build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопје 2014
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 326>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
103 [54.21%]
83 [43.68%]
4 [2.11%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 18-Feb-2010 at 01:43
Според мене најдобро ќе беше да има тендер за изгледот на сите овие згради (во куп) на кој ќе имаше повеќе изложено проекти. Во тој тендер некој може ќе понудеше ваква барок варијанта, друг модернистичка, трет традиционална, во секој случај ќе можеше да се бира меѓу повеќе варијанти - но и тоа немаше да ви биде доволно на оние што само р’чки бараат - ќе глумеа жртви, наместени тендери, бла-бла.

И уште еднаш ќе потенцирам дека овде не се работи за некоја „голема пара“, туку за регионално гледано, смешни суми. Ова што ние ќе го градиме и плаќаме 8 години е еднакво на 2-4 месечен буџет на Белград.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2457
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 18-Feb-2010 at 02:15
Покрај регуларни тендери многу поубаво ќе беше и да се направеше и една изложба со сите пристигнати трудови и со наградените, притоа да не се заборави и на жирито кое исто треба да се знае. Па се бунеле - не се бунеле јавноста барем ќе видеше што и какви понуди пристигнале. Вакво нешто знам дека еднаш имаше во МГСк ама не ми текнува за кој проект и дали истиот воопшто се реализираше.  

Вака ко што е, јавноста воглавно го поддржува проектот затоа што целата работа е исполитизирана и сведена на ДПМНЕ контра СДС и ради тоа што единствената алтернатива е ништо да не се гради и да си остане ко што е. Што секако не чини. 

А то шо викаш дека не се многу пари и дека (според власта) има 99% повеќе пари ептен ме радува. Тоа значи дека во следниве 4 години ќе се направи Јужен, тунелот, трамвај, железницата по к8 сосе нови возови, гасна мрежа до секој дом, автопати накај Грција, Бугарија, Албанија, пат, канализација, водовод до секое село, модерни и санирани болници, училишта, студентски домови и градинки и многу повеќе промоција и подршка за спортот и културата.

Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 18-Feb-2010 at 18:33
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 19-Feb-2010 at 01:26
Светските архитекти шокирани од „Скопје 2014“

Уставен суд спореден со стоковна куќа во Сао Паоло во Бразил, наменета за новите богаташи

Лоши копии, неоргиналност, мешање стилови. Генерално, ваква е оцената на европските архитекти за дел од зданијата предвидени со владиниот проект за урбанизација на централното јадро во Скопје. Коментирајќи за Дојче веле, архитектите го споредуваат визионерскиот лик на републичкото Собрание со германскиот Рајхстаг, споменикот на паднатите херои велат оти потсетувал на берлинскиот Столб на победата, а Порта Македонија на Триумфалната порта.

Бразилскиот архитект, пак, Педро Мореира, кој живее и работи во Берлин, укажува дека Уставен суд е копиран објект оти личел на стоковна куќа од Сао Паоло каде што има 200 продавници на дизајнери, чии клиенти се новопечени богаташи.

Дејан Суџиќ, пак, прв човек на Венецијанското биенале за архитектура во 2002 година и актуелен директор на Музејот за дизајн во Лондон вели оти е шокиран од намерите со „Скопје 2014“.

„Шокиран сум што некој сака да му направи толку страшна работа на еден европски град. Во име на националниот идентитет сака да се создаде нешто што личи на хотел во римски стил - палатата на Цезар во Лас Вегас. Секако дека една нација мора нешто да изгради за да се потврди“, смета Суџиќ, укажувајќи дека идентитетот не се создава со фалсификување на минатото, туку, како што вели, со позитивен поглед во иднината.

Дека дел од владините урбанистички визии имаат неоправдани нишки со минатото смета и Нина Неделков, призната архитектка во Берлин, која го посетила Скопје како член на Германската комора на архитекти.

„Се прави напор да му се даде на градот една контура, едно лице, една форма, просторна целина. Поставувањето споменици на националните херои говори за реализмот со историски паралели. И тука заеднички станува збор за говорот на формата, а не функционалноста. Значи, формата е класична, но не знам што бара тука среде улица една Триумфална порта?“ се прашува Неделков, на која во очи и' паѓаат историските елементи во „Скопје 2014“. Коментира дека сака да се пренесе една размисла за историзираниот град во која сите добро се чувствуваат. Но, според Неделков, доколку се анализираат деталите, впечаток е дека не е така. Таа укажува оти станува збор за лоша копија и нејасно и' е зошто модерната архитектура не е составен дел од урбанистичките визии ниту, пак, имало меѓународен конкурс за да се изнајдат подобри решенија.

