build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 325>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 08-Feb-2010 at 15:02
На нова прес конференција денеска, најавено е надополнување на планот

























мала шега

Edited by pbanks - 08-Feb-2010 at 15:02
Back to Top
pavche View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 433
  Quote pavche Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 08-Feb-2010 at 15:45
http://www.okno.mk/node/4328
Back to Top
Fireman View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 14-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Fireman Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 08-Feb-2010 at 15:56
Ја прочитав целата тема "Скопје 2014" до 15 страна. Навистина жалам што досега не сум имал можност да ги прегледам во целост и останатите теми на форумот, меѓутоа прашањето ми е, како љубител, а не како професионалец, дали некој може да постави фотографии од макетите или пак цртежи од оригиналните замисли за постземјотресно Скопје, изработени од Кензо Танге. Исто така се прашувам зошто е напуштен неговиот концепт и дали и колку е апликативен во денешно време?
Јас имам само слушнато за делови од тој план, на пр. го предвидел градскиот ѕид како реплика на калето од другата страна на Вардар, на делот од новата железничка до новиот ГТЦ предвидел пешачки коридор кој би бил изграден ниво над сообраќајниците, комплексот на МНТ бил  предвиден во целост со објект на Филхармонија , МОБ и МНТ...
И уште би сакал да знам што значи од урбанистичко-архитектонски аспект поимот Скопје - град на солидарноста.

ПС: знам дека одговорот на моите прашања би бил да се запишам на архитектура, ама мислам дека и форумот е одличенSmile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 08-Feb-2010 at 16:09
Originally posted by Fireman

Ја прочитав целата тема "Скопје 2014" до 15 страна. Навистина жалам што досега не сум имал можност да ги прегледам во целост и останатите теми на форумот, меѓутоа прашањето ми е, како љубител, а не како професионалец, дали некој може да постави фотографии од макетите или пак цртежи од оригиналните замисли за постземјотресно Скопје, изработени од Кензо Танге. Исто така се прашувам зошто е напуштен неговиот концепт и дали и колку е апликативен во денешно време? Јас имам само слушнато за делови од тој план, на пр. го предвидел градскиот ѕид како реплика на калето од другата страна на Вардар, на делот од новата железничка до новиот ГТЦ предвидел пешачки коридор кој би бил изграден ниво над сообраќајниците, комплексот на МНТ бил  предвиден во целост со објект на Филхармонија , МОБ и МНТ...И уште би сакал да знам што значи од урбанистичко-архитектонски аспект поимот Скопје - град на солидарноста.ПС: знам дека одговорот на моите прашања би бил да се запишам на архитектура, ама мислам дека и форумот е одличенSmile


Еве за почеток две теми посветени во голема мерка на Скопје на Кензо Танге. И во двете теми има некои слики од плановите од тоа време, слики од реализираните делови како и дискусија и некои текстови.



http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=114
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=303
Back to Top
Fireman View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 14-Jan-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Fireman Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 08-Feb-2010 at 16:23
фала

Cheers
< ="-" ="text/; =utf-8">< name="ProgId" ="Word.">< name="Generator" ="Microsoft Word 11">< name="Originator" ="Microsoft Word 11"><>
Back to Top
DamjanS View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DamjanS Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 08-Feb-2010 at 16:35
Проектов е катастрофа...
Back to Top
DamjanS View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote DamjanS Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 08-Feb-2010 at 16:36
и поздрав до сите,ве следам цела година,ама пи*ка у душа сум и не сум се регистрирал
Back to Top
redsonja View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 24-Nov-2009
Location: tuka nekade
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote redsonja Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 08-Feb-2010 at 16:54
Originally posted by Cifra

Originally posted by redsonja

Инаку, Офицерски не е веќе Градска куќа, туку хотел со отстапен простор за резиденција за градоначалникот и за сала за венчавање. Малку чудно ги извртеа намените во последен момент. Парцелите ќе се продаваат во пакет, значи на еден инвеститор, а услов е да се прифатат проектите што се одбрани и да се отстапи простор во Офицеркси дом. Хотелот и Офицерски во еден дел ќе бидат споени.
Третата парцела за хотел веќе е приватна.

Да стварно така е во дупот, споени се во делот према Мепсо. Само како го имаат замислено тоа, ќе има барем некаков пролаз за пешаци?
 
