build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Здравствени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов Клинички центар кај Бардовци

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нов Клинички центар кај Бардовци
    Posted: 04-Dec-2018 at 19:15
Јас викам да му платиме на косово 300 милиони за во иднина што и да градат да ни дозволат пристап до услугите по косовски цени, така барем некакви изгледи има дека некогаш ќе имаме пристап до болница.

За проект од милјарда евра главен услов е земјиштето да било државно оти мн скапо ќе ги фатело... а бе домаќинлук невиден, алал да им е! Само напред!
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Dec-2018 at 09:24
По она јас што го имам како инфо многу брзо ќе се започне.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 730
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Dec-2018 at 19:12
Без гајле дечки, локацијава ќе ја бараме уште некои 2-3 години, па после ќе правиме идеен проект, па ќе сфатиме дека многу кошта тоа, па ќе бараме нешто друго, па ќе ставиме камен-темелник, па ќе се смени власта, па ќе го откажеме претходново, па пак ќе бараме локација, па пак ќе правиме проект, и така. Да се случува нешто
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 03-Dec-2018 at 12:12
Не заборавајте дека освен пристапен пат (обиколница), до новата локација за Универзитетски клинички центар МОРА да задоволува барем уште два други услови. Прво, мора да има локален пат по кој ќе се движат автобусите од јавниот градски превоз на Скопје, бидејќи во моментов автобусите на ЈСП по закон не смеат да се движат на автопат, што значи не и на скопската обиколница. Како второ, мора да биде локацијата во близина на пруга од скопскиот железнички чвор, за во иднина овој здравствен комплекс да се поврзе со градско-приградска железница.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Online
Posts: 434
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 03-Dec-2018 at 09:49
Идејното решение изгледа убаво, но кога ќе направат проект и ќе увидат дека вредноста на вакво нешто е милијарда евра ќе ја почнат одново процедурата (како и многупати досега) Crazy
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Dec-2018 at 09:27
Originally posted by Џоле

Предлог локација за изградба на новиот Универзитетски Клинички Кампус (има видео на линкот).

Мене ми изгледа преамбициозно. На рендер изгледа убаво, но што ќе добиеме во реалноста е сосем друго прашање.

https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce/videos/307481263310678/UzpfSTEwMDAwMDQ4NzQ1Mjk1NzoyODgyNDE5NjgxNzg0MjUy/


Фино изгледа но според мене локацијата е утка. Инаку имам неофицијално инфо дека најверојатно ќе биде таа локација. Хиподром исто така не се сложувам а првенствената во Бардовци мислам дека е нај ок затоа што е средишно за било кого од каде и да доаѓа.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 01-Dec-2018 at 21:35
Најдобра локација за новиот клинички, кој можда ќе се изгради 2055 година е клучката кај Хиподром.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 25
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Dec-2018 at 21:33
Следниот пат Агим Красниќи од Кондово нема да се двоуми многу, многу. Ќе има гулаб на дланка да го пука,
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12105
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Dec-2018 at 19:50
Предлог локација за изградба на новиот Универзитетски Клинички Кампус (има видео на линкот).

Мене ми изгледа преамбициозно. На рендер изгледа убаво, но што ќе добиеме во реалноста е сосем друго прашање.

https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce/videos/307481263310678/UzpfSTEwMDAwMDQ4NzQ1Mjk1NzoyODgyNDE5NjgxNzg0MjUy/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1760
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 16-Nov-2018 at 22:40
Бардовци според мене е најдобра локација, подеднакво пристапна од било каде и со најдобар потенцијал за развој на сообраќајната инфраструктура на Скопје како и потенцијал за изградба на нова станбена населба.
Штета ако се смести на некој крај од градот...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 16-Nov-2018 at 17:24
Да си играа со Google Maps, посериозни предлози ќе даваа. Мене пак не ми е јасно како ќе ја почнат постапката без измени во Генералниот урбанистички план, каде што јасно стои локацијата Бардовци. А зошто е избрана Бардовци како локација? Затоа што од сите делови на Скопје се патува речиси поеднакво во минутажа, што значи еднакво право на сите граѓани за здравствена заштита.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12105
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 16-Nov-2018 at 16:10
Шпанската серија продолжува...

