Земјоделие и рурален живот |
Post Reply | Page <1 18192021> |
Author | |||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #381 Posted: 02-May-2016 at 04:08 | ||
се додека има земја за расфрлање арно та и ова горе не делува нешто особено атрактивно ко информација, но чекајте да заживее селото, порано или пооцна и за меѓе ќе си вади народ очи ко порано, може треба да има некој пофлексибилен закон дека секој кој не го обработува изрентаното земјиште експресно секој да може да го превземе и искористи,без разлика дали некој платил рента ... а еве и нова честитка за 'агро' инвеститорите [1] колку да бутнат уште по некое парче во портфолио и така од изрентаното дали и пола е обработено, претежно го зафаќаат како пензинско осигурување гастарбајтери и градски диверзификатори, бар луцерка или оригано да садат понего ... Огласите на Владата за закуп на 4.426 хектари земјоделско земјиште можност за нов профит и вработувања - http://republika.mk/?p=589286 се надевам слободна земја за рента и понатака ќе има на претек, бар за оние кои се надежни земјоделци, а и секогаш ќе има ако се има предвид во кој век живееме, она со каква механизација и методи за почвено култивирање сме опкружени, та зар во камен не садат лозја, а додека има жедни за вино и саксиски ќе тераат ...Prilog_Zakup_na_zemjodelsko_zemjiste-br.42012brosura.pdf [1] ~ него кога празнично ќе ве закачи по некоја шарена, и тоа од сите страни тогаш аирлија животот и навистина е поубав, ќе биде берикетна година во првиот случај околу уличниот молерајски експресионизам истурен во анархична похота, а кој потенцијално би донел еден куп нови туристи заради мултиколор спомениците и торти, додека во вториот случај заради ултраколоритната земјоделска мерка во предизборна најава, а која ако ништо руго би осигурало доста гласачи ако не урбано-селски реемигранти ... ... сепак за поздрав е ваквиот предлог, и навистина повеќе од добредојден но можеби ефективен во вакво паковање за земји со буџет ко тоа грчкиот, додека за нашиот попаметно би било да се завози по некој социјалистички урнек ко што предлагам понапред во контекст рурален турираз односно колективизација на изворната полураспадната архитектура нејзино ревитализирање а потем и пообно распределување, отколку капиталистичко субвенционирање на приватен имот, со оглед дека по вториов урнек дури и со обврзувачки ставки долгорочно ржавата се врзува во бркање подобни и неподобни корисници на ваквата мерка, додека во првиот само им покажува врата и на нивно место доаѓаат нови кандидати за реемиграција, дури и богати а не само сиромашни, практично секој кој има интерес за живот во природа но ето додека да се пишмани од град тоа да биде и на вересија ... ајде и капитиластички ова е повеќе од револуционерно не само на балканов туку и во еу само прашање е колкав ќе биде колачот од буџетот за вакво нешто!? по аршинов од 10к евра за едно семејство или реемигрант за 100к народ би било потребно 1 милијарда евра, хм ето камо тие да останеа во државни раце па сета популација да ротираше дал туристички дал социјално во нив ... би било добро и за ова како за се останато да нема дебата та ретроактивно да чешаме глава што не снашло ако мораме да форсираме сјо-прочешлувања заради самиот простор за потенцијална проневера, хм ако не на материјали секогаш може да кршиме клечки заради несоодветен надзор, настрана што никој обврзан да живее 15 години на село ако не заради зравствени заради евентуални едукативни оричини би морал или требал да замине повторно назад во град ... но ако затераме некој социјалистички модел нели по кубански наместо европски рецепт реформаторите ќе бидат обвинети дека се со антиевропски агенди па ајде удри мујо по тарабе нек се зна да је предизборје, капак удреното овие и го исполнуваат што е за почит ... да незнаеш кој е полуд оние што ни фрлаа претходно магла во очи или овие кои се што ќекажат остваруваат ... уште сега си замислувам како пасам пчели, но место сред фацелиа на моите социјално дарувани 3 хектара би ошол и со поуникатен багрем ко sophora japonika [1][2][3] чинам и него го субвенционираат точка 10 во следниот пост ... Edited by +Protagorist - 02-May-2016 at 04:10 |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #382 Posted: 02-May-2016 at 04:10 | ||
прво пред некое време ме изненади она аберот за субвенционирање бунари и систем капка по капка, но ова како пакет е веќе земјоделски плафон за наши услови, а ако и навистина заживее тоа странските инвестиции сами ќе го торпедираат системов, кој не би се преориентирал и од минималците на земјоделие, ех бар на хартија можеме да бидеме потенцијално швајцарија на балканите, ајде да не фантазирам но реално ова е најоптимистичен пристап апропо наталитетот и воопшто безперспективноста на гетоизираните сограѓани, уште и субвенционирано да го легализират мрмрот и ете масовна реемиграција шала на страна но од мастраф земјоделци зијан немет додека од градски пијаници на село и те како макар и кофа мозок на поклон им оставиле ... ... бре какво мудро оправдување вакви проекти имало во еу америка и канада [1] да ама не и на балкан, ако се исклучи претходно предочениот од Војводина, но ко за балкански далеку од ваков пакет ем за сета држава ... би било мудро ако не и неопходно, доколку и општините накндано ги помогнат новодојдените со сопстевени машински кругови, а кои би им ги рентале на придојдените наплатувајки им само гориво, но со сопствени машиновозачи и сервисери истите да ги одржуваат та ето и дополнителен бонус за секој почетник ...
