build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 325>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 10-Feb-2010 at 13:53
Ima edna falinka na fotografijava.
Gi nema prosjacite(bez namera da gi navredam lugjeto) ,gi nema kartonskite kutii,gi nema dzeparosite...A nema ni konj.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 10-Feb-2010 at 14:20
Ајде малку да се олабави со лични квалификации за авторите на проективе, дајте нека биде дискусијава подостоинствена. Има многу пософистицирани начини да се изрази незадоволство.



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 10-Feb-2010 at 14:29
@pavche

Одлични примери Thumbs%20Up

Скопје ја имало таа среќа да има објекти слични на еве Contemporary Art and Architecture Centre in Rome. За жал одредени луѓе без воопшто да се обидат да се надградат и образуваат на темата истите тие објекти ќе ги отпишат како "комуњарски", "бездушни", "бетонски", "скокалници" итн без око да им трепне. Потоа има лутење зошто "аргументите" не им се прифаќаат или се бришат.

Всушност една од целите на Скопје 2014 е токму да ја скрие визурата кон дел од овие објекти во Скопје.

Едно е одреден тип архитектура да не му се допаѓа на некого, тоа е легитимно право и секој може да го изрази (иако секогаш е пожелно да се образложи зошто, чисто заради квалитет на дискусиите). Друго е некој од ракав да тресе произволни толкувања на историјата на архитектурата и со површни "аргументи" да ги дезинформира читателите на форумов.



Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 10-Feb-2010 at 14:41

PBanks, Izgleda samo ja i ti se sheguvame drugite slabo idat hahaha

Applause

Ajde ke bide ubavo Skopjevo, da ima malce optimizam.

Applause
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 10-Feb-2010 at 15:26
Originally posted by pbanks

@pavcheОдлични примери Thumbs%20UpСкопје ја имало таа среќа да има објекти слични на<span ="Apple-style-span" style="border-collapse: separate; color: rgb0, 0, 0; font-family: 'Times New Roman'; font-size: 16px; font-style: normal; font-variant: normal; font-weight: normal; letter-spacing: normal; line-height: normal; orphans: 2; text-indent: 0px; text-trans: none; white-space: normal; widows: 2; word-spacing: 0px;"><span ="Apple-style-span" style="font-family: Arial,Helvetica,'Nimbus Sans L',sans-serif; font-size: 10px; line-height: 12px;"></span></span> еве Contemporary Art and Architecture Centre in Rome. За жал одредени луѓе без воопшто да се обидат да се надградат и образуваат на темата истите тие објекти ќе ги отпишат како "комуњарски", "бездушни", "бетонски", "скокалници" итн без око да им трепне. Потоа има лутење зошто "аргументите" не им се прифаќаат или се бришат. Всушност една од целите на Скопје 2014 е токму да ја скрие визурата кон дел од овие објекти во Скопје. Едно е одреден тип архитектура да не му се допаѓа на некого, тоа е легитимно право и секој може да го изрази (иако секогаш е пожелно да се образложи зошто, чисто заради квалитет на дискусиите). Друго е некој од ракав да тресе произволни толкувања на историјата на архитектурата и со површни "аргументи" да ги дезинформира читателите на форумов.


Не сум против модернистичките градби , но сум лично против да се градат во строгиот центар , еве на нишката на Музејот на Македонската борба на првите страници го има објектот во модернистички стил ,
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=139&PN=1
еве видете и кажете ми на што ќе личеше доколку се изградеше трето наградениот наместо тој што се гради ?
Сум за тие градби , но според мене добро би било да се гради надвор од мал ринг , на пример еве кај новата народна банка на пример , но баш таквите градби според мене му го рушат сензибилитетот на центарот.
можеби станав досаден со ова но пак ќе кажам дека Полска и Германија после разурнувањето се осврнаа на реконструкција на старите објекти ,
еве на пример Официрскиот дом и Стариот Народен театар не биле за рушење но ги срушиле !