„Прашање е дали мешаницата од стилови е вистинска слика на денешното време. Филхармонијата е едно делче модерна архитектура, која во филмот изгледа изгубено. Дали е добра или лоша, не сакам да коментирам. Но, мојот впечаток е дека во градбите ја има аналогијата на големите урбанистички планови на Романија, односно има враќање наназад“, смета Неделков, која и покрај негативните оцени за владиниот проект, потенцира дека истовремено тој е и позитивен, бидејќи може да претставува одлична подлога за темелна дискусија.

Дали воопшто има одговорност кај архитектите ангажирани во владините визии за центарот на Скопје, коментира водечкиот светски архитект сер Норман Фостер, автор на стотина модерни зданија во Британија, Америка, Блискиот Исток и Далечниот Исток, но и на обновениот германски Рајхстаг. Тој оценува дека архитектите немаат голема моќ, но можат да влијаат со убедување.

„Како архитект, всушност, немате моќ. Ако сте мој клиент, не можам да ви кажам што треба да направите. Ако сте локален политичар, уште помалку. Но, може да се обидам да ве убедам, да се заложам, да бранам нешто што сметам дека ќе биде корисно и ќе ги задоволи не само приватните, туку и јавните барања“, вели Норман. (Дс.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1476E1929F1E744FBB185288A3DC09D1

Архитектите ќе разговараат за проектот во март

Даница Павловска е новиот претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија

Билјана Ангеловска


Архитектка Даница Павловска е новиот претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, која во наредните три години ќе треба да ги извојува битките кои, се чини, допрва ќе претстојат на полето на урбанизмот и архитектурата во државава. А, дека Павловска ќе има тешка задача, доказ е за во март закажаното Вонредно собрание на Асоцијацијата со една единствена точка на дневниот ред, расправа околу проектот „Скопје 2014“.

Со тоа досегашното раководство на архитектите на Македонија успеа да ја ескивира одговорноста околу креирањето единствен заеднички став на архитектонската фела во државава во врска со владиниот предлог за изгледот на центарот на главниот град по четири години.

Несвикувањето вонредна средба на членовите на Асоцијацијата пред да биде одржано редовното изборно собрание, и покрај актуелноста на темата, покажува дека досегашниот тим на ААМ од само нему познати причини избегна директно да се инволвира во најактуелната тема во Македонија во последниве две недели.

Вчера архитектите се договорија Вонредното собрание да се одржи на 9 март, а темата по која ќе се дебатира ќе биде местото и улогата на архитектите и урбанистите во 21 век околу проектот „Скопје 2014“. Ќе се разговара, генерално, на две теми, за проблемите на урбанистичко ниво, во смисла на тоа каков центар ни треба, административен, репрезентативен или поинаков, се' гледано и од сообраќаен аспект и, второ, на архитектонско ниво. На Вонредното собрание еснафот ќе треба да даде одговори на повеќе прашања, меѓу кои дали е направена вистинска стручна програма за развој на градот, дали за изгледот на Скопје се консултирани граѓаните и архитектите, дали се распишани конкурси за архитектонско и урбанистичко решение на просторот, кои се авторите на проектот, дали имало транспарентна постапка и кој е вистинскиот нарачател на проектот „Скопје 2014“.

Иако главната расправа околу проектот допрва ќе се одвива на стручно ниво, сепак, архитектите и вчера не можеа целосно да ги занемарат актуелните случувања. Тоа најдобро се покажа при изборот на Управниот одбор на Асоцијацијата. Имено, откако Павловска ги прочита имињата на архитектите кои таа ги предлага за членови на УО, меѓу присутните се разви полемика околу можниот конфликт на интереси, со оглед на тоа што тројца членови се дел од извршната власт. Тоа се самата претседателка Павловска, која е на раководна функција во Министерството за животна средина и просторно планирање, потоа Кристинка Радески, која беше предложена за потпретседателка на ААМ, а, како што забележаа дел од присутните, членувала во повеќе комисии на тендерите што ги распишуваше власта за изградба на објекти во Скопје, како и Елизабета Кољовска, млада архитектка која е вработена во Генералниот секретаријат на Владата. Сепак, објаснувањата дека Павловска е докажан експерт во својата работа, Радески била член и на претходниот состав на УО, додека Кољовска е член и на НВО „Прва архибригада“, која прва го крена гласот против изградба на верски објекти на плоштадот, се покажаа сосем убедливи за новиот УО на Асоцијацијата да биде избран само со еден воздржан глас.