Edited by +Protagorist - 02-May-2016 at 04:10 |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
phenomenon
Senior Member Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2663 |
Quote Reply #383 Posted: 02-May-2016 at 12:46 | ||
Oд последниве две реченици се гледа дека се работи за популистички проект однапред осуден на неуспех. Со стихијна и непланска миграција град-село ништо не правиме. Еве, некој се одлучува да се пресели од град во село и да се посвети на „идиличен“ селски живот. Треба да направи куќа, да ископа бунар и да изгради септичка јама. Доколку се занимава со сточарство, за колку време ќе му се полни таа јама од мочта и изметот на животните? Друг проблем се селските тесни и неплански патишта оградени со плотови, камења и трња каде не би можел да помине камион со средна големина. Трет проблем - три-четири линии дневно на приградскиот превоз со испокршени комбиња кон градот кон кој ќе гравитираат ја прават потребата од автомобил-насушна. Четврт проблем - немање продавници или мизерно снабдени продавници каде можеш да купиш евтини салами со изминат рок на траење. Петти проблем - немање амбуланта и аптека итн. Доколку Владата навистина сака да го реализира овој проект, а тоа да не бидат празни зборови на хартија, јас го предлагам следново: 1. Експропријација на поголеми парцели земјиште за изградба на комплетно нови селски јадра. 2. Поделба на тоа земјиште на дворови од по 1000м2, со испланирани улички помеѓу тие дворови и испланирана главна улица со агли на вкрстување од 90 степени. 3. Изградба на водоснабдителен систем. 4. Изградба на канализационен систем. 5. Формирање на ново селско јадро со изградба на 50 до 100 монтажни куќи (Ако куќа Tip 80 од Хот-хот чини околу 23 000 евра, изградбата на куќите на едно вакво селско јадро би чинела од 1.2 до 2.3 милиони евра) 6. Асфалтирање на главната и споредните улици. 7. Изградба на доброснабдена продавница. 8. Изградба на амбуланта со аптека кои ќе бидат дежурни 24 часа. 9. Изградба на подрачно училиште до V-то одделение. 10. Изградба на градинка. 11. Квалитетен извор на струја и Интернет. 12. Редовен и чест превоз кон најблискиот град. 13. Поставување контејнери и канти за отпадоци и редовно собирање на сметот од страна на комунално претпријатие. Edited by phenomenon - 02-May-2016 at 12:50 |
|||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #384 Posted: 02-May-2016 at 14:43 | ||
Да се искрени ваквите намери, јас би бил најсреќен. Арно ама, како прво ова се претставува како личен проект на претседател на партија, не претседател на влада, во пред(моно)изборие, тажно. Како второ, ете и да се реализира ова некако, со оглед на хаосот и непотизмот кој системски е втемелен во нашата држава, чисто се сомневам дека ќе постојат механизми кои ќе ја спречат злоупотребата на ваков проект, од типот на: Живее во Скопје, има куќа во Сопиште, го употребува државниот грант за да си ја реновира куќата и толку. Или живее во Битола, го употребува грантот за реновирање на викендицата во Дихово.
