build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 151>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 24-Aug-2009 at 11:21
 
СЕ АСФАЛТИРА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО СТАЦИОНАРОТ ВО ВАРДАРИШТЕ
 
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска /20.08.2009 година/ почнаа со асфалтирање на пристапниот пат до стационарот за кучиња во Вардариште. Пристапниот пат, кој досега беше земјена патека, ќе го поврзе стационарот со улицата Перо Наков.
На овој потег, ќе биде вграден асфалт со дебелина од 7 сантиметри, тип БНАС – 16. Асфалтираниот пат ќе биде долг 500 метри, а широк 4 метри.
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 24-Aug-2009 at 12:19
Колку ли само ме иритираат овие фрлени шаки асфалт што ги нарекуваат патишта. Андреј еднаш коментираше за ова (и правеше споредби) и со право. Ако прават пат, нека го прават како што треба, профил според стандарди, рабници, сите нишани... Нафрлан чакал и катран не е пристапен пат Thumbs%20Down
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7768
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 24-Aug-2009 at 12:35
Originally posted by pbanks

Колку ли само ме иритираат овие фрлени шаки асфалт што ги нарекуваат патишта. Андреј еднаш коментираше за ова (и правеше споредби) и со право. Ако прават пат, нека го прават како што треба, профил според стандарди, рабници, сите нишани... Нафрлан чакал и катран не е пристапен пат Thumbs%20Down
а уште повеќе нервира кога за тоа се фалат и гордеат како да изградиле најмодерен автопат
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 24-Aug-2009 at 12:53
мал апдејт од проширувањето на крстосницата кај ТКС

1

2

3 Како што е редот, повеќето работници одмараа и не им се брзаше никаде

4

Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 24-Aug-2009 at 15:41
ulicata kaj tutunski kombinat ja gradat od mart godinata. mnogu bavna dinamika imaat. nekolku metri gradat so meseci ne znam zosto.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9124
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 24-Aug-2009 at 15:44


види слика бр. 3
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 24-Aug-2009 at 19:42
Имаат закон кој им оди во прилог, а откако ќе го навикнат после и кога е облачно го применуваат http://www.tribune-eu.com/?page=read_news&id=4518&PHPSESSID=aa2dfa48a4e2596c0039c0d4fac0badc
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 07-Sep-2009 at 11:59

По Владимир Комаров сé уште се вози во контра

Помина цел месец откако беше воведен еднонасочен сообраќаен режим на оваа улица во Аеродром, но и покрај тоа одвреме-навреме некој возач залутува во спротивен правец, поради што полицијата постојано делела опомени, анапишала и десетина казни

%20
„Владимир Комаров е еднонасочна улица? Мора да грешите“. Ова му го рекол таксист на својот патник пред неколку дена, откако овој го убедувал дека не може да вози по оваа сообраќајница за да го однесе од Аеродром кон Скопското сајмиште, туку мора да помине откај железничката станица и таму да заврти десно. Помина цел месец откако се воведе новиот сообраќаен режим на улицата што ги поврзува мостот кај Транспортниот центар и булеварот Јане Сандански поминувајќи зад трговскиот центар „Скопјанка“ и околните згради, со кој е дозволено движењето само во насока кон населбата Аеродром, а не и обратно, кон пругата до Маџир Маало. Но жителите на овој дел од градот велат дека сé уште се наоѓа понекој залутан возач што тргнува во спротивен правец, па зачудено ја набљудува сообраќајната сигнализација и потоа или се обидува да се врати назад или си продолжува, на тој начин загрозувајќи ја безбедноста на сите други учесници во сообраќајот. Според нив, чудна појава е што тоа го прават и таксистите, кои би требало да бидат најдобро информирани за сообраќајниот режим, бидејќи постојано се на улиците.