Edited by leonid23 - 10-Feb-2010 at 15:28
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 10-Feb-2010 at 15:51


Подеднакво сензибилитетот се руши кога се оградува МНТ како дефинирачки објект на тој простор со ретро објективе. Ајде да ги проголтаме плоштадот и просторот кај старата автобуска станица некако, но никако неможам да го проголтам редот објекти кои се насила наредени за да го засенат МНТ. Спрема мене тоа е криминал независно дали МНТ ни се допаѓа на сите или не.

Како што еве ние кои сме против изградбата на ретро архитектура ќе мора да научиме да живееме со овие објекти кои ќе се начичкаат во центарот, убаво ќе беше и условно кажано "другата страна" да има елементарен респект барем кон парцелите кои се веќе на некој начин оформени и каде урбаната логика воопшто не постои со наметнување на новиве решенија. Ете ретко кој се има побунето против новата филхармонија која сметам дека во голема мерка одговара со постоечкиот објект на МНТ и дека заедно со реновираниот и осветлен МНТ ќе претставуваа прекрасна целина покрај реката. Да не зборувам како сето тоа ќе изгледаше осветлено ноќе.

Ќе се повторам но веќе наведов дека за мене се најспорни редот објекти од Уставен суд до МНТ како и триумфалната капија.


Edited by pbanks - 10-Feb-2010 at 15:55
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 10-Feb-2010 at 16:32

јас сум против метросексуалци кои модернистичките ерекции ги сметаат како нешто за кое не смее и не треба да има алтернатива! па добро бе луѓе верувате дека нешто поскладно може да влезе во центар!?! јасно дека треба фин претоп, но истиот се изведува и партерно! нема визура која не може да се испегла! јас би попрво да се изрушат тоа старите блокои на битпазар а и тоа новите кутии, и таму да тераше овој ред од пред мнт, но реално за ваква екскурзија немаме ни време ни капацитет, сепак мнт не требаше да се гиба тоа и претходно го кажав http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=614&PID=36243#36243  

но и со ваквите визури може да се излезе на крај доколку за пешачките мостои победеа нешто по вкусни проекти! кои ќе одеа ниско над вардар како не би ја натрупале микролокацијава дополнително, иако реално и вака некако надополнуваат но незнам како ќе легнат врз арпачик камењата од бедемот, а тоа порталите аннив воопшто не требале, особено не толку без осет испроектирани!

реално со референдум може да се стопира кревањето на делот кај мнт, но мора да се оди за секој дуп со различен референдум, во спротивно доколку се тера ангро како референдум за проекцијата 2014 дефинитивно цел проект ќе помине, и тука нема да има ништо спорно!

Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 10-Feb-2010 at 16:39
@pbanks Се в ред , можеби има грешки и пропусти кај одредени објекти , како што и порано кажав дека не може се да чини, зборот ми беше дека било каде во малиот ринг не се согласувам да се градат баш овие модернистички градби , без разлика дали ќе биде на местото на МНТ или било каде на друго место.
Јас лично мислам дека кога веќе се решија за тој амбициозен потег , на левата страна требаше да ги вратат објектите што стоеле пред земјотрезот , можеби нема да беа високи како веќе оние што се градат , но и те како би му го вратиле сензибилитетот на градот , за жал тоа требало да се направи одма по земјотресот , но во тоа време почнале да рушат објекти што не биле многу оштетени , а камоли па да се осврнеле на реставрација на стариот изглед , очигледно некој сакал да прави експерименти . . .
Сите ќе кажат било замислено Скопје да стане нова Бразилија , но да потсетам дека Бразилија бил нов конструиран град во 1960тите , наспроти Скопје со векови историја наназад! Така да овие теории многу не држат . . .
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 10-Feb-2010 at 16:43
Originally posted by Max

јас сум против метросексуалци кои модернистичките ерекции ги сметаат како нешто за кое не смее и не треба да има алтернатива! па добро бе луѓе верувате дека нешто поскладно може да влезе во центар!?!