„Мора да се врати достоинството на професијата, а тоа зависи само од нас. Мора да се претставиме како неопходна институција и затоа ќе биде неминовно нашето агресивно присуство во повеќе сегменти“, рече пред архитектите новата претседателка на Асоцијацијата, Даница Павловска.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F5B1CF0CE9B9964F84B0152D4F5E15A9
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 19-Feb-2010 at 02:42

ќе има доста народ инспирација да дојде во дизниленд! абе колку сакаат нека крекаат, да се на вакво дереџе и економски и политички па и институционално ќе ги прашам дали волку лесно ќе етикетираат! тие без миризлива тоалетна неможат а тек па што ќе ги снајде доколку тука земат да проектираат, сепак добро е да се знае дека привлекуваме внимание! нема лоша реклама, особено не бидејќи 90% од туристите не се некои префинети естети туку голтаа што ќе им сервираш, но битно е некако да се пробиеш во мноштвото реклами и за тебе да чујат, смешно но токму ваквиот експериметн освен што брзопотезно нам ќе ни го освежи мал ринг, посекако и ќе привлече големо внимание, нешто за кое луѓе на крај и ќе платат за да го видат! 

уште жичарата да тргнуваше од кале, и токму егзебиционизам до коска! да се малку попаметни нашиве архитекти и образовни институции, сега би покренале светска дебата  во скопје, која колку за да добие на контиунитет и традиција не е лошо да ја превземат иницијативата на иван мирковски скопје-форум 

- http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=303&PID=12450#12450

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=652


Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 19-Feb-2010 at 08:01

So pa znaat tie?

A i me ćudi koj zborel so tolku poznati svetski iminja? Ako se navistina avtoriteti, ne se razbiram vo taa tema. Ako ništo drugo barem ubavo se izreklamiravme

Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 19-Feb-2010 at 16:16
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2191011417&id=13&prilog=0&setIzdanie=21914

Hm, interesno razmisluvanje!

Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 19-Feb-2010 at 16:23
Ај да го имаме и тука...

Проектот „Скопје 2014“ - да се гради

Истите луѓе што наместо да молчат за да не бидат земени на одговорност, тие се најголеми поборници проектот да не се реализира. Невиден апсурд!


Проблемите во јавноста што произлегоа од презентацијата на проектот „Скопје 2014“, можат да се анализираат од три аспекта: урбанистички, архитектонски и изградба на споменици. Но, најнапред еден карактеристичен пример. Познат белградски професор , голем дизајнер, уште поголем оратор, кога држеше предавања салите ги исполнуваше до последно место. Одржа предавање и во Скопје на кое рече: „Замислете, во Токио го урнале хотелот ‘Империјал‘, големото дело на знаменитиот архитект Франк Лојд Рајт, кој самиот го проектираше и го градеше 10 години. На прашањето зошто го урнавте хотелот, Јапонците ми одговорија дека тој се наоѓал во близина на центарот на градот, на голема површина, а имал само два ката. Сега, на негово место ќе изградиме згради со голема катност, за да се исплати земјиштето“.

Ако наведениот пример го споредиме со Скопје по катастрофалниот земјотрес од ‘63 година, кога се урнаа Офицерскиот дом, Банката и многу други објекти околу плоштадот и ако благовремено се продадеше земјиштето и се наплатуваше данок на имот за новоизградените палати, тогаш за изминатите 47 години би се собрале повеќе средства од оние кои сега треба да се дадат за целиот проект „Скопје 2014“. Овој пример ни дава право да тврдиме дека проектот, без двоумење, треба да се реализира. Но, ако се направи преглед кои биле членови на извршните совети, односно влади на РМ, што требале да го изградат плоштадот, ќе се констатира дека се тоа истите луѓе, кои наместо да молчат за да не бидат земени на одговорност, се најголеми поборници проектот да не се реализира. Невиден апсурд!

Од урбанистички аспект, проектот не може во целост да се оцени, бидејќи претставувањето преку ТВ не ја воочува суптилната димензија на просторот, што значи, не може да се рече дека просторот е пренатрупан! Точна анализа може да се изврши ако проектот се гледа на хартија, па ако има такви забелешки, тие во оваа фаза лесно можат да се отстранат. Но, има нешто друго што треба да се нагласи. Програмски, проектот има содржини кои по својата намена не кореспондираат со околината. Тоа се верските објекти - цркви и џамии, бидејќи тие треба да имаат свои екстеритории - свој двор, своја ограда, а според намената на плоштадот тоа е незамисливо.