- Првпат слушам дека е изменет сообраќајниот режим на таа улица. Пред една недела поминував од таму превезувајќи патници. Завртев десно и стигнав до мостот без никаков проблем. Не бев само јас. Пред мене имаше уште едно возило. Никој не ме информирал дека тоа е забрането. Тој дел од градот ми е познат, па затоа не ги погледнувам сообраќајните знаци - вели еден такси-возач.

Луѓето што секојдневно ја користат оваа улица велат дека прекршоците најчесто ги прават жителите на околните згради, за да избегнат да вртат цел круг околу трговскиот центар „Скопјанка“ кога одат кон центарот. Тие велат дека би било добро ако се подобри сигнализацијата.

- На семафорите на раскрсницата меѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров има знак дека може да се вози право кон Железничката станица и лево по патот што води кон поликлиниката и кон црквата „Свети пророк Илија“. Тоа е доволно јасно според сообраќајните правила, бидејќи ги покажува правците во кои е дозволено движењето. Но воопшто немаше да пречи ако се ставеше уште еден знак, со пречкртана стрелка кон десно, за на сите да им биде уште појасно дека е забрането возењето во таа насока. Всушност, кога се прави ваква промена во сообраќајниот режим, со која треба да се сменат секојдневните навики на граѓаните, би требало да се поставуваат неколку привремени знаци, кои ќе нé потсетуваат да не правиме грешки. Помина долго време откако е воведен еднонасочниот сообраќај, но сé уште некои возачи грешат, вртат десно, па кога ќе ја увидат грешката застануваат и се враќаат назад. На тој начин се создава вистински хаос - вели Влатко Алексовски, жител на населбата Аеродром.

Поради страв да не налетаат на некој неинформиран возач во спротивниот правец, граѓаните се трудат да ја избегнуваат левата сообраќајна лента кога се движат во вистинската насока.

Од сообраќајната полиција велат дека откако е воведен новиот режим казниле десетина возачи што возеле во спротивната насока. Непочитувањето на насоката на движење е еден од најсериозните сообраќајни прекршоци и казната за тоа изнесува 300 евра, исто како и за возење со прекумерно количество алкохол во крвта или за преминување на црвено светло.

- Непрописно возење во спротивната насока на улицата Владимир Комаров нашите екипи забележуваа во текот на јули, кога и официјално стартуваше ова правило. Имаме и мотопатрола, која стои на раскрсницата и ги опоменува возачите. И покрај тоа има дрски возачи, кои си тераат по свое и загрозуваат нечиј живот. Тие мора да бидат казнети. За август немаме забележано дали имало изречено казни - истакнуваат од СВР „Скопје“.

Бројот на казните е релативно мал, ако се знае дека дваесетина возачи го направија овој прекршок во првиот половина час, уште додека градоначалниците Коце Трајановски и Ивица Коневски го пуштаа новиот сообраќаен режим. Тој тренд продолжи и во наредните денови, па се очекуваше дека со еднонасочниот сообраќај улицата ќе биде вистински „златен рудник“ за сообраќајната полиција.

Градоначалникот Трајановски објаснуваше дека воведувањето еднонасочен сообраќај на Владимир Комаров е по барање на околните жители и е дел од поголем проект за еднонасочни улици, со што треба да се реши сообраќајниот хаос во градот.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=97991232&id=14&prilog=0&setIzdanie=21782
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 17-Sep-2009 at 04:45
Колку што се сеќавам еднаш веќе имав алармирано околу проблемов. еве сега пак ќе го евидентирам. се работи за раскрсницата кај Црвен Крст поточно за булеварот што доаќа од Кисела Вода (41°59'25.91"N 21°26'7.65"E). Тука гужвата всушност е најголема за право, додека е најмала за оние кои свртуваат лево. Па така од предходната раскрница кај тутунски се до оваа раскрница најголемиот број од возила се стремат да се престројат во десната лента како би продолжиле право со тоа што левата лента при крајот останува празна со тоа што се користи за свртување лево што е најнеатрактивното свртување. Друг порблем е што за престрјување во третата лнта често се користи и тротоарот многу поназад од каде што постои трета лента, па се случувале и дупли автобуси да се качуваат и возат по тротоар. Затоа предлагам да се промени хоризонталната сигнализација како на сликата 2 поради тоа што уставри и најнеатрактивниот правец ќе добие сосема доволен простор, а и најбитно нема да има потреба од престорјојување после раскрницата кај тутунски, што впрочем е и здрава логика дека е се движиш константо право неколку последователни раскрници да немаш потреба од престројување, што сега не е случај.


