build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Луна Парк - Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Луна Парк - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 549
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 28-May-2019 at 22:25
Не дека нешто од ова ќе се изгради ама добро е кога човек си ги знае приоритетите...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12467
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 16-Sep-2019 at 14:21
Влезот...



...и нужниците:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3231
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 25-Nov-2019 at 07:52
Шилегов на мускули го бутка проектот за забавен парк



Од Градот засега не сакаат да дадат повеќе детали околу почетокот на изградбата и набавката на новите реквизити, со образложение дека материјалите сè уште не се подготвени и дека не е во ред да се каже претходно, кога за тоа ќе има расправа на седницата што ќе се одржи в среда



Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е решен да го истера забавниот парк. За таа цел, на седницата на Советот на Град Скопје, што ќе се одржи в среда, ќе побара да ја одобрат Програмата и одлуките со роковите за изградба на забавниот парк, како и набавка на новите реквизити.

Но, од Градот засега не сакаат да дадат повеќе детали околу почетокот на изградбата и набавката на новите реквизити, со образложение дека материјалите сè уште не се подготвени и дека не е во ред да се каже претходно, кога за тоа ќе има расправа на седницата.

Со овие одлуки, всушност се презема досега изградената инфраструктура и претходно набавените седум реквизити во 2015 година (небесен пад, сајбер скок, воз „ел пасо“, конвој „скокај наоколу6“, хепи свинг, кофи кап), кои во моментов не се монтирани, и истите се вклопуваат во концептот на новиот забавен парк, а се носат и одлуки за преостанатите позиции и реквизити. Средства за изградбата на новиот забавен парк ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, во текот на 2019, 2020 и 2021 година, бидејќи и динамиката за реализација на проектот ќе биде фазна – објаснија градските власти.

Инаку, на 28 мај годинава, италијанската архитектонска фирма „Бауса“ го презентираше проектот наречен „Светот“ за тематскиот забавен парк во Градски парк во Скопје, што треба да биде завршен до средината на наредната година.

Тој беше најавен како најголем во регионот.

Тогаш скопскиот градоначалник Петре Шилегов информираше дека проектот е соодветен за Македонија и се предвидува да има околу 300.000 посети годишно и тоа само од домашни луѓе, односно 3.000 на ден и 1.300 во еден момент, а ќе овозможи 100 директни и 500 индиректни вработувања.

Паркот ќе биде со површина од 26.000 квадратни метри“, објасни Франко Бараѕони, кој во името на „Бауса“ го презентираше проектот насловен „Светот“.

Забавниот парк во Скопје ќе има различни содржини и реквизити, а е замислен да има три области: детска, семејна и адреналинска, со тоа што првите две заедно зафаќаат 80 проценти од просторот. Третата е за оние кои бараат поголема возбуда.

Паркот ќе има 24 реквизити, кои тематски ќе бидат поделени по држави, па оттука и името „Светот“.

Забавниот парк кој треба да стане туристичка атракција ќе има и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, фонтани и театар со 200 седишта.

Воедно беше нагласено дека при изградбата на паркот нема да се урива ниту еден објект од некогашниот луна парк, а ќе се зачуваат и сите дрвја и зелени површини.

(А.П.) Фото: (П.С.)

https://www.vecer.press/шилегов-на-мускули-го-бутка-проектот-з/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3231
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 27-Nov-2019 at 18:25
Град Скопје ќе гради панорамско тркало во новиот Луна парк

По жестока дебата меѓу советниците од власта и опозицијата, за оваа одлука раководителот на Секторот за планирање и уредување на просторот при Градот Скопје Никола Гаџовски рече ова тркало не било исто како тоа на Вардар.

– Станува збор за тематски забавен парк кој ќе привлече многу туристи. Панорамското тркало ќе биде многу поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар. Во забавниот парк ќе има 20 нови реквизити, а ќе бидат вградени и тие што беа претходно набавени, рече Гаџовски, раководител за сектор за урбанизам.

Тој додаде дека за потребите на паркот, ќе бидат комплетно дислоцирани сите летни дискотеки.

Расправата беше по точките од дневниот ред Предлог – одлуката за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање и Предлог – одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање.

Советниците на Град Скопје денеска меѓудругото расправаа и за Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година.

Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека Извештајот, за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година содржи и податоци по поединечни сметки, програми и потпрограми кои ги покриваат областите за кои Градот е надлежен, посочувајќи дека податоците од минатото покажуваат дека извршувањето на Буџетот во овој период од годината го задржува релативно истото ниво на остварување во споредба со последните четири до пет години во приходниот дел, додека во расходниот дел бележи зголемување.