Повторно тргнува во погрешен правец муабетот. Модерните објекти ги поставив со акцент на кратките коментари врзани со нив. Никако неможам да го тргнам муабетот во правец на "зелена архитектура", упорно само разговараме за лушпите. Мисам Мах дека барем ти (со оглед на нишките кои ги имаш отворено во Изградба и ентериери и воопшто интересот околку градежните материјали а особено алтернативните овие прашања треба да ти се интересни). Значи каде е одржливоста, каде е екологијата, каде е економичноста итн?


јасно дека треба фин претоп, но истиот се изведува и партерно! нема визура која не може да се испегла! јас би попрво да се изрушат тоа старите блокои на битпазар а и тоа новите кутии, и таму да тераше овој ред од пред мнт, но реално за ваква екскурзија немаме ни време ни капацитет, сепак мнт не требаше да се гиба тоа и претходно го кажав http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=614&PID=36243#36243  


Мислам дека никој не би се побунил да се порушат блоковите на битпазар. Но не гледам како ниту таму би се вклопиле објективе од пред МНТ...



но и со ваквите визури може да се излезе на крај доколку за пешачките мостои победеа нешто по вкусни проекти! кои ќе одеа ниско над вардар како не би ја натрупале микролокацијава дополнително, иако реално и вака некако надополнуваат но незнам како ќе легнат врз арпачик камењата од бедемот, а тоа порталите аннив воопшто не требале, особено не толку без осет испроектирани!

Новата визура ќе си дојде складна (макар кичерајски складна) доколку проектот се реализира до крај. Но, ќе се скрие МНТ и филхармонијата а тоа е неповратна штета. Исто така е огромна штета што се крие објектот на кој постојано му го заборавам името како и името на ресторанот кој беше во него (зборувам за оној испакнат дел веднаш до Комерцијална банка). Па луѓе дали сте свесни каков ексклузивен поглед на центарот би имал еден ресторан кој би се направил во тој објект (како што имаше на времето). Ова е банална работа, но сакам да го набројам во работите што ги губиме неповратно.


реално со референдум може да се стопира кревањето на делот кај мнт, но мора да се оди за секој дуп со различен референдум, во спротивно доколку се тера ангро како референдум за проекцијата 2014 дефинитивно цел проект ќе помине, и тука нема да има ништо спорно!




Спрема мене референдум е тешка глупост независно кој ќе победи. Па уште национален. Се учат школи и факултети за овие работи, таму треба да се најдат и одговорите но низ исклучително транспарентна процедура.

Доколку има референдум, мене би ми личело како да имаме референдум за тоа дали ќе се користи анестезија при операции за срце.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 10-Feb-2010 at 16:43
Референдум за урбанистички прашања е немовможна мисија ниту за да пројде ниту за да на епојде. Нема можности како да се формулира, законски не е јасно до крај, дополнителна работа Скопје е сложена целина и се управува од мулти-фотеља, со други зборови тука за една статива треба министер, градоначалник општински и градски, премиер и слични фактори дополнително. Секој што мисли дека може да се спродведе референдум во однос на урбанистички прашање длабоко се лаже. А уште повеќе се лаже доколку мисли дека може да му протне на народот фиксиран пакет од дијаметрално различни содржини како на пример што беше спинот црква со џамија под иста капа исти референдрум и тоа ни помалку ни повеќе во општина центар или слично. Тоа не проаѓа. Така неможе ни триесетина оддлени елементи да се стават под иста капа.


Edited by lslcrew - 10-Feb-2010 at 16:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 10-Feb-2010 at 16:46
Originally posted by leonid23

Сите ќе кажат било замислено Скопје да стане нова Бразилија , но да потсетам дека Бразилија бил нов конструиран град во 1960тите , наспроти Скопје со векови историја наназад! Така да овие теории многу не држат . . .


И да, и не. Скопје има прилично долга историја на град, но не и историски континуитет. Меѓу земјотресот кој го срушил Скупи до дивеењето на Пиколомини и воведувањето на железницата која повторно го ставила Скопје на мапата има огромни ненадополниви празнини.