1. Актуелна ситуација
2. Предлог ситуација




Edited by lslcrew - 17-Sep-2009 at 04:45
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 17-Sep-2009 at 09:01

негде мислам имам видено вакво решение, но тоа нема да го растерети цел хаос што се создава на оваа раскрсница, тука чаре е или лента плус за која има место и од двете страни или некоја комбинација со надвозник. најбезболно е твоево решение, но откако ќе се направи клучката кај тутунски се претпоставува дека тука ќе се растерети поприлично сообраќајот...

всушност најголемиот проблем е нетрпението на возачите, а и автобусите како  41 и 58 кои најчесто во шпицот се пуштаат како дупли. во случај да остане сега како што е  сметам дека најдобро е автобусите да свртуваат кон транспортен на раскрсницата кај тутунски и од таму по бул Крушевска Република наместо по Кочо Рацин да излегуваат на Кузман  кај НБРМ, или може од тутунски на следната пак да одат десно кон бул Македонска Бригада па сетне лево кон Никола Карев т.е. Транспортен Центар... ова би бил некој компромис кој би се одразил позитивно во однос на растоварување на раскрсницата кај ЦКрст! единствена колатералка ќе бидат граѓаните кои го користат ЈСП најчесто младите кои ќе имаат дополнителни 100 метри пешачење за да стигнат во центар! како опција ова може да се користи само за време на шпицовите, наутро и напладне...

јасно предуслов е да се има мало проширување и на Првомајска и на Крушевска кај рампа, како би можеле да вртат десно дводелните автобуси без и тука да прават хаос! 



Edited by Max - 17-Sep-2009 at 09:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 17-Sep-2009 at 13:18
Тешко ека може да се спакува проширувањње тука или некаквиа си клучка. Всушност нити па таа "клучката" кај тутунски ќе растерети нешто овде. Вероватно мислеше на идна клучка од урбаните автопати.

Ова со автобусите не ми личи на паметна идеја. не се оние главните виновници тамо. Па и да се они, пак не е логично да ги тргнеме. Треба проблемот во инфраструктурата да се отклони. Всушноста тамо сообраќајот и тече како што е предлегото, само што сега можеме да ја "институционализираме" фактичката ситуација. Ќе нема качување по тротоари со автобуси, ќе нема концентрирање на целиот сообраќај во дна лента наместо двете, ќе нема проблеми прои престројување, па некој будала ти се лепи до ѓепек не те остава да се престроиш и слично.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 17-Sep-2009 at 13:48

за прошоривање на првомајска кај зоил има доволно место да се додаде уште една лента а повторно да остане простор за тротоар, дали има волја за такво нешто тоа е друга работа! ваму посекако ќе се прави клучка за јужен но дотогаш доколку се бара чаре за хаосот кај Црвен Крст кој се создава за време на шпицовите, најпрактично е да се направо бар во тој термин пренасочување на автобусите 41 и 58 кон транспортен преку раскрсницата кај тутнски т.е. рампа... 

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 17-Sep-2009 at 13:50

Улици ќе стануваат булевари поради сообраќајниот хаос

Улиците Илинден, Теодосиј Гологанов и Првомајска ќе се прошират во булевари за да се спречи хаосот


%20
Со кружен тек ќе се поврзат Јужниот булевар и улицата Теодосиј Гологанов, Илинденска ќе продолжи да се проширува, а исто и Првомајска, со што градските власти се надеваат дека ќе му се стави крај на деценискиот сообраќаен метеж.

