build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје 2014

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 321322323324>
Poll Question: Мислење за Скопје 2014
Poll Choice Votes Poll Statistics
102 [53.97%]
83 [43.92%]
4 [2.12%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 171
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #6441 Posted: 19-Feb-2018 at 15:09
Originally posted by BOJAN

Главниот проблем што го има „Скопје 2014“ е проблемот на недемократичноста во носењето на одлуките на сите нивоа од самите почетоци.

Оваа недемократичност ја создаде претходната власт уште од самиот почеток во 2006 година, кога самите тие одлучија дека е неопходно да се постави споменикот на Александар Македонски на плоштад. И никого не прашаа за тоа, односно ги прашаа единствено своите послушници. Таа тактика на овие простори прв ја започна Слободан Милошевиќ на крајот на 80-те години, кога на митинзи ја прашуваше насобраната толпа: „Не чујем вас добро, шта желите?“ А толпата го одговара она што го слушнала претходната вечер на централниот телевизиски дневник.

Ваквиот комплот на „недемократичност“ поаѓа од тезата: „Миле, ми текна“. Откога ќе му текне на некој лидер (да се разбереме, ваквиот начин на размислување како да ја зафаќа и новава влада), потоа се појавуваат новинарските трубадури и медиумски куќи кои прават теми на дневно ниво што треба да информираат и здобијат поддршка за глупоста на лидерот. Така беше и со проектот „Скопје 2014“. Што е битно мислењето на јавноста на самиот почеток од проектот, кога ние за неколку месеци/години ќе го промениме истото.

И потоа следи ракоплескање, тапкање по рамо, глорифицирање на лидерот. Оф ти лидеру, го донесе Берлин, Париз и Лондон во Скопје, како на никој друг претходно не му текна вакво нешто. Во оваа група има опасни лижачи на газ, воено-криминални профитери, националистички лудаци.

На тој начин, се разви тезата (која нели треба да е природна!), дека центарот на Скопје е градина на националистичкиот лидер, кој одлучува за изградба на објектите според своите дневни вкусови и расположение. На тој начин, ни се случи да го напуштиме концептот на континуитет со пост-земјотресната обнова на Скопје, па дури и на воспоставување историчност во простор следејќи ја историјата што навистина се случила на овие скопски простори.

Па така, Јосиф Михајловиќ, кој има удел во „европеизацијата“ на овој некогашен турски град, нема ниту една локација во центарот на Скопје со која граѓаните треба/можат да се поистоветат. А тоа е така, бидејќи не постои разговор што води кон донесување на одлука базирана на отстапки од личностите со спротивставени ставови, туку има „Миле ми текна“ и по него цела река на ракоплескачи на ваквите идеи.

Како последица на тоа, Скопје денес заличува на главен град од Централна Азија, а не на европски град. Град во кој Советите за прв пат ја имаат донесено државотворноста на дотогашните племиња Туркмени, Узбеци, Таџици, кои дотогаш се бореле за тоа кој ќе има владение на водата и на земјиштето. Е токму со таквите, ние како европска држава се поистоветивме. Па сега, ќе мериме кон ни го уништил „идентитетот“.

Главниот проблем за „Скопје 2014“ е што многу луѓе не разбираат дека е далеку од главен „проблем“ и има многу поважни работи за кои треба да се мисли за во градот (и другите градови) отколку за него.
Како сите да забораваат дека Железничката станица не личи на ништо, на пример.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6442 Posted: 20-Feb-2018 at 21:29

и нема ни да личи на ништо Железничката станица ако немаме развиен и современ железнички транспорт на патници и стока, како и ЛРТ систем кој би ја користел станицата и добра соработка и поврзаност меѓу сите сектори кои го сочинуваат транспортниот центар
да бидеме реални, се работи за пропаднат проект кој е правен за други времиња и стандарди, докрајчен од транзиција, и најголем проблем не е нејзиниот изглед, туку нејзината комплетна просторна дисфункционалност
ако се работи на железничката станица, треба да се почне од нула, во спротивно, ќе се работи за фрлање пари во вода ала Ск2014 чисто за изглед и разгледници

за што и да се размислува за подобрување на градов, ќе ти се запали мозок, со оглед на тоа во кој длабок вир на фекалии е навлезен... јас мислам дека и најпоштен и професионален кадар да стават да раководи со него, ќе се изгубат...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6443 Posted: 14-Apr-2018 at 14:59
Одлично што ќе започне проектот „Цел Центар на точак“. Но, дали со тој проект скопјани слободно ќе можат да се движат по велосипедските патеки кои не се наменети за паркирање автомобили?

