build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми > Наука и технологија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделие и рурален живот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 24-Jun-2015 at 19:31


знаејки го добро овој крај можам само да кажам дека сега е последниот миг за нешто и да се спаси, иако многу што има заминато курбан

рецензија на книгата "селските населби и куќи во Потпелистерието - културно наследство на Битолско-преспанскиот регион" - http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_14/63

Прво валоризација, па развој на руралниот туризам

Заштитата на традиционалните селски куќи и амбиенти е првиот чекор кон заштитата на културното наследство

Битола - Без валоризација нема развој на руралниот туризам во државата. Ова е само една од поентите во книгата „Селските населби и куќи во Потпелистерието - културно наследство на Битолско-преспанскиот регион“. Дури 39 села во Потпелистерието во Битолскиот и Преспанскиот регион беа цел на анализа на архитекти од Заводот и музеј Битола и голем број надворешни соработници. Испитувањето правено во период над 4 години е преточено во магистерскиот труд на Викторија Момева- Алтипармакова, архитект во Завод и музеј Битола. 

„Предмет на истражување беа новите селски населби, како географски, руристички и социо-културни целини. Исто така и традиционалната селска куќа, како културно наследство и економски ресурс“, вели Момева- Алтипармакова.

Еден дел од книгата е посветен на анализите за можноста за заштита и употреба на традиционалните селски куќи и традиционалните амбиенти со што ќе придонесе за подигање на свеста и кај професионалците и кај пошироката јавност за значењето и заштитата на културното наследство, како и за развој на туристичка географија.

„Едно од министерствата неодамна распиша конкурс за доделување субвенции за градење туристички капацитети од 20 до 70 легла. Кога го слушнав тоа многу се загрижив. Зошто некое министерство не доделува средства за заштита, адаптација, реставрација на старите селски куќи, старите школи, напуштените домови на култура кои се наоѓаат во селските средини“, вели Момева-Алтипармакова.

Во изминатиот период значајни објекти по селата во регионот се изложени на кражби и уништувања. „Заштитата во ваквите средини треба да биде сведена под атрибутот активна заштита, значи можностите што ги дава, пред се' туризмот во таквите средини. Штом имате валоризација, знаете кои се објектите, каде има можности за имплементација на туристички активности“, вели Сашо Коруновски, декан на Факултетот за туризам од Охрид.

Како главен предуслов за развој на руралниот туризам мора да биде постоење на активно локално население, кое треба да биде и соодветно едуцирано.

„Почетен поим во руралниот туризам е селските населби да имаат население. Значи, не можеме да ги земеме хотелиерите од Битола или од Охрид и да ги однесеме таму. Но и населението не е секогаш едуцирано за тоа што значи рурален туризам, што бара гостинот, точно да знае кои се нормативите, кои се хигиенските услови, колку време треба да се посвети на гостинот, како треба да му се задоволат барањата“, вели Коруновски.

Покрај едукацијата на локалното население треба да се развие и широк кластерски концепт, каде што секој точно ќе си ја знае својата улога. Мора да земат учество и локалната самоуправа, Заводот и музеј и соодветните државни институции, бизнис-секторот. Само на ваков начин, а не инцидентно и изолирано овој вид туризам може да донесе успешен развој на руралните средини.

„И на крај производите од руралниот туризам треба да се понудат на пазарот преку туристичките агенции“, вели Коруновски. (А.Б.)

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=88FF88795AB2E447A308D89D7E1DE53B&commentID=554891&pLikeVote=0

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 25-Jun-2015 at 22:33


многу куќи се и на иселеници, а кои неможат, несакаат или незнаат како да интервенираат за да ги сочуваат своите огништа, можеби преку амбасадите треба да се спроведе иницијатива за иселениците самоиницијативно или во ипард-кластер да бараат некој кој би им ги изнајмил куќите проформа на 10 год. - еден од условите кој го бара државата за да одобри 50% ипард кофинансирање за туристичка обнова, а ова претпоставувам би повлекло и поголем интерес за рурална реемиграција

ова е уште еден рецепт, освен оној социјалниот предочен погоре, единствен зијан е доколку реемигрантите кренат раце предвреме, а што би се компензирало со нови заинтересирани домакини, а може и сите ослободени а обновени вакви објекти да прејдат во раце на општината која потем туристички би ги опслужувала, но тоа и некое министерство да го контролира бар електронски како не би заминал муабетот во општонароден куплерај

за кај нас додека помасовно да повлече нога руралниот туризам, само вакви државни интервенции се шанса за масовно да се обнова селата, со тоа и наталитетот и вработеноста, инаку ретко се наоѓа домакин кој би се одлучил да префрли рурално а не па туристички, ко во случајот со фГ од Оморани или Пеце од Дихово

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=373&PID=144237#144237 

успат веројатно ќе треба кофинансирање и за типизирана македонска градина [1] бидејки нашите современи импровизацииве не се ни за во луна парк

може сите чекаат да влеземе во ЕУ па таму да се надеваат и на 80% поврат преку leader програмата [1] само што до тогаш и ЕУ и ипард ќе заминат курбан, а селски туризам сетне ќе тера народ во колиби од плитар, иако и сега истите можат да послужат балирана алтернатива или надополна на камените ѕидини кои вирејат по селава

штета и скопско се' се поштомдоса, сите села здраво ги избетонираа, тук таму што ќе се најде по некоја куќа под скопска црна гора или караџица, можеби се што е рурален предел да биде условено бар во долниот дел да мора да биде камена градба за да се добие градежна дозвола, нормално без предиспозиции каков камен и како истиот да се нареди со оглед дека тоа не би било туристички кофинансирана интервенција, а во кој случај сигурно многу би оделе со фасаден камен за да исполнат норма, но и тоа е доволно за колку толку да се врати каква таква изворност по селата


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 28-Aug-2015 at 15:15


дефинтивно имаме примери од кого да се поучиме како и зошто државата да ги откупи запуштените селски куќи, примерот со Војводина, иако и таму не ми се верува дека ќе се досетеле на вакво решение да не им беа српските избеглици од Славонија и Краина кои денес се гетоизирани подстанарски по градовите Besplatna kuća za one koji žele da se vrate na selo [1

~

вакво нешто веројатно ќе мора и да се изрекетира од народните избраници, со оглед дека е преголем залак за грото од нив, а и оние кои би се одважиле да думаат во овој правец брзо ќе сконтаат дека ова ќе повлече екстра интерес кај масати а со тоа и енормен процес за менаџирање
 бреј ние од историски објекти не правиме бренд а не пак од нечии заборавени иселенички руини, бар да направеаа за најбитните рурални експонати некоја приоритетна а јавна листа, на која и во приватна режија некој би се нафатил да обновува, јасно претходно би требало да се истера национализација заради небрежност на старите сопственици 




~

но и на поклон да му дадат некому и' земја и' куќа, доколку тој некој не е психички и умствено подготвен за транзиција чинам ефектот во најдобар случај ќе биде млак, та секој кој би сакал да скубне од град треба час поскоро да се аклиматизира на идејата дека тоа е активен живот кој освен кондиција бара и фокус, односно умствено човек да се поткова со инфо бар околу календарските амплитуди за Земјо-Делие [1] воопшто да знае дека уште во февруари почнува активно да се обработува и оплодува земјата, а што било типично и во антиката [2] односно психички така речи да е нафуран на рано будење но и ран пролетен импулс, по едно срце да остава днвено на нива, пчеларник ил шума

дефинитивно не е на одмет да има и мотивациони центри во секоја реемигрантска општина која би ја склепала власта, можеби со био-агитпроп бреинвошинг сред селски амам или солена соба, а за жените масажен салон или педикир до воденица шала на страна но ваквите реемигранти би требало особено да се стимулирани на кооперативен табиет, а за сето ова да биде самоодржливо како идеја, утре наместо полураспаднатите а национализирани страи камени куќи да ги обновува државата со слободна работна сила, истото може и треба да го протурка со раја осудена за лесна робија налик резерват за рехабилитација и ресоцијализација за сите кои не сакаат да дремат в 4 ѕида, особено оние кои имаат услови за амнестија, или пак не им се мети в град  заради гордост и срам а би биле волни да ревитализираат села, во кои патем утре би им било дозволено и бесплатно да престојуваат туристички бар еднаш годишно да можат да бидат наградени рурално туристички за својата ангарија, брек народ би се мотивирал на и доброволно на престапи, ајде педолошки бенефит за сите што се општествено маргинализирани, само да се внимава вакват спона утре да не пројде во маоистички ил сталинистички урбани логори кои би ја крепеле државната инфраструктура, она цел овој потфат да биде доброволен, хм сигурно ви делува утопистички, но лично попрво би кренал три крова него да исчистам една градска улица доколку морам и не заради нешто др4уго него чистиот планински воздух наспроти ова градската пм-ка