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека 36 улици ќе се уредат на тој начин што конечно ќе се добие зелен бран.

- Планирано е на 36 сообраќајници да се добие ефектот зелен бран. Тоа досега не беше можно бидејќи МВР често ги исклучуваше поради поминувањето на делегации и семафорите се изместуваа. Завршено е поставувањето на атмосферската канализација на Илинденска и сега ги решаваме имотно-правните односи за проширување на улицата. На тесното грло, во делот од Владата до фонтаната Лотосов Цвет ќе се направат четири ленти. Проблем има само во делот кај Зоолошка градина со 3-4 објекти, кои се дивоградби. Во моментов преговараме со сопствениците за да дојдеме до заедничко решение. Булеварот треба да биде завршен до крајот на следната година, а изведувач на градежните работи е фирмата „Гранит“. Улицата Првомајска ќе има исто четири ленти, од Расадник до општината има само два спорни објекти, и на овој начин улицата ќе биде проширена од Рампа до Драчево. Со кружен тек ќе се спојат Јужниот Булевар со улицата Теодосиј Гологанов кај зградата на „Нова Македонија“. Проширувањето ќе оди на тој начин што ќе се скрати предвидениот дел за зеленило и од двојните тротоари за да нема потреба од уривање на многу градби. Градежните работи за овие булевари ќе започнат следната година - изјави Трајановски.

Градоначалникот истакна и дека изградбата на булеварот Србија се одвива според плановите, но во делот од Средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“ до улицата Првомајска имало нерасчистени имотни односи. Тој најави и санацијата на патот од Средно Водно до манастирот „Свети Пантелејмон“, проект за кој градската управа одвоила два милиони денари. Жардиниерите кои се поставуваат на булеварот Партизански одреди ќе бидат завршени до крајот на октомври, а ќе се санира и улицата Маџари во делот од семафорите во населбата Ченто до населбата Маџари. Овој проект ќе чини околу четири милиони денари.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9179957201&id=14&prilog=0&setIzdanie=21790
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 17-Sep-2009 at 13:50
Трајановски најави и реализација на ветувањето од неговата програма за проширување на улицата Митрополит Теодосиј-Гологанов, на потегот од зградата на поранешна „Нова Македонија“ до студентскиот дом „Гоце Делчев“. И оваа сообраќајница ќе се прави со четири ленти и веројатно еден тротоар до три метри ширина, без средишно зеленило затоа што нема простор каде да се изведат жардиниери и ќе заземе дел од трасата на Јужниот булевар, проектиран во ГУП, но нема да ги загрози кафеаните. - Интензивно прибираме документација за Гологанов и за имотните односи на повеќе куќи кои се наоѓаат на таа траса. Кај Католичката црква ќе има кружен тек, за кој веќе е нарачан проект. До в година треба да ја имаме целата документација и да почнеме со градба и“вели Трајановски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1816&ArticleID=122031
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 17-Sep-2009 at 14:00
Текстот на Нова Македонија е така малку конфузен. Насловот треба да искаже нешто што уствари нема везе. Првомајска, Србија, Илиндеска се булевари на кои им треба проширување. Но Теодосиј Гологанов во ниеден случај не смее да се пакува со јужен Булвар како исти проект или некакво проширување или  незнам што. Јужен Булевар  не смееме да го узурпираме.

Повеќе ме загрижува што воопшто се спомнуваат оние кафаните, па што ќе праиме ние така во иднина. На кое дереџе сме се дотерале, па затоа после читаме дека најголем биле всушност две три куќи кај Зоолошка, а што со оние цели 350 метри кај влада.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 17-Sep-2009 at 14:01
Од читањето на текстот јасно ќе ви стане дека Коце никогаш немал во план да го оствари ветувањето и да го доизгради јужниот булевар( за нив тој е веќе изграден). Илинденска ќе се проширува од Влада до фонатаната, иако им беше дадено ветување на луѓето дека тоа нема да се случи. А решенијата за метежот кои ги нудат се малоумни, фушерски и со краткотраен ефект, но подеталната анализа би ја препуштил на некој како Кловер, он ја владее оваа тема.