 
Вака се вели во промотивните материјали за новинарите.
- Зградата до поранешен Офицерски дом е планирана да биде хотел, кој ќе биде една целина со зградата која е реставрација на Офицерски дом. Овие две згради би биле поврзани со топол премин меѓу нив.
- Архитект на зградата до Офицерски е Коста Мангаровски, кој беше избран на јавен конкурс и Оливер Масанби од Виена, кој изврши доработка, измени и дополнувања на предлогот.
- Архитект на Офицерски дом е Коста Мангаровски.
- При продажбата на земјиштето на овие двбе локации услов ќе биде инвеститорот да го прифати изгледот на објектите. Услов ѓе биде и да осттапи неколку простори во Офицерски дом да бидат отстапени на Град Скопје, наменети за резиденција на градоначалникот и сала за венчавање. Од овие причини од третиот кат на објектот се предвидени директни скали за излез на плоштадот, за да не се мешаат влезовите со предвидениот хотел.
- Локацијата за двата објекта ќе се продаде во пакет со наддавање, за да се привлече инвеститор со франшиза на голем светски хотелски бренд.
 
***
Ете, отприлика, иако и јас не разбирам баш како ќе бидат споени и каде се скалите што одат до плоштад.
 
Поздрав
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 08-Feb-2010 at 17:12
Originally posted by ebivetre

Zdravo. Da se pretstavam: Roden sum vo Skopje, od staro skopsko semejstvo. Skopje mi e vo srceto, iako vekje ne ziveam tamu.Vo Evropava sum po nauka.
Skopje 2014 - poubavo e od Skopje 2010! Plostadot e oformen, ima vrska megju levata i desnata strana na Vardar. Obnoveni se teatarot i Oficerski dom, a hotelite kje pridonesat da se razdvizi najreprezentativnoto mesto vo gradot. Muzekot "Makedonska borba", spored mene e ubav i odmeren proekt, so neosporivo vazna postavka. Ne mi e jasno kako sme mozele bez nego. Isklucitelno vazna celina so spomenicite sto kje se postavat. A za smomenicite - Skopje kako glaven grad sega nema spomenici na najvaznite likovi od nasata istorija - Car Samuil, Justinijan (roden tuka!), Gemidziite, Prosvetitelite, Aleksandar. Da ne zboruvam za heroite od 1900 pa navamu, Goce Delcev vo park i tolku!
Golema e temava, pa ajde malku po malku..


Ебиветре добредојде (свесен сум дека малце глупо звучи ова Big%20smile )

Иако точка по точка (од овие што ги спомна) делумно се слагам со твоите заклучоци, вкупниот впечаток за Скопје 2014 повторно ми е крајно негативен. Еве зошто:

- Да, Скопје 2014 на одреден начин ќе биде поубаво (посредено мислам дека е далеку поприкладен збор) од Скопје 2010, но дали тоа е вистинскиот критериум за да го цениме проектот како добар или лош? И Скопје 2010 е подобро од Скопје 2000, па не сме нешто премногу воодушевени... Зарем немаме капацитет за нешто поприкладно од ова што ни се нуди? И зарем сме изгубени во времето, па сега во 21 век ќе градиме според стилови кои доминирале од 17 до 19 век?

- Музејот Македонска Борба може да има и највредна поставка на светот, но доколку е архитектонска утка, не може да придонесе за квалитетно обликување на центарот, туку напротив. А овде зборуваме токму за тој аспект. Во кој стил ти би го сместил тој проект?

- За спомениците се слагам дека фалат многу од нив. Но еве најголема замерка имам на огромната концентрација на многу мал простор. Со тоа ем се гуши целата атмосфера ем се запоставуваат други делови од центарот. Или пак што бара Карпош на брегот на Вардар кога по секоја логика би требало да биде во средина на плоштадот кој се вика Карпошово Востание. И зарем на Јустинијан не му прилега далеку повеќе да биде накаде кај судскиот комплекс?



