build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Парк - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15050
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 07-Jun-2021 at 17:41
280 метри тобоган ќе доминира во новиот Забавен парк



Двеста осумдесет метри тобоган ќе доминира во новиот забавен парк што од есен ќе почне да се гради во Градскиот парк и кој целосно ќе го измени изгледот во тој дел на паркот. Оваа атракција за младите и децата ја најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во разговор за „Репортер“.

– Забавниот парк во Скопје ќе биде таква инсталација што ќе понуди целодневно згрижување на семејството. Ние како концепт го претставивме во 2018 година, но не можевме да го имплементираме зашто се случи пандемијата. Сега се тие околности надминати и во август ќе го презентираме визуелниот изглед на тоа што ќе го добиеме. Мала тајна е дека ќе имаме преку 280 метри тобоган, Нема толку големи тогобани и тоа е бајаги скапа работа. Нема да има дискотеки, ќе има ресторани – рече Шилегов во интервјуто.

Тој на седница на Совет на Град Скопје ќе побара од советниците да дадат зелено светло на Одлуката за проектирање и изградба на забавен парк, набавка и монтирање на реквизити. Овој проект требаше да започне минатата година, но поради пандемијата со коронавирусот беше одложена, а Градот лани во јануари се задолжи со заем од 12 милиони евра. Потоа парите беа пренаменети за реконструкција на улици и булевари.

– Со реализацијата на сообраќајниците се добија нови и современи сообраќајници и се даде дополнителна економска помош кај дел од градежните фирми. Во текот на декември 2020 година, усвоен е Буџетот на Град Скопје за 2021 година, заедно со неговите развојни програми за 2022 и 2023 година, предвидено е изработка на проект и изградба на забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање – се вели во образложението на Одлуката за проектирање и изградба на забавен парк, набавка и монтирање на реквизити.

Со средствата што се обезбедени од градската каса за оваа година, ќе се изработи проектот за Забавниот парк за што деновиве е распишан тендер кој ќе трае до август, а откако ќе се знаат содржините што ќе ги има забавниот парк кој треба да опслужи до три илјади посетители дневно, ќе биде распишан тендер за изведувач.

Во тендерската документација се бара проектот да биде изведен врз основа на студијата изработена од италијанското архитектонско студио „Баса“ која беше презентирана во 2019 година и подарена на Град Скопје. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени од ексградоначалникот Коце Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување на други забавни реквизити.

https://www.vecer.press/280-метри-тобоган-ќе-доминира-во-новиот-з/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15050
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 09-Jul-2021 at 17:53
ГРАД СКОПЈЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ЛЕТНИТЕ ДИСКОТЕКИ ДА РАБОТАТ И ЛЕТОВО, ЌЕ СЕ УРИВААТ НАЕСЕН ЗА ДА СЕ ГРАДИ ЗАБАВНИОТ ПАРК

Град Скопје одлучи летово да не ги урива дискотеките во Градскиот парк туку да им дозволи да работат уште оваа сезона. Уривањето е заради изградба на забавниот парк, кој според новиот план на градоначалникот Петре Шилегов, треба да биде проширен и на местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки.

Одлуката за продолжување на закупот до 30 септември е донесена за да им се овозможи да ги надоместат финансиските губитоци поради ковид кризата и рестриктивните мерки.

„Поради ковид кризата и рестриктивните мерки утврдени од Владата, угостителите не беа во можност да ја извршуваат угостителската дејност и претрпеа значајни финансиски потешкотии. Воедно, со подобрување на состојбата со бројот на заболени во земјата, сметаме дека е добро за младите да се овозможи заживување на социјалниот живот во градот, во рамки на она што е дозволено од страна на Комисијата за заразни болести“, велат од Град Скопје.

Од Градот велат дека градежните работи за изградба на забавниот парк ќе почнат наесен. Во тек е тендерот за проектирање, по што во август ќе биде распишан и јавниот повик за избор на фирма изведувач.

Забавниот парк треба да се димензионира за да опслужува околу 3.000 посетители дневно. Предвидено е поставување на забавни реквизити од кои дел се адреналински, најголемиот број се за деца и ќе има неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и пропратни содржини како фуд корнер, фонтана, билетара, продавница за сувенири, тоалети. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени од ексградоначалникот Коце Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил.

Според проекциите на Градот, забавниот парк ќе биде готов во 2023, а ќе чини околу 12 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-im-dozvoli-na-letnite-diskoteki-da-rabotat-i-letovo-ke-se-urivaat-naesen-za-da-se-gradi-zabavniot-park/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15050
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 08-Oct-2021 at 11:07
Со особена чест денес го презентирав проектот за новиот забавен парк во Скопје, проект чија реализација за жал, моравме да ја одложиме заради пандемијата. Но, сега тој станува реалност и за 18 месеци Скопје ќе го има најмодерниот забавен парк во регионот и најголем ролеркостер на Балканот.

Паркот ќе може да прими до 3000 посетители секој ден, или преку милион посетители годишно. Ќе биде изграден според сите стандарди за квалитет и безбедност. Покрај реквизитите, предвидени се и ресторани, сувенирници, тоалети, други продавници и придружни содржини за што попријатен престој на посетителите.