Уште подобро што ќе реновираат фасади. Дали по реновацијата зградите ќе изгледаат убаво и ускладено, или ќе си останат шарените прозорци и грозните надградби? Мислам дека зградите каде што има заградени тераси не треба да добијат нови фасади, а оние кои имаат надограден кат не смеат да добијат никаква финансиска помош од општината (како поправка на лифтови, на пример). За жал, никој никогаш нема да го спроведе ова.

Богдановиќ: Неколку објекти од „Скопје 2014“ ќе бидат дислоцирани

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ на денешната прес-конференција најави дека е донесена одлука за дислокација на повеќе објекти од проектот „Скопје 2014“.

Богдановиќ не сакаше да открие за кои точно објекти станува збор и кога тие ќе бидат дислоцирани. Тој рече дека се водат истраги за повеќе објекти од овој проект, но дека не може да открива детали во интерес на истрагата.

Богдановиќ најави дека наскоро ќе започне и проектот за обнова на покривите кои протекуваат и старите и небезбедни лифтови како и проектот „Цел Центар на точак“.

Градоначалникот Богдановиќ рече дека од понеделник започнува рокот за пријавување на заинтересираните заедници на сопственици на станови од подрачјето на општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Рокот истекува на 30.04.2018.

– Ова е наше ветување и почнуваме да го реализираме за да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните на Центар. Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе го имаат жителите. Значи нема да поставуваме барокни фасади против кои се боревме, туку енергетско-ефикасни фасади кои ќе значат голема финансиска заштеда за семејниот буџет – рече Богдановиќ.

Реконструкцијата на фасади опфаќа: обнова на фасада со нова термичка фасада од страна на општина Центар и замена на старата и дотраена фасадна столарија со нова од страна на заинтересираните сопственици.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 70 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада .

Ако во семејство кое живее во колективната станбена зграда која е избрана за реконструкција на фасада има социјален случај или лице со посебни потреби, врз основа на документ со кој ќе се докаже тоа, општина Центар ќе го финансира неговиот дел при финансирање за реконструкција на колективната станбена зграда.

Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада.

Услов е зградата да е постара од 25 години.

https://plusinfo.mk/%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #6444 Posted: 15-Apr-2018 at 21:48
Што бидна со отстранување/преместување на карузелот? Како се разубавува времето така и повеќе луѓе проаѓаат низ тоа тесно грло кое не нуди доволно простор. А преместувањето го најавија одамна ама ништо до сега.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6445 Posted: 07-May-2018 at 16:38
Градот Хеихе во Кина, слично на Скопје 2014, има повеќе кичозни зданија. Да видиме што се случило со нив по одредено време негрижа (и поради неквалитетна изведба).







Има и позачувани примери:







https://varlamov.ru/2910149.html
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6446 Posted: 03-Sep-2018 at 12:44

него што напраи sds со депатинирање на ЦеКа бреј не се доследни на ниту едно изборно ветување, навистина изгледа смешно на вести кога прикажуваат снимки од патинираната фасада а одат коментари за политиките на зајковци, може сакаат да остават порака дека ремоделирањето на АСНОМ е почнато од нивните претходници та да си имаат оправдување дека не биле само тие опортунистички нафурани, иако претходните спинуваа така македонско туристички додека овие сегашниве елити спинуваат европејско федералистички може надевајќи се дека така туризмот ќе збрчи уште поимпосибл да неречам невозмоожно, навистина би бил акробатски оштроумно натака туристичките водичи да се обидат да им објаснат на придојдени како преку античка волја сме биднале новокомпонирана нација пардон ревидирана, може ќе се вадат дека сме непоправливи космополити дури и кога ме биле независни како пак би станале зависни од нечиј империјализам!?