Но дури и ваквите работи на страна, најмногу ми пречи тоа што спомнав во еден пост поназад - „Скопје 2014“ нема никаков стручен или институционален легитимитет. Ова е проект од огромно општествено значење. За ваков проект треба меѓународен конкурс или пак на него треба транспарентно да работат цели тимови на стручњаци од најразлични области и со отворена јавна дебата. Исто така многу пари се во прашање. Затоа е апсолутно недозволиво ваков проект да биде осмислен задкулисно од една мала неформална група, која згора на сето тоа се уште останува тајна за јавноста (освен доколку тој „тим“ всушност не е дуото Вангел и Жан, но и во таков случај нека се идентификуваат дека тие се творците и нека кажат кој и зошто им го доделил тоа право).

Затоа во целина сум оштро против „Скопје 2014“, иако се разбира не ги ставам сите негови сегменти и аспекти на подеднакво негативно рамниште.

И од надлежните за почеток чекам одговори на следниве прашања:

- Кој е иницијатор на проектов
- Кој е идеен творец на проектов
- Кои се стручњаците кои работеле на проектов како целина
- Кои се составите на комисиите што ги бираа поединечните проекти
- Дали има финансиска конструкција за проектов и кој ја составил


Edited by Cloverstack - 08-Feb-2010 at 17:37
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 08-Feb-2010 at 17:30
Во контекст на задкулисноста....

http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/98791/view

Како може да има естетска дебата ако делата не се приложени? Врз основа на што ќе се дебатира? Ова веќе станува апсурдно...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 08-Feb-2010 at 17:39


Колку плитко и колку дрско. Сериозни ли се овие луѓе?
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 08-Feb-2010 at 21:56
@Clover
Не знам во кој контекст ти е дилемата.Дали се сериозни луѓе или се сериозни за ова што го зборуваат.Во двата контекста,за неколку од нив(непознати за македонската јавност) можам да со сигурност да кажам дека се скроз несериозни луѓе.За останативе кои се повозрасни(и "попознати") се е веќе јасно.Ако гледавте вчера МТВ-Гласот на народот,можевте да видите зошто не прифаќаат дебати.Прашање е дали се способни за било каква дебата?
Веројатно сметаат дека се најдобри во струката,па нема ни потреба некој да се сомнева во нивната стручност и визија.
Капак на се беше појавата на Александар Станковски на друга телевизија во својство на "советник" во Владата.Да не го заборавам и Гиш,кој исто така е некаков советник.
ПС Кога ќе ги видам водачите на оваа чудна дружина,Жан Стефановски и Вангел Божиновски се ми станува совршено јасно.Не ми е само јасно зошто толку луѓето од таа струка молчат?Зошто молчи целиов народ,граѓаниве?Да му се даде ваков огромен проект во рацето на човекот кој ја направи онаа куќа-наказа пред Домот на АРМ е равно на сензација.Очекував дека после Спомен куќата ќе го протераат од Македонија,ама сум згрешил.
Вистинско чудо е што се можат да направат искомплексирани и нереализирани луѓе.Несфатен геније демек.Во право беше некој од вас дека оној човек(Вангел) изгледа како човек кој е зрел за некоја институција.За да го сфати тоа,човек не треба да биде ни архитект,ни психолог.Нека ни е Бог напомош.Нека му е Бог напомош на градов наш...
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2446
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 08-Feb-2010 at 22:48

Смешки. Ај „архитективе“ можеби и не се навикнати на јавна критика на нивните дела ама не можам да се изначудам на колегиве вајари кои рипнаа повредени од негативната критика. А се вели дека истата е и подобра од позитивната, пошо остава место за прогрес итн. Хех. А некако ко да не сфаќаат у што е проблемот, па се правдаат со глупости као симболика, историски личности итн. 

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 08-Feb-2010 at 23:59

 

Originally posted by Sale SK

ПС Гледам,ти го избришале делот за политика.Со право.
 

незнам која фора е ова, но ако сите зборат за политика па и јас за истата коментирам а притоа никого од членовите не вреѓам, негледам логика за цензура! затоа и цел пост го бришам!