Скопје Север, Ѓорче и Петровец можни локации за новиот клинички центар

Скопје Север, Петровец и Ѓорче Петров се трите локации меѓу кои ќе се избира каде ќе се гради новиот Клинички центар.

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека во Комсијата во Владата е завршена постапката и дека следува дебата на Собранието на идната седница.

– Предностите при изборот ќе бидат немањето потреба да се решаваат имотно-правни работи, односно локација на која најмногу земјиште има во сопственост на РМ, најлесна урбанизација и лесна адаптибилна проектна документација на главен дизајн или главен проект, рече премиерот на денешната прес-конференција на која беше претставен Предлог-буџетот за 2019 година.

Тој потенцира дека доколку се заврши се до првата половина од 2019 година може да се пристапи кон тендер за избор на изведувач.

Оцени дека се работи на огромен проект проектиран на 450 милиони евра.

https://sitel.com.mk/skopje-sever-gjorche-i-petrovec-mozhni-lokacii-za-noviot-klinichki-centar
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 916
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Nov-2017 at 22:33

би било фер дпмне да предочеше од каде ќе обезбедеше средства за ваква новина, ко што не обзнани ни за Ск'14 а сепак ја истера оваа идеја иако не до крај, почнувајки од 200 мил.евра а завршувајќи на 1 милијарда ... а и сега не е касно новинарски да ги тимарат за ова, белки за Нов Клинички нема да завози муабетот слично, но да речеме на мојов предлог горе за локација кај касарната Илинден, а ако се додадат тунелот под Кале, мостот кај Влада, но и клучка кај Ам.амбасада како пристапот до еден ваков комплекс би бил проточен, на крај ќе му дојде речиси блиску до оваа цена на Ск'14-та ...

... вака видено јас би го жртвувал тунелот под Кале колку и тој да е норма во ГУП-от или пак предизборен адут на сдсм како власт, а за сметка на ова би зацртал три клучки и мост кај Влада, една кај Ам.ам., втора на Партизанска и трета кај Но.Ма., но и да се стори булевар ул.Лазар Личеновски сега речиси сервисната улица под калето, која пак преку клучката би се продолжила кон бул.Џон Кенеди и со тоа би се добил нов урбан автопат кој освен зан нов клинички кај кас.Илинден би бил потенцијално најбрза конекција меѓу северот и југот на метрополата ... но јас како и секој еден друг македонец ќе бидам чуен само ако сум во партија полтрон или имам своја, во спротивно кучината ке си лаат а карвано и натака ке си оит по паметот на болшевичката жабокречина и сите нејзини денешни рецидиви ..

да е посмешно и возобновата на постојниот Клинички т.е. Државна Болница не чувме како инфраструктурно ќе ја оправат, а ако и сдсм тераат по тој акал, најнапред нека думаат за катна гаража во близина [1][2][3] а посетне за нова зграда за Хирургија ...

03.12.2016 - http://vistinomer.mk/vmro-dpmne-tretpat-vetuva-nov-klinichki-tsentar-vo-skopje-i-nova-bolnitsa-vo-shtip/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 916
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Nov-2017 at 13:41

ова е проект за кој дпмне требаше ко и за Ск14 да обезбеди консезус со тогашната опозиција, бидејќи сега колку и да е неопходен сдс нема да го промовира, а овие пак денес од опозиција ќе си свиткаат опашката и нема нит телевизиски да потсетуваат за ова, нели случајно да не им избега утре шансата пак да си ја терат по свое ...

можеби попаметно би било еден ваков нов Клинички Центар да го насадат кај Касарната Илинден, а да го врзат за предлогот за тамошен нов станбен реон, наместо последната идеја на дпмне таму да истурат офшор банкарска зона, но прва заврзлама во овој контекст што би требало да се реши е инфраструктурната гачка околу пластичарска улица, но и проточноста кај Мавровка, што е во најава, а пред се новиот мост од Владата до Калето заради тунелот под него, заради што би требало и една клучка меѓу Кале и кас.Илинден наместо раскрницата кај Ам.ам., бар тунелот и предизборно им беше на сдс во најава, па во овој контекст не е лошо конечно и вака да се дума ...

