build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркови (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркови (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5449
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 06-Jul-2020 at 15:27
Можеби делот околу бараките каде моментално се гради станбениот објект Изабела(пишуваа дека се гради врз детско игралиште или парк незнам точно како беше) во околина само тоа е активно градилиште и она на Трим И Љум(ама нема логика за тоа да пишуваат)
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 93
  Quote David Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 06-Jul-2020 at 16:00
Originally posted by Théoden


Originally posted by stef4o


...
Населбата со реализацијата на измените во урбанистичкиот план со кој се пренамени парковска површина во градежно земјиште за изградба на станбени висококатници ( чија изградба е во тек )
...
На која површина се мисли овде?

На Трум Љум и Елена Лука 10 катните нео-комунистички ѕидови друже...никакви висококатници.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2058
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 06-Jul-2020 at 17:13
На Изабела се мисли. Тука е планирана инвазија на уште еден бетонски демон.



извор

Edited by Staro Skopje - 06-Jul-2020 at 17:15
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 06-Jul-2020 at 18:09
Нема друг начин да се осигура иднинанта на зеленилото во Скопје освен да се префрли топката на поле на имотно-правни односи. Ако претпоставиме дека има 2000 куќи секоја со свој соптвеник куќа во оваа населба. И на имотниот лист на секој куќа има еднаков дел соственост во парков 1/2000, за вакви работи ќе мора согласност од половина сопственици за да се екпропреира и прораде државново земјиште. Кога неможеме јавна површина да ја оддржиме друг начин нема. Гомнари во институциите мислат дека измислиле топла вода и дека нив први им текнало да го зграбат паркчето и дека се попаметни од сите, па уште се доволно безобразни и храбри да почнат постапка за вакво нешто. Друго решение јас неможам да видам. Ова треба да важи принцип за многу комунални јавни површини, дали со локално значење како оваа или со пошироко значење. Во институциите комунални веќе немам доверба, барем да е приватна делена сопственост па да биде сигурност дека паркот ќе остане парк.

Овој пример е криминал невиден, од една страна вцртале паркинг кој очигледно морале заради зградата, од друга страна е зградата, па малку беше па и од трета страна уште една зграда никако да се уклопи во просторот. Планираат општинската зградичка која е месна заедница сега да ја продадат.

Па џабе ли е тој празен расадник на 100 метра од тука?! Нели целиот опфат е за инивидуално домување, како тогаш згради протнати во опфатот?! Зашто едноставно не ја избришат зградата, а на сите куќи да дозволат уште еден прат? Што мора да е тука?

Ова е криминал од редот на Кинески Ѕид покрја стадион! Кисела Вода ги живее времињата кои Центар ги живееше со Аларова.

Edited by user8642 - 06-Jul-2020 at 18:12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 06-Jul-2020 at 20:03
Originally posted by user8642

Ако претпоставиме дека има 2000 куќи секоја со свој соптвеник куќа во оваа населба. И на имотниот лист на секој куќа има еднаков дел соственост во парков 1/2000, за вакви работи ќе мора согласност од половина сопственици за да се екпропреира и прораде државново земјиште.


Така ќе ги снема парковите уште побрзо
Борбата за зеленилото кај најголемиот дел од народот кај нас засега се карактеризира со формална декларативност, површност, и пред се лицемерие.

Нели ги слушна реакциите на жителите на Дебар-маало по повод ревизијата на ДУП-от? Друг добар пример се којзнае колку полураспаднати колективни станбени згради (сигурно троцифрена бројка) кои со креативен „урбанизам“ добија проширување на маркичката и веднаш станарите се договорија тие згради со чаури и крпеници да пораснат во сите три димензии до максимално дозволените нови габарити, а практично без исклучок тоа се правеше и се прави на сметка на околното зеленило и дрвја.

И ти мислиш дека некој парк ќе преживее ако околните жители можат да лапнат 200-300-500 евра за сметка на тој така „заштитен“ парк.

Не 50%+1, туку 90% согласност ќе видиш до другиот ден сабајле.



Edited by Cloverstack - 06-Jul-2020 at 20:21
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 06-Jul-2020 at 20:21
Вероватно го преценувам капацитетот на иднивидуалецот во Македонија па сеуште верувам дека може да се најде формално правен начин да се зачува зеленилото. Може и така е како што викаш, 90% ќе го продадат својот дел и би си го уништиле трајно квалитетот на живеење за еден телевизор или фрижидер. Ама барем тогаш нема да може да зборат.