Edited by Max - 22-Sep-2011 at 20:41
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 09-Feb-2010 at 01:01
Не знам кај реагирал Војдан,ја го гледав вчера Коста на МТВ,а колку што приметив,не успеа да склопи ни 2 реченици,а не пак да каже некој став или некаква реакција.
ПС Гледам,ти го избришале делот за политика.Со право.Оние приказни за Македонија-Историска земја (каква формулација) што ги користеше некој дискутант и за некакви антички архитекти,за зачувување на идентитет...се по мене врв на идиотизам.
Вероватно и Вангелштајн-проектот има некаква врска со "идентитетот".Можеби и Влајко.
Back to Top
Anti-NGO View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Anti-NGO Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 09-Feb-2010 at 01:34

Ако ништо друго, барем може да се согласиме дека Данило (Супермен) Коцевски е некој авторитет (така и беше нарекуван АВТОРИТЕТОТ ДАНИЛО) и познавач на архитектурата на Скопје. Па ај да видиме што тој мисли.

Коцевски потсети дека градбите од левата страна на реката Вардар отсекогаш биле во барок стил. - Таму имало црковен музеј еден од најдобрите на Балканот, Скопската митрополија изградена е во 1783 година, тука било француско и грчко школо, а имало и зграда на суд, појасни тој.

Од друга страна реагираа и авторите на дел од скулптурите кои најенергично ги осудија нападите кои се неосновани, а доаѓаат од нестручни лица.


-Нашите дела се сериозни, издржани и естетски моќни. Тие се дел од силниот концепт за создавање и бележење на реалните вредности на оваа држава, овој народ и неговото делување на овие простори, рече Жарко Башески чии авторски дела најпрво ќе го украсат плоштадот, со спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев.

Извор 

http://www.vecer.com.mk/default.aspItemID=802D9924407B2543B49244BB5D836FD0)

Жарко Башевски

Нашите дела се сериозни, издржани и естетски моќни. ќе се сложиме сите, тоа се дела кои никој немаше доблест да ги изгради во последните 60-тина години. Зарем ние авторите сме виновни за тоа? Сигурно не!“, во името на сите реагираше Жарко Башески, автор на скулптурите на Гоце Делчев и Даме Груев пред Камениот мост.“

Извор

http://www.kanal77.com.mk/kanal77/index.php/2009-11-06-11-26-08/2009-11-06-11-27-16/1885-2010-02-08-16-11-13


Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 09-Feb-2010 at 01:46
Originally posted by pbanks

На нова прес конференција денеска, најавено е надополнување на планот


мала шега

Дали со тоа сакат да покажат дека тоа е 13ка Боки Аритектура ???Ohno


Колку иронично!


Edited by lslcrew - 09-Feb-2010 at 05:40
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 09-Feb-2010 at 08:03

Јасмина Силјановска: Ова е духовна импотентност за сопствена негација

Како го оценувате проектот „Скопје 2014“? - Јас сум шокирана од она што е претставено во овој проект. Ако градот по дефиниција е носител на културните значења и вредности, навистина со оваа претстава ние покажуваме духовна и креативна импотенција. Секоја креативна епоха во развојот на цивилизациите имала своја концепција за просторот и, на крајот, за архитектонскиот изглед на објектите. Со оваа понудена визија имам страшна дилема. Ова, според мене, може да биде токму на линија на оние што го оспоруваат нашиот културен идентитет, на линија на антимакедонизмот. Само новокомпонирана држава и нација, која немајќи сопствен израз и културен континуитет, мора да посегне по туѓи времиња, изрази и стилови, носталгично враќајќи се кон минати времиња. Она што навистина ме повредува е таа духовна импотентност, со која признаваме дека ние не сакаме современо да се изразуваме и на тој начин да се поврземе и со минатото и со иднината. Ова може да биде дури и опасно.

Од друга страна, се тврди дека барок и неокласицизам постоеле кај нас, бидејќи „македонизмот бил прв етаблиран барок“.

- Ги мешаат работите. Точно е дека хеленистичкиот или античко македонскиот град имаат прво монументално претставување на вредностите во градот. Но, тој е и современ град. Барокот на некој начин се угледал на хелинистичкиот град, но некоректно е да речете дека барокот е хеленистички или античкомакедонски. Ако кажете дека барокот е тоа, му одземате многу квалитети на античкиот град. Барокот е дел од авторитарен период, на кој му е најбитна парадата. Ова што ни е понудено е многу грдо склопено, ги нема современата интенција и концепт. Ова е некој историски еклециптизам. Сево ова личи на собрани сувенири од други просторно-временски концепции и креативни епохи на изразување.

Може ли да се најдат на Плоштадот и црква и џамија?