Превилна конзервација на Скупи, тврдината и турската чаршија се повеќе од доволни сведоци за тоа дека тука имало град. 10ната згради кои паднале во земјотресот се далеку од дефинирачки за Скопје.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 10-Feb-2010 at 16:52
пбанкс. Се учи факултет ама за да на естетски начин се канализираат граќанските потреби. Ова не е операција на срце па има хирург и пацинет, двајца. Овде се работи за јавен простор и неговото уредување е на сите граѓани. Уредувањето на јавниот простор не е ксклузива на архитектите, без разлика колку тие сакале оа така да го прикажат, па многу пати слум случал тероии дека општинските управи морало да бидат исклучиво од архитекти и ништо друго. Небулоза е тврдење дека никој друг освен архитекти немаат право да учестуваат во давањето идеи како да се уредува јавниот простор. Дури после се на ред архитектите да фино на се тоа го спаковаат у компактна просторно-логична целин, каква што патем оваа 2014 не е.

Но сепак малку вака да разбијам дел од суетата на дел од македонски архитекти.

Edited by lslcrew - 10-Feb-2010 at 16:54
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 10-Feb-2010 at 16:58
Originally posted by lslcrew

пбанкс. Се учи факултет ама за да на естетски начин се канализираат граќанските потреби. Ова не е операција на срце па има хирург и пацинет, двајца. Овде се работи за јавен простор и неговото уредување е на сите граѓани. Уредувањето на јавниот простор не е ксклузива на архитектите, без разлика колку тие сакале оа така да го прикажат, па многу пати слум случал тероии дека општинските управи морало да бидат исклучиво од архитекти и ништо друго. Небулоза е тврдење дека никој друг освен архитекти немаат право да учестуваат во давањето идеи како да се уредува јавниот простор. Дури после се на ред архитектите да фино на се тоа го спаковаат у компактна просторно-логична целин, каква што оваа 2014 не е Но сепак малку вака да разбијам дел од суетата на повеќето македонски архитекти.


Па не е баш така, не се архитектите сепак мајстори да спакуваат само на крај што ќе им се каже (токму ова се случува кај нас каде архитектите се вазали на инвеститорите независно дали збориме за јавни или приватни инвестиции) туку токму тие треба да ги изанализираат "потребите на граѓаните" како што ги нарекуваш ти и да го дадат најдоброто решение врз база на таа нивна стручна анализа.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 10-Feb-2010 at 17:04
Не зборам јас за таков тип на "канализирање потреби" на само еден граѓанин и притоа да се попљукаат останитите пола милион. Тоа се вазали.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 10-Feb-2010 at 17:06

значи затоа јас посочувам кој е правилниот начин за референдум, гласање за еден дуп! и ова доколку се прави дуп по дуп, народот веќе за вториот овој кај моб, мислам ќе биде далеку во поголем број против! само референдум е чаре за нешто да се промени, инаку место за компромис тешко да се најде сега и од ваква естетска побуда, но и бидејќи за се власта истера и програма и конкурси, ова визуелизацијава е само добро спинувана и истемпирана презентација која и без тоа бар ете ние на форумов ја знаевме од глава до петици далеку понапред!

е сега она за битпазар дека не е вклопливо не се сложувам, иако заради хотел арка, ова веќе не е изводливо а и за институции од ваков тип дефинитивно таму нема место, попрво во редот над дуќанџик, но тоа таму е касапана... доволно ќе беше зад Црквата Пресвета Богородица да се оформи тој дел во ваква комбинација и претопот со НУБ да се направи преку некоја купола на неговиот кров, него тоа сега вака како што е изведено, а тука партерно да се направи конекција помеѓу плоштадот карпошово востание и овој дел од патина, значи платото пред мнт во добар дел кај кејот да се испеглаше пример со по некој споменик и барокни жардињери но со почисти линии, она бар рељеф... 

