, еден југословенски и еден републички конкурс за изгледот на центарот, превртевме сто хартии, но досега ниедна градска управа не се реши да го дооформи плоштадот со објекти.

Ова е неопходно да се направи и инвестицијата е, секако, оправдана и ќе се исплати.

Дали вложувањето од државата во изградба на објекти во центарот е оправдано ако се знае дека во Скопје не се решени други важни инфраструктурни проблеми?

- Скопје има многу нерешени проблеми, кои се таложат откако беше решено градот да се шири со население. Беше замислен за 400.000 жители, а има многу повеќе, поради што се натрупуваат инфраструктурни проблеми. Затоа секако е потребно да се најдат пари и за нивното решавање. Сепак, нема град со нерешени проблеми, тие се решаваат тековно. Нам ни фалат километри фекална канализација, но изгледот на плоштадот е важен приоритет, оти досега немавме лице на метрополата.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DE745CBCF3B58A448F824CCDA63562B4
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 05-Feb-2010 at 02:23

Преродбата го преродува Скопје



Центарот на Скопје до 2014 година ќе добие нов лик со десетина нови објекти, дваесетина споменици и обновени и украсени фасади на постојните згради околу плоштадот Македонија. Изградбата на овие објекти и споменици ги предвидоа и ги реализираа Владата и Министерството за култура, а дел од нив ги реализира Општина Центар. Визијата за изгледот на срцето на метрополата вчера беше презентиран преку проектот „Визуализација Скопје 2014 година“, односно со компјутерска 3-Д анимација, во присуство на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, архитекти и други гости.

- Сакаме да ја запознаеме јавноста со прецизниот изглед, местоположбата и со големината на објектите и спомениците во центарот, како и со опкружувањето, вклопувањето во просторот и конечниот изглед на целината. Оваа визуализација ќе помогне граѓаните да добијат пореална слика како ќе изгледа центарот на главниот град - рече Тодоровиќ.

Вчера почна да се оградува просторот каде што ќе се гради фонтаната на плоштадот и почнаа подготовките за поставување на постаментите за спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев. Плоштадот наскоро ќе биде раскопан, оти за да се изгради фонтаната со споменикот на Александар Македонски и црквата, треба да се помести подземната инсталација.

Два хотела на плоштадот



На плоштадот Македонија ќе се градат четири нови објекти. Обновениот Офицерски дом всушност ќе служи како хотел, а еден кат ќе биде наменет за резиденција на градоначалникот. До него ќе се гради хотел, дело на архитектот Коста Мангаровски, кој со Офицерскиот дом ќе претставува една целина. Помеѓу нив ќе се гради кружен украсен објект, чиј лик допрва ќе се утврди на конкурс, а во продолжение ќе се гради уште еден хотел.

Од спротивната страна на плоштадот, пред „Лумикс“ ќе се гради црквата „Свети Константин и Елена“, дело на Искра и Владо Лековски. Од Општина Центар не можеа да потврдат дека и верскиот објект ќе биде довршен до 2014 година, затоа што изградбата зависи од МПЦ, а таа се' уште не донела одлука.

другите згради околу плоштадот ќе добијат нова фасада, за што дознаваме дека веќе се водат разговори со куќните совети. Освен нова фасада, зградата каде што се наоѓа „Дал мет фу“ на покривот ќе има и скулптури.

Фасадата на „Сити галери“ целата ќе се прекрие со монитори.

Од другата страна на Вардар веќе се градат Стариот театар, Музејот на македонската револуционерна борба, објектот во кој ќе бидат сместени Уставниот суд, Архивот и Археолошкиот музеј и зграда за Министерството за надворешни работи. На овој простор треба да се изградат и зграда за Агенцијата за електронски комуникации, кружна зграда за Јавното обвинителство и финансиската полиција и канонада од столбови, наречена „Независна Македонија“.

На презентацијата беше прикажан и изгледот на Собранието, кое ќе добие уште еден кат и три куполи на покривот.

- Се соочуваме со голема одговорност при реализацијата на предвидените проекти во програмата на Владата. Токму за овие и низа слични проекти ја добивме довербата од граѓаните и максимално се трудиме да ја оправдаме. Затоа сите проекти ги реализираме транспарентно, а во нивната верификација исползуваме мислења на стручни лица со кредибилитет, кои ни дадоа голема поддршка како членови на стручните комисии за избор на идејните решенија за проектите што ги реализираме - рече министерката Канческа-Милевска.

Секаде споменици

Освен објекти, центарот ќе се разубавува и со споменици и скулптури. Меѓу најголемите скулптури е портата Македонија, која личи на Триумфалната капија во Париз, висока колку објектот на Пелагонија. Ќе биде поставена на плоштадот Пела, како еден вид порта кон плоштадот. Портата е дело на скулпторката Валентина Стефановска, која ја изработи и скулптурата на Александар Македонски.

Во Паркот на жената-борец ќе бидат поставени споменици на президиумот на АСНОМ, основачите на ВМРО, како и голем обелиск за македонските херои. На плоштадот и околу Камен мост ќе се наместат скулптури на Цар Самуил, Ченто, Гоце Делчев, Даме Груев, Гемиџиите, Јустинијан, свети Климент и Наум, свети Кирил и Методиј и Карпош.