Бардовци колку и да е поедноставно секогаш ќе биде некако отсечено од градот, бар во догледно време ...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Oct-2010 at 22:33
Мене би ми било многу мило да се реализира проектот. Поготово поради пренамената на старите клиники - објекти. Кои би можеле да бидат: приватни болници, приватни училишта и факултети, деловни објекти, седишта на некои мали компании, па и поголемки зошто да не, работни простории, и слично.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Oct-2010 at 23:50
Па јас повеќе би употребил фраза атрактивен простор, отколку само земјиште. Има објекти кои може либерално да се транформираат без некакви предходни замисли за стриктно деловен или стрикно стамбен или студентски или било каков кварт. Тие згради се нумизматичка вредност врз тоа земјиште и вон здрава логика е да срамни булдожер и да се продава атрактивно земјиште. Глупо е. Едноставно на во ДУП да се внесат широк опсег на намени за кои може да се користат објектите (освен нели за тешка металургија ) и да идат на јавна лецитација. па кој сака нека бутне и нека направи нов објект, кој сака нека пренаменува, едноставно слободен избор.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12022
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Oct-2010 at 22:35
Originally posted by pbanks

Дисперзирање на клинички центар сметам дека не треба да има.
Воопшто не зборував за дисперзија на клиничкиот центар, туку баш за болничките капацитети од понизок ранг.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 27-Oct-2010 at 22:29
Дисперзираност на болнички капацитети сметам дека може да ја има за поосновни медицински услуги (а тоа секако ќе го има преку помалите болници, поликлиники и амбуланти низ градот). Специјлизарианите дејности пак треба да бидат интегрирани во еден центар спрема мене. Дисперзирање на клинички центар сметам дека не треба да има.

Поволноста во блискоста со болниците кои ги набројав е што колку и да е Систина чиста и фенси, сепак тешко е да го има портфолиото на услуги кои ги има (т.е. би требало да ги има) еден универзитетски клинички центар. Причината за ова е многу едноставна, не е така мал бројот на услуги кои комерцијално не се исплатливи а сепак мора да се на располагање. На ова ниво и досега имало соработка меѓу болниците а и понатаму ќе ја има. На пример, можеби Систина има развиена гинекологија но при породување покрај „занаетчискиот“ дел може да има мал милион компликации со родилката или детето за кои не верувам дека на една приватна болница би и било исплатливо да ги третира.

Во тој контекст, географската близина на поголемите болнички центри можеби не е неопходна, но дефинитивно ја гледам како предност.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12022
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Oct-2010 at 22:01
Originally posted by pbanks

ми се допаѓа што е релативно блиску до други здравствени институции (Воена болница, Систина итн) а е одлично поврзана инфраструктурно.

Кои предности поконкретно ги имаш на ум во врска со ова?

Исто така треба да имаме во предвид дека и дисперзираноста на болничките капацитети носи многу битни поволности.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 27-Oct-2010 at 20:35
Ако го земам во предвид мизерното ниво на здравството во Македонија, начинот на кој тоа се менаџира, правецот во кој се движи како и промена на генерациите каде што „мамини и татини“ кадри доаѓаат во прв план заменувајќи го релативно стручниот кадар од постар ков, целиов муабет ми е смешен а уште повеќе тажен...

Ако треба да ја искоментирам идејава од чисто „билдерска“ перспектива без да ја земам во предвид состојбата на македонското здравство... На кратко...

Иако клиничкиот центар е добро замислен и со малку подобра организација може да биде многу убав дел  од градот, иницијативава ми се допаѓа.

Како прво, воопшто не гледам нешто лошо во она што го вели Митатос, т.е. да се пренамени и ослободи многу атрактивно земјиште во центарот на Скопје. Напротив ваква динамика не е непозната во многу градови во светот. Нешто што можеби имало логика пред неколку децении денеска нема. Најблизок пример ни е иницијативата во Белград за дислокација на пругите и железничката станица со што би се ослободил многу атрактивен простор покрај реките.

Самиот клинички центар е веќе прилично наполнет со објекти и многу тешко може да се овозможи овозможи негов понатамошен развој на оваа локација.

Независно од јужниот булевар, факт е  дека клиничкиот центар влече голем број на луѓе од другите градови па и држави во самиот центар на Скопје и директно придонесува зголемување на метежот во градот. Алтернативната локација која се предлага е навистина добра и ми се допаѓа што е релативно блиску до други здравствени институции (Воена болница, Систина итн) а е одлично поврзана инфраструктурно.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.