 




Edited by Max - 05-Jan-2016 at 15:48
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 28-Aug-2015 at 22:11


филмот Мис Стон ќе да не е сниман автентично со ниедна сцена во село Ратево, бар од она што можам да препознаам се работи за Бистра, Мариово и Охридско, а од последниот регион веројатно тоа е Пештани

http://www.maccinema.com/Catalog.aspx?p=73

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 05-Sep-2015 at 08:33


иако по селата има доста уникатна традиционална градба, чинам само онаа извиканата по градовите е конзервирана, ко примерите по Охрид или пак оние пд Велес [1][2][3] дури велешките се можеби најуникатни со оглед дека се во срцето на вардарска Македонија, камо да не беа осамени реликти туку дел од урбани јадра, но и ко такви се невообичаено привлечни заради фракталниот амбиент на летачки чардаци, еркери и кровои, карактеристика за цела автохтона архитектура в географска Македонија [1][2][3]

туку кај јужниот влез на Велес вчера на враќање од автобус заприметив интересна куќа крај пругата, долниот дел од камен а горниот гредова дрвена конструкција но без исполна во ѕидовите, гредите беа црни та веројатно истите се од импрегниран даб, можеби ја реновираа незнам, но навистина интересно делуваше куќата ко приземна со голем отворен трем на спратот, што би рекле малџиски со печурка на чатија

вакво нешто сакав и сеуште сакам да направам ко видиковец врз стара плевна в село, на која еден ѕид е сочуван, на кој би врзал дрвена конструкција со балирана слама исполна, а горе би пуштил отворен чардак, но веројатно идејава нема да дочека бел ден бидејки ѕидот веќе почна да попушта та не само што веќе е раслабен туку би требало да се преѕида, а мислев да го врзам само со бетонски појас одозгора [1] но сега не само што е касно за тоа туку и да го преѕида мајстор за камен истиот, посекако нема со вар и глина, туку со цемент и песок ќе го крева, што поприлично ќе ја изремети изворната атмосфера, макар на многу и таа не им е битна само за да ја фтасаат панорамата во случајов кон Пелистер


Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 06-Sep-2015 at 16:19



изворна градба на овие простори без јаткасто овоштие у околина е невозможна сцена, најчесто Ореви и Костени а во последно време се почесто и Лешници таман есенва им е бербата

инаку поисплатлива плантажа од јаткастиве мислам здравје, ем тоа лушпите можат дополнително да им се искористат као биомаса за загревање, зимзелена самоодржливост, доволно исплатлива и ко украсно а не па плантажно дрво, зависи само за која сорта чоек има трпение [1] ем со овие цени кои сега ги држат јаткастиве веројатно и најдоходовна долгорочна инвестиција потпрена на далеку помалку труд него останатите овоштија
математиката вели дека на 1 хектар одат минимум 500 дрва (од 2 до 10 евра расад) според итаљанскиве норми од видеово, иако и дупло односно погусто да бидат насадени лешниците не би имале зијан само ќе се ќари на системот за наводнување 16 ден метар x 2км = 500 евра плус 2 ден капалка, та со скромна инвестиција се крева за почеток супер плантажа, подобро него да зароби чоек каменот во некој стан од кој ќе вади смешна кирија, за ќарот не ми се дума но ко ден е јасно дека е загарантиран [1] ако не удри мраз или град годината


http://www.poljoberza.net/AutorskiTekstoviJedan.aspx?ime=V001_1.htm&autor=18

http://poljoinfo.com/showthread.php?173-Leska-op%C5%A1ta-tema

http://www.oregonhazelnuts.org/growers-corner/grower-handbook/

https://en.wikipedia.org/wiki/Hazelnut#cite_ref-11




http://www.agroklub.com/vocarstvo/ljesnjaci-i-bobicasto-voce-najisplativiji/20316/

http://www.svetbiljaka.com/Forums/viewtopic/t=568/

[1] - Lešnik Tonda Đentile dela Lange - Vrlo rana i rodna sorta (sazreva sredinom avgusta), srednje bujna, otporna na zimske mrazeve. Plod je serednje krupan (2,5 g). Dobar oprašivač je 'Romana'



~

уште ако затера човек со црн тартуф меѓу корења па да ужива во мултитаскинг сред плантажен симбионт од фунги и јатки

[1] http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=142024#142024 [1][2][3]



Edited by Max - 04-May-2016 at 09:40
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 07-Sep-2015 at 07:08



есапот од последново видео е тро претеран, бидејки за 5 илјади евра еден хектар не се решава толку лесно, но има и побетер вториот текст во постов каде 1ха вели кревале за 2к евра и тоа со 100 прачки сигурно худини им е сметководител, но настрана почетните никој не остава простор и за останати трошоци, примарни ко алкализација на почва зависно од сортата [1] или секундарни ко трчање од-до насад, осигурување или оградување ~ евентуално пазач у комшии хм за 1к евра годишно нема подобра полиса од верен комшија

01.06.2015 - ЛЕШНИК БИЗНИС: Цената порасна, производителите тријат раце!

Цената на лешниците изминатиов период порасна речиси двојно. Ако пред неколку месеци килограм лешници чинеше 650 до 750 денари, сега еден килограм лешник се продава по цена и од 1.500 денари. Производителите на лешници и трговците велат дека причината за порастот на цената на лешниците е намалениот род во земјите од каде што Македонија увезува лешници.
-Цената во малопродажба драстично се зголеми бидејќи ланската година Турција се соочи со елементарни непогоди, имаше поплави и мразеви, што лошо влијае врз производството. Инаку Турција е најголемиот производител на лешник и ја снабдува цела Европа. Се надеваме цената ќе се стабилизира и дека годинава Турција нема да има проблеми со родот од лешници, вели Сашо Крстевски, производител на лешници и застапник за садници за лешници од сортата“TONDA GENTILLE DELLA LANGE”.

И додека потрошувачите реагираат на зголемената цена на лешникот, за производителите е добредојдена. Паралалено со малопродажната цена згелемена е и откупната на цена на лешниците, што го прави овој бизнис се попрофитабилен.
„Зголемување има и на откупната цена на лешниците. Така нашата сорта “TONDA GENTILLE DELLA LANGE”, за разлика од ланската година кога се откупуваше по цена од 3 евра, сега откупната цена е 5 евра за некршен, а 10 евра кршен лешник. Овој бизнис во Македонија од година во година станува се по атрактивен, засега во земјава имаме посадено од наши кооперанти некаде околу 300 хекатри. Ланската година се засадија околу 100 хекатри нови садници, кои се добар раст по хектаража за една година,“ вели Крстевски.

Каде е Македонија во производството на лешници?

Македонија има почвени и климатски услови за садење лешници. Сега лешниците што се продаваат во земјава се увезуваат од Турција, Шпанија и Грција. Но во последно време производството на лешници во земјава станува се поатрактивен агробизнис. Земјоделците се повеќе се интересираат за начинот на производство, набавката на садници, производствените трошоци и нормално заработката. Оние кои веќе се зафатиле со овој бизнис велат дека ако сериозно се посветите на производството, пласманот од лешници носи солидни приходи. Минатата година италијански агрономи ги посетија македонските садниците со лешници од сортата TONDA GENTILLE DELLA LANGE од која се прави и познатиот чоколаден крем Нутела.
Се работи за сорта од која што се прави познатиот чоколаден крем Нутела. Единствениот застапник за садниците од оваа сорта во земјава Сашо Крстевски, вели претставниците од италијанската компанија “Nutela Ferrero”, за сите земјоделци што ќе се заинтересираат да подигнат садници со оваа сорта на лешници, нудат договор за загарантиран откуп и едукација за одгледување на садниците. Претставниците од компанијата “Nutela Ferrero”, деновиве повторно ќе дојдат во земјава со цел да ги советуваат земјоделците како правилно да ги произведуваат лешниците.