сепак секогаш народот мора да има алтернатива и мора да чуе експерти на дебата, како што претходно кажав јасно е како ден зошто ова не се случи! затоа и ја разбирам и јас негативната енергија кај експертите заради отсуството на дебата за која и се сум поборник, сепак ваквиот спин и реакции по него се повеќе од потребни како би се дефокусирал народ од другите нивни отанизирани уцени дека државава ќе се распаднела или исчезнела доколку не се интегрираме ваму или онаму, односно доколку не се одродиме, од тој аспект особено ги подржувам целосно нека скокаат и се тревожат, подобро кавга за триците него за куќата! патем на крајот на краиштата легитимно е да се прашаат тие што плукаат каде беа досега нешто да променат! многу е лесно својата неспособност да си ја правдаат преку нихилизам, но тоа кажува само колку лицемерието им ја заробило свеста! а ако се попаметни тие и утре без проблем доколку повторно дојдат на власт ќе можат нешто од нешто да оправат! ете околу партерните претопи!  

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 10-Feb-2010 at 17:08
Originally posted by lslcrew

Не зборам јас за таков тип на "канализирање потреби" на само еден граѓанин и притоа да се попљукаат останитите пола милион. Тоа се вазали.


Поентата ми беше дека "потребата на граѓаните" се дефинира низ стручна анализа, како во секоја друга инженерска дисциплина а не низ субјективни толкувања на популарното мислење. Граѓаните никако не можат да знаат што е најдобро за нив во секое поле и затоа има професии и професионалци. И затоа ваквите работи (како Скопје 2014) треба да се решаваат низ стручни филтри а не низ некакви референдуми.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 10-Feb-2010 at 17:12
Прво би сакал да се осврнам кон големото инсистирање да се врати духот на Скопје од пред земјотресот, затоа што со него е сврзана културата и величината на градот. Тоа не е точно, веднаш да ве разочарам. Скопје (правилно кажа Гитар, без оглед на било која дефиниција) никогаш не било метропола. Еве да се изразам и поконкретно никогаш не било ни регионален центар! Тука, на потесниот регион околу Македонија, тоа  биле пред се Солун и Битола, тоа биле Софија и Пловдив, Белград и Нови Сад, Загреб респективно. Скопје прво не бил никогаш пред Втората Светска, главен град (ниту на регион, а камо ли на држава), за да ја има величината и богатството во својата архитектура и живеење. Верувајте многу важни работи од аспект на архитектурата се длабоко испреплетени со интелигенција, аристокрација и државнички елементи. Скопје тоа го нема! Кај нас имаше точно 3 згради (Офицерскиот, Театарот и Народната Банка) кои се вредни за реконструкција, другото апсолутно е измислица. Немало во СКопје потреба да се градат амблематични грандиозни зданија, затоа што Скопје не бил важен административен или културен центар. Јас сум среќен што Скопје по земјотресот е испланирано и делумно реализирано од рацете на врвни архитекти и стручњаци. Секој архитектурен стил, кој живеел во соодветното свое време има свои белези и достигнувања вредни адмирации. Заборавете дека модернизмот тоа го нема. Скопје има згради (еден од парадните коњи е токму МНТ, кои денешните лаици неможат да го оценат), кои се навистина на светско ниво и сите тие се белег на пост-земјотресно Скопје. Фактот што нам континуитетот и одржувањето ни се најслаба страна, неможе да биде повод за оценување на пост-земјотресно Скопје како грозно, темно или бетонско.

Сакам да ви го свртам вниманието на фактот што Скопје пак нема да добие своја целосна, репрезентативна и функционална зграда за потребите на администрацијата, а имено Градска Куќа! Би сакал тука да ви ја покажам градската куќа на Лондон, несомнено најголемата метропола (по сите дефиниции, освен онаа за 100 000 жители), град кој не само што самиот содржи премногу историја, но град во кој се креирала светската историја и развојот на човештвото. Главниот град на Британија, земја со долготрајна традиција на умот, науката и пронајдоците, несомнен светски лидер во тој однос:

The London City Hall houses the Mayor of London, the London Assembly and the Greater London Authority. The use of glass and a giant helical staircase in the interior are supposed to symbolise the transparency and the accessibility of the democratic process. What is most striking when looking from the outside, though, is the building's odd shape.