Кога ќе видиш од друга страна и приватизацијата на општествените компании, кои не беа ни приватни ни државни, доживеаја некоја судбина како парковиве. И сечии и ничии, и кој стигне ќе ги зграби во прв момент. Незнам, можда и не заслужуваме како заедница да управуваме определен простор во форма на држава кога неможе еден парк да се зачува пред налетот на мафијата, што ќе се дофати да се разграба како мршојадци. Можда не сме дораснати како заедница да цениме држава и независност. Или па едноставно не си ја цениме сопствената природна околина на неколку стотина метри од нас макар и која држава било тоа? Незнам, а ме разочаруива ситуацијата! Или па друг пример сличен, пред само неколку месеца штрајкуваа жителите во МаџирМаало кои викаа дека не сакаат да ИМ се вцртуваат булевари, како да на нив ИМ се вцртуваат, си го присвоија, него сакале станови за децата. Тука и друго прашање се отвара во однос на планирањерето дека градот планира и ги држи луѓето во лимбо ситуација, ниту да можат ефективно да го стопанисуваат својот имот, ниту па градот им го откупува со години.

Ама во Кисела Вода примеров е типичен пример за криминал, на рампа траса на улица продадоа за зграда, овде општински објект сакаат да продадат.

Мене стварно ме оптеретува прашањево како да изнајдеме законски решенија кои ќе бидат применливи во Македонија со сите свои специфики соодветни на политичката ситуација, а закони кои ќе го подигнат квалитетот на живеење и да го спречат ова создавање вакви чиреви. Очигледно сегашниве решенија не го спречуваат урбаното дивјаштво и не го подигаат квалитетот на живеење. Можда некакви експропријациони фондови кои ќе создаваат бришан простор површини како претходница на инвеститорите. Нешто мора да се направи, ама очигледно овој сегашен "општествен" статус ги става зелените површини во позиција на плен. Па и објектите што ги спомена, што за 50 години пак ќе правиме уште една школка?!
Back to Top
carver91 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 75
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 06-Jul-2020 at 21:45
Треба да има герилска акција или барем иницијатива да има повеќе цвеќиња и дрвја на покривите ... започнете со некои студентски домови, побарајте дозвола. Треба да се соочиме со инвеститорите, но истовремено да сториме нешто за да изгледа Скопје поубаво ... особено во нови згради им недостасува цвеќе и мали борови на нивните тераси..засадимо повеќе зимзелени борови и други повеќегодишни дрвца

Edited by carver91 - 06-Jul-2020 at 21:46
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 06-Jul-2020 at 22:43
Originally posted by carver91

особено во нови згради им недостасува цвеќе и мали борови на нивните тераси

На најголем дел од новите згради прво им недостасуваат тераси во вистинска смисла на зборот.

А таму кадешто има тераси (до пред неколку години воглавно се градеа згради со солидни тераси), наместо борови никнаа соби





Значи реално, не е вината само кај инвеститорите. Луѓето масовно го купуваат ѓубрето што се гради. И после му се посеруваат и го прават уште поголемо ѓубре. Ако е таква ситуацијата со објектот во кој живеат, можеш да замислиш каков е односот спрема околниот простор.

Се надевам дека сепак не сме предалеку од точката кога ќе почнат да се градат вистински критериуми за вредност на недвижност.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7307
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 07-Jul-2020 at 01:20
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by user8642

Ако претпоставиме дека има 2000 куќи секоја со свој соптвеник куќа во оваа населба. И на имотниот лист на секој куќа има еднаков дел соственост во парков 1/2000, за вакви работи ќе мора согласност од половина сопственици за да се екпропреира и прораде државново земјиште.


Така ќе ги снема парковите уште побрзо
Борбата за зеленилото кај најголемиот дел од народот кај нас засега се карактеризира со формална декларативност, површност, и пред се лицемерие.

Нели ги слушна реакциите на жителите на Дебар-маало по повод ревизијата на ДУП-от? Друг добар пример се којзнае колку полураспаднати колективни станбени згради (сигурно троцифрена бројка) кои со креативен „урбанизам“ добија проширување на маркичката и веднаш станарите се договорија тие згради со чаури и крпеници да пораснат во сите три димензии до максимално дозволените нови габарити, а практично без исклучок тоа се правеше и се прави на сметка на околното зеленило и дрвја.

И ти мислиш дека некој парк ќе преживее ако околните жители можат да лапнат 200-300-500 евра за сметка на тој така „заштитен“ парк.

Не 50%+1, туку 90% согласност ќе видиш до другиот ден сабајле.