   Деновиве ги очекувам да пристигнат италијанските агрономи со кои ќе одиме во обиколка низ Македонија за да видиме како напредуваат садниците и да ги советуваме нашите клиенти совети како да правилно да ги одгледуваат своите насади, а и воедно да ја комплетираме цената на годинешниот саден материјал. Мојот насад од 2 хектари кој е во 3-та година е во одлична кондиција, во рана пролет беше агрономот од Италија кој ме советуваше како правилно да ги окроиме дрвцата, бидејќи годинава им е главниот процес на кроење, и од година би требале да очекуваме околу 1 килограм по стебло. Инаку според италијанските агрономи 7-та година е најпрофитабилна, кога од 1 хектар има производство од 2 тона, што е доказ за профитабилноста на бизнисот со лешници. Сакам да им порачам на сите идни земјоделци кое ќе се одлучат за овој бизнис дека имаме навистина стручен тим од агроном од Италија, што не прати од самото садење па се до берба. Од наредниве денови правам резервација на садници за годинешното садење за во есен, и кој е заинтересиран слободно може да ме контактира на телефонскиот број 075/240-925, вели Крстевски.

Математиката покажува дека инвестицијата би чинела 2.500 евра, но како што велат упатените во овој агробизнис, се враќа за две до три години.
Еве колку пари и за што ви се потребни при подигањето на насадите со лешници:
600 садници = 1.800 евра
За риголовање =350 евра
За ископување на дупки =200 евра
Прегорено ѓубре =50 евра
Работници =100 евра

Во Италија, земјата на чоколадниот крем Нутела, се засадени огромни површини под ова јаткасто овошје. Поради големата побарувачка постои недостаток од лешник и увезуваат од Чиле, Аргентина и други подалечни земји, за што пак имаат огромни трошоци. Затоа и Македонија, Италијанците ја сметаат за поатрактивна, бидејќи пресметале дека ако од кај нас го откупуваат лешникот, ќе имаат помали транспортни трошоци, што пак им оди во прилог на сите заинтересирани земјоделци од Македонија кои сакаат да отпочнат сопствен семеен агробизнис.

http://faktor.mk/2015/06/01/leshnik-biznis-tsenata-porasna-proizvoditelite-trijat-ratse/

11.08.2013 - Македонци произведуваат лешник за познатиот Нутела крем

Производството на лешници во земјава станува се поатрактивен агробизнис. Земјоделците се повеќе се интересираат за начинот на производство, набавката на садници, производствените трошоци и нормално заработката. Оние кои веќе се зафатиле со овој бизнис велат дека ако сериозно се посветите на производството, пласманот од лешници носи солидни приходи.

Сашо Крстевски од Скопје веќе втора година одгледува лешници. Почнал со 1.000 садници на површина од два хектари. Садниците ги набавил од Италија.
– Идејата за одгледување на лешници ја добив од роднини и пријатели кои што живеат и работат во Италија, а кои исто така се занимаваат со одгледување на лешници. Еден садник чини 3 евра (садникот е сертифициран за субвенции) и го набавив од Италија, вели Крстевски.

Лешникот цвета доста рано напролет, пред да разлиста. Се сади во доцна есен односно од 20 ноември до 10 декември. Садникот е едногодишен и истиот треба да пророди после втората година откако е засаден , а од 3-4 година ќе почне да го зголемува капацитетот на раѓање. Лешникот се бере еднаш во годината во Септември или Октомври. Најважно при подигнувањето на насад со лешници е изборот на сортата. Упатените во бизнисот велат дека треба да се одбере сорта која што при одгледувањето ќе бара минимум трошоци и ќе е барана на светските пазари. Засега таква сорта е италјанската Тонда џентиле де ла ланге, која се користи за производство на светски познатиот крем Нутела. Отпорна е на зимски мразеви и е многу родна и погодна за производство на македонско тло. Оваа сорта ја произведува и Крстевски, кој вели дека за разлика од другите сорти кои треба рачно да се собираат за што е потрбна дополнителна работна сила, оваа сорта паѓа од дрвото со едно протресување.

-Имам склучено договор со загарантиран откуп во Италија за фабриката Фереро, бидејки од оваа сорта Тонда џентиле де ла ланге се произведува Нутела кремот. Откупната цена зависи од берзата, моменталната цена на лупениот лешник е 5 евра, а на нелупениот е 2,5 евра за килограм.

За почеток за една солидна заработувачка и рентабилно производство, секој почетник би требало да започне со околу 1.000 садници. Еве како изгледа математиката на Крстевски и зошто лешникот е исплалтлив агробизнис:
-Овој семеен бизнис е и тоа како е исплатлив. Една проста матаматика, имам 1000 садници помножено со 10 евра од дрво е еднакво на 10 000 евра, а за мене таа цифра е задоволителна. Инвестицијата за 2 хектари мене ме чинеше околу 11 000 евра, со тоа што јас буквално немав ништо, почнав се од почеток, земав државно земјиште под концесија од 30 години, бидејки немав вода морав да бушам вода, пумпата за вадење вода е прилично скапа, немам никаква механизација за обработка на нивите, насадот ме чинеше 3000 евра. Но, се ова   што досега сум го вложил ке ми се врати за 2-3 години, бидејќи лешникот држи добра цена и што е најважно е баран на странските пазари, објаснува Крстевски.
Токму затоа интересот од година во година расте. Италјанската компанија со која што соработува Крстевски, го овластила да биде нивни преставник за саден материјал во Македонија.

-Мислам дека во последниве неколку години има голем интерес за производство и одгледување на лешници. Откако Италијанците ме овластија за преставник во земјава, многу луѓе ми се јавуваат и сакаат да набават садници. Моите планови за понатаму се да засадам уште 3 хектари и со вкупно 5 хектари мислам дека ќе имам еден солиден бизнис за нашето семејство, вели Крстевски.

Најголем производител на лешници е Италија, Турција, Италија, Грција и САД се најголемите производители на лешници. Сепак лидер во ова производство е Италија. Лешникот е дрво кое живее од 70-100 години, а раѓаат плод раѓаат од 50-70 години. Според стручната литература, во полн род од едно стебло се добиваат 8-12 килограми. Во зависност од формирањето на круната, густината на садење, староста, сортата и агротехничките мерки, лешникот има род од 2,2 тона па до 3,6 тони по хектар.

Проект за производство на лешници во источна Македонија

Кон крајот на минатиот месец земјоделците од источна Македонија се запознаа со проектот „Лешник во Македонија“ кој е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тогаш експертите од проектот посочија дека за помал насад и ако не се почнува од нула, инвестиција по хектар изнесува 2.500 евра, a се однесува за околу 50 садници за еден хектар површина, за што се потребни и 800 евра за обработка на почвата, сума која се рефундира преку субвенциите на Владата. Италијанските експерти кои беа повикани за проектот, им го објаснија на земјоделците начинот на производство на лешници и бенефитот, бидејќи потребите на кондиторската индустрија за овој производ растат секојдневно.

http://faktor.mk/2013/08/11/makedonija-proizveduva-leshnik-za-poznatiot-nutela-krem/
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 24-Sep-2015 at 20:10
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 24-Sep-2015 at 22:50
Макс, кажи ако имаш искуство како оваа процедура да ја искористам на врста на орев што ја имам јас, а мислам дека ја нема друг никој(освен ако не зел од кај мене за да расади). оревот е многу голем, јатката е полна внатре и лесно се крши дури и со една рака. Но мана на оваа сорта е што многу често промрзнува ако има ладни денови напролет(лута роса). годинава на пример немам никаков род, за разлика од другите кои имаат други сорти кај кој родот се спаси од утринските мразови

Edited by gjoko - 24-Sep-2015 at 22:50
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 25-Sep-2015 at 03:50


Мах од ореи и костени има абер само на трпеза, и тук таму по некоја масовна берба на село, на што првпат се соочив со моментот како брзо да сотреш 100 кила орев нели лупен носи дупло цена, но иако има автоматски решенија ова аналогнава направија ми е хит

може ако дрвото ти е младо па да го пресадиш во заветрина па така да куртулиш, а доколку имаш цела плантажа само загревање ќе да му е мајката, можеби и ова фората со одложено вегетирање преку кречење на дрвата во кој случај подобро е засенување на овоштарникот ко опција додека да пројдат мразовите, ајде глобално затоплување и се е можно, во секој случај вреди човек да се позамара за да најде чаре за пролетните мразови, особено за ореите што да кажам ретко кое дрво има волку уникатен табиет да - плодовите му се полни Ом3 волја [1] a форма на мозок, ем стеблото универзална дендро мистика [2] додека листовите отровна есенција [3]

http://pinova.hr/hr_HR/baza-znanja/vocarstvo/agrotehnika-vocnjaka/zastita-vocaka-od-niskih-temperatura

Do not plant walnut trees in known frost pockets - http://www.na.fs.fed.us/spfo/pubs/howtos/ht_walnut/other.htm

~

веројатно ореви полесно се тимарат и даваат поголем род, но бадемите мислам се без конкуренција, веројатно најкорисни од сите јаткасти овошки иако лушпата им е склет додека изобилството аминокиселините најдобро се искористуваат тек доколку плодовите се изртат или бар накиснат некое време во вода ... еве добра визуелна споредба по кој редослед би кренал јаткаста градина [1]

~

туку од креативност никогаш доста бар за оние кои имаат инспирација, ето склепале и дендро гоа-транс

http://www.epicurious.com/archive/chefsexperts/interviews/sam-van-aken-interview

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1933
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 10-Oct-2015 at 17:00
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 10-Oct-2015 at 18:46
фино
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 16-Oct-2015 at 23:57
Originally posted by Max



дефинтивно имаме примери од кого да се поучиме како и зошто државата да ги откупи запуштените селски куќи, примерот со Војводина, иако и таму не ми се верува дека ќе се досетеле на вакво решение да не им беа српските избеглици од Славонија и Краина кои денес се гетоизирани подстанарски по градовите Besplatna kuća za one koji žele da se vrate na selo [1

~

вакво нешто веројатно ќе мора и да се изрекетира од народните избраници, со оглед дека е преголем залак за грото од нив, а и оние кои би се одважиле да думаат во овој правец брзо ќе сконтаат дека ова ќе повлече екстра интерес кај масати а со тоа и енормен процес за менаџирање
 

бреј ние од историски објекти не правиме бренд а не пак од нечии заборавени иселенички руини, бар да направеаа за најбитните рурални експонати некоја приоритетна а јавна листа, на која и во приватна режија некој би се нафатил да обновува, јасно претходно би требало да се истера национализација заради небрежност на старите сопственици 






Кај нас буквално градовите се празнат, а не пак селата да заживуваат.

Не е толку национализацијата проблем колку што е проблемот дека просечниот Македонец не сака да живее на село. Единствени села во Македонија коишто се градат редовно и се живи се албанските, турските и торбешките. Кај нив на секој агол гледаш нови печалбарски куќи. Ние сеуште се воспитуваме дека треба државна цицка да не храни цел живот. Земјоделска држава, а сите начукани во државна администрација.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 12-Feb-2016 at 23:43



нашите печалбари ретко да имаат чалам за в родниот крај, просто веќе не сме толку патријархално расположени ко останатите етникуми, но со дна поозбилна светска економска криза ваквиот однос в миг ке се смени, а тогаш оние кои немаат бар бекдор овоштарник ке чешаат тоа глата по печурки и полжаи макар биле претходно и аристократски нафатирани

но да не е без ич и' државата декларативно се залага за рурална реемиграција преку тоа ипард морковите од еу, а од 2012 има и една линија за млади земјоделци, до душа линијата на шкрги со буџет од милион евра, но ако за 200к расте годишно истата, за една деценија може да дотераме до едно ново село реемигранти  затоа пак се стимулира озбилно тоа урбаното гетоизирање [1]  

да не мрчам ама се додека не се стокми рурална програма за млади со буџет од 100 милиони евра минимум, од вакви иницијативи фајде ќе имаат претежно новинарските рубрики и предизборните кампањи... а со таков буџет комотно можат да стокмат и едно министерство за рурална реемиграција во кое би се разработиле заедно со универзитетите неопходни стратегии и проекти, потпрени на едукативни центри, заеднички машински кругови, обова на запустени села итн. се она што претходно го наведувам како најисплатливо решениее за реемиграција, за жал ние сме на такво дереџе, да како заедница од услови се имаме, но не знаеме да се организираме та многу би ни позавиделе и на екстра чистиот воздух, земја и вода, а многу од третиот свет и на техничките прилики кои пак доколку сме здружени здраво, би не дотерале и до екстра вработеност ако не социјална сигурност за сите со поплиток џеб, нешто налик комуни ко Кибуците

ке биде маркетинг фора да охрабруваат млади и за хидропоникс проекти, особено за места со терсене почва, или затворен луп систем од рибник и хидропоникс насади [1] налик предност за оние кои имаат агро и еко иновативност во проектите

10.000 ЕВРА ЗА МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Поучени од минатата година и поради се поголемиот интерес кај младите да се занимаваат со земјоделие, и оваа година предвидовме износ од околу 1 милион евра за младите земјоделци. Огласот излегува утре, за користење на средства од програмата 2016 година. Ќе аплицираат сите кои ќе имаат бизнис план, програма. За реализација на инвестиција до 10.000 евра неповратни средства е нашата поддршка. Интересот е огромен, заради тоа што лани имаме исплатено околу 45 милиони денари. Интересот беше голем и од 143 апликации, 134 се одобрени, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Средствата, објасни тој се исплаќаат по реализацијата на бизнис планот. За оваа мерка може да аплицираат сите заинтересирани лица кои до моментот на поднесување на апликацијата немаат навршено 40 години.

http://zurnal.net/?p=14625

несакам да звучам песимистички, но со толку мал буџет, ова делува строго ко партиска мерка, а друга ситнопаланечка гачка која би ја посочил е стимулирање на индивидуална механизација кај земјоделците, наместо да ги форсираат машинските кругови и тоа на локално а не на општинско ниво, доколку воопшто сакаме да дотераме со лезет до екстра кластери и воопшто самоодржливо здружување

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 15-Feb-2016 at 12:12



ко за споредба

http://www.ceja.eu/young-farmers-eu/

кога би стигнале на ниво на европскиот просек за млади фармери, сигурно ко држава и ќе сочуваме наталитет, веројатно нај-анти-печалбарска програма од сите програми кои би ги промовирала државата е овој, та секому а не само на регистрираните млади земјоделци да им кофинансира државата по еден пчеларник посекако социјалниот проблем долгорочно би се надминал, хм со 15 до 30 сандуци пчели една фамилија може убаво да си разблажи животот,  културно речено, пчеларење не е за дустабанлии, но и ним нема да им пречи да си намакаат прстите во кошница

интересно скоро чув за најмедоносни треви, а ко што вели последниот пасус о доле цитираниот текст воедно се и субвенционирани, ех кога истите би се искомбинирале со некој коров ко дивиот коноп сигурно ке дотераме и до хај мед а доколку се зафати некое вкрстување со булките сигурно и опиен мед би добиле

Еспарзета (Onobrychis viciifolia)  за нектар и Фацелија (Phacelia tanacetifolia)  за полен - http://www.semenabg.com/bg/product/esparzeta-1675

и ајде стационирано пчеларење, него нека дадат субвенции и за мобилното пчеларење, бар нека скинат царина за пчеларски приколки

до скоро кај нас подвижното пчеларење беше мит, но пополека народ се аклиматизира на идејата дека може да тера медоносен туризам колку откачена појава во однос самите пчелите и нивниот природен начин на живот, но култивирањето како човекова особина нели нема крај, та не ме чуди на крај да дотераме и до скроз дигитализиран мед од дроид пчели, па кога можат луѓе да реметат генетско-технолошки што пак инсекти, да ни зујат медоносни бумбари и лептири додека кошницата со квадрикоптер секоја недела менува шуми и полјани

http://www.agrodan.rs/vesti/pcelarstvo/mobilno-pcelarstvo_30586.html#.VsFBlOXw2So

нашите пчелари сé уште не практикуваат т.н. мобилно пчеларење, што ќе рече, пчелите-трудбенички се носат на пасење онаму каде што има ливади. И, од таквото номадско пчеларство, секој еден може да произведе дури 60 килограми мед по кошница.[quote]

[quote]Пчелите ќе се спасуваат од угинување со терминатор-технологија

Заради алчност на профитерите и неморал на некои научници од биотехнолошката сфера, денес живиот свет го чека својот терминатор за да ги уништи генетички модифицираните креации, кои се закануваат да ја уништат планетава. Во моментов, пчелите се најзагрозени, а со тоа и речиси целокупната светска вегетација. Следствено, и човекот и животните

Колони колапс дисордер – или пчелна сида и буквално ја истребува пчелската „популација“. Од крајот на 2006 година, кога е идентификуван, овој синдром, односно вирус, е раширен во многу земји во светот, заради што ги доведе пчелите до работ на опстанок. Според расположивите податоци, кои не се ни прецизни ни целосни, се смета дека дури 70 отсто од пчелите се покосени од ЦЦД. Ако се знае дека пчелите се најголемиот запрашувач на растенијата – дури три четвртини од растенијата својот опстанок како видови им го должат на овие инсекти - сосема е разбирлива трескавичната потрага на науката по лек. Особено што е речиси сигурно дека токму човекот и неговата ароганција се причинители на овој „феномен“.  - http://rationalwiki.org/wiki/Colony_collapse_disorder#Neonicotinoids

Кога минатиот месец ја отворивме оваа тема, не знаевме дали оваа болест стигнала и во Македонија. На прашањето има ли пчелна сида во Македонија, во Министерството за земјоделство ни рекоа дека таа повремено ги коси и нашите пчели. Но поради ниските стандарди на одгледувачите–пчелари, пасивноста на нивните здруженија, нивото на нашата институциска организација и научната екипираност, мора да се оперира само со веројатност, а не и со егзактност. Пред сé, практично до лани, пчеларството кај нас е третирано само како хоби, а не како производствена гранка. Во Македонија, а за волја на вистината, ни во ЕУ, не постои закон што ќе ги обврзе пчеларите на регистрација на пчеларниците. Демек, не постои законска обврска како кај сточарите, пчеларите да ги регистрираат пчелните заедници. Нема пасоши за пчелните семејства. Кај нас, заради непочитувањето и на онаа скромна постојна законска регулатива, заради нивото на организираност и би рекле неамбициозност и запуштеност на пчеларските здруженија, пчеларите чат–пат пријавувале случаи на исчезнување пчелни семејства. 

Според процените на Министерството за земјоделство, во Македонија има 70.000 пчеларници, а последниве неколку години е забележано нивно значително намалување (!?). 

Како што за пчелата нектарот е привлечната сила што ја води непогрешливо до растенијата, така за македонските пчелари, парите од субвенциите ги натера лани да се јават кај државата. Благодарение на тоа, за фактичката состојба дознаваме преку субвенционирањето на пчеларството во 2008 година. 

Кревање на медопроизводството

Значи, лани, 2.481 пчелар добиле 400 денари по пријавена кошница, односно 54 милиони денари. Услов за добивање субвенции е одгледувачот да има минимум од 35 кошници, па се смета дека во Македонија има сигурни 135.000 пчелни семејства. Ако се знае дека една пчелска заедница се состои од матица со 100 мажјаци и 30.000 работнички што живеат 30 дена, дека матицата дневно несе 2.500 јајца, тогаш удрете го калемот за да ја добиете бројката на пчели во Македонија. Нормално, оваа бројка може да е поголема и за 30 отсто, со оглед дека постојат пчелари со по десетина кошници што не се опфатени со субвенциите.

Со цел да се идентификува и комплетира сликата за пчелите во Македонија, Министерството за земјоделство, заедно со Турската интернационална кооперациска агенција (ТИКА), годинава подготвува проект за издигање на медопроизводството на ниво на високопрофитна земјоделска гранка. Дома, нашите пчелари сé уште практикуваат т.н.мобилно пчеларење, што ќе рече, пчелите-трудбенички се носат на пасење онаму каде што има ливади. И, од таквото номадско пчеларство, секој еден може да произведе дури 60 килограми мед по кошница. Но во таков случај почнува друг вид главоболка за пчеларот што не е обучен или организиран за да го пласира својот мед на пазарот. Ова мошне живописно го видовме кога македонските медопроизводители (всушност, производители се пчелите, а човекот е само профитерот што ја поседува фирмата) на последната Олимпијада во Кина, само заради сопствената неподготвеност и лоша организираност, ја испуштија можноста да го промовираат и пласираат својот мед на светските пазари. А од медот се заработува навистина многу. На пример, САД, кои и не се во врвот на светски производители, заради пчелната сида само лани загубија околу 20 милијарди долари. 

Веќе подолго време Турција е најголем светски производител на мед и, сообразно, има најнапредна научно–технолошка, едукативна па и организациска разработка на гранката. Цел на заедничкиот проект со Македонија, кој ќе трае една година, е најпрво да се креира систем за идентификација и регистрација на пчеларниците и пчелните семејства. Дури по реализацијата на овој проект, со сигурност ќе може да се следи движењето на пчелите, зашто тоа е прв услов за борба со заразните болести што ги напаѓаат.

Мистерија за болеста на пчелата

Од досегашните сознанија со кои располагаат во Министерството за земјоделство, вирусот или синдромот ЦЦД се смета за постоен во одредена средина дури откако ќе се констатира дека исчезнале барем 50 отсто од пчелните заедници. Безмалку откако и човекот ќе забележи дека пчелите се на работ на опстанокот, тогаш се вклучува алармот. Досега не е расветлена мистеријата околу болеста што го напаѓа имунолошкиот систем на пчелата-работничка, а постојат повеќе претпоставки. Засега изгледа дека, иако секој од факторите поединечно не се смета за главен причинител, комбинацијата на повеќе фактори придонесува за оваа состојба. На пример, покрај пестицидите и електромагнетната радијација, покрај стандардните болести како варозата, за настанување на ЦЦД, односно за ослабување на имунитетот кај пчелите, придонесуваат и климатските промени и дохранувањето на пчелите во зимските месеци со пити во кои има голема концентрација фруктоза, добиена од генетички модифицирана пченка.

Сакале или не, и за оваа чума прстот прецизно е вперен кон виновникот. Одговорните научници во светот денес тврдат дека биотехнолошките мултинационални компании, раководени од алчноста за профит, всушност негуваат неверојатен презир кон животот. И презирот и профитот, се подразбира, ги остваруваат со помош на неодговорни и неетични научни платеници-легионери. Како последица на едно такво содружништво на науката и профитот, во седумдесеттите години од 20 век се популаризираше генетички модифицираната храна (се креираа генетички модифицирани семиња). Крајната цел, наводно, беше благородна, а тоа е зголемено производство на храна, потребно за растечката светска популација. Но, ете, четири децении потоа, и биотехнолозите признаа дека нивната теорија за поголема продуктивност, преку генетички инженеринг не е точна. Се покажа дека генот не претставува целина на еден идентитет. Аналогно, буричкањето во него со цел да се измени, не што не ги реши проблемите со храната, туку ги намножи со нови. Некои научници дури јавно опоменуваат дека поигрувањето со гените е исто како да решавате осумнасочник – може да води во сите правци, а да ве доведе до незамисливи катастрофи.


Значи, во случајот со производство на генетички модифицирано семе, за жал на човештвото, експериментот стоотстотно „успеа“ само кај памукот, пченката, сојата и индустриската маслодајна репка. Тамам до толку за да исчезнат пеперутките, врапчињата, а пчелите да дојдат до работ на тотално уништување.

Некорумпираните биолози во светот тврдат дека досегашните експерименти докажале дека е невозможна коегзистенција или соживот помеѓу генетички модифицирани и природни растенија. Велат дека тоа е невозможно дури и на ниво на лабораториски искреиран стерилен амбиент, а камоли во природа. Како пример ги наведуваат вирусите на птичји и свински грип, кои се мутации предизвикани со генетички инженеринг и кои, иако се одгледувале во изолирани лабораториски услови, успешно избегале од контрола.

Има ли чаре? 

Одговорната наука вели дека спас од пчелната сида и другите болести што се последица на неодговорното поигрување со гените е примена на терминатор-технологијата. Колку што разбираме ние како лаици, треба жестоко да се „гаѓа“ генетички модифицираниот материјал до целосно негово уништување. Друго е прашањето дали луѓето или природата ќе го измисли терминаторот-спасител.

Процена е дека она што сега го прави ЕУ како високобирократизирана сложена заедница е несоодветно и непродуктивно. Во Брисел, Комисијата за земјоделство се обидува да парира со „бенчмаркови“, директиви и слично, кои ги носат нивните бессовесни апартчици–експерти, но тие и во оваа сфера очигледно немаат блага врска со животот, а мораат да прават секакви компромиси со интересовните групации и нивните лобисти во парламентот. Едноставно речено, регулативата што ја носат е неспроведлива заради спецификите на државите, а за кои очигледно законопишувачот ни законодавецот не воделе сметка.

Конкретно, за спас на пчелите ЕУ донела директива дека, помеѓу поле засеано со генетички модифицирано семе и природно поле треба да постои оддалеченост од 25 километри. Во тој граничен простор треба да се садат високи дрвја, со цел да го спречеле ветерот да го пренесува вештачкиот полен на природните видови. Слична е и директивата што им кажува на земјоделците во различно време да го сеат генетички модифицираното семе наспроти природниот семенски материјал, со намера да ги спречат пчелите да ги измешаат додека собираат нектар.

Македонија многу сака да стане членка на ЕУ. Кога ќе ги почне преговорите, кога ќе се отворат поглавјата, ќе се сретнат со вакви ступидни или неспроведливи одредници. Заради ниското образовно и сознајно ниво на нашата политичка и експертска елита (а за медиумската и да не зборуваме), заради нашата имплантирана склоност кон демократскиот централизам, кој нé учи беспоговорно да прифаќаме и „имплементираме“ секакви директиви, тешко е да се замисли дека македонските преговарачи би биле поуспешни во одбраната на биотичкиот суверенитет на државата, кога досега благонаклонето дозволуваа генетички инженеринг врз Македонија и Македонците. Имено, во земја како Македонија, со површина и распоред на обработливото земјиште, како и она што е ливадско или под пасишта, практично не може ни да се спроведе стандардот од 25 километри оддалеченост помеѓу вештачките и природните насеви. Уште помалку е веројатно дека ќе профункционира поместувањето на времето за садење само заради пчелите. Оттаму, препорачливо е уште отсега Министерството за земјоделство да ја подготвува мапата на Македонија со нејзините геолошки, климатски, просторни и други карактеристики ако сака да и парира на тврдокорната евробирократија, која не се занимава со „детали“.

Вароза

Досега познати паразитски болести што ги напаѓале пчелите се: вароза, ноземоза, израелски акутен паралитички вирус и американски трулеж на пчелското легло. Варозата и израелската акутна парализа се издвоени како потенцијални предизвикувачи на пчелната сида заради тоа што обете го напаѓаат имунолошкиот систем на пчелите. Варозата е најраспространета, но таа дури и кај нас успешно се лекува, па е исклучена како основен причинител на масовната гибел. 

Особено сомнителен за истражувачите е вирусот на израелската акутна парализа, зашто индицира масовно угинување на пчелите надвор од кошницата. Со испитувања, навистина е утврдено присуството на овој вирус во ЦЦД-синдромот, ама, за да биде обвинет како причинител на заразата, недостига еден податок. Имено, установена практика меѓу пчелите од разни семејства (кошници) е доколку една заедница ослабне или изумре, тие да го присвојат медот што останал без наследник од прво колено. Досегашните набљудувања на просторите каде што се појавила пчелна сида не забележале вакво преземање во ниту еден случај. Со тоа, и натаму останува тајна начинот на кој се шири заразата меѓу пчелите од различни континенти.

Оттаму, поверојатно е дека ЦЦД-синдромот е предизвикан од комбинација на загадена почва и растенија со пестициди и антибиотици, како и од генетички модифицираниот семенски материјал, кој содржи одреден токсин што влијае убиствено врз имунолошкиот систем на пчелите. Фактор плус се климатските промени, кои предизвикуваат порано цутење на растенијата, односно појавата на нектар, што во крајна линија испраќа збунувачки сигнали или го онеспособува прецизниот радарски систем на пчелите.

Поддршка за насади на медоносна флора

Според македонската скромна законска регулатива, пчеларот е должен да пријави сомневање и присуство на болест до ветеринар. Овој, пак, зема мостра што се испитува и така се утврдува причината за болеста. Трошоците за оваа постапка се на товар на Програмата за здравствена заштита на животните. Според годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2009 година, во случај на болест, ветеринарната инспекција ги компензира штетите на пчеларот во стоотстотна вредност. Значи, се компензира загубата на кошници, пчелни семејства, ама пчеларите ниту тоа го знаат, ниту досега го користеле.

Веројатно малку кој знае и тоа дека, освен субвенција за пчелите, Владата, Министерството за земјоделство дава финансиска поддршка и за нови насади на медоносна флора. Одреден минимум за вакви насади е 0,2 хектари. За хектар засаден со багрем се добиваат 250 денари, или 8 денари по садница. Плус, субвенциите за матица се 350 денари и 500 денари по кошница. Откако ќе заврши проектот со ТИКА, Владата, која првпат подготвува и стратегија за развој на пчеларството, ќе треба да го реши проблемот со складирање и пласман на медот и производите од него. Нормално, ако во меѓувреме пчелите ја преживеат својата чума.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6299949171&id=9&setIzdanie=21724



Edited by +Protagorist - 28-Mar-2016 at 00:52
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 17-Feb-2016 at 03:31


http://brdsko-planinskopcelarenje.com/forum/

Младите го откриваат пчеларството

Последното советување за пчеларите на тема „Пролетниот развој на пчелните семејства“, во организација на здружението на пчеларите на Кавадарци „Златна матица“, покажа дека се менува структурата на пчеларите во градот каде што има регистрирано најголем број пчелари во Македонија  



Повисоката цена на медот и пчелните производи направија од пчеларството доходовна гранка

  Присуството на голем број млади пчелари ги потврди сознанијата дека повисоката цена на медот и пчелните производи заедно со зголемените субвенции направија од пчеларството доходовна гранка. Професорот Ѓоко Зечевиќ од Србија [1][2][3] кој во Македонија одржа предавања за пчеларите во 14 града, правејќи една паралела на пчеларството во Србија и во Македонија, препорачува селидбено пчеларење.

 - Кога е во прашање исхраната, ние во Србија го имаме багремот, кој е навистина првокласен и единствен и кога ќе замеди пчеларите добиваат илјадници тони мед. Така, на пример, минатата година од Србија се извезени 4,5 илјади тони мед за Германија и Италија. Покрај багремот, главната паша ја сочинуваат маслодајната репка, липата и сончогледот. Меѓутоа она што го уочив овде минатата година, кога ги посетив Скопје, Кочани, Пробиштип, Берово, Струмица и Ресен, е дека доста се ограничени условите во Македонија кога е во прашање исхраната на пчелите. Тоа го констатирав и во разговор со вашите пчелари. Меѓутоа и тука пашата може да биде подобрена и збогатена доколку пчеларите сфатат еднаш засекогаш дека медот се раѓа на тркала. Оваа изрека кај нас е позната уште во 19 век, што значи дека селењето на пчелните семејства на разни локации му дава можност на пчеларот секогаш да има поголемо количество мед - вели Зечевиќ.

Тој додава дека останува само на пчеларите да ја запознаат добро Македонија, бидејќи секоја флора не цвета во исто време.

 - Се разбира, треба да се применува добра технологија на работа. Јас ѝ припаѓам на плејадата професори што се овластени предавачи од Сојузот за пчеларство во Србија. Ние им помагаме на пчеларите да ја усовршат најдобрата можна техника, да ги подготват пчелните семејства, да бидат силни за да го соберат целиот нектар што го нуди природата. Сметам дека не само пролетниот развој, туку сите периоди од годината, и летото и есента, се важни за пчеларите. Кај нас во Шумадија се вели - како ќе ги подготвиш за зимата пчелите, така ќе работат напролет - вели Зечевиќ. 

Тој вели дека според она што имал можност да го проба, во Македонија се произведува добар и квалитетен мед.

- Тоа се должи пред сѐ поради тоа што пчеларниците се наоѓаат во незагадени територии, каде што не се прска - вели Зечевиќ.

 Тој за Србија вели дека пчеларите се соочуваат со сериозен проблем бидејќи, освен багремот, сѐ друго се прска, па и малината и бадемот. На пчеларите од Македонија им препорачува да ги користат другите пчелни производи, особено пергата, која моментно е хит во Србија.

- Пергата е полен, цветен прав, кој пчелата го ферментирала во саќето. Ние сме го собрале во некој рам и со тоа можеме да им помогнеме на граѓаните, бидејќи пергата е многу корисна за здравјето, но и да заработиме. Во другите пчелни производи секако спаѓаат поленот, матичниот мед и пчелиниот отров, кој има висока цена и за кој пчеларот треба да се оспособи и да има најдобра можна технологија - вели Зечевиќ.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21016853373&id=10&setIzdanie=23682

03.09.2014 - Od pčelarstva može dobro da se živi

Kada je prije deset godina Radoslav Zečević kao desetogodišnji dječak počeo da se bavi pčelarstvom mnogi su sumnjičavo vrtjeli glavom. Počeo je sa šest košnica uz podršku roditelja i sestre, a danas ima pčelinjak sa sedamdeset proizvodnih društava i godišnje proizvede i do tonu meda. Bavi se i proizvodnjom propolisa, polena, matičnog mliječa, rojeva, a usavršio je i proizvodnju matica.

– Kada sam počeo sa ovim poslom imao sam negativne komentare raznih ljudi koji su govorili: ti si mlad, ne možeš ti to da radiš. To je posao koji nema budućnost. Danas ja imam sedamdeset proizvodnih društava i u toku sezone još četrdeset pomoćnih. Osnovna proizvodnja kojom se bavim je proizvodnja meda. Prošle godine sam proizveo oko tonu meda, a ove godine, koja je bila dosta lošija, proizveo sam pola od toga – priča Radoslav.

Propolis, polen…
Tokom zime pčelinjak Zečevića je u Židovićima, naselju dva kilometra od Pljevalja. Ljeti pčelinjak seli u Odžiće ispod planine Ljubišnje, na 20 kilometara od grada. Radoslav je student druge godine Poljoprivrednog fakulteta u Podgorici, a zbog obaveza na fakultetu u poslu ima veliku pomoć od roditelja i sestre, jer ,kako kaže, ne bi mogao da stigne sve sam.
Osim proizvodnjom meda, Radoslav se bavi i proizvodnjom propolisa, polena, matične mliječi, proizvodi rojeve i matice.
– Proizvodnjom matica počeo sam da se bavim prije šest godina. Kako je vrijeme odmicalo usavršavao sam proizvodnju i došao sam na ideju da bi ta proizvodnja mogla da bude uspješnija i bolja na način kako to rade profesionalci. Prije dvije godine prisustvovao sam obukama i naučio taj posao od Miluna Mandića, koji se dugo godina uspješno bavi pčelarstvom i proizvodnjom matica. Ove godine sam proizveo 300 matica. Uspio sam da to prodam Pljevljacima, a nešto sam i za Podgoricu poslao – kaže Radoslav i objašnjava da matice koje proizvodi imaju porijeklo i iz Njemačke, Austrije, Rusije.
Najmlađi profesionalni pčelar u Crnoj Gori poručuje da se od proizvodnje meda može dobro živjeti, ali uz jedan uslov: ozbiljan odnos prema poslu.
– Ko god hoće ozbiljno i profesionalno da se bavi pčelarstvom može dobro da zaradi i da solidno živi. Kad kažem profesionalno, mislim na preko 50 košnica i na pčelara koji će da drži pčelinjak u urednom i zdravstveno urednom stanju. On mora u toku sezone da bude stalno naklonjen pčelama, a ne mjesec dana da radi, a dva da ne radi, od tog pčelarstva nema ništa – naglašava Radoslav.

Higijena

Posebnu pažnju posvećuje urednosti i kvalitetu meda, a prije svega saća.

– Saće u košnici je isto kao tanjir u kući i mora da bude čisto. Med isključivo vrcam iz djevičanskog saća, iz kojeg nije izašla nijedna generacija pčela, u kojem se samo skuplja med – kaže Radoslav.

U želji za stalnim usavršavanjem Radoslav redovno odlazi na sajmove i seminare o pčelarstvu. Planira da za desetak godina počne proizvodnju samo iz prirodnog voska, a njegova ambicija je i proizvodnja pčelinjeg otrova, koji se koristi u medicini i koji je veoma skup proizvod.

Smatra da bi država mogla pomoći tako što bi stala iza onih proizvođača meda koji se ozbiljno bave tim poslom.

– Ja ne tražim ništa, nikakva finansijska sredstva, osim da država stane iza mog proizvoda – kazao je Radoslav.

http://www.bankar.me/2014/09/03/od-pcelarstva-moze-dobro-da-se-zivi/


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 28-Mar-2016 at 02:10


Медот е преработен нектар, а еве и како се создава: постапката за производството на мед пчелите ја почнуваат така што го голтаат цветниот нектар, кој многу го сакаат. Претворањето на нектарот во мед се случува во системот за варење на пчелите со хидролиза на цветниот шеќер, благодарение на еден ензим што го разложува шеќерот на фруктоза и гликоза. Кога овој процес на згрутчување на материјата завршува, со што е постигната и поголема отпорност на бактерии, пчелата почнува со правењето на преработениот нектар, односно на медот во пчеларникот. 

...

http://www.medno.mk/полен-од-пченка-за-пчели-на-диета/

...

http://enauka.mk/kako-pchelite-go-nosat-polenot/


~

[1] http://pcelar.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=214

Dammer bees in lightweight paper boxes provide more honey - http://www.thehindu.com/sci-tech/science/farmers-notebook-dammer-bees-in-lightweight-paper-boxes-provide-more-honey/article5474058.ece

https://www.milkwood.net/2013/03/05/the-sun-hive-experiments-in-natural-beekeeping

http://www.treehugger.com/lawn-garden/are-solar-powered-bee-hives-a-good-idea.html

http://www.apinews.com/en/news/item/14230-usa-homemade-solar-pathfinder-to-improve-the-location-of-bee-yards-video

http://www.apinews.com/en/news/item/29396-brazil-a-brazilian-social-bee-must-cultivate-fungus-to-survive

...

од сите иновации на ова поле можеби најинвентивна е  тренирањето пчели, кај нас чинам применета за мед-тартуф-от

https://en.wikipedia.org/wiki/Bee_learning_and_communication#Cognition

https://en.wikipedia.org/wiki/Hymenoptera_training#Odour_detection

[1]  http://www.beesource.com/forums/showthread.php?309442-Do-bees-have-a-memory [2]

Bees are trained in much the same way as dogs, using traditional operant conditioning methods. The reward is food, which is associated with the odor of the chemical of interest. [1]

Пчели кои произведуваат мед од марихуана

Пчелите од секогаш биле вредни инсекти во природата, кои создаваат сладок здрав мед. Но еден Французин одлучи да направи нешто необично со своите пчели.

Тој успеа да ги истренира своите пчели да му произведуваат мед од марихуана! Медот кој се добива од марихуана Николас го нарекол CannaHoney. Според него пчелите го извлекуваат ресинот од конопот, кој тој лично смета дека е многу лековит.

„Ги научив да собираат шеќер од овошјето, наместо од цвеќето“, изјави Николас.

Со оглед дека немаат ендоканабиоден систем, на инсектите не им пречи туку им е врста на храна. Пчеларот смета дека се што ќе помине низ нивното тело потоа ќе биде подобрено.

Николас веќе 20 години се занимава со пчеларство. Со дресура на пчелите за производство на мед од марихуана се занимава од 2006 година, а пред три години за прв пат имаше успех со овие „истренирани пчели“ кои сега произведуваат мед од канабис (марихуана).

Николас засега поседува триесетина кошници, а работата планира да ја продолжи во Шпанија каде помали се ограничувањата и има повеќе професионалци во полето на пчеларството.

http://on.net.mk/on-info/16613/pceli-koi-proizveduvaat-med-od-marihuana




Edited by +Protagorist - 28-Mar-2016 at 02:30
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 03-Apr-2016 at 18:31

Во пчеларската пракса се препорачува Лангстрот- Рут(ЛР) сандаци. Лангстрот-Руровите сандаци имаат плодиште и медиште со иста димензија и тие се одвоени со матична решетка за матицата да не неси јајца во медиштето. После нив се Дадан – Блат (ДБ) сандаци.ДБ сандаците се наједноставни за работа и затоа се препорачуваат на пчелари почетници... [1]


корисно за секој дустабанлија, иако и понапредните не се вични за импровизации [1][2] еве брз убрзан приказ од првиот дел од германскиот документарец Пчеларење со ЛР Кошници чисто за да се долови цел процес како песна, иако во реалноста сето ова оди со лезет и мерак, на каналов документарецот го има и ко расцепкан, како и неколку други корисни четива
исто би го прeпорачал двд-то Мед на Меду Роди [1] каде фино е објаснета сезонски работата во пчеларникот, наслов превземен од српската поговорка Med na medu rodi, med na ledu rodi i med na kotaču rodi! ... pcela je živo biće, koje ima svoje potrebe, prvenstveno sebi osigurava med i njoj ako ostavite dovoljno meda, vi ćete med i očekivati [2]

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=110337#110337

http://www.tehnologijahrane.com/literatura/literatura-za-pcelarstvo

http://www.pcelinjak.hr/OLD/index.php/Kosnice/naum-bandov-moja-iskustva-s-lr-konicom.html




HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 04-Apr-2016 at 18:58

за сега реално земено како држава најслободни услови во земјоделието земено инвестициски имаме во однос на пчеларството со оглед дека истото е прилично мобилна работа, и во кој и да е реон би просперирало а без притоа инвеститорот да наидува на ќорсокак од тип на ограничени можности, ко што е потребата за обработлива земја, односно нејзината расцепканост, никаквата распределба и немањето закон за реално оданочување кое сето ова би го компезил или релативизирал, а како полесно би ја истерале неопходната комасација која ни следува

веќе лани имаше најави за холандска помош апропо комасацијата [1] но сега веќе и конечно тргна работата, иако веќе од поодамна се влечка истата макар законски уште 2013 е дефинирана

02.02.2011 - Комасацијата ќе стартува во Пелагонија - http://vecer.mk/ekonomija/komasacijata-kje-startuva-vo-pelagonija


04.04.2016 - ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ПРЕКУ ИПА ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ

За консолидација на земјоделското земјиште, Македонија преку ИПА Програмата 2015 - 2017 година има на располагање пет милиони евра.

Како што рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, консолидацијата значи подобра и поефикасна обработка на земјиштето, поголем принос и поголема конкурентност. Ќе се спроведува на доброволна основа, а интересот кај земјоделците е голем.

Токму на иницијатива на земјоделците, во село Егри, Битолско, ќе се консолидираат вкупно 360 хектари - парцели во сопственост на 214 производители со што ќе се создаде комплетно нов катастарски план, додека во општина Конче се работи на окрупнување на површините со размена на приватни парцели.

- Ќе се воспостави модел што ќе ги привлече земјоделците да се вклучат во постапката за консолидација иако теренското истражување покажа дека и онака интересот е голем. Консолидираните реони планираме финансиски да ги поддржиме од Програмата за рурален развој, а конкретно во Егри треба да се изградат соодветна инфраструктура, пристапни полски патишта до новоформираните парцели и канал за одводнување, напомена Костадиновски.

За ефикасно спроведување на консолидацијата, донесени се и законски измени.

- Досегашната примена на Законот за консолидација покажа одредени технички проблеми. Целта на измените е нивно надминување и пред се создавање услови за поефикасна и потранспарентна постапка за консолидација, подвлече заменик-министерот.

Законот за консолидација беше донесен во 2013 година, а анкетирањето на заинтересираните земјоделци и вградувањето на нивните идеи, потреби и барања се спроведува од лани. Досегашните активности се поддржани со техничка и експертска помош од ФАО.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=48AF91311BACF841B8EA66CE991109C6



Edited by +Protagorist - 04-Apr-2016 at 19:00
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 09-Apr-2016 at 11:44

веројатно купуваме и од искуствата на комшиите, мада најбитен момент во сето ова е средениот катастар [1] но и дополнителни реформи кои долгорочно би го форсирале окрупнувањето [2] иако и тие ко нас натенане ја тераат реформата [3][4] јасно сите свесни дека ова е главен редуслов за рурален развој [5]
настрана арондацијата-размената дефакто понатака без комасацијата (land consolidation) ќе закржлави и концесијата (land banking) а тоа ќе се одрази и на кооперацијата (farm co-op) што најнапред треба озбилно катастарски да се среди [1][2][3] ах социјализам секому според потребите но не и преку ред http://www.fao.org/3/a-i4352e.pdf [1]

дополнително во сето воа ќе треба да помогне и педолошката карта според која логично би било да се фаворизираат одредени концесионери односно култури при распределбата на земја, а оние кои веќе ја имаат на да се помогнат околу арондација

http://www.zelenaberza.com.mk/?p=319


04.04.2016 - Земјоделски маки: како од мали расцепкани ниви да се стигне до големи обработливи површини



Од мали расцепкани ниви до крупни обработливи површини. Пет милиони евра преку европските ИПА фондови им стојат на располагање на земјоделците за консолидација на имотите.

„Во Македонија во моментов има од 3.5 до 4 милиони парчиња земја. Ако се знае дека овие површини се одделени со меѓи има над 50 000 хектари неплодно земјиште само поради овие причини. На групирањето на земјиштето мора да се посвети посебно внимание. Ќе има подобра искористеност на земјоделската механизација како и намалување на трошоците на производство. Од друга страна ќе треба на некој начин да се решат проблемите наследени од минатото. Нерешените имотно – правни односи кај земјоделците можеби е најголемиот проблем, за што во иднина државата ќе треба да посвети големи внимание“, вели претседателот на Сојузот на земјоделци на Македонија Вељо Тантаров.

Процесот е доброволен, а неодамна беа донесени и законски измени со кои дополнително се олесни.

„Ќе се воспостави модел што ќе ги привлече земјоделците да се вклучат во постапката за консолидација иако теренското истражување покажа дека и онака интересот е голем. Консолидираните реони планираме финансиски да ги поддржиме од Програмата за рурален развој, а конкретно во Егри треба да се изградат соодветна инфраструктура, пристапни полски патишта до новоформираните парцели и канал за одводнување“, вели заменик – министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.


Консолидацијата на земјиштата е значаен дел и од Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014 – 2020.

„Малите земјоделски стопанства и фрагментацијата на земјоделското земјиште се најголемите проблеми за македонското земјоделство, што резултира со неефикасна употреба на земјоделското земјиште. Необработеното напуштено земјиште е исто така сериозен проблем за понатамошен развој на секторот“, се заклучува во стратегијата.

Според официјалните податоци едно домаќинство во просек има по 5 оддалечени ниви, а голем дел од нив и до 10 со што се зголемуваат трошоците за нивна обработка.

Малите расцепкани парцели не се проблем само во Македонија туку и во целиот регион. Просечната големина на земјоделските стопанства е од 2.5 до 2.8 хектари, а на катастарските парцели 0.3 до 0.5 хектари што е далеку под европскиот просек кој изнесува 20.

Половина Македонија под земјоделско земјиште, третина ниви незасеани

Освен расцепканоста на парцелите голем проблем за македонското земјоделство се и незасеаните ниви односно неискористениот потенцијал за обработка.

Речиси половина од ораниците и бавчите остануваат незасеани. Според пресметките на статистичарите од вкупната површина од 415.004 хектари засеани биле само 276.567.

Ова мора да се промени велат агроекономистите според кои потребно е да се направат посебни програми и стратегија како да се натераат земјоделците да ги обработуваат овие површини,на пример преку дополнителни субвенции.

„Најчесто овие необработени површини се во ридско – планинските делови, но има и во рамничарските делови. Секако штетата што не се обработуваат е голема. Сигурно има околу 50.000 хектари кои можат слободно да се обработуваат, да се посеат со житни култури како пченица, пченка, ‘рж, јачмен, овес и добиточна храна. Ние сме нето увозници на сите овие култури и трошиме милиони евра. А така не само што ќе ги покриеме домашните потреби туку ќе има и за извоз“, вели агроекономистот и универзитетски професор во пензија Борис Анакиев.

Инаку речиси половина Македонија е под земјоделско земјиште – ниви, лозја и пасишта. Од вкупната површина, 25.713 квадратни километри, 12.644 км2 или 1.264.408 хектари се земјоделска.

Најголем дел или 7.503 км2 се пасишта, ораници и бавчи се 4.150км2, ливади 594 км2, лозја 232 км2, а овоштарници 159 км2.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2015-та во однос на 2014-та вкупните земјоделски површини се зголемиле за 12.5% км2 или 0.1%.

http://denar.mk/110264/ekonomija/zemjodelski-maki-kako-od-mali-rascepkani-niv


HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.311 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.