Јас прво би играл на подобрување на условите во селата, па ако се донесат на културно ниво, и сами ќе се вратат луѓето. Реално има се уште грст села низ државата, кои имаа над 600-700 жители и кои можат да се спасат од сигурна смрт, со паметно инвестирање во нив, и подобрување на условите за луѓето кои се веќе таму. Во село со 30 жители никој будала не се враќа. Па поготово ако има фамилија. Нема потреба од залажување со зажувување на мртви села, мислам дека треба да се сконцентрираме на максимално одржување на постоечките. |
|||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #385 Posted: 04-May-2016 at 03:03 | ||
нели надежта умира последна, а за многу кои бараат искреност дури и кога истата ја има во изобилство и понатака биваат скептични, реално до сега за вакво нешто нит се чуло нит се видело по екс ју републиките, та навистина е за неверување, незнам нит дали нешто слично има во бугарија и грција иако сигурно преку сафард фондовите влечат некоја слична комбинација, само едно не ми е јасно дали повторно како и за сите останати револуционерни потези на преродбениците ќе нема простор за јавна дебата како сето ова до перфекција би се испеглало, како беше онаа молчењето е злато ... ова потенцијално мириса дека почнуваме да размислуваме, бар институционално дека Македонија е пред се земјоделска земја па ако ништо друго екологистите органичарите и социјалците можат да се стимулираат на реемиграција и можност за здрав живот, мир во душа и селска идила во агенда, а за ова тоа советниците би требало да имаат и психијатарска наобразба бидејки навистина не е лесно од градски легачи да се произведе селски воркохолици, можеби треба да имаат некоја псај-оп пропаганда по коперациите каде еднаш неделно би им вртеле на реемигрантите позитивни азиски примери како мотивација, додека чекаат на ред да им потечат в нивнје артериските бунари Tsugaru - Apple kingdom - http://www3.nhk.or.jp/nhkworld/en/vod/journeys/20160308.html во контекст мотивацијава, баш пред некој ден во очи Велигден ресенчани ми се пожалија дека ланскиот род не им е распродаден, а овогодинешниот секнал во цутот од последниот мраз, белки само нефер судба пред идното глобално затоплување ... патем на неколку прашања пробав да добијам одговор но после ваков гајрет на луѓе не им се дума особено, како по обичај ме чуди зошто јаболката топтан не ги даваа по 8 денари ведна за Русија туку чекаа прекупец кој ќе им ги откупи за дупло покасно но истиот и да дошол по таква цена само првата класа ја прибира додека другите им ги остава за компостирање, а и тие сетне не сакаат да ги дадат за концетрат оти сега ко такви истите ги откупуваат по 2 денара килограм наместо 5 до 8 ко порано, на што веднаш ми светна зошто толку ефтин тоа јаболковиот концетрат по маркетите [1] можам а замислам да е од прва класа исцеден ... но ете и ладилници има но никој нема есап да ги рента в Преспа освен ако не инвестирал во свој но и тогаш доколку јаболката се преистретирани неретко и да се најде купец им ги враќаат еднаш 80тина тони од Германија а имаше чинам и поврат на 20тина од Полска нормално со 15 до 20 пати напудрување и од африка ќе ги вратат а не пак европска унија ... интересно прашав зошто тогаш не почнат да калемат круша на што само неволно добив одговор дека веќе еден преспанец повлекол нога но тоа е ко сред невреме да видиш само еден со чадор во рацете, затоа јаткасти овоштија кои вакумирани ќе бркаат и цела година добра цена макар немало осигуран пласман, речиси атрактивни ко мед во кофа ... http://dnevnik.mk/?ItemID=482C2C5F1F354D46B9884ECC6A178A76 инаку после претходниот налет за самоорганизирана агро-берза сега се ветува и поозбилна државна интервенција
Edited by +Protagorist - 04-May-2016 at 03:06 |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #386 Posted: 14-Jun-2016 at 23:10 | ||
http://issuu.com/kapitalmediagroup/docs/agrobiznis_2015/11?e=2666739/12371575 Edited by +Protagorist - 14-Jun-2016 at 23:11 |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #387 Posted: 23-Jul-2016 at 01:40 | ||