всушност горните примери укажуваат дека нас со патинирањето адут ни биле кинезите а не русите, бидејќи рускиот неокласичен еклектизам е камен а во најлош случај бетониран, додека инстант гипскартон шампастирањето е киснеска фора ...

бреј Панорамското Тркало ќе беше навистина сфорсираност до коска да биднеше реалност!
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 580
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #6447 Posted: 04-Feb-2019 at 12:46
Решението за „Скопје 2014“ постои, но е заборавено

„Ова е сега главната разгледница на Скопје. Кога го има Скопје на странски телевизии, ова е тоа што се покажува“, ни вели архитектот Дејан Ивановски додека стоиме на Камени мост, свртени кон редот од т.н. барокни згради од Археолошкиот музеј до Министерството за надворешни работи.

Ивановски е еден од авторите на проектот со кој Македонија се претстави на архитектонското биенале во Венеција, кое се отвори во мај минатата година. Насловот на манифестацијата, „слободни простори“, бил како нарачан за архитекти од држава во која слободниот простор постојано се заробува за приватни интереси, а центарот на главниот град и проектот „Скопје 2014“ станаа симбол на таа пракса. Затоа нивниот проект беше насловен – „ослободување на просторот“.






Повеќе на Призма
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6448 Posted: 04-Feb-2019 at 13:03
Досега, освен споменикот на Ќосето, не е тргнато ни шрафче од Скопје 2014, така што ова е само лаење во празно. Не верувам дека нешто ќе смени во догледна иднина.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6449 Posted: 04-Feb-2019 at 13:24
Последната слика е одлична. Ако се реализира добро ќе биде. Ама сигурно ,,ЌЕ,, ќе остани.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 919
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6450 Posted: 04-Feb-2019 at 21:01

ако некогаш го редизајнираат Ск'14 тоа ќе биде само кога америте ќе им дадат согласност за тоа, папазјаната е многу поголема од волјата на sdSSm стилски да интервенира во простор, на страна што ако тоа го прават би било со екстра камен исфрлено од буџет што пак не им оди во прилог популизмот за домакинлук, а имаат толку многу вакум и во однос сервисирање тековна економија а не пак за естетика да думаат, можеби сега ќе најдат време отповеќе за некакво јавно приватно партнерство па новиот инвеститор би инвестирал сам во некаков ревамп ете на тоа кинескиот ѕид пред МОБ

она што има логика е растеретување од се' што е вишок во патинирањето, како скулптури по фасади, балустри по прозори, балустрирани огради по мостови, да почнат да размислуваат како тоа да го покријат со пејсажна архитектура, да бидат пооригинални онаму каде прекинале играјќи си со претопи на стилови,она мостот кај старо-новиот театар требаше и можеше да го направат Дрвен за да потсетат дека истиот таму си има своја историја, та тие тоа што е карабина не го соголеа и редизајнираа, а не пак нешто заокружено, по тој урнек се гледа дека немаат оштроумни идеи т.е. не отворија јавна дебата што да се прави ете со тој мост, каде кога веќе го отпишаа панорамското тркало тоа обрачите требаше да ги тргнат, таман можеа да ги на она мовчето меѓу Керамидница и Острово и така истото е пуздер архитектура за во центар на град, каде чисто естетски ќе ги свртеа контра и како арки споеја, но ќе го оставеа посекако трупот на мостот онака параспур, ко што го оставија нивните претходници на Мостот Слобода и покрај новата масивна ограда, ова дури за Водици упаѓа во очи, бар мене како тукашен кој веќе и не гледа на деталите, можам да претпоставам колку такви моменти на туристи им бодат очи како праено недопраено, таман еве сега да тргне sdSSm наместо пеглање недоносености да се фати времето да им го губи на скопјани со ревамп за бесконечно Центарот да си биде градилиште, комотно и сега можат туристички да лепнат туристичка етикета Urban Downtown Lab - work in progress