На плоштадот ќе биде поставен и коњаник на Александар Македонски, над фонтаната, но тоа нема да се случи наскоро. Се очекува фонтаната да се гради една година, по што ќе биде пуштена во употреба без скулптурата. Таа ќе има шест програми за движење на водата, а навечер водата ќе се движи со светлосни ефекти и по ритам на различни песни.

Градоначалникот Тодоровиќ се пофали дека спомениците во живо изгледаат многу поубаво отколку на видеопрезентацијата, оти за презентацијата се изработени според макети и слики, а не од изработени модели од вајарите и скулпторите, кои што имаат многу поголема естетска вредност.

- Нема плоштад, сквер, парк или пак позначајна институција во која било европска метропола каде што нема да најдете биста, споменик или спомен-плоча на историски значајна личност, што покажува дека и ние ги делиме истите европски вредности, Скопје досега има само два споменика на значајни историски личности и настани. Едниот е Споменикот на ослободителите на градот, изработен пред 60 години, а вториот е споменикот на Гоце Делчев, подарок од Бугарија, кој е поставен во1966 година. Тоа значи дека досега за ова прашање не е направено ама баш ништо. Затоа ние сметаме дека Скопје треба да добие ново лице, естетска преродба. Центарот треба да се измени во една заокружена архитектонска урбанистичка целина која на градот ќе му даде нов уметнички изглед. Со тоа Скопје ќе го направиме пофункционален град, а за да го постигнеме сето тоа потребно беше да се создаде визија за идниот изглед и да се развијат проекти - заклучи Тодоровиќ.

Освен овие споменици, центарот ќе го разубавува и фонтана среде Вардар, со водоскок висок 30 метри, која ќе почне да се гради летово, при низок водостој. Летово во Вардар ќе бидат поставени и три скулптури, односно живи врби.

Од Камен мост до мостот Слобода ќе има два пешачки моста, „Око“, кој почна да се гради до Уставниот суд и Мост на уметноста, кој ќе служи за поврзување на кружната зграда на Обвинителството. Двата моста ќе бидат украсени со скулптури. Конкурсот за скулптури на „Око“ е во тек, а на вториот мост ќе има скулптури на Тоше Проески, Браќа Миладоновци, Кочо Рацин, Ацо шопов, Глигор Прличев, Никола Вапцаров и други.

Надлежните во отчетот испуштија да кажат колку ќе чинат изградбата и украсувањето во центарот.

Анела Петрова

Рамадани: Бурмали џамија пак ќе го краси Скопје

Од Координативното тело за обнова на Бурмали џамијата велат дека презентацијата на изгледот на центарот на Скопје е нешто што може да се смени, но не може да се смени историјата.

- Презентација за изгледот на џамијата ќе направи легалниот градител, Исламската верска заедница. Ние како координативно тело бараме Владата да ни понуди земјиште за нејзината изградба. Историјата не може да се смени. Бурмали џамија го красела Скопје четири и пол века и пак ќе го краси - вели Рамадан Рамадани, претседател на Координативното тело.

Протест на плоштадот

Штом информациите за извршената презентација станаа достапни на интернет, на плоштадот се собраа активистите на здружението „Плоштад Слобода“ на протест против намерата на власта да го доизгради центарот. Тие на тарабите со кои се огради просторот за фонтаната ги испишаа графитите: „Антикоманија филм ви прикажува“, „Прекинете преродби“, „Не го силувајте просторот“.

- Целта на собирот е да ги испратиме пораките до надлежните, кои си поигруваат со ликот на центарот, а и со нашиот живот. Сакаме да укажеме дека со самото заградување на плоштадот почнува нарушувањето на јавниот простор - вели Ирена Драгшиќ од „Плоштад Слобода“.

Таа додаде дека веднаш дошла полиција и ги избркала цртачите на графити, а неколку камермани биле легитимирани.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D362FCFEB3985741B8462DFA70458E7A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 05-Feb-2010 at 02:23
Го видовме Скопје како од сон. Македонија е веќе во Европа. Останува тоа само да се потпише

Секоја држава имала период на градители и во секоја држава, тој период се нарекува златен период. Секоја чест на опозицијата и дежурните плачковци по професија, но вчера Општина Центар, Градот и Владата го промовираа нашиот златен градителски период. Од градбите по земјотресот никој не изградил повеќе во период од 6 години


Со одбележување на местата за постаментите на спомениците за Гоце Делчев, Даме Груев и Александар Македонски на плоштадот и свечената 3-Д визуелна презентација на проектот Скопје 2014, претставен старо-новиот имиџ на нашата престолнина. Проектот кој се изработи претежно од домашни автори и компании од кој се поттикнаа нови вработувања и стимул за градежништвото, во присуство на истакнати личности, вчера Општината Центар во хотелот Александар Палас детално со видеозапис ги обелодени плановите за разубавување на централното подрачје.
Црквата "Свети Константин и Елена", Фонтана со коњаникот Александар Македонски, портата Македонија или Македонската независност заедно со новите мостови Око и оној на Уметноста ќе бидат дел од новиот имиџ кој за три години напоредно со надградбата на куполите на Парламентот се дел од деталниот урбанистички план на општината.