За архитектурата на проектот, да може таа да се разбере, треба да се напише малку поопширно. Архитектурата на Скопје од поново време, не е надвор од општите светски текови. Веќе меѓу двете светски војни, во модерен стил се градат објекти со чисти и складни форми и без орнаменти. Тоа е зградата на денешната Градска болница, Етнолошкиот музеј и ресторанот „Метропол“. Подоцнежниот период е уште по значаен, особено по катастрофалниот земјотрес. Тоа е време на силен замав на интернационалниот стил што ќе најде одѕив и во нашиот град, со градбата на денешната зграда на Владата, универзитетскиот кампус, Културниот центар и др. Токму во овој период се јавуваат и првите знаци на напуштање на интернационалниот стил, со цел да дојде до израз духот на нашето поднебје, како и да се воспостави изгубениот континуитет со традицијата. Се градат првите објекти на модерниот регионализам, како што е Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ и МАНУ. Меѓутоа, со изградбата на трговскиот центар Мавровка - две изразито закосени кули обвиени со ѕид завеса, ортогонално поставени, се појавува доцномодерната архитектура и во нашата средина.

Наспроти доцномодерната, постмодерната архитектура, со својата двосмисленост - делумно модерна, делумно нешто друго, наоѓа сé поголем број приврзаници меѓу нашите архитекти кои можат да најдат инспирација во формите од нашето богато архитектонско наследство, на пример: лачните отвори на Стариот камен мост на Вардар, цилиндричните форми на Старата скопска тврдина, разните видови куполи на Даутпашиниот амам или формите и материјалите на старите цркви манастири. Зачетокот на оваа архитектура е поврзан со изградбата на Телекомуникацискиот центар, што претставува збир на спротивности: од една страна тоа е монументално дело што потсетува на средновековните француски кралски палати, а од друга страна Корбизиовски тежок брутализам во бетон.

Во најново време, архитектите настојуваат да бидат во духот на европските и светски текови; при проектирањето повторно да ги користат класичните форми на изразување во уметноста, скулптурата и орнаментиката, но сега во нов тон и со нова технологија. Значи, она што се случува во светот на архитектурата, се пренесува и кај нас, а тоа е постмодерниот класицизам. И ова движење има голем број приврзаници меѓу нашите архитекти, и денес речиси нема објект што се проектира или се гради, а да нема вградени некои класични форми, буквално пренесени или со голема вештина. Се поставува прашањето кои од сите овие текови во архитектурата треба да ги поддржиме во проектот „Скопје 2014“.

Постмодернизмот, нашето наследство изразено преку нашите средновековни цркви и манастири, како и македонската традиционална куќа, можат да бидат „нешто друго“ на оваа архитектура што овозможува полесно да се проникне во содржината и духот на нашето поднебје. Постмодерниот класицизам, затоа што тој станува општа синтеза на сите текови, поврзувајќи го техничкиот реализам на модернизмот со универзалните архетипови на класицизмот како што се во старите градови - Скупи, Стоби или Хераклеа.

На опонентите на наведениот проект, може да се рече она што Гропиус одамна го рекол: „Нема конечност во архитектурата - постои само постојана промена“. Тие ова промена како да не сакаат да ја разберат. За изградбата на спомениците, може накратко да се каже, дека нашата земја е со ретко богата историја, како и со значајни личности. За жал, од 50-те години на минатиот век до денес, речиси ништо позначајно не е изградено. Со ова сé е кажано.

Авторот е поранешен државен секретар при Министерството за урбанизам


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2191011417&id=13&prilog=0&setIzdanie=21914

Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 19-Feb-2010 at 16:41
Verno li e ova za hotelot na Frank Lloyd Wright!?
Pa za takvo neshto kaj nas bi te obesile ko Karpush na Kameni!?
Ccccccc....


Edited by OKA - 19-Feb-2010 at 16:42
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 19-Feb-2010 at 17:37
mozam da kazam deka skopje 2014 e kako svinskiot grip
se siri nasekade
od centarot  pocna a momentalno stignal niz bogorodica, kaj kale nekade, eden del vo okolinata na MKRTV pa duri i MKRTV ke se konstruira na anticki grip, sega ojt pravec stara carsija kojznae do kade ke ojt
Tamiflu e potrebno, a tamiflu sme nie graganite
da gledame niz rajonot malku, kosovo 2 godini drzava ne skina so  ubavi zgradi. (Nisto politicko)sto ke se gradi koga ke bide 20 godini?
sekade staklo, moderno, visoki zgradi.
deka e moderno ne znaci deka nema indentitet!!!!!!!!!
Za drugite da ne zboruvame(sofia, beograd sarajevo mozebi i tirana)
postirav jas preku nekolku meseci ubavi renderi sto e planirano da se gradi vo kosovo, nekoj od vas rece deka mozebi ne se realiziraat stojat samo taka, ama ete se e pocnato, ubavi moderni zgradi vo centarot.
Koga ke zaversat kojznae kako ke izgleda centarot, dodeka nie se borime za barok
markicata 7.2 kakva lokacija za edna 12 katnica, se moderno da bide, a sto ke se gradi ?barok sto e totalno katastrofa
 
Ne znam nekoj od clenovite rece deka ako ke bide se moderno togas toa znaci deka nema indentitet? Absolutno greska e .Nasprotivno!!!Ako gradis sega togas se trudis da gradis intentitet, ke mislat lugeto!Jas znam deka ste makedonci i od kade doagate itn. ama turistot ke se buni. Kade bea porano ??  ke slusa i so grcija i tamam rabota!!
luge ako deka ke vidite malku po centarite na balkanot ili evropa!!!
 
 
"@ admins
 
Ako vi preci nesto sto mislite deka ne mu e mestoto brisite go no ne celiot kommentar
 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 19-Feb-2010 at 18:54
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 22-Feb-2010 at 04:55

опозиционерска патетика!

~

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=268&PID=59441#59441

Груевски: И Чаршијата е дел од „Скопје 2014“
Ревитализација на Старата чаршија, според премиерот Никола Груевски, на некој начин е продолжение, односно друг дел од проектот „Скопје 2014“.

- Може да се каже дека на некој начин тоа е еден друг дел од проектот „Скопје 2014“, односно продолжение. Има два различни аспекта, еден на плоштадот, а другиот е Старата чаршија, каде што ќе се задржи амбиенталноста, традицијата и ќе се инвестира во реанимирање и ревитализација. Тоа е еден исклучително значаен дел за Скопје и за Македонија. Дел кој е поврзан со нашата историја, традиција, мултиетничко и мултиконфесионално живеење и дел кој е најинтересен за посета од странските туристи. Во наредните пет години чекор по чекор ќе се реализираат активности и јас се надевам дека некаде во 2014 или во 2015 година ќе имаме целосно ревитализирана скопска Стара чаршија - изјави вчера Груевски.

Тој истакна дека Владата пред неколку месеци донела одлука да се вклучи во проектот за ревитализација на Чаршијата, бидејќи претходно неколку градоначалници се обидувале да направат нешто, но не успеале.

- Ќе се обидеме да ја заштитиме Чаршијата и да и' го вратиме претходниот изглед. Сакаме таму да ги вратиме граѓаните - рече премиерот Груевски.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=7CCFE31E46628644885AE95F71F831E2&arc=1

  
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 23-Feb-2010 at 14:11
Поради неконструктивни коментари веќе нема да го посетувам овој подфорум.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 23-Feb-2010 at 14:21
Originally posted by alexgizh

Поради неконструктивни коментари веќе нема да го посетувам овој подфорум.


Избришани/префрлени се сите офтопик коментари околу секуларноста освен оваа порака на алексгиж како порака и до членовите и до модераторите (тука се вбројувам и себе) да се држат на темата и да бидат конструктивни.

И секогаш кога сметате дека модерацијата потрфла (сепак сме само луѓе) вакви потсетувања се добредојдени.

Cheers


Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 23-Feb-2010 at 14:36
Благодарам. Поддршка за раководството! )
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 23-Feb-2010 at 15:41
Еве една црта од мене


2010-02-23
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 23-Feb-2010 at 16:37
Немам фотографија, ама моментално се поставуваат постаментите (освен за коњите на плоштад пред Камени) и за лавовите на Гоце Делчев.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 23-Feb-2010 at 17:28
Bidejki ne ziveam vo skopje, a i ne sum bil na plostad mozebi 2 godini. Koi se zgradite koi se gledaat od levata strana na vardar?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 23-Feb-2010 at 17:34
Од сликата на Владимир од лево кон десно

Стариот театар, музејот на ВМРО, Ибни пајко, Стоун бриџ хотел, Комерцијална банка
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 23-Feb-2010 at 17:43
 ova sigurno ke ti pomogne
vednas prviot post od ovaa strana
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 326>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.390 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.