ако ми дозволи да му ги скратам зборовите кловер, најголем дел од населението е презагрижено за зеленилото и за историската и сентиментална важност на своите домови, се додека тие емоции не ги покрие доволна сума на пари

помислив на тоа дека инвеститор можеби би избегнувал земјиште кое дополнително мора да го плаќа на жителите, ама па од друга страна добро познато ни е дека за трошни баракички се лапаат и по неколку станчиња, а нешто друго освен станбен објект, тешко да се гради на таква локација
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1612
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 07-Jul-2020 at 04:04



за некое време парите може и да не им се толку вредни, бидејќи сред светска економска депресија градските домови ќе биднат вишок од секој аспект како сопственост која би генерирала комфор а не пак капитал во форма на недвижност, а самиот ризик да се населува на ангро Народ во трусно подрачје е кусур не само по демографијата [1] туку и по живот доколку за репер може да се земар нусефектите пример од стихијното градење во Австралија [2] да не одам со изнуденава дигресија ептен во аут од темата бидејќи ова е муабет за другде, но сепак ко ваква става екстра невозможен акцент на цела фатаморгана од мас-градско гетоизирање на Македонија во една котлина и нормално сите нус-ефекти кои одат подрака со тоа а во костец дифтарско-мафијашки расположените удбалитичари олигарси и административци кои ко директно и индиректно врзани за градежната наезда в Скотје дури и да сакаат да запрат со својата рамнодушност кон Здравиот Разум просто неретко незнаат несакаат или неможат тоа да го сторат, нели има и треба многу што од прљав веш да се препере и прокнижи, а речиси ко и да не се кадарни да размислуваат за печалење осигурување и реосигурување на азното преку друго Производство освен шалување!

да не е без ич, излез секогаш има, дури и во скроз избетонирани околности, во случајов поусрдно метната легислатива за Пејсажен Урбанизам [3][3][3] веројатнo неопходно уште сега во случај со Градски Ѕид каде наскоро доколку ул. ДиЧу ја сторат пешачка зона (а без Тунел под Плоштад) ќе мора да се оди со проширување на ул. Даме Груев [4][4] ем логично правање подземни паркинзи [5][5] што пак ќе ги сотре добар дел од дрвата, но за сметка на тоа ќе треба расфрлање вертикално Жардињери [6] при што можат истите да ги метнат врз евентуален надбулеварска стреја ... заобиколно решение се тротоарски Тополи како би се сторил тесен Дрворед на самите Тротари ...

сепак ова не ја решава потребата од Паркови, а нив може и треба постојно да се планираат токму врз постојните паркинзи кои мора урбаните скопски општини да смогнат сили да ги спуштаат под земја, кога веќе биле умни да даваат онакви печурка-стаил градежни дозволи, во секој случај оние кои купувале Станои во таквите нови урбани-затки од комиблокои, чунки сами треба да се помират со фактот дека ја помогнале градежната мафија па нека се возат сега до најблискиот парк ... од овој аспект феномен е Мичурин, но може ќе им се посреќи да добијат некаков нов Парк до Нова Железничка [7] доколку таму го отпишат булеварот, но конечно таквиот Парк на ангро ќе биде користен од сите кои чекаат превоз кај Транспортен Центар ...

веројатно за о.Аеодром во ситни саати некое инстант чаре за набутаните нови комиблокои ет постојните паркилуња да тераат тук таму и скалесто со Дендро Жардињери како би се добило што повеќе Зеленило на дадена затната со бетон Микролокација ...

Edited by Zelenikovo - 07-Jul-2020 at 04:08
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 93
  Quote David Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 07-Jul-2020 at 06:14
Originally posted by carver91

Треба да има герилска акција или барем иницијатива да има повеќе цвеќиња и дрвја на покривите ... започнете со некои студентски домови, побарајте дозвола. Треба да се соочиме со инвеститорите, но истовремено да сториме нешто за да изгледа Скопје поубаво ... особено во нови згради им недостасува цвеќе и мали борови на нивните тераси..засадимо повеќе зимзелени борови и други повеќегодишни дрвца

Извини вака,ама да ставаш цвеќиња и зеленило на распаднати комунистички згради е ко да ти е дупната пола глава а ти да ставаш ханзапласт.
Тоа може да помине во новиве гулабарници во стар аерод. расадник,итн итн...ама оваа твоја идеја сум ја видел и во кафулиња,цел излог посипан со пластични цвеќиња,карши супер тинекс јужен булевар,и во карпош на партизански одреди малку после силбо,дури и во градски ѕид,и можам да ти кажам дека изгледаше траги-комично ама без преудицирање и во вистинска смисла на зборот тажно и смешно во исто време,за жал вистината дека уште живееме(барем според архитектура и изглед на главниот град)во комунизам а ни се сака убаво,фенси,вајби капиталистичко е таа.
Затоа ме нервира ваков муабет да стајме цвеќиња,саксии,да затскриеме,да поминеме поефтино,да затскриеме со чкарт фасада,да исфарбаме....не иде така веќе,луѓево гледаат како е сегде а како е кај нас а одговорот им го дале токму комунистите што во поглед на планирање простор биле светлосни години пред овие шарлатани сега,треба само старото да се замени во ново квалитетно ете да има ќар и инвеститорот повисоко без да се чепка останатиот простор.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5449
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 09-Jul-2020 at 15:10
Во нас.Железара