не би сакал да промовирам екстензивно земјоделие, но за оние кои имаат намера да инвестираат во овоштарство озбилно,односно очекуваат екстра принос, логично е даодат со екстра хемија при третирањето на дрвата, нели она што се стероидите за атлетите тоа се прсканициве за дрвата [1] нели ако саката род од 45-50 t/ha тоа е тоа, иако ќе ви треба и ладилник за да сочекате на поповолна цена затоа и пологично е стари сорти и еко-третман иако помал принос, но затоа еко производ и сигурна цена, ем и ведра мисла кога би уживале во пектините од кората ~ Круша со просечна големина содржи околу 4 грама влакна и оти поголемиот дел се наоѓа во кората ... Круша со маса од 166 g осигурува 6 g растителни влакна, од кои околу 40% е пектин [2] фајде и'пол [3] ~ како што Крушата е деликатес кај Помум-ите, така Костенот е кај јаткастите овоштија ~ касни-порасни од кремаст колач од костени, со рендани круши измеѓу ... [1][2][3] http://www.balkep.org/castanea-sativa.html [1][2]
Бројот на стебла на хектар се движи од 120 до 150 стебла. а приносот се движи од 3 до 5 тони на хектар [1] Нови сорти костени и ореви од Турција во струмичкиот регион - Не растат високо, а род даваат уште во првата година. Ова се главните карактеристики на новите сорти костени, круши и ореви кои од Турција стигнаа во струмичкиот регион ... „Просечно, садениот материја чини 180 евра по декар“ ... [1][1] |
|||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #388 Posted: 28-Jul-2016 at 11:22 | ||
~ покрај класичниот и машинскиот начин на берба, мислам најпрактична е бербата со мрежи [1][2][3] таман преку лето со истите може да се заштитува една култура [1] а наесен да се бери јаткастото овоштие http://www.chestnuthilltreefarm.com/store/pg/36-Chestnut-Orcharding.aspx http://msue.anr.msu.edu/topic/chestnuts/harvest_storage/harvesting Edited by beTon - 28-Jul-2016 at 11:33 |
|||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #389 Posted: 28-Jul-2016 at 12:45 | ||
ајде Аирлија со закаснување и вие но и народ да се разбуди од тоа урбаното гетоизирање и вештачкото бунило! камо и тука да имаа соодветен форум, кој би се разработил во соработка со факултетите односно студентските сојузи, но и министерството, агенциите, просто фокусот ко кај билд пред се на форум него портал, а каде камо секој засегнат институционално би бил упатуван за поука, чаре или доедукација, пример огрешените пред законот ех да имаше можност судот да ги рехабилитира субвенционираните фолиранти со задолжително присуство, илити хигиенски неосвестените произведувачи со неделна доза јавно табање, знам делува претерано но тоа би било во идеални услови како максимум би се извлекло од еден таков институционално врзан форум, макар приватно ажуриран и одржуван!
Edited by beTon - 28-Jul-2016 at 12:45 |
|||
Max
Senior Member Joined: 07-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 3664 |
Quote Reply #390 Posted: 06-Sep-2016 at 21:48 | ||
30.08.2016 - Agricorp Invest ќе отвори околу стотина нови работни места - http://infomax.mk/wp/груевски-најави-нова-инвестиција-agricorp-invest/ http://www.monacolife.net/?p=3327 http://sitel.com.mk/golema-holandska-kompanija-najavuva-investicija-vo-zemjodelstvoto ~ изненади дека годинава преполовени цените од шумските капини и печурки, лани капината ја откупува за 60 денари кило а оваа за 30 нормално на пазар си тераат 80 до 160 денари, за печурките и да не почнувам Кичевчанец собрал 114 килограми вргањ за еден ден - http://www.kalimero.mk/archives/12472# еве интересно инфо во однос смреката [1] настрана што фотката е монтажа, дефакто големи печурки не се раритетна појава [2][3] но само како млади [4] се добри за јадење [5] можеби како сос ако се пожолтени од вантре но не ризикувајте! Wild mushroom season from Eastern Europe in full swing - http://www.freshplaza.com/article/162356/Wild-mushroom-season-from-Eastern-Europe-in-full-swing
Edited by Max - 07-Oct-2016 at 19:37 |
|||
beTon
Senior Member Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3887 |
Quote Reply #391 Posted: 27-Sep-2016 at 18:58 | ||
кога ќе се спореди нашиот рурален процент со оној на земјите од третиот свет [1] станува јасно дека сме далеку од земјоделска земја, иако сметам ека 30% од населението во земјава е директно или индиректно зависно од земједолие, пр. муабетот дека од тутун живеат 200к сограѓани како членови на семејство кое се занимава и со производство на тутун, но добар дел од нив живеа во град а работат дополнително и на село, нешто налик додатна а не примарна дејност, но такви има се поретко, а ко за иронија земјата се помалку, заради постојната никаква политика за комасација, а на оние кои сакаат да реемигрираат назад на село единствена опција им останува мала туристичка фарма колку да скрпат крај со крај, а по цена да живеат сред селска идила, но условите за нивно субвенционирање и директна помош треба да се дупло поголеми