Проектот е целосно самоодржувачки. За реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и самиот проект нема да ги чини скопјани ниту денар. По отворањето, паркот ќе се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти. На овој начин, создаваме профитабилна градска организација, а скопјани добиваат најдобар парк во регионот.











https://www.facebook.com/p.shilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15050
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 29-Dec-2021 at 14:22
РИНГИШПИЛОТ ПОВТОРНО ЌЕ ВРТИ До крајот на летото Скопје добива Луна парк

На денешниот брифинг со новинарите, градоначалничката на Град Скопје соопшти дека проектната документација за Луна паркот се изработува, седум реквизити веќе се набавени од претходната градска власт и се дел од проектната документација, а исто така во план е набавка на 20 нови реквизити.

За Луна паркот имаме проектна документација која се изработува, изработувачот треба во наредниот месец да ја достави комплетна. Имаме веќе наследено 7 реквизити кои треба да се постават согласно претходно склучени договори и истите се задржани во проектното решение. Дополнително има 20 нови реквизити кои треба да се тендерираат и да се набават – информираа од Градот.

Од Градот се обезбедени се средства и за партерното уредување и најверојатно по Нова година ќе се отпочне со работа. Набавените реквизити ќе бидат поставени што е можно поскоро и како што ќе пристигнуваат новите, така тие ќе бидат поставувани во Луна паркот, a според очекувањата истиот би требало да започне со работа кон крајот на летото.

https://plusinfo.mk/ringishpilot-povtorno-e-vrti-do-kra-ot-na-letoto-skop-e-dobiva-luna-park/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15050
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 24-Feb-2022 at 15:03
Скопје ќе добие забавен парк до 2024 година

Скопјани можат да се надеваат на забавен парк до 2024 година. Сегашното раководство на Град Скопје реши да ја измени програмата за изменување на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање, што беше на дневен ред на днешната седница на Советот на Град Скопје.

Според неа, финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје за 2022, 2023 и за 2024 година, што значи дека и нејзината реализација ќе се одвива фазно, во периодот од 2022 до 2024 година.

Според измените, проектирањето ќе се одвива во 2022 година, изградбата на инфраструктурата, супраструктурата и на објектите во периодот од 2022 до 2024 година, додека набавката на опремата и на реквизитите и нивното монтирање, исто така, ќе се одвиваат во периодот од 2022 до 2024 година.

– Советот на Град Скопје, во декември минатата година, го усвои буџетот на Град Скопје за 2022 година, заедно со неговите развојни програми за 2023 и 2024 година, при што во потпрограмата GAA, ставки 480 и 481, предвидено е изработка на проект и изградба на забавен парк, набавка на реквизити и нивно монтирање. Град Скопје со „Прима инженеринг“ ДОО – Скопје има склучено договор од 29.7.2021 година за изработка на проектно-техничка документација за изградба на забавен парк, позиционирање на забавни реквизити и придружни содржини, во кој е предвидено да се постават реквизитите согласно со склучени договори за набавка, транспорт и монтажа на реквизити за забавен парк – Скопје од 29.11.2016, од 29.11.2016, од 27.02.2017, од 27.02.2017, од 27.02.2017, од 27.02.2017 и од 27.02.2017 година, кои се со вкупна вредност од 130.485.698,00 денари, со вклучен ДДВ. Врз основа на новата проектна документација, ќе се започне со реализација на забавниот парк – прецизирано е во образложението на предлог- програмата.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, уште во декември минатата година, најави дека ќе го продолжи проектот за изградба на нов забавен парк почнат од нејзиниот претходник Петре Шилегов, но и дека по Нова година ќе започне уредувањето на новиот луна- парк, така што нема да се чека уште четири години.

Притоа, Арсовска нагласи дека ќе се пристапи кон монтирање на реквизитите кои се веќе набавени, а се вклопуваат и во новата проектна документација, за паркот да биде функционален, но и оти дополнително ќе се набават 20 нови реквизити како што е предвидено со проектот.

Скопје нема забавен парк веќе шест години. Ексградоначалникот Петре Шилегов, по доаѓањето на функцијата, го прекина проектот почнат од неговиот претходник Коце Трајановски, со образложение дека не е добар и дека во Скопје наместо луна-парк, ќе се гради забавен парк, на поголема површина и со многу повеќе реквизити за сите возрасти.

Потоа беше изработена студија од италијанското архитектонско студио „Баса“, која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје. Со проектот треба да бидат вклопени седумте реквизити купени во времето на Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил.

– Овој забавен парк треба да се димензионира за да опслужува околу 3.000 посетители дневно. Предвидено е поставување забавни реквизити, од кои дел се адреналински, најголемиот број се за деца и ќе има неколку семејни. Во просторот треба да се предвидат и придружни содржини како „фуд корнер“, фонтана, билетарница, продавница за сувенири, тоалети“, е предвидено во тендерската документација за проектирање на забавниот парк.

Новиот забавен парк, според проекциите на Градот, ќе чини околу 12 милиони евра.

https://www.vecer.press/скопје-ќе-добие-забавен-парк-до-2024-годин/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.