Perched on the banks of the river Thames, the building is reminiscent of a river pebble, with its roundness again hinting at the democratic ideal. But as with the Gherkin, the shape was not only chosen for its looks, but also to maximise energy efficiency. One way of doing this is to minimise the surface area of the building, so that unwanted heat loss or gain can be prevented. As the mathematicians amongst you will know, of all solid shapes, the sphere has the least surface area compared to volume. This is why the London City Hall has a near-spherical shape.

The building's lopsidedness is also conducive to energy efficiency: the overhang on the South side ensures that windows here are shaded by the floor above, thus reducing the need for cooling in the summer. As with the Gherkin, computer modelling showed how air currents move through the building and the geometry within the building was chosen to maximise natural ventilation. In fact, the building does not require any cooling at all and reportedly uses only a quarter of the energy of comparable office spaces.

Even the helical staircase was not chosen for entirely aesthetic reasons. As part of their analysis, the SMG modelled the lobby's acoustics, quite appropriately for a building representing the voice of the people. Initially the acoustics were terrible with echoes bouncing around the large hall. Something was needed to break up the space. One of Foster + Partners' past projects provided a clue: the Reichstag in Berlin also contains a large hall, but in this case it is broken up by a large spiral ramp. The SMG created a model of a similar spiral staircase for the London City Hall and the company Arup Acoustics analysed the acoustics for this new model. As you can see in the animation below, sound is trapped behind the staircase and echoes are reduced, so the idea was adopted in the final design.
 






Јас се прашувам зошто не се направи ваков обмислен и ефикасен , но истовремено крајно отмен и репрезентативен објект од сите аспекти, на кејот на Вардар? И тука некаде се крие материјалната (а и не само) разлика помѓу нас и Европа. Ние сме расипници а тие се практични. А да, едните исто така имаат комплекс! Оставам на вас да прецените.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 10-Feb-2010 at 17:19
бидејќи за ова немаме ни пари, ни изведувачи, ни проектанти! не е се така плукни залепи како што изгледа, може за некоја импровизација од модернизам пример како магос сме способни но за вакви ремек дела малку утре, нешто покасно! затоа и оправдана е од овој аспект патиниранава предожба дополнително, бидејќи реално за тоа и во моментов имаме само капацитет!
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 10-Feb-2010 at 17:26
Пак ќе нагласам дека модернистичките објекти само би му го нарушиле семзибилитетот на центарот, но и за нив ќе имаше критики доколку се градеа наместо овие сега
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 10-Feb-2010 at 17:28
Мах ставање на референдум на крајното техничко решение е па најнеизводливиот и најпогрешниот процес тука. Баш па тука имаме ситуација како што кажа пбанкс дали треба да има операција со анестезија или без. Стварно не ми е јасно како вие тоа луѓе замислувате парламентарна демократија референдум и демократско општество. еве стварно мене пбанкс ме изнендуваат констатации вака експлиситно дадени дека народот не знае што е најдоборо за него и мора други да му одлучуваат. Вакви ставови се многу повеќе од рецидив на срат систем. Денеска е многу пообратно. Професионалците објаснуваат и усвојуваат и развиваат концепти и мораат цврсто да ги поткрепат на пазарот на идеи за да можат граќаните да го купат нивниот производ. За жал оваа глутница од архитекти што секогаш знае како не треба, ане како треба, не успеа да се окупи и да понуди алтернатива на овој контроверзен и за мене неприфатлив во целост концепт 2014. Затоа сеуште имаме рецидиви што сметаат дека нивната елоквенција не е достојна да учествува на аконкурс и на тендер па очекуваат покана за да работата дело. Млади деца ќе ги изедат така на денешниов пазар на идеи. Сеуште не сватиле дека ја денеска имам плеада супермаркети кајшто пазарувам, а немам само еден и единствен како пред 30 години и да морам по секоја цена тамо да купувам, па уште згора на тоа они да бидат тој едниот и единствениот паднат од небо. Ете зато аим се лутам, зашто се ортодоксни антиреформисти во својот домен на делување.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 325>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.875 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.