и загарантирани, што е возможно само доколку се преориентираме од индустриска во земјоделска земја, фатаморгана знам но и мал свестки економски куршлус во иднина истата ќе ја направи и дофатлива, само да не биде касно сетне за промена http://www.useful-community-development.org/rural-economic-development.html ~ летаргијата која ја има зафатено младина мислам се должи на фактот дека секој е упатен сам на себе, а и стимулирањето на кооперациите, руралните мрежи и невладини организации, се повеќе општинска забава него реална помош некому, иако може да се разберат ко и форумов како агрегатор на идеи, но тоа ни од блиску не е доволно за да се случи процвет пред се во селскиот туризам, органското производство и рурални брендови со ЗОП ЗГО или ГТС штембил [1] http://zpis.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=67%3A2013-02-04-14-03-52&Itemid=9&lang=mk [1] http://www.seerural.org/wp-content/uploads/2009/05/02_EVROPSKA-POLITIKA-ZA-KVALITET-POLJOPRIVREDNIH-PROIZVODA.pdf [1] http://ec.europa.eu/agriculture/quality/ [1]
нас сето ова и те како ни погодува како мала и слаба економија, за што полесно да се заштитиме од големите предатори, нормално оној момент кога ќе почнеме и поозбилно да се истрчуваме на пазар со нашите препознатлви прозиводи, од овој аспект треба час поскоро регионално да го заштитиме терминот Македонски Ајвар иако чинам и локално секоја општина може тоа да го стори со својот доколку може да ги здружи некако приватните кооперанти а кои следат одреден посебен рецепт, пример зелен ајвар т.н. зелена паштета, Пинpbanksт, Макалото, Везената Пиперка итн. итн. https://en.wikipedia.org/wiki/Geographical_indications_and_traditional_specialities_in_the_European_Union#Criticisms_of_Protected_Geographical_Status_framework
Edited by beTon - 27-Sep-2016 at 19:00 |
|||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #392 Posted: 28-Sep-2016 at 13:51 | ||
по овој аршин мамка ако не чалам, е и жигот за Етикетата Европско Наследство која иако локално исто може особено да ни погодува, сепак генерално за цел има денационализирање на културното благо како заеднички европски идентитет што при раскалаена унија ко постојнава може да биде и мач со две оштрици, нормално во овој контекст не е страшно ако се имаат во предвид антички муабети ко Виа Игнациа иако гледаме грците и за такви нешта кршат клечки, но пред се проблем се биполарните културни места и настани од романтизмот навака, пример Илинден Илинденците и ВМРО кај нас ~ а не е лошо да имаме бар локални национални етикети како туристички стандард во овој контекст, пример куќа или месност каде што се одигрила некоја елинденска епопеја да биде обележана со одреден симбол ~ можеби помалку како маркетинг спин а повеќе ко туристички ориентир, особено битно и за нас како мештани кои сме гладни за сензационализам но немаме како да го материјализираме лесно истиот, и културно и економски, посекако пристапот треба да е поинвентивен него проста унисона ознака ~ пр. Зелена етикета за антиката, Сина за средновековието, а Црвена за романтизмот, Пурпурна за царските, војводските и државотворните локации, можеби Жолта за праисториските, јасно на сето тоа и некој соодветен културен симбол како штембил пр. Сончевиот печат од Церје но се додека секоја општина прво не направи интерактивни мапи како да се стигне до ваквите локалитети нивно инситу обележување генерално е сувишно ... [1] https://ec.europa.eu/programmes/creative-europe/actions/european-heritage-label_en ~ но без живи села наоколу и од ова ќе нема некое фајде, она процентите на Мирчевски во неговиот текст од дневник пост погоре не ветуваат многу, та кога понапред велам ревитализација на селото преку селски туризам, навистина нам и сто години ни се малку ако чекаме тоа некој да го завози индивидуално пример ко што е случај во Словенија каде сега се замараат претежно со маркетинг а не думи за сместувачки капацитети [1] опуштено работејки на руралната понуда во однос на артикли а не кревети [2][3] затоа и крајно неопходен е некој социјалистички рурален систем ко што нагласувам постојано во нишкава, а преку кој ќе бидат ангажирани и социјалците и затворениците како и сите останати маргинализираните категории на сограѓани, за кои државата и така издвојува големи средства за нивно сервисирање, вака бар од сето тоа ќе останат ревитализирани села со обновени селски куќи и општонародни машински кругови, од кои туристички нема да имаат фајде само странци туку и сите