што велиш ММ сигурно ЌЕ остани, хм, би рекол сигурно ќе најдат начин како да направат претопи меѓу сите неспоиви елементи во една визура, тука на оваа локација заради Дрворедот на Кеј13.11визурата и не е толку обременета како неспоива меѓу брутализмот ГТЦ и неокласиката од спротива, но зад неа треба озбилно фрактално сплотување меѓу патинирањето и кубизмот на МОБ и Филхармонија, можеби со некакви испусти кои ќе го гушнат или зграпчат неокласичниот ред пред нив ... во однос Ск'14 реално најистурена за оправање и на рејтинг и на чалам од нивните претходници е триумфалката чии Рељефи можат да се остават на мостот око наместо балустритеиако заради ризик од андализам поарно да ги стват на зградата на Ибни Пајко онака разместени скалесто и разиграно на флат фасада акао би се пополнил вакумот останат со незаокружувањето на таа микролокација неокласично, неа пак како триумфалка можат да им ја поклонат на римјаните бидејќи ко таков архи-портал не е наша ниту автохтона традиција ниту пак се вклопила сега во нова фасада на ЕВН и Пелагонка, дефакто тримфулката ако ја хилтосаат така и ќе остават белег во однос својот чалам кој го стегна sdSSm дека хилти ќе работат, и така сега ќе мораат тоа центрираниот принт Македонија да го тргаат, само теба сето тоа да се направи без гнев туку рационално низ јавна дебата укажувајќи како стигнало до тоа да алетот на Ск'14 таму сега заради ресетирањето на фасадите на Пелагонка и ЕВН мора да се ресетира и во однос триумфалката, значи строго естетски архитектите да предочат зошто ова е неопходно за да се отвори и визуратљ кон ПЛОШТАД, НО И ЗАРАДИ ЕВЕНТУАЛНО ИДНО ОТВАРАЊЕ НА ВЛЕЗ ЗА ТУНЕЛОТ ПОД НЕГО кој тунел да не го кренеа Магос или сега хотелот до офицерски а додека не беше кренат алексо можеше да се истера поефтино и полесно со површински коп ... сигурно одат по некој пиар редослед како не би навле,увале на себе хилта внимание те урбано те уставно те економско, тркалото го ресетираа, потем рамен данок, а еве сега ресетиран е и Устав, па веројатно сега пак на ред за позитивен галасачки спин во однос своите избирачи на ред е Ск'14 но со таква негативна рушечка инерција нема да ги придобијат неутралните гласачи, ту мач ту хендл и за самите нив она едни за една деценија само креваа а овие за неколку години само спуштаат, ајт тоа нас многу и не' не боли како Граѓани бидејќи си трошат 'надлежните' државни пари во овој случај и отповеќе како заеднички а за локален штим кој сега всушност треба да е раштиман бар како предизборно се силеа и најавуваа, што ако бидне и го пополнат со онакви потпросечни стаклени кјубови ќе сторат уште поголем злостор врз центарската естетика бидејќи и ваква експериментална патина е разбирлива него просечни флат минимализми ко што е предложено во венецискиот проект посочен горе на фотката, пак ќе речам дека она што можат да го сторат е ко што реков пеглање на претопите преку екстра експеримент врз патинирањето налик испусти кои ќе ги пеглаат разликитеурбано идеолошки а за што доволни се и тензилни анери кои можат од време на време да шетаат рљзлично односно ги јавнуваат неокласичните згради пред МОБ и Филхармонија, комотно под нив и со рефлектори извадени од фасадите на кинескиот ѕид како акцентот би бил на претопите кои би повикувале кон позадината или пак би ја акцентирале така истата како светлосно експонирана во иста боја со тензилните банери, но за што вишок се тоа музите кои ја затвораат визурата за што пооригинална визура, кои пак можат да ги прошетаат како и сите статуи горе по оградите доле како алеја на великани по самиот Кеј но на минималистички постаменти качени ...

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6451 Posted: 04-Feb-2019 at 23:53
Нема потреба да се тргаат шрафчиња од Скопје 2014, само ќе се отстрани.

Заробување на Скопје 2014 за ослободување на Скопје е одлична и многу креативна идеја.

Од економска гледна точка, во овој момент најразумно би било отстранување на сите споменици, објекти со скулптурални композиции, порти, колонади, огради, канделабри и слично - од прв до последен и враќање во првобитна состојба на објектите на Владата, ЕВН и City Gallery. Враќање на фасадите на останатите згради и рушење на зградите од СК14 да биде во согласност со финансиските можности. По една зграда годишно е прифатливо темпо.

Но за целосно расчистување на ова национално предавство треба вистинска политичка волја и владеење на правото - нешто што во земјата порано ословувана како поранешна југословенска Република Македонија тешко доаѓа. Ај, може ќе биде некогаш. И онака Скопје секогаш никнувало како феникс - така ќе се ослободи и од СК14 и транзиционите натрапници.

Што со „Скопје 2014“?

Атанас Вангелов

Уште во неговиот старт, колосалниот проект на некогашниот премиер Никола Грувески („јас стојам зад тој проек!“) наиде на жестока, беспоштедна и континуирана критика во нашата стручна јавност. Видна улога во таа критика имаа архитектите Георги Константинов и Мирослав Грчев, историчарите на уметноста Донка Баџиева и Златко Теодосиевски, професорката Јасна Котеска, како и многу други меѓу кои спаѓа и авторот на овие редови.

(...)

Што се однесува до мене, одамна мислам дека премиерот Заев, во духот на неговиот политички квиетизам е повеќе склон да ги „конзервира“ тие работи отколку да се зафати со радикални решенија на стручната јавност, симболично перонализирана во некои од неговите советници. Впрочем, тој беше многу јасен. Уште кога влезе во сега стиропор ремек-делото на архитектот Муличковски рече дека самото доведување „во првобитна состојба на објектите од Скопје 2014“ (Барџиева) ќе чини 70% од парите кои биле потрошени за нивната барокизација. Или, ако Груевски потрошил околу 650 милиони евра за тој проект, владта на Заев би требало да потроши околу 455 милиони евра за да се доведе центарот на Скопје во неговата “првобитна состојба“.

Таа изјава на премиерот убаво и јасно кажува, на индиректен начин, дека е, од економска гледна точка, солено да се пристапува кон некои радикални зафати со „ремек-делото“ на груевизмот. Има свој пандан во една друга. Таа е од доменот правна држава и таа гласи: „ме прашал ли некој како од 49 дојдов до 80 пратеници?“ – мнозинство за уставните промени во духот на потпишаниот Пресапанскиот договор. И таа порака убаво и јасно кажува, во најмала рака, дека прагматизмот е, барем во нашите сегашни околности, нешно неизбежно. Тој налага да се положи на неговиот олтар и вредноста – правна држава.

Не знам дали тоа што го нареков тука политички квиетизам (помирување, помилување, амнестија на освесочени криминалци во речникот на Заев) е вид духовна вредност во која искрено верува премиерот. Или пак добро оправдание, во онаа смисла во која за тоа зборува филозофијата на Лав Шестов, за тоа што мора да го прави. Знам само дека тој радикален пацифизам е не помалку опасен од агресивниот волунтаризам. Зло е кога од плоштадот на еден модерен град вие правите “гробишта“, како што рече рускиот писател Виктор Ерофеев. Ама, ни не смее да се заборави: квиетизмот (радикален пацифизам) не стои повисоко од вредноста правда. За жал, изгледа, сепак се заборава! Прагматично?

https://plusinfo.mk/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-2014/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 137
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #6452 Posted: 05-Feb-2019 at 11:20
Да земеме да ги рушиме сите објекти мислам дека е глупа работа. Да точно дека некои од објектите не се правно изградени и дека не се функционални. Но според мене би било подобро (не сум архитект можеби грешам) да се викне тим од стручни архитекти и да се процени кои објекти можат да се користат т.е каде нема протечување, каде подрумите не се полнат со вода, каде фасадите се ефикасни и тн, а пак они што навистна не ги бидува тогаш нека го урнат. Не мислам дека сите објекти се тотална утка. Сум влегол само во музејот на ВМРО и како објект мислам дека е ок. А кога станува збор за колонади, оние мостовите, фасадите да тука и како треба да се демонтира барокот и да се постави нешто по ефикасно.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1493
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #6453 Posted: 21-Feb-2019 at 17:55
Пановски: Се движиме кон амнестија на „Скопје 2014“

По една и пол година, во која беа отстранети еден споменик, едно тркало и половина ограда, власта на СДСМ сѐ почесто се соочува со барање – или да се справи со наследството од „Скопје 2014“, или да признае дека нема да се справува. За Мартин Пановски, доскорешен член на комисијата за справување со овој проект, одговорот на ова прашање е очигледен, но треба да биде јавен, јасен и гласен за да остане запишано кој што одлучил во ова време за ова прашање.