- Кога во Скопје постоеше Бурмали џамија, тоа не беше плоштад. Тоа беше примостовје, три улици што се спојуваат пред Камениот мост, кој беше почеток на градот. Од десната страна градот бил дури во зародиш. Да го оставиме плоштадот да биде на сите граѓани и затоа мислам дека воопшто не е добро таму да има верски објект.

Кој објект најмногу Ви пречи?

-Триумфалната порта. Вакви објекти ги слават војсководците, императорите кои доаѓаат од големите војни во кои освојуваат територии, жителите ги слават, а тие поминуваат низ триумфална порта. Обично зад нив стои моќ и креација на авторитарна личност, потребата да се слави личноста на императорот. Зошто ни е нам оваа Триумфална капија, особено на местото каде што ќе биде поставена? Тоа е највулгарната карикатура. (Б.Ѓ.)


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4ECD036F871E1D4FB425EB2E8378F7C0
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 09-Feb-2010 at 11:48
Nekoi od spomenicite mozat da bidat poprikladno postaveni, vo pravo si. No MORA da gi ima! Mi preci i sto Nikola Karev e kacen na konj. Covekot verojatno vo zivotot nekolku pati od daleku videl konj, moze i pojaval od ovde do onde. No bil gospodin, so casovnik vo dzebot, doteran i ispeglan, drzel dolgi besedi... Baska i pred Sobranie, kade sto lugjeto stojat i govorat. Justinijan treba da bide kaj sudskiot kompleks. No! Ne velam deka treba da bide samo tamu. Mi se dopagja celinata na vaznite licnosti, rekov prethodno zaedno so "Makedonska borba".
Back to Top
ebivetre View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
  Quote ebivetre Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 09-Feb-2010 at 13:28
Ne se soglasuvam so generaliziranje na celiot proekt kako dobar ili los. Zatoa i mi se dopagja forumov. Nesomneno nekoi od resenijata super. No za neki raboti ne mi e jasno zosto se tamu. Zosto e tamu portata? Znae li nekoj?
Kako i da e, za mene nema somnenie deka Oficerski dom treba da si bide na staroto mesto.
Hotelite go dooformuvaat plostadot, iako nekako se naviknav da gledam park na mestoto na edniot. E sega za stilot vo koj kje bidat gratdeni. Navodno e resenie na arkutekrti. Vistinata normalno e deka vo povikot za idejno resenie stoi deka treba da odgovara na Oficerskiot dom. Mora da znaeme deka jas, a i povekjeto skopjani sto vo spomenite go neguvaat mitot za predzemjotresno Skopje, sme vo panika od mnogu od novite gradbi posle zemjotresot. No i od nedogradenosta, nekomletnosta na mnogu od resenijata. Se mi doagajat kosmari deka namesto zgrada na stariot teatar kje se izgradi nekoja kocka so staklo i celik, sto kje ima postojno barem dve skrsini stakla od tolpite so minuvaat pokraj nea da gledaat utakmica Vardar - Renova na primer. Za "Makedonska borba" - pa gi vidovte li drugite trudovi sto stignaa. Uzas! No ako me pracuvas mene - navistina ne znam koj e toj stil. No mozam da ti kazam sto mi se dopagja , a sto ne. Prvo - mi se dopagja lokacijata. Mi se dopagja i sto gore e kako presecen. Ostava mesto das e gleda Kaleto pozadi. Vo nikoj slucaj ne bi stavil tamu nekoja kocka ili romb so stakla i aluminium. Pa na vlezot na Starata carsija sme, tokmu zatoa i treba resenie sto kje bide vo nekakov miks na Makedonskiot, klasicniot, no i orientalniot stil. Mene taa zgrada pas taka mi izgleda. Ne vidov poubavo resenie od ponudenite, barem od onie sot gi vidov vo forumot na taa tema..

No prasanjata koi gi postavuvas Cloverstack se sosem na mesto. Sakam da gi znam i jas odgovorite. No poradi toa ne znam koi se lugjeto zad seto ova ne znaci i deka ne mozam da prifatam del od resenijata, no i od resenosta da se gradi. Veruvam i deka forumov ne da odgatneme koi se facite, tuku da vidime sto ne odgovara i ne cini, no i sto e ubavo i treba da se forsira.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 325>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.844 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.