македонци како ученици студенти или пензионери, конечно секој заслужен да може коски да и плуќа да омори на државен грб по планињето во земјава ~ па и незаслужните граѓани односно оние затвореници кои би прифатиле да работат на обнова на ваквите куќи, со можност да се сцијализираат накнадно и преку нивно бесплатно користење, бар еднаш годишно како мотив и награда за доброволната помош кон заедницата, што педолошки би било налик алтернативно отслужување казна ~ мислам подобар рецепт него волонтерско возобновување села или пак целосно ангажирање на градижни компании за ваква идеја, единствено треба добра организација ~ најнапред и подвижни бараки за работната сила, а кои понатака можат да останат и како камп приколки до поспецифични излетнички места во самите ревитализирани села, ко реки видиковци или архео-историски точки, а и потенцијална прилика за стартување локални општински еко-кампови со ваквите мобилни бунгалови на тркала, само нека ги нарачуваат тендерски и локално сигурно и за упола цена него од надвор [1][2][3] ваквиот пристап потенцијално може да се искористи како добредојден и за кризни времиња во кои дефакто државата индиректно би имала спремно цели села како алтернативен простор за смештај на настрадани од разни непогоди, иако за такво нешто ќе треба далеку поозбилно организирани кампови, но кога истите се на планина стресот и те како е помал за раселените, ве поздрави Новак Џокович, но ова и да е утопија денеска, многу брзо може да биде неопходна реалност, доколку навистина имаме имагинација посреди државните стратегии, кои и од авион се гледа дека и за многу сушти работи се недоносени [2] нормално дека сме имале и треба да имаме бар локална геополитика како бекап план за во небрано, но на оваа тема денес ми се чини ни во институтот за географија не се замараат, а не пак некој во владата, среќа сме мала земја па ваков пристап не е тежок за спроведба, доколку воопшто и ни стане сето ова јасен надпартиски приоритет ~ во однос повеќенаменската потреба ако не за рурална реемиграција бар за рурален туризам, иако идејно сами по себе се надополнуваат ... некој ќе рече грото такви полураспаднати градби се неупотребливи, но ве уверувам со помош на изиис, и тук таму некоја асеизмичка техника ~ како геотекстилни планта, внатрешен метален појас кој може да биде и како надворешна лајсна од заварени фланшни или пак плоснати жабици на шипка ~ лесно се' може да се осигура од распаднати камени куќи ~ навистина ова е последен момент за нешто од нешто да се сочува по испустените села, бар музејски ако не поинаку откако национализирани како распаднати би му се дале некому да ги возобнови, но на прва строго по национална линија, дали иселеник, локален шериф или кабадаја, кој како знае и умее, а дури потем на странски инвеститори, но пак ќе повторам поарно од сето тоа фајде да има обичниот човек дома, него планините да биднат елитен куплерај за странци, а заради нечија стратешка кусогледост |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
+Protagorist
Senior Member Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
Quote Reply #393 Posted: 07-Mar-2017 at 20:20 | ||
инфографиков поубаво би се надоврзал на некој муабет во нишкaтa за ЕМО евентуално ПУ ил ПА илити КВС но тука ет здравствен спин за сите еколошки освестени сограѓани дека прешалтувањето кон рурална самоодржливост не мора да е бегството ами идеја која би се надоврзала на претходен екоетички и биоетички живот во градот ... https://en.wikipedia.org/wiki/NASA_Clean_Air_Study зум за втора фотка Edited by +Protagorist - 05-Jul-2020 at 01:30 |
|||
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #394 Posted: 26-Oct-2017 at 19:49 | ||
еве интересна алатка, бар што е до лековитите растенија и не само тие, а за кои на лаик му треба многу време да ги идентификува како би ги ползувал ... Виртуелен Хербариум Шазам [1][2] https://identify.plantnet-project.org/ еве и неколку други http://www.plant-image-analysis.org/ Edited by Zelenikovo - 26-Oct-2017 at 19:59 |
|||
Moffaka
Newbiе Joined: 16-Mar-2018 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #395 Posted: 16-Mar-2018 at 10:21 | ||
Edited by Moffaka - 16-Mar-2018 at 10:22 |
|||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #396 Posted: 07-Jun-2018 at 02:01 | ||
Бакарот е битен микроелемент за секое Растение, но како најдобро да се искористи зависи од ph вредноста на Почвата, или пак водата доколку станува збор за Хидропоничен насад ...