„Си има закон и по законот секој мора да постапи. Или може да донесе нов закон за амнестија на „Скопје 2014“. И тоа е до некаде ок, тогаш си поднесувате одговорност и ве запишуваат во историјата како таков “, вели Пановски, додавајќи дека елаборатите за отстранување на повеќе објекти од проектот се готови долго време и ништо не се прави со нив, па според тоа заклучува дека од поодамна се движиме кон амнестија на проектот.

Според Пановски, кој е и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, суштината на „Скопје 2014“ не е физичка, не е во градбите што се гледаат, туку е во системот што овозможил тие да се изградат со извртување на законите и со заобиколување на процедурите. Затоа вели дека единствениот начин за справување со последиците е да се изгради подобар систем, а не да се решаваат проблемите со ад-хок решенија.

Дебатата за дивоградби е како дебата со антиваксери

(...)

Пресоблекување на барокот, па заштита

(...)

Историјата е за во музеј

(...)

Според претседателот на ААМ, ако се искористи некој јавен простор за прераскажување историја, тој треба да се претвори во музеј и да се наплатуваат билети. И тогаш неговиот предлог би бил градот да добие нов центар, бидејќи стариот е претворен во тематски парк.

https://prizma.mk/panovski-se-dvizhime-kon-amnestija-na-skopje-2014/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 432
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #6454 Posted: 24-Feb-2019 at 11:33
Убедливо најдобриот проект во Македонија. Сите економски и туристички параметри го оправдуваат неговото постоење. Дека има делови кадешто е направено фушерај тоа е неоспорно, но неговото постоење е и те како оправдано. Секоја наредна влада треба проектот да го надоградува и проширува, а и секој поголем град треба да добие сличен проект.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 499
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #6455 Posted: 25-Feb-2019 at 18:45
Originally posted by Kid_A

Убедливо најдобриот проект во Македонија. Сите економски и туристички параметри го оправдуваат неговото постоење. Дека има делови кадешто е направено фушерај тоа е неоспорно, но неговото постоење е и те како оправдано. Секоја наредна влада треба проектот да го надоградува и проширува, а и секој поголем град треба да добие сличен проект.

Wallbash Ohno
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6456 Posted: 25-Feb-2019 at 18:54
Провокација или не?
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6457 Posted: 25-Feb-2019 at 19:15
Originally posted by Kid_A

Убедливо најдобриот проект во Македонија. Сите економски и туристички параметри го оправдуваат неговото постоење. Дека има делови кадешто е направено фушерај тоа е неоспорно, но неговото постоење е и те како оправдано. Секоја наредна влада треба проектот да го надоградува и проширува, а и секој поголем град треба да добие сличен проект.

Да да, за сликање вања држава сме . А имаче еднаш да се сопнеш и веднаш стирополот се крши.
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 432
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #6458 Posted: 25-Feb-2019 at 20:04
Сега добивте нов проект на владата - Шкупи 2024



Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #6459 Posted: 25-Feb-2019 at 23:58
Originally posted by Kid_A

Сега добивте нов проект на владата - Шкупи 2024




Wow, тоа значи? Чаир ќе добие водовод?? . Шкупи 2014 пропаѓа, шу прајме сеа?
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 432
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #6460 Posted: 12-Mar-2019 at 14:12
Намален бројот на туристи и ноќевања

https://republika.mk/vesti/ekonomija/namalen-brojot-na-turisti-i-nokjevanja/

Да не беше Скопје 2014 во оваа бруталистичка отоманска вукојебина немаше ни кучиња скитници да се свртат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 321322323324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.031 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.