Моето прашање е : Ако досега не било можно да се постигне ефектот на зелен бран поради МВР, што точно е превземено сега да тој функционира без прекин? И ако објектите кај зоолошка биле дивоградби, од каде потребата да се преговара за заедничко решение? Дивоградба си е дивоградба, мора да се руши




Edited by La Linea - 17-Sep-2009 at 14:04
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 17-Sep-2009 at 14:40

па може објектот да е дивоградба но земјата да е легализирана т.е. дворното место откупено... комбинации милион!

за јужен булевар Коце сигурно нема да собере сили (средства) особено не ако сака да го турка тунелот под плоштад, за што исто е малку веројатно дека ќе го бидне доколку владата не вмеша прсти! инаку Коце уште во кампањата најави дека ќе има само проширување на бул Митрополит Теодосиј Гологанов, не дека нешто излажал... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=31767#31767 

а за ветувањето со илинденска, незнам што да кажам, откако им ги исекоа дрвата за што да го чуваат сега тротоарот, можеби подобро ќе биде за паркинг Smile шала на страна поевтино решение од ова а за каков таков проток на илинденска здравје, нели имаше некој предлог од останатите кандидати за градоначалник во изборната трка да се одело под земја, но вакво решение  е и скапо и нелогично, особено на тој потег... проектов лично го оправдувам, но мора да се најде чаре илинденска пак некако да се разелени. 

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 17-Sep-2009 at 14:46
Скопје / 17.09.09 / 15:22
Градежни активности за реконструкција на патот од средно Водно до манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ започнаа денеска.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска машински ја гребат оштетената асфалтна површина која изнесува 1.900 квадратни метри и прскаат битуменска емулзија, по што ќе следи машинско асфалтирање со дебелина од 4 сантиметри.

Имајќи ги предвид големите оштетувања на патот, освен крпењето на длабоките дупки ќе биде извршена и целосна реконструкција на одредени делови од патот со машинско раскопување до 10 сантиметри и вадење на асфалтната површина, се вели во соопштението на Град Скопје. /крај/со/ап/


http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=9029
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3515
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 17-Sep-2009 at 15:00

Originally posted by lslcrew

Со кружен тек ќе се спојат Јужниот Булевар со улицата Теодосиј Гологанов кај зградата на „Нова Македонија“. Проширувањето ќе оди на тој начин што ќе се скрати предвидениот дел за зеленило и од двојните тротоари за да нема потреба од уривање на многу градби. Градежните работи за овие булевари ќе започнат следната година - изјави Трајановски.

ај што гужви ќе има тука! на најнепотребното место кружен тек, што ги чини една клучка да насадат, нека стават кружен и кај тутунски и сите да останат весели, а на кружниот нели полицаец со бела ракавица... 

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 17-Sep-2009 at 15:01
Originally posted by Max

за јужен булевар Коце сигурно нема да собере сили (средства) особено не ако сака да го турка тунелот под плоштад, за што исто е малку веројатно дека ќе го бидне доколку владата не вмеша прсти! инаку Коце уште во кампањата најави дека ќе има само проширување на бул Митрополит Теодосиј Гологанов, не дека нешто излажал... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=31767#31767 



Не се слагам. Еве една негова изјава

што се однесува до сообраќајот, во овој мандат ќе направиме напори да почне подземното водење на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“, од „Тифани“ до Комплекс банки и на Јужен булевар зад „Рамстор“, како и на булеварот „Македонија“


Mене оваа изјава ми е врежана во сеќавање. Е сега, проблем е зошто он прави дистинкција помеѓу булеварот „Македонија“ и јужен булевар, кога се 2 исти работи??
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 151>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.750 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.