– Во периодот јануари – септември 2019 година вкупните приходи се остварени во износ од 3,37 милијарди денари, што претставува остварување од 51,7 отсто во однос на планот за 2019 година. Приходите и понатаму ја одржуваат благо растечката динамика на остварување и споредено со истиот период од минатата година, бележат зголемување од 2,1 отсто. Во структура на вкупно остварените приходи најголем процент на учество имаат: – даночните приходи 47 отсто, приходите од трансфери и донации 39 отсто, капиталните приходи 5,1 отсто и неданочни приходи со 8,7 отсто, рече Шилегов.

Шилегов најави дека во претстојниот период, ќе продолжат да вложуваат максимален труд, желба и напор да ги реализираат проектите за кои се заложиле и кои се од интерес на граѓаните, а во насока на развој на квалитетни и сеопфатни услуги за сите нас. /MИА

https://www.kanal5.com.mk/articles/399074/grad-skopje-kje-gradi-panoramsko-trkalo-vo-noviot-luna-park
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3231
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 27-Nov-2019 at 18:28
Летечки велосипеди, тајфун, сафари турнеја… ќе го креваат адреналинот

Изградбата на нов тематски Забавен парк, кој ќе понуди повеќе реквизити за забава и возбуда, нови објекти, а во исто време и ќе овозможи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика, според градските власти е една од нивните долгорочни цели, со цел дополнително да се поттикне визијата за Скопје како развиен културно-историски и спортско-рекреативен туристички центар



Летечки велосипеди, тајфун, сафари турнеја, антички авантуристички автомобили, семеен ролеркостер, панорамско тркало се дел од авантуристичките, но и адреналински реквизити што ќе се најдат во новиот скопски Луна парк.

Освен овие ќе има и други реквизити и содржини на кои ќе можат да се забавуваат помалите, но и повозрасните кои сакаат да почувствуваат возбуда.

Станува збор и за мини тркало, воздушен балон, туркање со тркалезни автомобилчиња (Round Bumper cars), мини-пирати, семеен ролеркостер, ролеркостер, пиратски брод, возење на тобоган, акваманија, твистер ролеркостер, туркање со автомобилчиња, рингишпил, скај флаер. Ќе има и различни игри и комплекс игралиште.

Освен овие реквизити во новиот Луна парк ќе бидат поставени и плус седум претходно набавени реквизити: небесен пад, сајбер скок, воз „Ел Пасо“, конвој, скокај наоколу 6, happy swing и coffee cup.

Реализацијата на Програмата за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање која беше на дневен ред на вчерашната седница на Советот на Град Скопје предвидено е да се одвива фазно во периодот од 2019-2021 година. Проектирањето ќе биде 2019 – 2020 година, изградбата на инфраструктурата, супраструктура и објектите е 2020 – 2021 година, а набавката на опрема – реквизити и нивно монтирање, 2019 – 2021 година.

Изградбата на нов тематски Забавен парк, кој ќе понуди повеќе реквизити за забава и возбуда, нови објекти, а во исто време и ќе овозможи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика, според градските власти е една од нивните долгорочни цели, со цел дополнително да се поттикне визијата за Скопје како развиен културно – историски и спортско – рекреативен туристички центар.

-Врз основа на новата Студијата за новиот тематски Забавен парк во Скопје изработена од „Бауса“ од Италија, направен е нов концепт, кој економски е поисплатлив – сметаат од Градот.

Проектирањето, изградбата, набавката на опрема – реквизити и нивно монтирање ќе се изврши на градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, доделено на трајно користење на Град Скопје со одлука на Владата од 25.12.2015 година, за урбанистичка парцела 3.1, со површина од 84.040 квадратни метри, со намена парковско зеленило, како и спорт и рекреација.

Носител на инвестицијата за проектирање, изградба, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање е Град Скопје.

Проектот е соодветен за Македонија и се предвидува да има околу 300.000 посети годишно и тоа само од домашни луѓе, односно 3.000 на ден и 1.300 во еден момент, а ќе овозможи 100 директни и 500 индиректни вработувања.

Паркот ќе биде со површина од 26.000 квадратни метри“.

Паркот ќе има 24 реквизити, кои тематски ќе бидат поделени по држави, па оттука и името „Светот“.

Забавниот парк кој треба да стане туристичка атракција ќе има и паркинг од 11.000 квадратни метри, ресторани, продавници, тоалети, фонтани и театар со 200 седишта.

При изградбата на паркот нема да се урива ниту еден објект од некогашниот луна парк, а ќе се зачуваат и сите дрвја и зелени површини.

Вкупната проценета вредност за проектирање, изградба на Забавен парк, набавка на опрема – реквизити и нивно монтирање, изнесува 720.000.000,00 денари без ДДВ.

(А.П.) Фото: (П.С.)

https://www.vecer.press/летечки-велосипеди-тајфун-сафари-тур/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3231
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 15-Jan-2020 at 08:08


http://samoprasaj.mk/naacik/1532-2020-2?fbclid=IwAR3m4-BnnYgqROAE5GM50M8mqsN2Av_Dy0sJgXS0SZ54qlNtG8wQ2JYbL_4
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.