интересно е дека кај хидропониксот за разлика од класичното почвено земјоделие, менувајќи ја инстантно ph вредноста на водата во коритата, може да се регулира со леснотија и растот и цветање и плодот, ем апсорпцијата на минералите од страна на коренот е далеку поголема кај оние растенија потопени во вода, отколку оние заседени во земја, иако апсорпцијата со хидроген-пероксид може да се зголемува и кај корењата насадени во почва ... https://www.growthtechnology.com/growtorial/what-is-the-ph-value/ https://www.maximumyield.com/perfecting-ph/2/1212 но освен ph вредност за апсорпцијата на нутритиенти, паралелно потребно е и разбирање и за идеалната ph средина на самите растенија, умешноста е како да се најде нзс, а екстра зијан е доколку човек експериментира на своја рака без консултации од стручно лице т.е. професорите од Земјоделски кои би ви посочиле како најлесно и најбрзо би ја тимареле алкалноста ил киселоста на почвата [1][2] односно неопходна е педолошка анализа на почвата сезонски и за време зимската подготовка и за време пролетната сеидба, но и свест дека без тоа растенијата се поподложни на болести освен стагнација [3] едноставна офтопик паралела би била зачнување Дете без родителите да ја испланираат неговата иднина, иако најнапред се' почнува од психофизичката кондиција на таткото и мајката, потем се одбира местото на живеење, а сетне се влијае на околностите на растење, ризиците на живеење и осигурувањето од ќорсокаци или несреќи ... паметни фармери ко паметни родители се информираат анализираат а дури потем си инвестираат волјата за порадосно утре да ги обденува! јасно дека оние деца кои се раснат во бетонските џунгли, посебно оние гетоизирани во комиблок населби, треба да имаат родители со терсене табиет како би ги оспособиле да одолеат на сите неправди и себичлук кои виреат по големи градои ко Скотје, ме чуди со кој памет се чуручат оние кои од село в град мигрираат, мислат животот е полесен оти се ти е до рака, а не се прашуваат колку тоа е квалитетно и дали ќе ги усреќи отсекувајки ги децата од патријахалната средина во која тие биле израснати, сетне децата им забегале во најдобар случај дремејќи со даљинското во рака мака мачејќи и до продавница по сијалица да тркнат, во кисела средина ко градот максимум што ќе извадите се трнливи стебла колку и Ружата да е убаво нашминкана како култ на тело или конто во банка, тук таму по некој залутан Трендафил, но транзицијата како пепелница сите ги сотре та и Мајчина Душица да никне ќе овене! |
|||
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #397 Posted: 07-Jun-2018 at 16:44 | ||
Хидропонското одгледување ќе стане во иднина основа на агрономијата, веќе почнува трендот на замена на класичното одгледување на големи површини некоја земјоделска култура со хидропони или односно во стакленици, но хидропоните само наоѓаат примена кај некој култури најчесто градинарските култури ( домат , пиперка, красатавица, зелка, патлиџан и др ). додека хидропонско одгледување кај поледелски култури како пченица, јачмен соја, пченка е неизводливо . Но хидрапонот како супстарт само е основна заштита на растенијето од голем борој на патогени организми што можат да се најдат во почвата ( микози, бактериози, вирози, нематоди, инсекти ) главната цел на хидрапонот е системот на фертиригација каде врз база на потребите од хранливи материи и вода на растението се прават одредени концентрации од ѓубрива, со помош на микросистемите за наводнување ( капка по капка ) се наводнуваат растенијата а исто времено се ѓубрат. Така да се што се одгледува во стакленици без разлика дали е хидрапон, или на земја исто така е здраво и на растенијето му е дадено таа доза на хранливи материи што му е потребно за да развие плодови, така што паѓа митот дека органската храна е поздрава и нутриционистички подобра. Бакарот посредно или непосредно влијае на многу животни процеси во главно е врза за синтезата на протеини, и клетиочните сокови и има поголема миграција до сите органи , составен дел е на ферментите полифенолоксидази и лактози преку кои учествува во прцесот на дишење , синтезата на белковини, синтезата на антоцијан се одвива исто со пристуство на бакар, а многу е битен исто во задржувањето на водата во растенијата, процесот на фотосинтеза, а го активира дејството на витамините В комплекс, влегува во негов состав. При недостаток во главно се јавуваа бакарна хлороза кој лесно се забележува, најчесто е на малдите листови , а при сериозни недостатоци настанува задебелување на листовите и деформации, а додека растението сврзе плод , најчесто плодот е ситен тврд и со нерамнини, ради акумулацијата на гликоза и фруктоза во листот. Кај виновата лоза високите концентрации не се погодни за раст и развој што делува токсично .