Спомениците на Методија Андонов Ченто, Цар Самоил и Јустинијан Први се изработуваат од мермер, а сите останати меѓу кои и на Гоце Делчев, Даме Груев, на гемиџиите, Св. Кирил и Методија, Св. Климент и Наум, лавовите на мостот Гоце Делчев,... ќе бидат направени во бронза.
Понатаму, според урбанистичкиот план, спроти кафе-барот Тренд и на локацијата до поранешниот Офицерски дом е планирана изградба на хотели. Предвидена е изградбата и на православен црковен храм "Св. Константин и Елена". Локацијата и припаѓа на МПЦ.На плоштадот Македонија ќе има фонтана со споменик на Александар Македонски на Букефал, која вчера отпочна да се гради откако во првиот период ќе се дислоцира подземната инсталација, каблите и цевките. Општина Центар за тоа предвидува најмалку два месеца, а целата работата се очекува да заврши во период од околу една година. Предвидено е фонтаната да биде пуштена во употреба без споменикот на Александар Македонски, а таа ќе има шест програми на движење на водата, која навчер ќе свети и ќе дава ефекти во ритамот на различните музички нумери.

Фонтана ќе има и на плоштадот Карпошово востание, од спротивната страна на Камениот мост. Фонтаните, пак, кои "никнат" во Вардар ќе ги изведува компанијата "Ла Моне Моредо" од Италија, а градежните работи да почнат годинава кога ќе има низок водостој на реката. Водениот столб на фонтаните се очекува да достигне и до 30 метри во височина. Од другата страна на Вардар ќе бидат објектот на стариот театар во Скопје и Музејот на македонската борба, како и зградата во која ќе бидат сместени Уставнот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј. Во нивна близина е предвидена изградба и на објекти за МНР, Агенцијата за електронски комуникации, за Јавното обвинителство и Финансиската полиција. Објектот на новата концертна сала на Македонската филхармонија треба да биде целосно завршен до крајот на следната година и ќе биде меѓу првите нови завршени објекти. Инаку половината од вчера промовираните објеќти се веќе во градба.

Според објаснувањата кои вчера меѓу другото беа изнесени се вели дека ќе се обновуваат и фасадите на околните згради во строгиот центар, за да одговараат на новиот лик на центаралното градско подрачје кое ќе биде во барок-стил со примеси на неокласицизам и класицизам На визуелизацијата на проектот, покрај градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=465B93B4C7F22A47895E59B2130A2D2C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 05-Feb-2010 at 02:24

Скопје во 2014 со Александар и триумфална порта

 

По две години од почетокот на масовната урбанизација, Владата го промовира сопствениот замислен изглед на центарот

Деспина Трајковска


Новиот урбанистички лик што ќе го има срцето на Скопје во 2014 година ќе го врати градот многу години, па дури и векови назад. Градбите, предвидените споменици и сите зданија ќе потсетуваат на стари времиња. На плоштадот, дефинитивно, ќе се изгради црквата „Свети Константин и Елена“, но не и Бурмали-џамија. И двокатните автобуси ќе возат по улиците.

„Скопје во 2014 година естетски ќе доживее преродба, ќе се влијае на позитивирање на духот на нацијата, ќе се изврши симбиоза на различните културно-историски и урбанистички стилови, ќе се изврши интеграција на левиот и десниот брег на Вардар, ќе се задржи интензитетот на живост во текот на целиот ден...“. Така сметаат од Владата и од Општина Центар, кои две години откако почнаа со масовна урбанизација на централното градско подрачје, конечно, и' го доловија на јавноста ликот на центарот на македонската метропола. Со шест и полминутна анимација 3-Д пред медиумите, пред авторите на дел од зданијата, неколкумина градоначалници и други функционери, но и пред повеќе пејачи, спортисти и актери, се прикажа ликот на центарот на Скопје во 2014 година.

Во очигледно монтирана атмосфера, во повеќе наврати делови од презентацијата беа пречекувани со аплаузи, а особено громогласно беше поздравен споменикот на Александар Македонски. Аплаузи добија и триесетината споменици, куполите на Собранието, портата „Македонија“, двата моста преку Вардар со по 29 скулптури, живите врби и водоскоци во реката, двата хотела на плоштадот, новите фасади на постојните стари објекти. И двокатните автобуси се претставени во Скопје 2014 година, како и комплексот од четири објекти наменети за државната администрација од левата страна на Вардар.

Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, видно возбуден рече оти е убеден дека Скопје за четири години ќе изгледа уште поубаво отколку што е прикажано на анимацијата. Верува дека македонската метропола ќе се вброи во рангот на европските како што се Прага, Париз, Будимпешта...

„Сите зданија во реалноста се многу поубави. За анимацијата се користени макети и слики, така што не е видлив во целост уметничкиот приказ. Убеден сум дека Скопје ќе стане пофункционален град, побогат со содржини и поатрактивен за туристи“, истакна Тодоровиќ.

Во писменото образложение на „Скопје 2014“ е наведено дека иако црквата е претставена во анимацијата, сепак, од МПЦ нема потврда дали и кога ќе се реализира овој објект, бидејќи, наводно, црковните власти се' уште не донеле одлука. „Според ова, не може со сигурност да се потврди дали овој објект ќе биде завршен или започнат до 2014 година“, стои во образложението. Од него, како и од анимацијата може да се констатира дека на скопскиот плоштад, дефинитивно, ќе нема џамија на чија изградба инсистираат од ИВЗ. Таму ќе се гради Градска куќа и летниковец. Сите фасади на постојните објекти во централното подрачје ќе добијат поинаков лик, стилски. Какви точно, наскоро ќе одлучи Градот, кој ќе распише конкурс за идејни решенија.

Прв пат вчера јавноста дозна дека објектот на поранешната стоковна куќа „Типо“, сегашен трговски центар „Сити галери“, ќе стане македонскиот Пикадили, односно Тајмс сквер. Сопственикот на објектот планира да монтира на него големи монитори за рекламирање. Реализацијата на сите овие проекти, според министерката за култура, Елизабета Канческа – Милеска, ќе значат, конечно, естетско обликување на скопскиот плоштад.

„За жал, морам да забележам дека целокупната расправа околу интензивната изградба на објектите во Мал ринг на моменти ме потсетува на ’Среќна нова‘. Критики секогаш ќе има и добро е да ги има, но тие треба да бидат засновани на аргументи и факти. Лесно е да критикуваш, но многу е тешко да создадеш нешто трајно“, рече Канческа – Милеска, реплицирајќи на негативните критики на дел од јавноста откако почна урбанизацијата на срцето на Скопје.

Официјалната презентација на урбанистичките визии за центарот Скопје за кусо време предизвика лавина од реакции во јавноста, генерално, негативни. Бурни коментари, но и исмејување беа најзабележани на блоговите и на „Фејсбук“, а 3-Д анимацијата кусо време по постирањето на „Јутјуб“ имаше огромна посетеност. За „Скопје 2014“ се коментираше и во републичкото Собрание. Кај пратениците од СДСМ и од ЛДП предизвика негативни коментари.

„Ниту СДСМ ниту граѓаните на Македонија не можат навреме да реагираат на сите овие секојдневни лудории што ги прави Владата на Никола Груевски и, секако, локалната самоуправа под водство на оваа Влада“, реагираше пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова, според која урбанизацијата, криминалот, корупцијата и трошењето народни пари за разни споменици одат во бескрај. Иванова конкретно реагираше на предвидената коњаничка скулптура на Никола Карев во зеленилото пред Собранието. На Владата и' порача оти попаметно би било парите наменети за овој споменик да се пренаменат за решавање на проблемите на вработените во АРМ.

„Главниот град на Република Македонија се претвори во град на кичот и невкусот. На секој чекор никнуваат споменици со различна концепција и никакви естетски вредности. Особено не можам да ја сфатам љубовта на оваа Влада кон коњите“, изјави пратеничката на ЛДП, Роза Топузова - Каревска, која смета дека Владата ја зафатило „коњофилство“. Според неа, Карев никаде не бил претставен на коњ, па затоа и овој проект е незамислив.

Инаку, вчера почнаа и подготовките на теренот за поставување на постаментите на неколку споменици. Поточно, започнаа активностите за поставување на постаментите на спомениците кои пред нецел месец пристигнаа од Фиренца. Се обележуваше просторот за поставување на постаментите на Гоце Делчев и Даме Груев, кои качени на коњ ќе „јаваат“ од двете страни на Камениот мост, како и местото на кое ќе се постави фонтаната и триесетметарскиот споменик на Александар Македонски. Истовремено, како што најави Тодоровиќ, ќе се работело и на теренот за поставување на двата лава на мостот „Гоце Делчев“. Сите, освен македонскиот војсководец, ќе „заживеат“ наскоро. За споменикот на Александар, според Владата и Општината, засега само ќе почне изградбата на постаментот и на фонтаната и се очекува да заврши за една година. Војсководецот, според неодамнешните најави, ќе се постави не порано од 2012 година.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B621C83F7A88F8428CB8BDF9D89148BC
Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 05-Feb-2010 at 02:41
Најпрвин поздрав до сите! Ве пратам скоро од почетоците и ме радува што група граѓани го направија форумов. Голема подршка!

Темава за Скопје и случувањата во последниве две години, мислам дека веќе го исцрпија духот на професионализмот во сверата на архитектурата и урбанизмот како професија во градов и државава. Претпоставувам дека до сега пишале многу пати, можеби и ќе повторам некој, но бидејќи прв пат изнесувам мислење и став на форумов, ќе ја искористам приликата да подобјаснам подобро и поразбирливо во некоја малку поширока димензија од вообичаеното постирање.

- Првата грешка во градов е направена веднаш по земјотресот, каде поривот на модерната и желбата за современост го згази стариот град. Со тоа уништија симболи кои му  беа драги на скопјанинот и кои оформуваа пријатен културен амбиент на градот под тврдината. Модерното Скопје можеше да се развива и без да се погази минатото, и без да се прекине физичкото опстојување на негови делови. Едноставно требаше да се размисли што беше симболот на стариот град, кои се тие објекти, кои амбиентални целини ќе се задржат како вредност и следствено на тоа да се реставрираат односно обноват. Меѓутоа говорам за веднаш по катастрофалниот земјотрес. Тогаш целото дејство има и архитектонска и естетска логика, бидејќи меморијата за нив е накратко избришана, да карикирам неколку месеци, што наведува на сеуште незакопан спомен за нивниот дефинитивен изглед и ,,дух,, како и реалните остатоци од објектите во тогашното време. Сето тоа има доволна подршка и професионална издржаност, да иницира реставрирање на одредени објекти, маала. односно делови од градот кои заслужуваат да опстојат и да говорат за реалниот континуитет. Едноставно да не се заборави тоа што реално и бил градот.

- По таа анализа би требало да се пристапи кон чистење на оној дел од градот кој  би се заклучило дека ќе го успорува развитокот на модерниот град.

- Дури потоа треба да се распише меѓународен конкурс во кој ќе се бара обнова на Скопје преку современи урбани и архитектонски решенија кои ќе внимаваат да не се прегази преку она кое ,,граѓанинот,, и домашните експерти одлучиле да се зачува. Од тука новиот дел од градот ќе можеше радиално да се шири околу ,, стариот град,, почнувајќи со скупи како некоја оска со кале(како најстар дел), со неокласицистичкиот и остатоците од византиско-осмалнлискиот град и дури потоа модерниот град. Но тоа во никој случај замислено како строги зони. Самото по себе, ќе иницираше во граничните делови од ,,зоните,, да дојде до симбиоза  а не нагол премин (зависно од локацијата дали го овозможува и какви вредности нуди истата).

- Но, се случува новото Скопје кое направи и многу грешки и многу строги линии, кои во комунистичката свест не дозволуваа да продре свеста за минатото пред доагањето на словените ( да не ја ширам темата историја, ќе користам термини од светски пропагираната ). Тоа во никој случај не значеше антички столбови или пак мегаломански димензии на споменик или слични пристапи на актуелниов. Едноставно, политичкиот режим не дозволуваше такво нешто да се замисли, а не пак да се реализира.

- По целосното осамостојување на дел од она што ние го паметиме и секако не треба да го заборавиме, Македонија доби можност да ја развива сопствената свест и да дејствува во просторот послободно од критериумите што беа наложени во минатото.  Значи оттука тргнуваат сите работи во случувањето во денешницата. И како и сите македонски жалости запаметени во историјата, се случи повторна поделба на народот. Едните патриоти, другите предавници. Едноставно политиката не можеше да го заобиколи македонското пред се културно осамостојување ( тука влегува и образованието, се разбира). Едните со своите потези се покажаа самите како словени, другите пак претераа со патриотизмот со тоа што најавија конгрес во Солун. На првите не можам да им простам за затапената несвесност на словенизмот, а на другиве за нереалните перчења кои простата маса можат лесно да ја гурнат во благ национализам ( го нарекувам благ бидејќи македонецот има право да ја бара сопствената достојност, но не на начин војна, се разбира повторно тоа треба да биде последното решение за 21 век). Отука тргнаа проблемите со соседите и ред други работи, кои страшливите ги исплаши до толку, за да си ја избришат историската меморија тотално, да ги забранат домашните испитувања и сл. Значи се создаде слика кај македонците кои вистинвки ја сакаа Македонија и си ја знаеја сопствената историја,  дека се робови повторно на самите себе, на раздорот, повторно слика на предавници ( оваа е моја анализа, не мој став). Таа слика на македонецот му враќа разбирливи флешеви. Едноставно требаше да се стави крај на предавничкиот ген, а тоа значи културно чистење на генот( извалкан во последните два века).  И така се променија знамиња, имиња, се раздрзнаа повторно иситите  ликови, само во капиталистичко одело. Се исцедија државните и градските каси, се создаде слика дека Македонија нема пари за големи проекти.

- По изминувањето на годините, конечно дојдоа луѓе ( да напоменам не сум симпатизер на политичка партија ) кои не се срамеа отворено пред светските очи, да кажат кои сме, во што веруваме, да не кријат пари за истражувања. Дојде еден нов момент, кој според мене, покажа дека сепак во Македонија имало и пари за проекти од културата. Но, се случи тажниот момент на недозреаната тиква, а тоа е вистинската интелегенција да нема простор на медиумите, да нема висок економски стандард, додека политичките уши , кои пак се исплашија од експертите кои повеќето припаѓаа на другата опција, потполно ги затворија . Значи говориме за политички и суетни комплекси, кои го матат македонскиот развој. Вака почна се!

- Се сложувам во потполност дека на Скопје му недостасуваат скулптури, историски паметници на целата македонска историја, плоштади, маркантни објекти, завршен плоштад, јавен превоз НО....
- Спомениците не мораат да претставуваат стил, кој во Скопје беше закопан со земјотресот, не не мораат, не смеат. Не можете да оправдате стотина споменици изработени како во времето на ренесансата( за повеќето говориме дека се обиди, а не вистински дела). Значи споменици да, но не за стилот, обемноста, квантитетот, локациите и кичот. Еден паметник на Александар Македонски да речеме на коњот Букефал ( добро, се сложувам може до некаде да издржи теоријата, култен е и ликот на Букефал, потребен е да искаже став на борбеност и готовс на војсководецот). со тоа да речеме голтнуваме половина од утнатоста на стилот, оправдувајќи го едноставно ликот и делото на споменатиот јунак. Но, зар не може Гоце Делчев и Даме Груев да бидат едноставно примерно декорирани плочи, во достојна димензија, со одреден плиток релјеф, со модерно обликувани традиционални декоратвни форми и профил на дејците???? Едноставен пристап, што доликува на модерното време! Најбитното, повторно е исполнета целта, паметникот изграден, само што  овојпат му доликува  на времето и дава пример како да се одбележи историска личност. Морам да напоменам дека единствениот споменик од плеадата подигнати(без карактеризирање каков одбележник е)кој мене во потполност ми ги задоволува критериумите
( локација, изглед, симболика, димензија) е жирафата поставена пред Природно- научниот Музеј и зоолошката градина ( дури и тотално непознат споменик во дискусииве).

- Враќање на објетки од минатото е многу тежок потег  и е една комлицирана тема која предизвикува дискусии во стручната фела. Заклучоците мора да бидат најдобро  аргументирани, или стручно да се изразам одбранети ( даден одговор на сите прашања поставени од колегите, бранење на архитектонското дејствување во просторот). За жал скопскиот пример нема аргументи кои можат, народно да се изразам , да држат вода пред интелектуалниот свет. Грешката е направена во минатото, за што на почетокот и напоменав

- Градење на нови објекти со маска на старите стилови е ,, најсатанскиот,, потег во архитектурата што може да се случи на едно општество и тоа повлекува многу теми на разговор, во кој влегуваат сите, но не смее да донесе заклучок никој освен архитектите. Напоменувам, никој освен професионалците ( не значи ако си излегол од Архитектонски факултет дека си професионалец)

- Гледањето ,, туристички,, на архитектурата произведува Дизниленд, кој нема вредност. Тоа е најбаналниот одговор што го даваат градските власти- црква на сите европски плоштади, мора и тука - стара архитектура, мора и тука, куполи - мора и тука и за мене најжалосниот коцка во Париз, мора и тука. Додека ја имавме коцката како вреднсот од минатото не ја ценевме, па ја извадивме, за сега нашиот градоначалник да прошета до Париз и да заклучи дека коцката претставува вредност на градскиот плоштад. Ова е потполно истиот принцип на македонскиот синдром што се провлекува од земјотресот па наваму. А тоа е , првин надвор да те признаат ( додека дома те омаловажуваат квази интелектуалците), па потоа дома. Значи несвесност за вредноста на тоа што го поседуваш. Првин свесно ја закопавме коцката, сега ќе ја враќаме!

- Од корен менување на фасадерско решение. Не постои по омаловажувачко непочитување на околина и постојнот. На објект стар 50тина години, од времето на модерната да го преоблечеш во неокласицизам, еклектика или имитација на старото. Тука ќе напоменам и за тоталната непочит кон МНТ како највредна силуета на модерно Скопје. Вредност која ќе се загуби неповратно. Тој простор е проектиран да дише кон реката и да се отвори кон солитерската игра на станбените објекти преку Вардар. Секое делување кое не подлежи на анализа на постојното и континуитетот на просторот претставува архитектонско дивеење и егоистичко проектирање,,каде само мојот објект треба да постои,, и во никој случај не ја зголемува и надополнува вредноста на постојното. Кон оваа точка влегуваат и површините за градба, популарно наречени маркци за објекти надвор од целиот концепт развиван во Малиот Ринг во изминатиов половина век.
- итн. итн. итн

Најголемата штета е тоа што, се пропушта можноста Скопје да добие 10тина нови објекти, сведоци на зрелоста на македонската архитектура, објекти кои ќе ја имаа истата функција, само ќе беа распоредни онаму каде доликува. Пропуштена е можноста македонецот да ја одбележи сосптвената независност и национална самосвест преку нови иновации во архитектурата. Немаше да постои поголем патриотизам и национално зреење од тоа, истата идеологија, споменици и нови институции, преку кои објекти нациите се потпишуваат во просторот, да бидат со современ јазик. На тој начин ќе докажевме за континуитетот на македонецот повеќе отколку со имитација на стилови. Ќе напоменам неколку такви реални примери, македонската стара народна архитектура од која беа црпени инспирациите за модерната архитектура од Корбизје, фрескоживописот (во полето на сликарството) од Курбиново и Нерези предвесници на ренесансата и многу други. Сакам да кажам дека од тука во минатото се креирала крунска култура, од која западот црпел. Тоа креирање одговарало на времето во кое суштествувало, за разлика од денешниот чин кој, не покажува дека сме свесни за минатото, или пак покажува едно клише кое го пропуштивме и се залажуваме дека мора да го надокнадиме, наместо да му покажеме на светот дека сеуште дишеме со времето, не заборавајќи на минатото, стремејќи се кон иднината. Шанса што нема да се повтори во доолг временски период.

Ценам дека се произнесов повеќе од доволно, се надевам дека ќе го прочитате целосно иако имам уште многу да напишам за да се дообјаснам за темава.
< = < =
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 05-Feb-2010 at 02:56
Добредошол! Cheers У една плуќа го прочитав.

Легитимна компактна теорија разви која заслужува внимание и должна почит без разлика дали се согласувам, макар и што не гледам каде не би се согласил. Ме доведе до впечаток дека всушност 6 страни сме дискутирале за симптоми, а не за болеста што веќе и метастазирала општествено.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 05-Feb-2010 at 03:02
Срдечно добредојде и од мене! Морам да признам дека ме воодушеви со подробнава анализа и со множеството тези и изводи можам комплетно да се согласам, а најмногу со поразително-реалниот последен дел на текстот. Многу ми е мило што поради оваа жестока дебата која ја отворивме, всушност поттикнавме неколку навистина вредни членови да ни се придружат!

Cheers
Cheers
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
kitkiritki View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 05-Feb-2010 at 03:13
Во добро ве нашол! < = < =
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 05-Feb-2010 at 06:22

До кој степен можеле да стигнат злобата и љубоморатаBig%20smile

Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 05-Feb-2010 at 09:23
Да се градеше негде, да кажеме во нашето блиско соседство, некои слични работи како овде нашинциве овде ќе се подмочуваа и ќе збореа па вие не знаете како е убаво таму, па вака, па така, па тоа лудница. Сега се прави обид да се гради нешто и одма ау како може така, па ова, па она. Јас тоа то сфаќам, тоа е во човечката природа, човекот по природа е отпорен на промени. Ги видов сликите за Скопје 2014 и сега да видиме што толку е спорно кај сите градби. Стариот театар, музејот на Македонска борба и Музејот на холокаустот за мене се скроз ОК, и по изглед и по локација. Хотеливе што ги ставиле на плоштад, пред МЕПСО и Магос мене ми изгледаа сосема добро. За скулптурите? Скопје како главен град до сега беше мизерија, ама м-и-з-е-р-и-ј-а со скултури тоа треба сите да го знаат и на сите да им биде јасно. Имаше неколку и тоа сите биле невпечатливи. Сега господа ако мислите дека еден Делчев, Карев, Груев не заслужуваат своја скулптура во центарот на Скопје, мене ми е жал, ама мислам дека не сте во право. Александар заслужува исто така место во центарот, единственото прашање е кое место, не и дали заслужува. Па кога може Александар да „живее“ во цел свет, зошто да не може овде, кога тој потекнува од овие простори?!?! Што, да не ги нервираме Грците, да не ни се смее демек светот?!?! Таквите тези ми се дефинитивно смешни, тогаш кога не ми се за жалење, а најчесто се. На споменикот на Александар, ако јас се прашувам, веројатно не би му го дал централното место, но одлучено е тој да стои таму и тоа не е Бог знае колку погрешно и лошо. Единствено што ме плаши во врска со него е да не биде премногу голем и гломазен. Но ако биде добро направен со фини димензии и со убава фонтана тогаш според мене ќе биде погодок. Од сликите што ги видов за Скопје 2014 Александар изгледаше добро. Лавовите на сликите ми изгледаа многу лошо. Не знам, можеби сликите беа лоши, може така ќе изгледа, меѓутоа не знам баш дали ќе се вклопат со мостот. Не сум сигурен, да не кажам повеќе мислам дека нема отколку дека ќе се вклопат. Филхармонијата ми е одличнa како проект. Зградата на МНР, Уставниот суд, АЕК, Финансиска полиција, тие објекти од левата страна на Вардар ми се повеќе out, одколку in, ама ако се изградат сите пак ќе формираат една целина која ќе пројде и за која ќе можам да кажам Ок, ќе помине. Портата и тоа обеликсот во жена борец не ми се допаѓаат и ми делуваат нефункционално и нелогично. Бев повеќе противник за црква на плоштад одколку за, бидејќи не знам дали има простор да се смести објект таму. Тоа што ќе ги менуваат, стилизираат фасадите на објектите на зградите околу плоштад, барем на тие на коишто е тоа можно, е супер идеја....
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 05-Feb-2010 at 09:31
За мене реконструкцијата на собранието, обелисков во парк жена борец и тримуфалната капија се убедливо најголемиот кич и невкус во визуелизацијата. За мене тоа е како изградбата на Ајфеловата кула во Лас Вегас, или некоја ефтина копија на D&G, Gucci или iPhone изработени во Кина. Убавината е кога нешто ке направиш залади своите потреби, со свои иновации и од своето поднебје. Овие топки, емитации на куполата на Рајхстагот не се ништо од тоа, а знаејќи го предвидениот буџет за реконструкцијата, квалитетот нема ни да биде ништо повеќе од made in China копија на iPhone.
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 05-Feb-2010 at 09:45
... Стара народна банка и офицерскиот дом се Ок, стара народна од еден посебен аспект а тоа е дека со нејзината изградба веројатно ќе се сокрие или прикрие грдата слика од задните страни на ојектите кои го формираат тој круг таму. Двава прешачки моста што планираат да ги изградат близу Камени можеби и веројатно се премногу, од причина што можат да со сокријат или прикријат симболот на Скопје, Камени мост. Но на сликите изгледаа убаво. Ако се прашувам јас, еден пешачки мост точно помеѓу Камени и мостот кај Холидеј е сосем доволно. Реално со планот да се изградат тие 5-6 објекти од левата страна на Вардар отвараат потреба од еден пешачки мост. Како што кажав два се веројатно премногу. Врбите во Вардар ми се без врска, не ги сфаќам воопшто. Водоскоците од Вардар се, според мене, погодок. Коцка на плоштад за мене не доаѓа во предвид.

Овој план опфаќа големи промени во централното јадро, различен од она што е Скопје досега. Е сега ако некој си замилува дека Скопје во моментов е некое и нешто, во смисла на естетика, убавина, стил и што ти ја знам, сигурен сум дека, ко што викаат србите, грдно се вара. Затоа, што може да изгуби Скопје со овие градби кога во моментов нема ништо??? Според мене, во моментов, централното јадро на Скопје е невпечатливо, без идеја, без концепт, без стил и убавина, со еден збор тиња и пре би сакал да се направи обид да се излезе од тињата одколку да продолжам со сигурност секој ден да гледам тиња.

Ако остане централното Скопско јадро да се развива стихијно, без идеја којзнае дали во иднина ќе бидеме горди на некој негов сегмент. Вака после години и години, кога ќе дојдат новите генерации можеби ќе бидат горди на ова ново Скопје! Ако нормално се реализира целосно!!! Во секој случај планот е смел, ќе видиме колку ќе биде успешен и дали ќе се реализира целосно!

Edited by dacito - 05-Feb-2010 at 09:49
Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 431
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 05-Feb-2010 at 11:25
Колку и да е лошо да давам мислење како Бугарин ... сепак прифатите моето сочувство за оваа архитектурна еклектика во акција. И нашиот цар Бојко е луд за врз, но мора да кажам дека е цвеќе во споредба со идеите на вашите политичари. Како што се вели во не еден коментар низ македонските сајтови - а каде се пирамидата и Сфинга! Crazy
Back to Top
Fireman View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 14-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Fireman Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 05-Feb-2010 at 11:57
Јас ја поздравувам анализата на kitkiritki. Се согласувам дека има уште многу што да напишеш, иако мислам дека голем број читатели и без тоа ја сфатија поентата. Како сакате наречете го тоа што ни се случува како општество (синдром, болест, метастази итн.),  меѓутоа  мислам дека скоро во секоја област ни недостасува критична маса доволно авторитетни професионалци од еснафот, кои ќе бидат во можност своите замисли и визии да ги наметнат врз оние што ја имаат моќта да одлучуваат и што управуваат со општествените ресурси. Мислам дека кај нас владее обратната ситуација, визиите и замислите на тие што одлучуваат, професионалците само го отвараат патот кон нивна реализација. Така што, обичниот граѓанин, кој реално нема доволно познавања, ниту пак желба подетално да навлегува во проблематиката, осуден е да биде судија, кога ќе го прашаат на некој референдум или редовно на секои четири години.
Цврсто верувам дека времето е најдобриот судија.
Поздрав

Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 431
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 05-Feb-2010 at 12:27
Јас би сакал да ви питам уште нешто. Има ли закон каj вас на обврската на Владата, општините и т.н. да организираат јавни дискусии за секој нов објект, споменик, зграда и т.н. кои сакаат да градат, пред да почне каква и да е работа по нив, конкурс за изведувач и така натаму? Ако да, имаше ли такви за сите овие нови згради, мостови, споменици и слични во тоа филмче?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 05-Feb-2010 at 12:38
Originally posted by pavche

Јас би сакал да ви питам уште нешто. Има ли закон каj вас на обврската на Владата, општините и т.н. да организираат јавни дискусии за секој нов објект, споменик, зграда и т.н. кои сакаат да градат, пред да почне каква и да е работа по нив, конкурс за изведувач и така натаму? Ако да, имаше ли такви за сите овие нови згради, мостови, споменици и слични во тоа филмче?


Павче закон има, но тој се практикува на начин да се одберат низа полтрони кои тие "јавни" дискусии или професионални дебати ќе ги истераат во затворен круг со предвидлив исход, така да зборуваме за законски обврски кои се тука про форма. Всушност, така функционира и државата на сите нивоа се до парламентот каде што пратениците се сведуваат на гласачки машини без трунка независност. И тоа воопшто не важи за тековната гарнитура, тоа е општествен проблем и важи за сите. Колку и да се трудиме во голема мерка тоа се рефлектира и на форумов каде дел од форумашите од позиција на далтонисти се обидуваат да ја наметнат таа црно-бела перцепција и затоа критиката, дури и конструктивната и позитивната се доживува трагично.

Затоа ми се смешни муабетите кога луѓе се повикуваат на демократија, слобода vs. едноумие кога поголемо едноумие (или двоумие) од ова денеска не верувам дека некогаш имало. Сите знаеме каде треба да се стремиме, но оваа транзициска квазидемократија нема врска со животот.

BTW... благодарам на сочувството
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 327>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.625 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.