https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5449
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 12-Jul-2020 at 10:03
Паркот во Мичурин,веќе е во завршна фаза,засадени се некои дрва,игралиштето е завршено останати се некои кабли и инсталации кои деновиве треба да се средат и толку би било...е сега прашање е колку истиот ќе биде одржуван да не биде следното лето да не се познава дека е правено нешто
Неколку денешни фотки









Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1612
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 12-Jul-2020 at 12:12

Со Среќа Игралиштето, Ова Не Ет Парк, освен ако уличнио Дрворед не го сметаат за тоа, може да се каже Паркчина се сега оние малкуте зелени островчина меѓу Згради што се останати, со се’ она Зеленио Појас во Училишнио Двор ...патем зошто не оделе одма со Густи Грмушки по страните навистина не ми е јасно, што очекуваат Народ таму има кај да мрдне, та само од разлетани Топки а не пак Жмурки ова ситнава Зеленика чинам ќе ја сокапаат и пред да се зафати ...

потенцијал за Парк имет до Железничка, она жардињерите кај Плочнико пред Црква да се средат Весело Пејсажно [1] и евентуално кај поранешното игралиште на РК Југ да се испраи нешто ново [2] арно ама за то не се најдвит акал, туку во недоглед те едните те другите игралиштево си го преуредуваат!

којзнае може онаму потего кај Депото на МЖ да го сторат Убав Парк од кој ќе видат Аир и Мичуринци и Рампаџии Киселџани Октомвријци, арно ама и таму пополека е рецнат потег за Комиблокои, бар делот до булеварот сега што е пополнет со то индустриските објекти ...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5449
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 20-Jul-2020 at 12:08
Мичуринци добија урбано место за рекреација за сите генерации.
Покрај зелените површини, паркот има детско игралиште, пешачки патеки со клупи, комбинирано спортско игралиште за рекреација со современа подлога, место за друштвени игри за младите и возрасните, како и вело-сервис и паркиралиште за велосипеди.















https://www.facebook.com/marinzlatko
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1612
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 22-Jul-2020 at 03:00

навидум Убо средено, во секој случај Ново Си Е Ново, само тоа кафезите чинам ќе бидат проблем од аспект на Детска Психологија, иако разбирливо заради паркираните коли наоколу на кои сепак не им е место таму, а дека вака некако ќе се сочува урбаната опрема то тешко! исто не си стаиле прст на Чело во однос оштрите профили по клупите и дали се истите безбедни за Деца да трчаат околу нив ...

... а веројатно најсклет ќе биде што Мичуринци, каде и да ја прават Егејската Василичарска Средба натака, масата Народ утре екстра ќе го сардиса тартанот на игралиштето, макар само Оро заиграле таму ... зошто за ова не ги прашале немам чуено, незнам општинарите дали се свесни дека вака озбилно ќе го ресетираат Единствениот Локален Фестивал новогодишните Мичурински Средби, но тоа посекако ќе биде во една или друга форма случај бар во однос досегашниот тертип ... Но може нарачката за ваква реализација е со умисла т.е. може планирале да бидат славенички Егејци од спунт дислоцирани на Училишното Игралиште како полесно Полиција би го контролирала настанот, но сето ова некако излезе гетоизирачки повеќестрано, кафези од крај до крај, железа по сите страни, Егејци забораени, Гето Бојс исто, а евентуално ќар за фирмата која тартанот би го одржувала натака, која пак кај оној на Детското Игралиште близу Стокомак подоле тро петпарачки спрострила партерно бојата меѓуредои, ајде може остаиле Децата сами да си амортизираат недоносеноста во однос претопите по тамошнио Тартан ...

~

туку да нафрлам од спунт абер ко поука за натака
до што ќе дотерате со Декриминализација на марихуната
што во горнион кафез ќе биде и посеклет доживување за Деца


Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 640
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 22-Jul-2020 at 04:50
95% свашта, 5% парк
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5449
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 31-Jul-2020 at 10:45
При крајот на летото очекуваме пуштање во употреба на Спортско - адреналинскиот парк.
Сите содржини во рамки на паркот се завршени, засадени се и нови дрвја, а поставени се и клупи за седење.





https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.