Edited by Dragan - 07-Jun-2018 at 16:49 |
|||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #398 Posted: 07-Jun-2018 at 18:02 | ||
со се поголеми суши во иднина, чинам аграрот озбилно ќе сврти кон хидропоника, иако и сега има пустински експерименти како да и во такви околности се извади максимум т.е. преку магнетизирање на водата може да се зголеми апсорпцијата кај Растенијата во Земјоделието [1][2] но доколку водатa е терсене бадијала - ко што вели мрмрџијава [3] та да се навратам пак уште еднаш на алкалноста пост погоре се' што е со усул на арно е, златната средина што вели aристотЕл на овој свет за земнава природа е неопходна, бидејќи тоа значи ненапрегање, иако (особено кај хидропониксот) за сите убаини да ојдат во Цветот ил Плодот треба и подвизување низ пост т.е. во случајов изгладнување како контролирана дехидратација [1][2] кај Хидропоникс Аквапоникс или по нашки Вододелие, кој како милува, за разлика од Земјоделието избалансираноста на Ph вредноста е далеку понеопходна бидејќи постојано корењата се натопени во вода, a чија температура исто така влијае на циклусот [3]
Edited by Zelenikovo - 07-Jun-2018 at 18:11 |
|||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #399 Posted: 07-Jun-2018 at 18:21 | ||
ова со температурата линкот горе е убав приказ дека мора се' да се има во предвид ако човек се нафати на Вододелие, а еве едноставен графички приказ зошто истото има предност во однос класичното земјоделие https://ezgro.garden/hydroponics/soil-versus-hydroponics/ |
|||
Zelenikovo
Senior Member Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
Quote Reply #400 Posted: 07-Jun-2018 at 22:03 | ||
убаи поенти, но со овие не би се сложил
нутритивноста и кај екстензивното и кај интензивното земјоделие зависи токму од научниот пристап, пр. no-til "не-орање" екстензивно ќе ја наѓубри почвата и одржи микрофлората далеку подобро отколку длабокото орање и постојаното ѓубрење кај екстензивното земјоделие, кое капак вака и ја испостува истата, мислам има абер поназад ... но, третирањето на болестите со инсектициди хербициди и разни хемикали, колку и да имаат производна каренца (како допуштен лимит за отровност до пласман) кај екстензивното земјоделие дефинитивно е здравствен ризик, та мислам воопшто не е мит ваквиот куршлус, и навистина поздрава храна е онаа која органски се третира заради болести со еко-препарати, логичнно затоа е и поскапа бидејќи така и приносот е помал, плус сеуште средствата и пристапот за заштита не се стандардизирани, а тоа пак не дозволува и да се фиксира берзански цената, затоа еколошкото производство можеби е најисплатлив пазар во моментов, доколку со здружени сили коперативно настапуваат малите локални фарми, дал во Еу ил Блискиот Исток или пак ЗНД и Кина
изводливо но кај нас неисплатливо, иако во догледно време ако удрат јаки суши, екстра кисели дождои, или пак Не Дај Боже радијации, ќе мора и за овие поледелски култури да имаме хидропонична алтернатива ... http://ucanr.edu/blogs/blogcore/postdetail.cfm?postnum=11721 проблеми и сега имаме со приносите и при постојните суши или болести, та за многумината иднината ќе биде или франкенштајн ГМО или пак инкубатурска ЕКО аквапоника, но ние тука мака мачиме да се поучиме и за конвенцијално, а не пак за алтернативно земјоделие вододелие аероделие инт. |
|||
Post Reply | Page <1 18192021> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |