build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Граѓанска соработка
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Граѓанска соработка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Граѓанска соработка
    Posted: 04-Jul-2018 at 18:44

Во однос Урбаните Прашања добро би било законски да се уредени одредени односи помеѓу Граѓаните и Градежниците но и Институциите, а во овој контекст повод за нишкава ми е несекојдневнанденешна случка која ме натера на размислување која е предноста и кои се ризиците од граѓанска соработка со правни лица кои се дел од Урбаниот Систем вака или онака!

Та да елаборирам деноиве подизведувач на ЕВН поставува кабел на тротоарот до мојот двор, нормално ко и секој македонец одиш им понудуваш помош во форма на кафе вода и слично, бидејќи сме напатени та и знаеме како е кога некој за ич пари а сонцево душа остава за ние нели убо да живејме, јасно попат и да научиш што како се случува оклу тебе но и евентуално да видиш дали нешто можеш да научиш ко лаик во непосредна близина на вични мајстори итн. уште понормално после ваквата комуникација со Мајсторите јасно се стекнува доверба а потем еве тие пазеа да не ми направат штета на инсталациите, а јас пак еве за возврат сега им го пазам скипчето кое ме замолија да го паркираат во дворот за да не биде на улица, со задоволство прифатив оти знам и мене дека утре може ќе треба алат или возило некаде да ми остани на улица та и Слава Богу ват гоус араунд камс ароунд та Фала богу ете имам прилика да добијам ваков бонус ...

Ова пак ме замисли зошто законски не сме упатени на соработка ко Граѓани со Институциите и во однос Градежништвото кое е дел од урбаните прашања т.е. за да и навистина не се случува Механизација да дреме по тротоари како ризик и за Пешаци и за Возила да има обврска да е паркирана на страна, а доколку тоа е приватен имот логично Институцијата заради соработката утре да ви има одреден кредит за таква соработка во форма на некаков бонус, бидејќи конечно денес ретко кој размислва за ват гоус араунд комс ароунд, туку ќе се принуди себеси на соработка доколку има некаков интерес, иако и оние кои се духоносно или етички наштимани јасно имаат исто интерес само не ет опиплив ко кај општинските или државните бенефиции, е сега ова вака доколку некако системски е уредено може да е исчекор токму кон Соживот она утре веќе по навика и без никаков интерес системот да го помагаме граѓански заради поголема безбедност или ефективност, а која може за почеток да е мотивирана со бонус во форма на отпишување наредна паркинг казна или слично!?

Исто не се уредени ни условите во кој случај некој може и смее да помогне изградба на Општествен Проект а што во однос градежништвото е тешка импровизација кај нас, та еве јас и да сакам да помогнам некоја изградба на Црковен Храм или Образовен Објект она што се вели да фрлам некоја лопата за бар утре да се пофалам дека некако и директно сум ја помогнал заедницата а нели доколку не можам тоа да го сторам финансиски, навистина тоа е невозможно ... прво треба јасна регулатива за ваков вид соработка односно чоек да е здрав, што пак се докажува со систематски преглед еднаш годишно што е нели норма за секое претпријатие, а треба да е норма и за секоја социјална установа за да знае кој со какво здравје каков социјален пакет треба да добива, сетне тука е безбедноста на работа, значи ваквите граѓански работни акции да се осигураат од ризици, а да има некој зацртан минимум на неопходни услови, а посетне да постои и назнаква за каков проект какви пофалби или бонуси некој треба да добие ...

Интересно е дека вака треба да размислуваме и во однос Иселеништвото т.е. како да ги мотивираме Иселениците да ја помогнат Матицата а тоа да им е признаено некако пр. финасирал училиште та истото логично носи име или на негово родно место или пак фамилијарна назнака од родниот крај покрај Името на одреден Деец, или пак ако исфинансирал локален Пат за тоа ндиректно да му е заблагодарено преку Паркче и Чешма каде ова ќе биде апострофирано итн. итн. јасно освен Благодарници и Пофалници за по дома ова и слични начини се мотивација и за околината, а дури кога ќе се заситиме од мотивирана филантропија пак нели да се вратиме на слободна нели откако се ќе ни биде помачкано ... јасно ова треба да се уреди со Законот за Одликување но и Законот за Донации, бидејќи Иселениците не можеме да ги ослободиме од данок, сепак мотивација плус за оние помали вложувања би било бонуси во форма на Летен Еду Камп за Иселеничиња, потем ако тоа е заложба на поголема иселеничка група бонус во форма на чартер летна авио линија, а кога ова ќе стане норма пополека ќе дотераме и до нов Иселњнички Френдли Аеродром во Пелагонија кој освен заради поволната ружа на ветрови е погоден за слетување и во најневозможни околности, а би бил добредојден за скопскиот да се растерети од сите оние рефјул гости итн. [1][2] нормално ако крене Аграрот тука бонус ќе биде и каргото под претпоставка дека на светската економија гледаме со розеви очила шала на страна, аеродром и да има и да нема Иселеник што има волја да си дојде Дома нема да му биде мака и од Скопје да трансферира, но посекако ќе му биде мило доколку може некако да помогне на своите Ближни а за тоа да има и увид и отчет и признание ... како до тоа ако не преку исрпна дебата за да се постави модел кој ќе генерира Соживот ...

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Jul-2018 at 15:52

приметив Мајсторите со кои се дружев деноиве законски што правеле ил преправале сетне мора да го оправат во првобитна состојба на тротораите, но бидејќи на едниот дел од тротоарот имаше бекатон а на другиот стар раскршен бетон од 60-ти истиот го бетонираа наново, бидејќи законски ет во каква состојба нашле во таква и да вратат ...

е сега бидејќи тротоарот е во првата улица до меѓуградската станица, а попат пешачки коридор за многу туристи кои одат во оближните Хостели, ако не заради себе заради нив бар хостелиерите би требало ваквите закрпи да ги ресетираат некако уметнички, иако и јас ко непосреден жител заради себе тоа би го сторил та бар со некаков хоризонтален мурал да ги сплотам различните елементи на тротоарот таман малку да прелие муабетот и на бекатонот за да не бидат пак оштро одвоени сегментите ... но се плашам бидејќи ова не ет никако законски уредено, дека за ваква интервенција ќе ме казнат, или пак ко урбана арт герила ако делувам ќе го ископачат стореното, а додека да дочекам општина да го унифицира тротоарот ќе поминат сигурно уште деценија две за некои нови комшии да се чудат од кога и до кога ќе им биде вака ...

можеби општинарите ако излегуваа на увид при секоја инфраструктурна интервенција, сигурно и ќе нашле за сходно пр. во случајов со ЕВН да се договорат додека веќе работат инфраструктурните подизведувачи на еден дел, воедно да го заокружат и другиот сегмент од тротоарот во ист тон ... но бидејќи тоа не е случај та цела о.Аеродром и онаму каде е ново ет закрпено, а не пак тука каде било старо, битно напраено ет перфектно, иако различно ... е сега кога ова би можел и јас во меѓувреме ко такво да го доукрасам та ќе биде и поубаво и бар не толку терсене архи-упадливо него што е сега, мислам не куца магарето од тоа, но ако сака Народ туризам мора и на вакви ситници да внимава! а кога за тоа нема сили или акал општинската администрација зошто тоа да не е дозволемо и сам Народ да го оправа, јасно повторно со некаква општинска или локална акламација од комшилук за да не ги боде очи сетне хоризонтѝалната композиција, која пак ако јавно и заеднички се разработува ќе може да се избегнат несакни мотиви посреди неа, илити пак недоносени предожби, односно логично на вакви места би тѝребало да има апстрактни фолклорни мотиви или пак мозаици, а зошто не и некоја убава мисла или општествена поука како кај оние шаблонските в Белград пишуајте на кирилица ...

http://hative.com/amazing-3d-street-art/





Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Sep-2018 at 01:44

тро офтопик како инстуционална спрега пртестите на Синдикатот на Затворски Командири и ормално екстра полициско обезбедување во однос нивните протести неделава кои ќе одат се до референдумот, многу веројатно како екстра мерка за дупла центарска претпазливост на скопјани, а што би било поука и за сите останати сограѓани како е пожелно да се подражаваат во дадени околности, пример има птреба да се светне туристички метрополата добро е на Комуналец да му се на припомош локални еко здруженија кои би мотивирале членство за чистење ефтини графити пароли ако не склет отпадоци по улици, исто во однос Денои на еу Мобилност при кои бидејќи ЈСП не е во можност да понуди бесплатен јавен превоз може секој еден автомото-сограѓанин да качува комшии попат ако не автостопери накај Центар, исто слично би се помогнале пример и Верниците кои ќе лепнат плакат на врата од влез дека следниот викенд имаат три четири фри седишта за превоз до Црква на Неделна Литургија ...

кога ќе види Чоек простор има во недоглед за да градот почне европски менталитет да полира и пред воопшто официјално да се европеизира, во кј случај и толку нема да паѓаме во транс кога ќе биде тоа та тогаш да почнеме да се помагаме или соработуваме комшиски ако не градски ...

би било убаво за почеток кога за бездомните миленици би можеле ко и за бездомните сограѓани да собираме вишоците храна на едно малџиско место, која некој локален ззолог потем би ја селектирал и раздавал за да не се случувват немили сцени со глутници околу контејнери, на стран болести, а при што нема ни анима-совест да не јаде ако контејнерите се затворени ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Oct-2018 at 15:51
аберов е може поприкладен за нишката Граѓани со посебни потреби но пред се преку овој пост би сакал да укажам кој-зошто-како треба освен државата да им помага на таа категорија сограѓани како општествен приоритет доколку сакаме и да станеме а не само да глумиме хумано општество, заради што прв чекор би било реформа во темелите за најнапред фундаментално се постави цврста насока како до тој плафон на хуманост, а што би значело дека се' додека не е робиен тој плафон кај нас Фондација да не може да се регистрира за никаква помош на ниту еден владин или невладин субјект освен за Програми и Проекти кои ги засегаат директно ризичните или попрво маргиналните категории граѓани, а тоа не се хомичи ниту медиуми уште помалку партиски нов-а, туку сиромашни, неписмени, стари и немоќни, млади и безперспективни, богати искомплексирани односно нивно оревоспитување да не се однесуваат ко аздисани шофери бизнисмени или чаламџии!
________________________________________________________________________

како гостин заглавен во скопската политичка реалност индиректно од позиција на набљудувач, Човек не може а да остане рамнодушен колку процесите се заглавени наоколу во медиокритетот на локалните меритократи без одговорност а власт под пазуви, та и разбирливо се одважува да посочи внимавајте домакини на таквите ентитети да не им дозволите да се одомакинат неограничено! во однос на оваа нишка би рекол формалното и неформалното граѓанско здружување освен козметички ефекти во однос Граѓаните со посебни потреби сега ништо друго на повидок не изнедрува таквата дружба, а што беше пр. највоочливо при последната скопска поплава кога дури и од волонтерската волја на граѓаните да помогнат во инстант зорт околности удбалитичарите и тоа тргнаа да го спинуваат ситнопаланечки [1] по инерција сакајќи да се офајдат во секаков момент пропагандно дури и кога треба Народ да е сплотен а не во смут посреди цела збрка од неспремност и некоординираност помеѓу институциите а не пак ним и граѓаните, сето тоа јасно на фејкбук дозачинето со петпарачки сензационализам како храна за медиумите! тогаш индиректно успеавме на билд да резимираме на што се должи сета опптествена неефективност иако живееме во времиња на брза комуникација и силни алати ем прилики за рандеву меѓу сите институционални оравни и физички лица кои се под заеднички кров во оваа држава [2][3][4][4][5]
_________________________________________________________________________


како спунт за анализа апропо граѓанската волја и административната збунетост како понатака, ќе предочам интересна нова околност која и претходно екологистите ја беа завозеле слично документаристички но и таму удбалитичарите не губеа време да им влетаат во паралелна заседа ко тајмер душегрижници [1] и навистина тоа е чекор напред да за општествените проблеми не чекаат на медиумите да склепаат репортажа туку самите Г.З. ги земаат работите во свои раце

http://scoop.mk/чекор-кон/

та би рекол конечно некој со нов пристап да излезе од ГраЗдру секторот (нееколошки) со видео документарци, но кои склепани за парцијални проекти се како утринска-ухмр-прогноза за користење наочари за сонце при сончев ден, во случајов така ефективноста на проектов чии приоритети се помош на избрана група сос-штитенички заради семејно насилство го потврдува правилото дека се' ова се сведува на полирање имиџ за едикоја скупа фондациска-нво-црпалка која логично за да црпи рка рецепти за едикоја еу агенда, но што наликува попрво на нво џокер за политички брич, со отворени карти само (заради филантропска завршна сметка) како скрининг партија (според мнозина заради рециклирање вишоци од сомнителни фиљантропи) но без разлика на причината за и последиците од отворена агенда, поводот сепак верувам кај многу невладини активисти е да се помогне на заедницата во исто време под предпоставка дека посреди се мотиви и како индивидуална самореализацијз на млад Чоек на повеќе нивоа било академски или волонтерски, што би требало на крај логично да е некаков бонус за лично хуманитарно портфолио за што побогато СиВи ...

впрочем сето ова треба да е координирано законски поозбилно што е возможно доколку има засебно Министерство или пак Агенција за Граѓанска Ссоработка виз Граѓански Здруженија чија форма може да биде формална како нво-а кои сега можат да генерираат и приходи, но и неформална како Месни Заедници или Малџиски Клубови, што за сега е секторски расфрлано по разни Министерства што генерира дисфункционална граѓанска соработка која потем кој како му треба или сака ја користи заради личен наместо колективен интеес, народно речено казани многу црпалки уште повеќе но анџаре за Народ никаде пак сите со празна уста а полни уши, иако реално озбилна пара се фрла на сите невладини кумулативно, колку само камен бадијала е потрошен на промо материјали за да некоја идеја се промовира во општество преку почнат завршен проект за секоја една склет појава а пак на крај никаков ефект, капак многу такви проекти повлекле во аут и време и енергија и средства од страна на Граѓанскиот Сектор а проблеми напротив само се таложат, веројатно парадокс кој е смешно дамсе препише само на алчност, туку попрво на некоординираност!

сега пр. за поука и координација во овој сектор постои само НВО Центар кој треба да ги поучува невладините како да опстојат, тук таму некогаш МЦМС напраиле теоретски предавања за структурно јакнење на нво-а, и јасно фиооСеМ работеле на пребројување подобни либералистичко ориентирани здруженија како би ги вмрежувале за што појако пеглање на општествените прилики за предпристапно компатибилни во однос еа-членство, реално ефекти имало посекако но бидејќи и НВО-ата се од затворен тип бетер и од фондациите та и политичките партии, та не само што немаат е-Форум како транспарентна алатка за да се види каде и како се разработуваат проекти за секој да може да се поучува во иднина, та и она што го имаат кога некој Претседател или Секретар си замине си го носи како материјал на чување дома, а неретко бидејќи таквите ги канат по еу на гостувања та ако подостанат таму што неретко е случај материјалите од проектите скиткаат низ други држави а иако сработени за и тука ги нема никаде по дома, што пак укажува колку недостасува озбилна ЗАКОНСКА РАМКА освен НВО-Агенција во која ќе се уреди добрата канцелариска пракса која на секој Граѓанин би му била достапна ако не за поука за споредба во однос своите идеи проекти и ефекти на грашанско делување!

исто како што екологистите при ДЕМ имаат републички еко чадор кој ги обединува сите еколошки друштва та гледа да ги скенира ако не може да ги координира, така чинам треба во секоја област да се дефинира при една таква НВО-Агенција ако не Министерство да има Сектори кои ќе ја впрегнат соработката меѓу формалните и неформалните грашански тајфи на сите нивоа, во исто време доколку тие издејствуваат државен тв канал лесно ќе се анулираат губење во празно средства за промоција на проекти, неретко и до 20/30% од финансиската конструкција, а што и законски треба да се регулира за да нема простор за од спунт донациско перење пари, нели ко што знаат да дадат на своја печатница тираж за промо-буклети ко за во држава со султански стандард, што пак би било паметно доколку таквата Агенција има своја Печатница да бидат и законски обврзани Граѓанските Здруженија да мораат про материјалот да го печатат таму, а логично онуе кои имаат поголемо активно членство што би ае констатирало преку нивни законски задолжителен е-Форум т.е. тој активизам би бил лесно воочлив во однос јавната дебата апропо проектите така и би се рангирале кое нво од кој сектор би имало предност та дури и државата да застане зад него со дополнително промо доколку има потреба или интерес заедницата за соодветни абери та по ЈСП пуштат по некоја реклама низ град да шетка, илити на административните возила лепнуваат институциите соодветни банери како би укажале дека дѐден меаец сите сограѓани се упатени на промовирање граѓанска идеја која има корисни поуки, илити доколку ги засега младите некој сличен проект ето сите училишта со се нивните превозници развиорат истоветна боја како младите би ги фокусирале на граѓанската волја од дадена иницијатива за истата да биде поефективна пр. сподели ужинка ако имаш со оној кој нема, учејќи ги да бидат хумани дури и во вакви времиња кога повеќето едвај за себе имаат, нели ужинка е и Убавиот Збор Песна Молитва, зар очекувате на емпатија фејкбук кабловска или малџии ќе ги научат!? конечно за да е-форумите станат плодоносна реалност, треба и едукативна стручна спрема за Модератори и Администратори кои законски би биле обврска за секој е-форум дали институционален или невладин, а паметно би било и во училиштата да има часови ако не предмет по дебатирање како би се подготвувале децата со време кога ќе влетаат на подиум да си остават цокулите дома за да не пропаднат сите ако некој почне да скока, уште повеќе бидејќи дебатите по е-форуми трае конзистентно и долгорочно ем сето тоа е архивирано за разлика од оние на трибини медиуми или социјални мрежи кои во најдобар случај се чалам на керамиди со сеир на оџачар кои трајат низ ухмр призма на страна што нема каде истте да се рефрешираат ни ко видео а уште помалку пишан абер за да Чоек се потсети каде застанал муабетот откако разни оптичари ве дефокусирале во меѓувреме додека сте растрчани по чатии притоа многу така лизнувајќи се та од гнев да почнат да кршат керамиди или кровои оти не биле дообјаснети дослушани разбрани елоквентно наштимани, со еден збор ДРЕН за запушените граѓански артерии кои денес ви ги отпушуваат преку новинарски чекмеџиња удаблитичарски факири, аирлија на паметот ако мислите дека аир така некогаш ко општество ќе видите!

Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.